Синдикатите во расчекор или на иста линија со Владата? Законско зголемување на минималната плата или 500 евра? Чии барања се реални? Каков е стандардот на работниците во Македонија? Плата или услови – што го мотивира македонскиот работник? Ќе остане ли државата без квалификуван кадар поради ниските плати? Во Топ Тема дебата со Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати (КСС) и Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз ...

11/03/2025 09:52 - Телма
-

Професорот по машинство во манир на спортистките вештини на неговиот претходникот, ја почнува борбата „удар во чело“ на правосудството. Кроше, директ или аперкат – што ќе следува по интерпелацијата? Какви тегови ќе се стават на тасот на Јустиција: како досега од најквалитетниот „наш“ месинг или ќе се раскине партиско-судско-обвинителската мрежа? Зошто собранието утврди јасен патоказ за реформи кога не го почитува? Во Топ Тема вечерва, дебата со ...

Во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје „Ѓока констракшн“ фирмата која ги исполни условите од огласот и единствена се јави – нема да гради монтажни катни гаражи. Министерот Таравари го поништи огласот! Решението со паркирањето ќе се одложи, но хаосот ќе остане. Кога ќе одите во Клинички центар наоружете се со трпение, помолете се на Господа или одете со такси. Дали сте задоволни од услугите на ЈП „Градски паркинг“ во Клиничкиот ...

Каде се движи Македонија во новото геостратешко репозиционирање? Стратешко партнерство со САД или политика на додворување кон новата администрација во Белата Куќа? А и зошто не, кога европската хипокризија е без крај? Кој е македонскиот есап од трансакцијата „ние сме Трамп“? Дали европска политика е само ставот на Орбан? Во Топ Тема дебата со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ. ...

Жените земјоделки не се ценети како мажите, сè уште постои скептицизам дека жената нема да произведе добар плод, добри јаболки. Но, секоја година гледам сè повеќе жени земјоделки кои се рамо до рамо со мажите и успешни во одгледувањето на јаболки, вели во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК Ана Лабор млада земјоделка, јаболкопроизводителка од Преспа. Подкастот со Ана Лабор можете да го гледате тука: Ана (40) пред неколку години се ...

Стриминг платформата „Парамаунт+“ објави трејлер за серијата „MobLand“, чиј продуцент е Гај Ричи. Во главната улога е Том Харди, кој глуми криминалец кој му помага на мафијашкото семејство Хариган. Ова семејство го водат сопружниците Конрад и Мејв, кои ги толкуваат Пирс Броснан и Хелен Мирен. Серијата го следи крвавиот судир помеѓу семејствата Хариган и Стивенсон, кои се борат за превласт во криминалното подземје. „MobLand“ првично била ...

Борбата со корупцијата и доброто владеење остануваат меѓу клучните предизвици за земјава. Неказнивост, партизација наспроти професионализација, кои се најголемите ризици за корупција? Каде системот е најпорозен? – Извршната и законодавната власт во акција против судската. Реформа или влијание? Вечерва во „Топ тема“ дебатираа Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречуцвање на корупција (ДКСК) и Константин ...

8-ми Март секогаш е проследен со подароци за учителките, наставничките, професорките… Учениците, но и родителите како на натпревар се пуштаат во потрага по совршениот подарок. Она што треба да биде симбол на внимание и почит кон една жена, цвеќето, за жал се става во сенка на скапите подароци. Учениците собираат пари за учителките, но родителите се тие кои не штедат на подароците… Дали треба да се прекине со подарување подароци на учителките за ...

Ако за визијата на модата зборуваат дизајнерите , тогаш секако многу повеќе за сето она зад дизајните и модата можат да зборуваат и оние кои целиот свој живот се занимаат со модата. Таков е и Алек Наумовски кој во најновото издание на ХоризонТелма зборува за магичноста на трансформациите во светот на модата,убавината, за својот живот како модел но и за оние кои денес благодарение на Моделс Ин оставаат силен печат на светската модна сцена. За ...

Во Македонија секој втор е со вишок килограми, секој трет е дебел човек. Колку дебелината како болест го чини јавното здравје со оглед дека таа е ризик за повеќе од 200 хронични болести? Постојат ли стратегии и политики за запирање на галопот на болеста која се повеќе се шири кај младите – секое трето дете од 6 до 9 години е со прекумерна телесна тежина? Во Топ Тема дебата со д-р Танер Хасан од Центар за менаџирање на дебелината, д-р Ирфан ...

