Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Каја Гербер, ќерка на познатата манекенка Синди Крафорд, работи напорно на промоција на серијата „The Shards“. Досега ни покажа неколку модни изданија кои зрачат со чиста елеганција, а некои дури и со сексапил. View this post on Instagram A post shared by Kaia (@kaiagerber) Сега се појави на уште една премиера на серијата во Берлин, а за оваа пригода донесе монохроматско издание на брендот Прада. View this post on Instagram A post shared by ...
Ако сте родени во еден од овие четири знаци, август 2026 година е меѓу најважните љубовни месеци во годината. Астролошката слика од август 2026 година е силно фокусирана на врските. Венера влегува во Вага, знакот со кој владее, на 6 август и ја интензивира потребата за блискост, реципроцитет и јасен избор на партнер. Затемнувањето на сонцето во Лав на 12 август започнува ново поглавје во љубовта, додека Јупитер во истиот знак го проширува ...
„СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк“, вели Валентин ...
Платформата за родова еднаквост бара независна и темелна стручна истрага за случајот со 19-годишната родилка Станка Михајлова од Струмица, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. „Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. ...
Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...
Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните ...
„Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот“, вели Симона Цветаноски – членка ...
Дрон е забележан во близина на украински авион на германскиот аеродром Лајпциг/Хале во текот на ноќта, потврди НАТО, откако летовите беа суспендирани поради безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, дронот бил опремен со експлозиви и детонатор и се приближил многу блиску до украински товарен авион Антонов. Неколку авиони, вклучувајќи патнички авион, беа пренасочени откако беше забележан неидентификуван летачки објект и беше пронајден ...
Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост ...
Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“, велат од Владата, по обвинувањата од СДСМ дека е спроведена јавна набавка на вода без тендер. Од Владата појаснуваат дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го ...
Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени на различни локации низ општината. Како што информираат од Општината, новото игралиште ќе биде опремено со современи и ...
Бредли Купер и Џиџи Хадид започнаа вистинска бура на социјалните мрежи откога беа фотографирани од странски медиумски фотографи во Париз. Еден детаљ наведе многу корисници на мрежата да помислат дека се венчале. Бредли Купер и Џиџи Хадид долго време уживаат во слатката љубов. Иако ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, некои детали од нивниот приватен живот се познати на јавноста, и тоа како. На пример, во декември минатата ...
Најмногу нè нервира кога чистата крпа сè уште изгледа валкана дури и по неколку перења, па затоа обично завршува во корпата за отпадоци, бидејќи мислиме дека нема начин да ја зачуваме. Сепак, не е така, бидејќи можете да и го вратите стариот сјај. Најголемиот проблем не е температурата, проблемот е маснотијата заробена меѓу влакната. Ако ја ставите крпата веднаш во барабанот, прашокот тешко продира низ стари траги од масло, сос или ајвар. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло ...
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас, велат од СДСМ. Од партијата велат дека според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по ...
Малку реченици звучат толку безопасно, но носат толку тензија како „добро е“ изговорено по расправија. Ако некогаш сте се нашле на другата страна од таков лажен мир или некоја друга пасивно-агресивна фраза, знаете колку може да биде фрустрирачки. Проблемот е што пасивната агресија во врската навистина може да функционира, барем на краток рок. „Пасивната агресија може да биде исто толку ефикасна како противпожарен аларм“, вели Ени Рајт, ...
Поранешната свршеница на кошаркарот Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, го повлече своето барање за утврдување алиментација за нивните две деца. Ова дојде откако кошаркарот претходно побара постапката да биде прекината бидејќи верува дека судот во Калифорнија нема надлежност над случајот, објавува TMZ. Во понеделник, Голтес поднесе барање за повлекување на тужбата во суд во Лос Анџелес, наведувајќи дека сака да го реши спорот по договор. View ...
Дел од ракета од американската вселенска компанија SpaceX, која е во вселената од минатата година, денес ќе се сруши во Месечината со голема брзина, објави „Ројтерс“. Објектот со големина на автобус е втората фаза од ракетата Falcon 9 на SpaceX, која лансираше лендер од Firefly Aerospace до Месечината во јануари 2025 година. Телото на ракетата тежи четири тони и ќе ја удри Месечината со брзина од 8.690 километри на час, создавајќи облак од ...
Ултравиолетовиот (УВ) индекс е показател за дневното ниво на сончево зрачење и открива колкав е ризикот од изгореници на кожата, но и од развој на рак на кожа. Експертите советуваат секојдневно да се проверува УВ индексот, да се користи крема со заштитен фактор и да се избегнува изложување на сонце во периодот кога зрачењето е најсилно. Што значат вредностите на УВ индексот? УВ индексот е развиен во Канада во 1992 година како едноставна ...
Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица ...
Во Франција од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а полицијата привела 402 лица поради сомнеж дека намерно подметнале пожар или предизвикале пожар од невнимание, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, пренесува „БФМТВ“. Според Нунез, меѓу приведените има 156 малолетници, додека за 36 лица е одреден истражен притвор. Во меѓувреме, пожарите во департманите Жиронд и Од се ставени под контрола, додека во ...
Соединетите Американски Држави во петмесечната војна со Иран потрошиле поголем дел од залихите на високопрецизни далекуметни ракети ATACMS и PrSM, тврдат три извори за „Ројтерс“. Според изворите, значителното намалување на залихите предизвикува загриженост за подготвеноста на американската војска во случај на идни конфликти, вклучително и со Русија или Кина. Белата куќа не ги потврди овие тврдења, наведувајќи дека САД располагаат со повеќе ...
Шест лица загинаа, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Терни и Риети, на границата меѓу италијанските региони Лацио и Умбрија. Според првичната истрага, камперот преминал на спротивната лента и директно се судрил со туристички автобус. Во несреќата учествувале и три автомобили кои не успеале да го избегнат судирот. Тројца од повредените се во тешка состојба. Во автобусот имало 20 патници кои патувале кон водопадите ...
Италија од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови, соопшти Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“. Црвениот аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории. Локалните власти им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат престој на сонце и изложување на високи температури од ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно ...
Граѓаните на Гостивар во наредниот период треба максимално да ја испуштаат водата од чешмите во своите домови за да се забрза прочистувањето на примарната и секундарната водоводна мрежа, апелира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Тој информираше дека водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може да се користи исклучиво за технички потреби. Ограничувањето ...
Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка. Според него, околу 72.000 лица влегле во Сеута, а приближно 70.000 веќе се вратиле. За останатите се утврдува нивниот правен статус, а оние што немаат право на престој ќе бидат вратени во согласност со шпанското и меѓународното право. Министерот соопшти и дека бројот ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...
Најмалку 22 лица се повредени во руски воздушен напад со две наведувани авиобомби врз центарот на Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин, пренесува „Киев пост“. Авиобомбите погодиле станбена зграда, а оштетени се и околните станбени и деловни објекти. Спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините, додека властите предупредуваат дека бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не ...