Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе ...

Повеќе од еден месец по почетокот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, бројот на потврдени случаи надмина 1.000. Според властите, од 1.003 заразени лица починале 254, додека 100 се опоравиле. Во моментов 365 пациенти се лекуваат во болници и изолациски оддели. Епидемијата се проширила и во Уганда, каде што се регистрирани 19 случаи и два смртни случаи поврзани со заразата од Конго. Властите следат 58 отсто од контактите на ...

Одржувањето на добро расположение и чувството на среќа не е секогаш лесно, особено во времиња исполнети со стрес, обврски и неизвесност. Сепак, експертите истакнуваат дека малите дневни навики можат да имаат големо влијание врз емоционалната рамнотежа и задоволството од животот. Еве пет едноставни навики што можат да ви помогнат да се чувствувате посреќни и поисполнети. 1. Направете добро дело, дури и кога никој не знае за тоа Љубезноста и ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Јована Тренчевска, оценувајќи дека за време на владеењето на СДСМ граѓаните се соочувале со двоцифрена инфлација и намалена куповна моќ. „По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните“, се вели во реакцијата. Од партијата тврдат дека актуелната Влада спроведува политики кои даваат ...

Три лица загинале, а петмина се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти филипинската полиција. Повредените се пренесени во блиските медицински установи каде што им е укажана помош. Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, во провинцијата Лејте. Регионалната полициска управа распореди дополнителни полициски сили во училиштето за да се обезбеди безбедноста на учениците, вработените, ...

Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински персонал и други здравствени работници од цела Македонија ќе минат обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи и со тоа да се придонесе во изградбата на поправичен здравствен систем. Станува збор за активност во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: ...

Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ, обвини дека Владата на премиерот, Христијан Мицкоски, за две години не исполнила ниту едно ветување. „После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ...

Кит Урбан и Никол Кидман, кои неодамна се разведоа, сè уште се во добри односи и си испратија честитки за роденденот и Денот на татковците. Музичарот јавно ѝ го честиташе 59-тиот роденден на својата поранешна сопруга, а таа му го честиташе Денот на татковците еден ден подоцна. 58-годишниот пејач и текстописец ѝ испрати порака на својата поранешна сопруга по повод нејзиниот 59-ти роденден преку Инстаграм во сабота, 20 јуни. „Среќен роденден, ...

Седум последователни земјотреси биле регистрирани утрово во Црното Море во близина на брегот на Севастопол, соопшти гувернерот Михаил Развожаев на Телеграм. Според податоците на Кримската сеизмолошка мрежа, два од потресите биле посилни и биле почувствувани во Севастопол. Првиот се случил во 6:14 часот со магнитуда од 3,7 степени и на оддалеченост од околу 26 километри од градот, додека вториот бил во 8:48 часот со магнитуда од 4,4 степени и ...

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил излезе со предлог за формирање млада влада со едногодишен мандат, оценувајќи дека таков чекор би претставувал историски исчекор за државата. „Не прашувајте дали младите се подготвени да ја водат Македонија. Прашајте се колку долго Македонија може без нив“, напиша Велковски. Според него, младите не се иднината, туку ...

Од почитување на границите до покажување вистинска љубопитност, одредени модели на однесување на првиот состанок можат да откријат личност со потенцијал за долгорочна врска. Првите состаноци често се исполнети со нервоза и стрес бидејќи запознавањето нови луѓе и отворањето кон нив може да биде застрашувачко, особено ако се чини дека ниту една од средбите не води кон нешто посериозно. Психологот д-р Рокси Зараби за Vice истакна четири ...

Летото е период кога многумина планираат патувања и одмор, но некои луѓе тешко успеваат навистина да се опуштат. Според астролозите, три хороскопски знаци моментално се под голем притисок и им е потребен одмор за да ја вратат енергијата. Девица често не си дозволува вистински одмор, бидејќи постојано размислува за обврските и плановите. Перфекционизмот може да стане извор на исцрпеност, па астролозите им советуваат неколку дена да се ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на Фејсбук остро реагираше на учеството на граѓани од Косово и Македонија на протестите во Тирана, нагласувајќи дека Албанците од овие земји не можат да се сметаат за албанска дијаспора. „Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа земја. Заедно со Македонците тие се државотворен народ во својата земја во соседната држава“, напиша Рама, додавајќи дека дијаспора се иселениците ...

Според известување од ЕВН Македонија АД, денеска (22 јуни 2026 година) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Карпош. Прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата Ангел Динев, ОУ „Димо Хаџи Димов“, како и дел од корисниците на улиците Мраморец и Есперанто. Текстот ЕВН најави петчасовен прекин на струја во делови од Карпош е превземен од МАКФАКС. Според ...

