Со децении, изборот на телевизор значеше одлука помеѓу филмски квалитет на сликата и естетиката на домот. Кога беше исклучен, дури и најнапредниот екран едноставно изгледаше како голем црн правоаголник на ѕидот. Проширувањето на Samsung Art Store низ водечката линија на модели за 2026 година целосно ја менува оваа слика. Со овозможување пристап до дигитална уметност на MicroRGB, OLED, Neo QLED и Mini LED моделите, напредната технологија на ...

Германската Федерална разузнавачка служба (BND) започна необична кампања за регрутирање нови експерти за сајбер безбедност – овојпат меѓу гејмерите. Претставници на германското разузнавање ќе бидат присутни на саемот за видео игри Gamescom 2026 во Келн, каде што ќе бараат млади луѓе чии способности би можеле да бидат корисни во справувањето со сајбер заканите, вклучително и нападите што Германија ги поврзува со Русија. Од BND сметаат дека ...

Агресивната и воинствена линија на западните земји кон Русија продолжува, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи ги како примери неодамнешните изјави на финскиот претседател Александар Стуб и британскиот премиер Енди Бернам. „Земајќи ја предвид линијата што ја следат западните земји, можеме да кажеме дека воинствената, агресивна линија кон нашата земја продолжува…“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА ...

Германија денеска депортираше 23 авганистански мажи во Кабул со чартер-лет од аеродромот Лајпциг/Хале, во нова акција на владата во Берлин за враќање на лица кои имаат обврска да ја напуштат земјата. Летот доаѓа само неколку недели откако германските власти најавија дека депортациите во Авганистан повеќе нема да се ограничуваат само на осуденици и лица кои се сметаат за безбедносна закана. Според информациите на германската новинска агенција ...

Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските граѓани – изјави за српската редакција на Радио Слободна Европа, Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од Шенген, меѓу другото, потребно е целосно да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија, што за Србија би ...

Американската компанија за испорака и логистика UPS инвестира повеќе од 2 милијарди долари во своите меѓународни операции, логистика во здравствената заштита и решенија за синџирот на снабдување, бидејќи глобалната трговија се соочува со менување на транспортните рути, нови регулативи и сè посложени синџири на снабдување. Инвестициската програма започна во 2024 година и ќе трае до 2028 година, опфаќајќи ја Европа, Азиско-пацифичкиот регион и ...

Куќа за 1 евро звучи речиси неверојатно, но токму таква понуда сега доаѓа од Наро, средновековен град на Сицилија. Сепак, симболичната цена не значи дека можете да добиете имот речиси без инвестиции. Наро, град во покраината Агриџенто во југозападна Сицилија, се придружи на растечкиот број италијански градови кои нудат напуштени и запуштени имоти за симболична цена од едно евро. Целта е да се оживее историскиот центар, да се обнови ...

САД соопштија дека вовеле царина од 50% за некои канадски увозни производи откако пропаднаа разговорите за трговскиот договор. Канада објави еквивалентни контрамерки. Висок функционер на администрацијата на Трамп изјави дека царините за канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари стапија на сила кратко по полноќ во саботата. Канадскиот премиер Марк Карни објави дека ги прекинал трговските разговори со САД и дека Канада ќе одговори ...

Со зголемувањето на цените на авионските билети и трошоците за живот низ Европа, есенскиот градски одмор бара попаметно планирање на буџетот. Ако планирате патување во септември, добрата вест е дека постојат европски метрополи во кои можете да уживате за помалку од 60 евра на ден. Туристичката агенција Thomas Cook ги анализираше цените во повеќе од 50 популарни градови низ континентот за да ги идентификува дестинациите со најдобра цена. Беа ...

Украина не треба да напредува кон членство во ЕУ побрзо од земјите од Западен Балкан кои подолго време се во процесот на европска интеграција, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо по разговорите со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во Братислава. Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето на ЕУ и членството на сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите ...

Според анализата на експертите од Институтот за проучување на војната (ISW), рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за очаен потег за продолжување на финансирањето на војната во Украина, на која ѝ нема крај. Според анализата, Путин создава услови за запленување на приватен имот во земјата. „Путин можеби се подготвува за широка национализација под широк изговор за одбрана на клучните претпријатија од украински напади“, се наведува, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека сериозно размислува езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“, во време на ново заострување на трговскиот спор со Канада. Канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк порача дека федералната влада нема да одговара на секоја објава на Трамп или на членовите на неговата администрација на социјалните мрежи. Трамп предлогот го објави на социјалните мрежи, образложувајќи го со ...

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, пристигна во Москва денеска со американски воен транспортен авион, објавија „Аксиос“ и „Си-Би-Ес њуз“, а извори запознати со патувањето велат дека тој треба да одржи серија средби во руската престолнина. Веста за посетата се појави неколку часа откако Кремљ соопшти дека нема информации за слетувањето на „боинг Ц-17 глоубмастер“ на московскиот аеродром „Внуково“. Податоците од сајтот „Флајтрадар24“ покажаа дека ...

Социјалните медиуми долго време се повеќе од само место за споделување фотографии и кратки видеа. За растечкиот број потрошувачи тие се и место за донесување одлуки, од што да се купи до каде да се патува. Ова е особено точно кај генерацијата Z, а новото истражување покажува колку нивниот став кон патувањето е поврзан со содржината што ја гледаат на TikTok секој ден. Според студијата на TUI Musement, 48 проценти од членовите на генерацијата Z ...

„ОпенАИ“ забрани група на „Четџипити“ профили кои потекнувале од Русија, за кои компанијата денеска соопшти дека биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за влијание и за ширење дезинформации. Компанијата го открила случајот откако истражувала различни објави на социјалните мрежи генерирани со вештачка интелигенција, што ја довело до „многу поширока операција за влијание“. „Кампањата беше изградена околу веб-страница со копирани и ...

Уште една главоболка за Брисел, која доаѓа од Берлин Миграцијата останува една од темите на кои АфД гради најголем дел од својата политичка понуда. Имено, копретседателката на АфД, Алис Вајдел, јавно побара „значително построг пристап кон контролата на границите, поголем број депортации во случаи кога не постои право на престој и порестриктивна политика кон натурализацијата“. Од нејзина перспектива, прашањето не е само миграциската политика ...

Натпреварувачите на скијачките клубови „Банско“ и „Ел Тепе“ освоија вкупно 12 медали на меѓународниот натпревар во скијачко трчање на ролер-скии, одржан на 22 и 23 август во Крушево, јавува Пиринско. На натпреварот од календарот на ФИС учествуваа спортисти од Северна Македонија, Бугарија, Грција и Србија. Елина Коева од СК „Банско“ освои два златни медали во конкуренција до 10 години. СК „Ел Тепе“ го заврши настапот со десет медали – три ...

Добивај вести на Viber Околу 176.000 луѓе живеат во Норилск, сонцето не изгрева 45 дена во зима, а огромните рудници и топилници го одредуваат речиси секој аспект од животот. На далечниот север од Русија, длабоко во Арктичкиот круг, се наоѓа град кој ја заработил озлогласената титула најдепресивно место на Земјата. Се вика Норилск, изграден е на површина од трајно замрзната земја (пермафрост), „живее“ од индустријата и се наоѓа во ...

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и ...

Одбележувањето 205 години од основањето на Болград, Украина, денеска почна со молебен во катедралниот храм „Свето Преображение Господово“, на чиј крај беше прогласена воздушна тревога во градот и во регионот, јавува БТА. Богослужбата за напредок на Болград и за здравјето на неговите жители ја предводеше протојерејот Стефан Турлак. На молебенот присуствуваше и бугарска делегација, во која беа пратеничката Росица Кирова, амбасадорот на Бугарија ...

Кремљ денеска соопшти дека изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за одобрувањето на украинските напади врз руска територија, вклучително и врз складишта за електронска трговија, потврдиле дека тој ѝ припаѓа на „страната на војната“, пренесе британската агенција Ројтерс (Reuters). Стуб на конференцијата за новинари во Киев во понеделникот рече дека украинските партнери мора да ѝ помогнат да ја прошири својата способност за длабоки ...

