Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, ...
Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна ...
Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил во блиската шума“, изјави Ангелов. Тој вели дека надлежните институции преземаат мерки ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека најреалниот период за постигнување дипломатско решение и завршување на руската војна против Украина е од крајот на 2026 година до летото 2027 година. Зборувајќи во Киев на свеченоста по повод Денот на државното знаме, Зеленски рече дека Москва и Киев и натаму имаат спротивставени позиции, особено околу прашањето за повлекување на украинските сили од Донбас. „Веруваме дека ова е ...
Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...
СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата на власта. ...
Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан ...
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните болници беа набавени преку ...
Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме проследено со поројни дождови го погоди Балтичкиот регион. Во Литванија, спасувачките екипи го извлекле телото на маж под паднато дрво во селото Мазионис. Втор маж загинал откако врз него паднале делови од зграда во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се повредени и хоспитализирани. Sestdienas vakarā un naktī uz svētdienu Latviju ...
Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека вчера превентивно биле испратени во Бонче поради ...
Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави. Британските власти не откриваат која електрана била ...
Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, ...
Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните, велат од СДСМ. „Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска. Попладне на места се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ повторно објави мапа на Ормускиот теснец, на која стратешки важниот поморски премин е означен како „нова територија на САД“. На мапата е заокружено пошироко подрачје околу Ормускиот теснец, меѓу Иран и Оман. Објавата следува по претходните најави на Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз теснецот. Трамп претходно изјави дека САД имаат „целосна ...
Двајца германски државјани загинале во падот на мал авион на подрачјето на Велебит, потврди Агенцијата за истрага на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај. Станува збор за продолжение на вчерашната информација за исчезнатиот авион, со кој бил изгубен контакт за време на летот од Чешка кон Задар. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урнал авионот „Diamond HK-36TC-100 Super Dimona“ со германски регистарски ...
Пожар што денеска околу пладне избувнал во близина на Струмица, меѓу селата Водоча и Баница, брзо се проширил поради силниот ветер и сувата вегетација. Огнената стихија се приближила до домовите, но со брзата интервенција на пожарникарите било спречено ширење на огнот кон куќите и дворовите. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека брзата реакција на струмичките пожарникари, со поддршка од колегите од ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга бележи подобрување на финансиските показатели во првите шест месеци од 2026 година. Директорот на претпријатието, Јованчо Мечкароски, го објави полугодишниот извештај за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, во кој се евидентира зголемување на приходите и намалување на загубата. Според објавените податоци, приходите се зголемени за 5.901.324 денари, додека загубата е намалена за ...
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска спроведоа превентивна активност за заштита од пожари на подрачјето на Полициското одделение Мирковци, во општина Чучер Сандево. Во разговорите со жителите била нагласена важноста од континуирана соработка со надлежните институции и навремено пријавување на несовесно однесување кое може да предизвика ...
Две лица загинаа, а осум се повредени во руски ракетен напад врз Бориспиљ, град во близина на Киев, додека во украинската престолнина престојува германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Воздушните сирени се огласиле во Киев за време на настан со ветерани на кој присуствувале Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, Русија извршила напад со балистички ракети врз Бориспиљ, кој се наоѓа на помалку од ...
OpenAI лансира верзија на ChatGPT наменета за тинејџери, првата генерација која расте со вештачката интелигенција и која веќе ја користи за училишни задачи, прашања поврзани со секојдневниот живот, па дури и за дружење. Компанијата со седиште во Сан Франциско соопшти дека ChatGPT за адолесценти, кој ќе биде лансиран во вторник, е приспособен за деца на возраст од 13 до 17 години, со посилни заштитни мерки, вклучително и ограничувања за ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 73-годишен пациент од Долно Лисиче, Скопје, кој имал тешка клиничка слика и сериозни придружни заболувања. Пациентот 22 дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Бил сместен на Одделот за интензивно лекување и ставен на ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова за време на одбележувањата на Шипченската епопеја на врв Шипка во Бугарија изјави дека сè уште нема одговор на писмото што ѝ го испратила на претседателката Сиљановска-Давкова во врска со понатамошното лекување на 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, јавува БНТ, пренесува Трибуна. „Напишав писмо до претседателката Сиљановска, во кое ѝ ги предложив двете можности – или конзилиум од бугарски лекари да ...
Грција ја очекува нов топлотен бран, а температурите во делови од земјата во текот на викендот би можеле да надминат 40 Целзиусови степени и локално да се приближат до 42 степени. Националната опсерваторија во Атина предупреди дека во многу региони жешкото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела. Според прогнозите, максималните дневни температури ќе се движат меѓу 38 и 40 степени, додека на одредени места се очекуваат и ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил ја коментира рано започнатата предизборна сезона во Македонија, политичките ветувања за зголемување на платите и растот на трошоците за живот. Во својата објава, Велковски прави споредба меѓу најавените плати и вредноста на потрошувачката кошничка, критикувајќи ја политичката елита и повикувајќи на, како што наведува, национално обединување и ...
Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“, која со години граѓаните ја нарекуваа „ливада“, добива нов изглед. Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како што наведува Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук, со уредувањето просторот треба да прерасне во мала зелена оаза, која ќе се вклопи во изгледот на централниот градски плоштад. Паралелно ...
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Тиквешкиот регион го обвини премиерот Христијан Мицкоски и Владата за, како што рече, „суров и нечовечен однос“ кон лозарите, кои во екот на бербата се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци. „За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата Влада, министерот за земјоделие ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба ...