На 28 февруари 2026 година во 14:50 часот во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно отворил прозорец, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија. — реклама — Од ОВР Струга информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против сторителот ...

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи, односно од ОВР Гостивар, на 1 март 2026 година во 00:45 часот во Гостивар го лишиле од слобода Г.Н. (26) од Гостивар. — реклама — При сообраќајна контрола на улицата „Гоце Делчев“ било сопрено патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Н., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола. Возилото е одземено, а по целосно ...

Педесет и четиригодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имал активна забрана за возење. Инцидентот се случил на 28 февруари околу 21:10 часот на автопатот Куманово–Велес, кај клучката Аеродром во Скопје. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот сопреле патничко возило „Ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од ...

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади, при што меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон. По ударот, градот беше делумно евакуиран, а жителите и туристите се засолнуваат во подземните паркинзи и безбедни простории. Според првичните извештаи од странските медиуми, има повредени лица. Властите апелираат до граѓаните да ја следат безбедносната ситуација и официјалните упатства, додека екипите за итни интервенции се на ...

Дваесет и двегодишна девојка пријавила дека била физички нападната од својот вонбрачен партнер во семејниот дом во скопската населба Драчево. Нападот се случил на 27 февруари околу 12:00 часот. Случајот бил пријавен во СВР Скопје истиот ден во 16:30 часот. Напаѓачот е идентификуван како С.С. (22) од Скопје. Полицијата презела мерки за расчистување на случајот, а по документирањето ќе следуваат соодветни поднесоци. МВР апелира ваквите настани ...

Во напад врз основното женско училиште „Шаџареја Тајабех“ во иранскиот град Минаб, провинцијата Хормозган, загинаа 85 ученички и членови на нивните семејства, а 92 лица се повредени, соопшти гувернерот Мохамад Ашури. „Овој напад е страшно злосторство и повторно ја покажува неодговорноста на оние кои тврдат дека ги бранат човековите права, кршејќи ги сите меѓународни норми и напаѓајќи беспомошни цивили, наместо воени цели“, рече Ашури. Нападот ...

Денеска (28.02.2026) околу 15:30 часот, на локалниот пат Куманово – село Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода 64-годишниот Б.Ц. од Куманово. При рутинска сообраќајна контрола било запрено патничко возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал осомничениот. По извршен алкотест било утврдено дека возачот управувал со ...

Вчера во 05:30 часот на граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 55-годишен државјанин на Р. Турција. Како што информираат надлежните, станува збор за З.А. (55), кој управувал товарно возило даф со полуприколка со турски национални ознаки. При извршена гранична контрола било утврдено дека меѓународната зелена карта за осигурување на полуприколката, која ја приложил на увид, била фалсификувана. ...

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп- Македонски Брод. - На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште и патничко возило „бмв" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од село Дебреште. По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото ...

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен ...

Во текот на ноќта меѓу 25 и 26 февруари 2026 година, непознати сторители извршиле провала во џамијата во село Прељубиште, Тетово. Инцидентот беше пријавен утрото на 26 февруари околу 09:00 часот од 65-годишниот А.Ф., кој со шок открил дека од џамијата недостасуваат пари. Полицијата веднаш започнала интензивна истрага со цел да ги идентификува сторителите и да го расчисти случајот, а локалното население е во состојба на загриженост поради овој ...

На 26.02.2026 во 18:10 часот на патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.М. (20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. — реклама — Според информациите, на 03.09.2025 година, затворски службеници во Казнено-поправната установа Затвор Битола извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. По целосно ...

Неколку тепачки нотира денешниот полициски билтен, а луѓе се тепале заради недоразбирања во сообраќајот, за паркинг, но и сопруга решила да го тепа сопругот. Вчера, во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Џ.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истиот ден, во 21:45 часот во СВР Скопје, К.Г.(40) од Охрид, со ...

Вработен во казино во Кочани ќе одговара кривично затоа што од благајната одзел 332.330 денари. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 01.07.2025, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари. Вработен во казино во Кочани ќе одговара ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево околу 16 часот во Краљево, кога мотоциклист бил соборен на коловозот под сè уште неразјаснети околности. Според првичните информации објавени на социјалните мрежи, возачот на моторот се здобил со сериозни телесни повреди. Засега нема официјални детали за тоа како дошло до инцидентот, ниту дали во несреќата учествувало друго возило. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, ...

Дваесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Жидилово е повторно уапсена откако ги попречила екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство при обид да ги одземат кравите за кои има донесено решение, соопшти МВР. Според полицијата, таа трчала по кравите за да ги разбрка и да спречи нивно одземање. „На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска беа интервјуирани пет од шесте кандидати кои ги исполнија законските услови за член на Судскиот совет. Не се појави кандидатката Светлана Попова поради што се смета дека таа ја повлекла кандидатурата. Најголем дел од кандидатите работат како адвокати и доаѓаат од гостиварскиот регион. Дел од нив работеле во Основниот суд во Гостивар, а некои ...

Случајот што потресе Северна Македонија доби нова драма: 33-годишната Марија, чија смрт првично беше прогласена за природна, сега е сомнителна како жртва на насилство. Трагичниот развој започнал откако 25-годишниот Т.Б. беше приведен од полицијата, по што се појавија сомнежи дека Марија не починала природно. Нејзиното тело беше ексхумирано, а првичните, неофицијални резултати покажуваат дека станува збор за насилна смрт. Надлежните ...

Пред Виши суд во Белград продолжи постапката против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетникот кој на 3 мај 2023 година го изврши масакрот во ОШ „Владислав Рибникар“. На рочиштето сведочеше таткото на 15-годишно момче кое беше тешко рането во нападот, откривајќи застрашувачки детали за денот што засекогаш им го промени животот. Тој изјавил дека неговиот син утрото во 8:45 часот му се јавил по телефон со зборовите: „Тато, погоден ...

Полицаец вработен во службата за обезбедување во Собранието е фатен како вози БМВ во центарот на Скопје, а немал положено возачки испит. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство против полицаецот А.Б. заради безобѕирно управување со моторно возило. -Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита ...

Телма дојде до профилот на осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Кумановско, на социјалната мрежа ТикТок, каде тој бил релативно активен и споделувал содржини од својот секојдневен живот. Од снимките и видеата што се објавени, може да се потврдат претходните информации објавени од Телма: станува збор за 25-годишник со крупна телесна градба, кој работел со чување овци и живеел во Драгоманце. На неговиот профил се прикажуваат и детали ...

На 25.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба. -Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно ...

Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило. По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа. По целосно документирање на ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. -Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби, ...

Секторот за внатрешни работи Битола утрово информираше за нови случаи на телефонска измама во кои жртви се повозрасни граѓани, а измамниците повторно се претставувале како лекари. Според полицијата, 84-годишна битолчанка била измамена за 9.600 евра, откако вчера околу 16:00 часот добила телефонски повик од лице кое се претставило како доктор. Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка наводно се здобила со сериозни скршеници и дека е ...

Денеска околу 10:45 часот во Požarevac се случила сериозна железничка несреќа кога теретен воз удрил автомобил. Автомобилот бил целосно уништен, а две лица се здобиле со повреди и се на лекарски преглед. Според МВР, несреќата се случила додека возот се движел од правецот на Бор кон Požarevac, а рампата на прелазот не била спуштена во моментот на судирот. Очевидци известуваат за драматични сцени на местото на несреќата, со оштетен автомобил и ...

Бројот на жртви во разорните поплави што го погодија југоисточниот дел на Бразил се искачи на најмалку 36 лица, соопштија властите во сојузната држава Минас Жераис. Според официјалните информации, ситуацијата останува критична, а спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнати лица. Од Противпожарната служба на Минас Жераис информираа дека 33 лица се водат како исчезнати, додека околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови ...

СВР Битола - На 24.02.2026 во СВР Битола, В.Р.(41) од Битола пријавил дека на ул.„Арон Ароести” во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот Б.Н., а подоцна во населба „Карпош” во Битола, тој заедно со неговиот син се сретнал со соседот Б.Н. и лицето Ц.Н. при што по меѓусебна расправија помеѓу нив и во еден момент Ц.Н. го удрил неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. СВР Битола - На 24.02.2026 во ...

Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
58%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
36%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
7.2
36%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 9ᴼ
6.17
50%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.22
62%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
37%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
6.17
67%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
52%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
42%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
59%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
29%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
89%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Платина

66584.20

Злато

153002.26

Калај

51.07

Паладиум

50026.56

Родиум

326330.08

Алуминиум

3.62

Бакар

12.18

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2508.22

Цинк

0.00

Рутениум

53788.20