Соединетите Американски Држави подготвуваат враќање на дипломатите во амбасадите на Блискиот Исток кои беа евакуирани пред и за време на војната со Иран, што укажува на проценката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наскоро нема да има обнова на судирите во полн обем, пренесува „Њујорк тајмс“. Според интерен документ на Стејт департментот, во кој американскиот весник имал увид, враќањето на службениците би можело да почне ...

Дванаесет лица се повредени во драматичен инцидент во познатото португалско летувалиште Албуфеира, откако 35-годишен возач со автомобил се залетал кон пешаци во една од најпознатите улици за ноќен живот во градот. Инцидентот се случил околу 3 часот наутро во улицата Руи Франциско Са Карнеиро, во делот познат како Оура Стрип. Според португалската Национална републиканска гарда (GNR), автомобилот во еден момент ненадејно тргнал. Полицајците му ...

Комисијата за образование и наука во бугарскиот парламент го усвои во прво читање предлогот за измени на Законот за високото образование, поднесен од Владата на 10 август. Предлогот доби 12 гласа „за“, немаше гласови „против“, а четворица пратеници беа воздржани, јавува БТА. Министерот за образование и наука Георги В’лчев изјави дека дипломите ќе се проверуваат службено преку регистрите, без доставување копии или оригинали. Се предлага и ...

Изложбата „150 години бесмртност. 1876–2026“, посветена на животот, делото и духовното наследство на бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев, ќе биде претставена пред бугарската заедница во Торонто на 26 август, од 10:00 до 13:30 часот, соопшти бугарскиот Генерален конзулат во Канада, пренесува БТА. Поставката содржи архивски фотографии, документи и други материјали за Ботев како поет, публицист и револуционер. Таа е подготвена од ...

Американски судија го одби барањето на Гилејн Максвел, поранешна соработничка на Џефри Епстин, за поништување на пресудата и казната од 20 години затвор за помагање на покојниот финансиер и осуден сексуален престапник во злоупотребата на малолетни девојчиња. Во одлуката која беше објавена денеска, американскиот окружен судија Пол Енгелмајер од Менхетен оцени дека сите наводи на Максвел се неосновани, а дека „речиси сите, односно сите освен ...

Американската компанија „ОпенАИ“ (OpenAI) блокираше група акаунти на својата платформа за генеративна вештачка интелигенција „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) со потекло од Русија, кои биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за ширење дезинформации. Американскиот развивач го открил случајот по истрагата на објави на социјалните мрежи генерирани со помош на вештачка интелигенција, што ја довела компанијата до „многу поголема операција за ...

Најмалку 35.000 луѓе умреа во текот на четирите рекордни, последователни топлински бранови во Европа ова лето повеќе отколку што нормално би се очекувало, се прелиминарните податоци кои опфаќаат нешто помалку од половина од континентот. Смртноста во трите големи земји од ЕУ — Германија, Франција и Шпанија, надмина 25.000, а експертите очекуваат бројот на жртвите значително да порасне откако ќе бидат објавени конечните податоци за август, ...

Во пожарот што денеска изби во гасно-хемискиот комплекс Амур (AGCC) на рускиот Далечен Исток загина еден кинески работник, а повеќе од стотина се повредени. Информацијата ја потврди компанијата. Комплексот Амур, сместен во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект на рускиот петрохемиски гигант Сибур и кинеската државна компанија Синопек, вреден 10 милијарди долари. Постројката е проектирана да стане еден од ...

Руските сили за безбедност приведуваат цивили по улиците и ги присилуваат да потпишат воени договори, додека истовремено се појавуваат информации дека Кремљ подготвува нов бран на мобилизација за продолжување на војната во Украина. Здруженијата за човекови права бележат нагол пораст на присилното регрутирање од средината на август, а се шпекулира дека новата мобилизација би можела да уследи по септемвриските избори за Државната дума, пишува ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53