Задоцнети и неефикасни решенија за зауздување на цените, донесени под притисок на јавноста и граѓаните, беше ставот на пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска во вечерашната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма. За Владата креирањето на мерките се робустен пристап во борбата против растот на цените, а пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски најави и нови законски решенија по истекот на владините мерки за ограничена маржа. © 2020 Телевизија Телма. ...

Популарниот детски анимиран лик прасето Пепа ќе добие нов брат или нова сестричка, објави нејзината мајка. Серијата „Прасето Пепа“ е синхронизирана на повеќе од 40 јазици и ги следи секојдневните доживувања на Пепа и нејзиното семејство, кое го вклучува и нејзиниот помал брат Џорџ. Но, по две децении, животот на Пепа и Џорџ ќе се промени зашто ќе добијат братче или сестричка оваа година. „Возбудена сум што можам да споделам дека нашето семејство ...

Денеска е Светски ден за борба против дебелината. Во нашето општество како да преовладува осудата кон лицата кои имаат прекумерна тежина. Но, свесна дека обезностa не е само естетски проблем туку хронична болест, државата презема мерки – отворен е Центарот за менаџирање на дебелина. Дали дебелината е болест или последица на животниот стил? Анкета: Дали Центарот за менаџирање на дебелина ќе донесе резултати? Да/Не © 2020 Телевизија Телма. Сите ...

Украина ќе ја плати највисоката цена, во обидот кој да доминира во евентуален мировен договор за крај на војната. Без вклученост на САД, нема ниту војна, ниту траен мир во Украина!? – Кои се следните потези по кавгата Зеленски – Трамп во Белата Куќа? – Ќе помогне ли европската „Коалиција на подготвени“ да се премостат разликите? – Која е цената на мирот? Вечерва во „Топ тема“ дебатираа Благоја Марковски, воено-политички аналитичар, Мирче ...

Преполни затвори, лоши услови, корупција, недоволен и несоодветен кадар, се дел од долгогодишните проблеми во затворскиот систем што ги констатираат и меѓународните и домашните извештаи. Што покажуваат контролите на Народниот правобранител? Како функционира механизмот за граѓанска контрола врз полицијата? На што најмногу се жалат граѓаните во претставките до Омбудсманот, кои права најмногу се кршат? Законот за Народен правобранител, со кој треба ...

Министерката Гордана Кочоска Димитриевска на пратеничко прашање од пратеничката Славјанка Петровска одговори: „За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. За грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не ...

Американскиот комичар Конан О’Брајан рече дека нема да може да ја избегне политиката кога ќе биде домаќин на доделувањето на Оскарите на 2 март. Поранешните водители на церемонијата во традиционално либералниот Холивуд често коментираа за актуелните настани, понекогаш предизвикувајќи лути критики од Доналд Трамп на социјалните мрежи. „Мислам дека како водител не можам да го игнорирам моментот во кој се наоѓаме. Сакам да го направам тоа со хумор, ...

Ги менува ли Македонија стратешките правци во надворешната политика? Зошто власта се премисли па наместо украинско-европската, ја поддржа американската резолуција во Генералното Собрание на ОН? Дипломатска тактика или избрзан потег? Кој е „аматер“, а кој „љубоморен“? Во Топ Тема вечерва дебата со: Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ и Петар Ристески, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ. Топ Тема со Боби Христов на Телма. © 2020 Телевизија Телма. Сите ...

Независните се надеваат дека Уставниот суд ќе донесе одлука за поништување на, според нив, штетните измени во изборниот законик за кои велат дека се донесе нетранспарентно и по брза постапка, без јавна расправа. Повисокиот праг за поднесување независни листи на изборите ги подели уставните судии. Додека Уставниот суд се двоуми дали да ја оценува неговата уставност, актуелните советници од независните листи на граѓани пред предизвик – дали на ...

Германците го кажаа своето на изборите вчера, на ред се политичарите. Кои се комбинациите за идната влада на ЦДУ? А кои се решенијата за клучните предизвици: економија во рецесија, миграции, разнишано трансатлантско партнерство? Колку голем дел од политиките за поврзани со војната во Украина? Во Топ Тема вечерва интервјуа со Борис Георгиевски, од Дојче Веле на македонски и Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор во Германија. © 2020 Телевизија ...