Со заедничка јога-сесија во Градскиот парк во Скопје, Индиската амбасада во Северна Македонија го одбележа Меѓународниот ден на јогата, глобална иницијатива која ги промовира физичкото и менталното здравје, внатрешната рамнотежа и здравиот начин на живот. На настанот, одржан кај Школка во Градскиот парк, учествуваа бројни граѓани, љубители на јогата, претставници на Владата, членови на дипломатскиот кор и други гости. Учесниците имаа можност ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, локално ќе има услови и за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија ...

Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека конфликтот меѓу политичарите во Полска и Украина е стратешка грешка што ќе им наштети на двете земји економски, геополитички и во поглед на угледот. Тензиите повторно се разгореа откако полскиот претседател Карол Навроцки го поништи највисокото државно одликување што му беше доделено на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Причина за тоа беше одлуката една украинска воена единица да го носи ...

Украина во текот на ноќта изврши серија напади со беспилотни летала врз цели на Крим и други територии под руска окупација, а активност на дронови била регистрирана и во околината на Москва. Според проруски и проукраински канали на социјалните мрежи, цел на нападите била термоелектраната „Тавриска“ на Крим, по што дејствувала руската противвоздушна одбрана. Експлозии биле пријавени и во окупираните делови на Доњецката и Запорошката област, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека полскиот претседател Карол Навроцки ги заострил односите со Украина поради внатрешнополитички причини, коментирајќи ја одлуката за одземање на Орденот на Белиот орел – највисокото полско државно одликување. Во интервју за украинската телевизија ТСН, Зеленски оцени дека потегот на Навроцки е дел од политичката борба во Полска. „Тоа го гледам исклучиво како дел од изборниот процес. Карол ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се изјасни против воведување систем за наплата за пловидба низ Ормутскиот теснец по евентуалниот крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Тој порача дека клучниот поморски правец за глобалното снабдување со енергија мора да остане слободен за пловидба, повикувајќи се на меѓународното поморско право. „Морскиот пат мора да остане слободен за пловидба – тоа е принцип на поморското право“, ...

Преговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија се „паузирани, но не и завршени“, соопшти ирански извор за Ројтерс, во услови на зголемени тензии и меѓусебни закани меѓу двете страни. Според истиот извор, иранската делегација реагирала остро на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и наводно во знак на протест го напуштила местото на разговорите. Ирански претставник исто така порачал дека нема да се разговара за други теми ...

Украинските сили за беспилотни системи соопштија дека во текот на ноќта погодиле нафтен терминал во областа Керч на окупираниот Крим, при што индиректно навестија и можни удари во близина на Кримскиот мост. „Не, не алудираме на ништо, но во текот на ноќта, од блиску и од различни агли, го видовме Кримскиот мост “, соопштија од украинските Сили за беспилотни системи, објавувајќи фотографија на која, како што наведуваат, се гледаат погодени ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остро и експлицитно предупредување до Техеран да не се обидува да го затвори стратешкиот Ормуски теснец, пренесува „Фокс њуз“. „Затворете го и повеќе нема да имате држава. Нема ни да можете да се вратите во вашата земја“, изјави Трамп во коментар упатен до иранските официјални лица. Американскиот претседател додаде дека САД би можеле да станат „ангел чувар“ на теснецот и за возврат да преземат 20% од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка, обвинувајќи го за неуспеси во имиграциската и енергетската политика. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл, Трамп напиша дека Стармер „ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, додавајќи дека сериозно потфрлил во двете области – имиграција и енергија, со посебен акцент на експлоатацијата на нафтата ...

Со почетокот на туристичката сезона во Хрватска повторно се актуелизираа поплаките за високите цени на такси-превозот, а едно искуство од Задар предизвика бројни реакции во јавноста. Хрватка за „Слободна Далмација“ раскажала дека нејзиниот син минатата недела пристигнал со автобус од Риека во Задар, од каде требало да продолжи кон аеродромот. Иако постои автобуска линија до аеродромот, поради страв дека нема да стигне навреме на летот, ...

Непознат маж бил спасен откако скокнал во реката Неретва кај Стариот мост во Мостар и исчезнал под површината на водата, јавуваат регионалните медиуми. Според информациите, инцидентот предизвикал вознемиреност кај бројните туристи и граѓани кои се наоѓале во близина на мостот, но благодарение на брзата реакција на членовите на Клубот на скокачи и кајакарскиот клуб, избегната била трагедија. На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа ...

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот ...

Просечната нето-плата во Македонија е зголемена за близу 8.000 денари во период од две години, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека според официјалните податоци, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. „Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче изјави дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните набавки, но реалноста ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
49%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
69%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.83
63%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.2
78%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.65
63%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.66
90%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
41%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.75
57%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.73
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
63%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.2
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Кобалт

56.29

Паладиум

38420.14

Сребро

1907.42

Родиум

249168.29

Злато

131629.35

Бакар

12.34

Платина

52341.42

Калај

50.34

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68