10/11/2025 11:49 - МИА - +3

Скопје, 8 ноември 2025 (МИА) - На 07/08.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(38) од Куманово, Ф.С.(28) од Кочани, Б.А.(24), М.Р.(18), П.Ѓ.(20), М.Ј.(28), М.Е.(31), А.П.(26) и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. На 07.11.2025 ...

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 15:55 часот, во ОВР Виница од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив е донесен со повреди Д.Д. (43) од село Градец, виничко, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Препорачано Според пријавата, мажот се повредил поради пад во отворена шахта на неговото работно место, во хидроцентрала во близина на селото Градец, сопственост на правно лице. Повредениот бил пренесен во Општата болница ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории во Битола, каде што живее пријавениот, при што биле пронајдени и ...

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера ...

На 08.11.2025 ОПКМСР Гевгелија поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Гевгелија против К.М.(40) од Р.Турција, а со привремен престој во Р.Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, истиот ден околу 07:50 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, пријавениот кој дошол со патничко возило „мерцедес“ со ...

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека го расчистило инцидентот кој се случи синоќа во близина на кулите „Џевахир“ во Скопје. Возач од Турција направил хаос и со својот автомобил „БМВ 5“ удрил во неколку контејнери и паркирано возило „алфа ромео“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 22-годишниот М.А.А., кој имал привремен престој во Скопје, по несреќата избегал од местото, но полицијата брзо ...

На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен. По целосно ...

Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца. -Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид. Според него, на 9 ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(55) и М.Ц.(30), двајцата од Охрид, , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Двајцата, неовластено набавиле марихуана и кокаин и извршиле препакувања во помали количини, наменети за натамошна препродажба. При претрес во домот на С.К. извршен ...

Двајца млади лица на возраст од 26 и 18 години, од селата Џепиште и Отишани, се соочуваат со кривични пријави за грабнување и силување, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според официјалните информации, на 6 ноември околу 19 часот, осомничените насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во околината на Дебар, по што ја внеле во автомобил марка „Ауди“, управуван од 18-годишниот Е. В. Откако ја грабнале, ...

Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково. По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против 18-годишно лице од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тие на 06.11.2025 околу 19 часот, во село во дебарско, од куќниот двор насилно внеле 30-годишна жена во патничко возило ...

Во неколку одделни контроли спроведени во текот на ноќта на 7 и 8 ноември, полициските службеници привеле пет лица кои управувале возила под дејство на алкохол. Во Валандово, на 08.11.2025 околу 02:53 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го привеле В.М.(49) од Валандово, откако при контрола на патничко возило фолксваген со гевгелиски регистарски ознаки било утврдено дека возачот има 1,82 промили алкохол во крвта. Во Битола ...

„Утринава во 3.05 часот на бул. „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 26 годишен жител на с.Цапари,битолско.“- информираат од СВР Битола. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „Опел” со битолски регистарски ознаки, при што било утврдено дека цапарчанецот е под дејство на алкохол. Со апарат дрегер за мерење на количеството алкохол во крвта, измерени му биле 1.69 ...

Непознат напаѓач вчера фрлил камен кон деца кои седел во двор на училиште во тетовското село Одри, а погодено и повредено е 13-годишно дете, соопшти полицијата. Препорачано „На 06.11.2025 година во 19:45 часот во ПО Теарце, 54-годишен маж од с.Одри, заедно со неговиот 13-годишен малолетен син, пријавија дека истиот ден околу 18:45 часот, додека неговиот малолетен син бил заедно со неговите другари од селото и седеле во дворот на основното ...

Вчеравечер во населбата Сењак во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале две лица на мопед. Според првичните информации, додека полициски службеници се обидувале да ги сопрат, мопедистите избегале, но изгубиле контрола и се судриле со патничко возило, пренесува локалната ТВ Стар. На местото на настанот веднаш пристигнала полиција и се вршел увид за целосно расчистување на случајот. Засега нема официјални информации за повредени ...

Вчера доцна попладне, во сообраќајна несреќа во Гевгелија е тешко повреден 22-годишен возач на скутер, соопшти МВР. Препорачано „Нa 06.11.2025 во 18:00 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на ул. „Деко Ковачев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(68) од Гевгелија и мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Н.(22) од ...

Велес, 7 ноември 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 43 годишниот Д.Ц. поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик. - Во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот Д.Ц., заедно со уште едно лице, го убиле Ѓ.Ѓ. од Велес, а ...

Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите ...

50-годишна штипјанка вчера пријавила во полиција дека двајца разбојници ја ограбиле на улица во скопската општина Аеродром, соопшти полицијата. Препорачано „На 06.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 40-годишна жена од Радовиш, осомничена дека лажно пријавила поставена бомба во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Според обвинението, на 29 октомври, осомничената, од престојувалиштето во Скопје, преку својата електронска пошта и мобилен телефон, испратила заканувачка порака до службената е-маил адреса на училиштето, иако знала дека не постои експлозивна направа. ...

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник вработен во криминалистичката полиција при СВР Тетово, со иницијали Ф.Н., под сомнение за кривичното дело „попречување на правдата“. Случајот е доставен до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Според истрагата, инцидентот се случил на 4 октомври годинава, за време на полициска акција во која биле ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази веќе поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од ...

На 07.11.2025 во 00:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршија претрес во домот на 28 годишник од Битола, при што била пронајдена марихуана. Во исто време извршен е претрес и во домот на 39 годишник во Битола, при што била пронајдена марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја. Исто така, во близина на неговиот дом пронајдени се паковки со ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи по поднесената кривична пријава од МВР и врз основа на сите обезбедени докази веќе поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничената 40-годишна радовишанка, на 29 октомври од Скопје пријавила дека е поставена бомба во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Од ...

Приведени татко и син-лихвари од Кавадарци, кои на човек од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари. Препорачано Откако не успеал да го исплаќа, тие постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. -Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 ...

Кумановка пријавила вознемирување и оштетување на возило од лице кое подолг временски период ја вознемирувал нејзината ќерка, соопшти денеска СВР Куманово. Според информациите од полицијата, кумановката го пријавила случајот, вчера, во 22:50 часот. – 64-годишна жена од Куманово пријавила дека пред нејзиниот дом лицето Б.К. од Куманово, кое подолг временски период ја вознемирувало нејзината ќерка, го оштетило возилото што таа го користи и удирало ...

Лишени од слобода две лица во Битола, при претреси пронајдена дрога На 07.11.2025 во 00:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршија претрес во домот на А.Ч.(28) од Битола, при што била пронајдена марихуана. Во исто време извршен е претрес и во домот на Н.Р.(39) во Битола, при што била пронајдена марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја. Исто ...

На 06.11.2025 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Лавчански пат”во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(53) од Битола и мотоцикл „бмв”, управуван од В.С.(45) од Битола. По несреќата, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни ...

25-годишен кривопаланчанец е тешко повреден откако со „мрецедес“ излетал од градска улица. Вчера во 13:45 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(25) од Крива Паланка излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово, iинформираа од ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
65%
1031
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.94
68%
1028
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
98%
1027
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1027
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
51%
1029
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
51%
1030
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
95%
1028
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

258009.74

Кобалт

58.42

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Иридиум

145787.60

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Бакар

10.93

Платина

61733.50

Алуминиум

2.90

Цинк

3.03

Рутениум

29192.88