Александар не бара мислост туку праведна судска одлука и одговор зошто се осудени да живеат со болка, рече денеска адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Не се докажа мотивот – давање на пари, ниту пак, дека таткото помогнал во грабнувањето, ниту дека таткото дал информација кога детето ќе оди на училиште. Нема докази за комуникација со првообвинетиот, рече адвокатот при завршните зборови на одбраната. Тој нагласува дека ...

Педесет и шестгодишна скопјанка завршила во станица откако агресивно се однесувала кон полициски службеници. Препорачано „Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле педесет и шестгодишната Е.Д.од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...

Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кое завршни зборови дава одбраната, побара, како што рече „разумна пресуда за неговиот штитеник“. Нема преземени дејствија како извршител ниту соизвршител. За тоа да биде направено треба неговите дејствија да се неопходни за извешените дејствија. Тој изврши каење за грабнувањето на девојчето, но тоа е различно од делото убиство. Тој ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници. Набргу бил ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење ...

Вчера во 08.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(62) од Прилеп и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.В.(51) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Н., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење ...

Нема доказ за имотна корист кој би ја прибавил Видевски за грабнувањата. Неговиот грев е само што ги познавал обвинетите преку партијата Десна, убеден е неговиот бранител Бојан Манев, кој на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги изнесува завршните зборови за својот клиент. Тој за неговиот штитеник побара ослободителна пресуда, зошто, според него, Обвинителството со ништо не го докажало делото и дека Видевски е само ...

Жалам за ова што се случи но целата работа е извадена од контекст. Овој случај ќе остане запишан во учебниците по право. Соочени сме со дилема дали овие вие луѓе се сторители на кривичните дела и за која цел ги сториле. Намерата е да се направи дефокус и да се покрие неспособноста на луѓето кои ја воделе истрагата. Ова на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, го истакна Бојан ...

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно. Манев и Боре Видевски претходно ја имале ископано земуницата, каде подоцна тој на полицијата му откри дека е закопан убиениот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да извадат пари од нејзината плата за да купи дрога. Оштетената го послушала, но враќајќи се ...

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела Вода. Иако бил свесен дека поради неговото однесување во ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на одбраната на обвинетите. На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, побара судот да му ја одреди ...

32-годишен жител на Скопје ќе одговара откако, возејќи пијан, вчера предизвикал сообраќајна несреќа во населбата Кисела Вода, во која е тешко повредена недолжна жена, соопшти Обвинителството, од каде велат дека сепак не побарале осомничениот да оди во притвор, туку само да му се одземе возачката дозвола. Препорачано „Несреќата се случила вчеравечер, кога осомничениот, под дејство на алкохол од 1,34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген ...

Семеен терор во Скопје: кривична постапка и судски мерки за заштита Во една скопска вечер, што за повеќето граѓани поминала во мир, се одвивал инцидент кој ќе заврши со судска постапка. Жената, жртва на семеен терор, била изложена на закани, психолошка присила и физички напад од сопругот, кој бил во алкохолизирана состојба и барал пари за да купи дрога. Почетокот на настанот се случил надвор од домот. Осомничениот ја принудил сопругата да го ...

Жена од Скопје вчера пријавила дека нејзиното дете било нападнато во парк во Кисела Вода, од страна на човек кој бил во паркот со своето дете, соопшти МВР. Препорачано „На 16.06.2025 во СВР Скопје, Ф.И.(37) од Скопје пријавила дека околу 19:50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзин сосед подолго време ја следел и ја вознемирувал, информираат од МВР. Препорачано „Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот ...

Жител на Кочани на возраст од 33 години ќе одговара за насилство врз дете, откако натепал дете и го повредил, соопшти полицијата. Препорачано „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Т.(33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.06.2025 во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреда“, пишува во ...

60-годишен жител на Виница доби кривична пријава откако, по добиен отказ во фирма во Кочани, преку социјална мрежа му упатил закани на газдата на фирмата и неговото семејство, информира МВР. Препорачано „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.Ј.(60) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.06.2025 на социјална мрежа, по претходно ...

Малолетник од Росоман физички нападнал таксист и при закана со метален предмет му одзел пари, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. Рано утрово во 2:30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Росоман, затоа што физички нападнал такси возач кој го превезувал, по што со закана со метален предмет му одземал пари. „Малолетникот бил приведен во полициска станица, парите биле ...

Вчера мајка пријавила дека порано дента во парк на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 42-годишната Љ.К. од Скопје. „На 15.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(39) од Скопје, пријавила дека околу 11.00 часот во парк на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 42-годишната Љ.К. од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во ...

На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...

Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ...

Вчера на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.И.(22) и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица, потрнцираат од МВР. По целосно документирање на ...

На 15.06.2025 околу 21.45 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионален пат Демир Хисар–с.Прибилци, демирхисарско, атар на село Прибилци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(67) од село Бараково, демирхисарко и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а и шест кривични дела – „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што ...

Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Д.З. од Скопје. На улицата „Христо Татарчев“, тој со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од село Сопиште, скопско. Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од ...

36-годишна жителка на кумановското село Матејче вчера е повредена од струен удар во дворот на нејзината куќа, соопшти МВР. Препорачано „На 15.06.2025 во 12:23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во ...

МВР Билтен

52 минути - МИА
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
83%
1009
weather icon

Софија

10ᴼ / 4ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.86
68%
1016
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
97%
1008
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
90%
1014
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
73%
1017
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
84%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
58%
1017
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3171

Currency

37.6529

Currency

66.6022

Currency

7.41233

Currency

0.64899

Currency

0.3504

Currency

0.52594

Currency

1.25912

Currency

0.60183