Владата има одредено средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година во вкупен износ поголем од 100 милиони евра. Субвенциите од година во година се поголеми, а македонските земјоделски производи се поретко се наоѓаат на пазарите. Секоја година субвенциите поголеми, а сè помалку се произведува? Анкета: Дали субвенциите одат во вистински раце? Да/Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се ...

Антропологот Љупчо Ристески, член на заедничката историско-образовна комисија со Бугарија, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев кој предизвика бурни дебати во двете држави и зошто 7 октомври е толку вознемирувачки за Бугарија, како и за тоа „чиј“ е Делчев. – Мислевме дека чинот на предавање на моштите на Гоце Делчев којшто во тој период успеале да го постигнат двете страни, дури и од денешна ...

Ако му се верува на заменик-координаторот на пратеничката група на владејачката ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, Јохан Вадефул, земјава во септември треба да очекува зелено светло од германскиот парламент, во октомври одлука за почеток на преговори потврдена од сите земји-членки на ЕУ, а во декември и отворање на првите поглавја. Но, овој став на партијата на Ангела Меркел – за одлагање на одлуката за наесен, беше жестоко нападнат во Бундестагот од ...

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за настаните од „Диво Насеље“ и судскиот процес за овој случај. – Моите информации се дека во тековниот процес за Диво Насеље не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните. Значи, зафатени се… дали баш сите до еден, не навлегувам во тоа… меѓутоа, зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги ...

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за датумот за почеток на преговори со ЕУ и одложувањето на одлуката за октомври. – Реално, европските институции така постапија заради ставот на германскиот Бундестаг. Она што е важно, а не сум сигурен дека до крај го убедивме нашиот народ, меѓутоа, за тоа има куп докази… одложувањето за септември, односно октомври, е само од технички причини. Можеме да ги анализираме сечии ...

Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (29 ноември 2019 г.) – интервју со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска: -Илјада војници од лесната пешадија ќе бидат во секој момент на располагање на НАТО. За овие декларирани единици Армијата ќе купи 150 теренски возила од САД. -Можно ли е одлагање на изборите ако задоцни шпанската ратификација на приемот на Северна Македонија во НАТО? -Зошто неколку од земјите-членки се уште не ги ...

Емина Нурединоска од МЦМС која е дел од Платформата за борба против корупција, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за работата на новата Антикорупциска комисија и дали беше оправдано да се отвораат случаи додека траеше изборната кампања. – Нема законски пречки ДКСК да не работи во текот на изборната кампања. Дали мора да го отвора случајот на Мицкоски во тие два круга, ако не се во прашање рокови, е дискутабилно. Можело да се почека, затоа што ...

Миша Поповиќ од Институтот за демократија кој е дел од Платформата за борба против корупција, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за работата на новата Антикорупциска комисија и случаите за непотизам при вработувања. – Ако зборуваме за вработувања, многу потешко по идна превенција се тајните вработувања. Не на роднини, туку на оние за коишто вие не можете да воспоставите директна врска на лична корист, на пример партиски војници. Тие не можете ...

Влатко Деков од невладината „ХОПС“, учестуваше во дебата на „360 Степени“, за законска иницијатива за легализација на канабисот. Тој го цитираше истражувањето на британскиот професор Дејвид Нат за штетноста на сите видови супстанции. – Алкохол е на прво место, на второ место е хероин, трето е крек, четврто е метамфетамин, петто е кокаин, шесто е тутун, седмото е амфетамин, осмото е канабис. Знам дека за дел од јавноста ова можеби звучи ...

Пратеничката на владејачката ЛДП, Јулиана Николова, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за идното законско решение за легализација на канабисот за кое се залага оваа партија. – Легализација или декриминализација. Тоа го дискутиравме. Користејќи го знаењето на невладините организации кои се заминаваат со оваа проблематика, компаративните анализи, од она што се случува во светот, како е уредено. Ние сакаме да направиме еден сеопфатен и одржлив ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
29%
1009
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
39%
1007
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
83%
1011
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
0.0
35%
1010
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.44
31%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
89%
1011
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
35%
1009
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
50%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1010
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
48%
1009
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
100%
1010
Currency

61.54

Currency

52.5801

Currency

71.1774

Currency

34.4197

Currency

38.2289

Currency

65.6048

Currency

7.37366

Currency

0.65355

Currency

0.35534

Currency

0.52514

Currency

1.27793

Currency

0.59821