Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. „Нашата обврска не е само да ја санираме ...
Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка. „Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој проект ...
Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги чинат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот, праша Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба од СДСМ. „Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на ...
Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни. „Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен ...
Говорот што Чарлс Спенсер го одржа на 5 септември 1997 година во Вестминстерската палата длабоко ја трогна јавноста. Во исто време, тој предизвика многумина да го доведат во прашање животот на британското кралско семејство, но и начинот на кој неговата сестра беше изложена на јавен и медиумски притисок. Ерлот Чарлс Спенсер, брат на покојната принцеза Дајана , неодамна објави дека ќе ја објави книгата „Лебедова песна“ на 22 септември. Во неа, ...
Британските фабрики што произведуваат дронови за Украина би можеле да се соочат со напади од „непознати извори“, предупреди советник во Кремљ, откако Велика Британија се согласи да ги сподели плановите за ракети со долг дострел. Андреј Федоров , поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Русија, изјави дека не може „100% да ја исклучи“ можноста за „паравоени“ операции насочени кон Велика Британија , зборувајќи за време на патувањето ...
Американскиот развивач на вештачка интелигенција Open AI објави дека почнувајќи од 24 август, неговата алатка ChatGPT ќе започне да прикажува реклами на 31 европски пазар. Германија, Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Норвешка, Данска, Холандија и Австрија се наведени како примери во текстот. Рекламите се наменети за корисниците на пакетите Free и Go, додека оние со Plus, Pro и Enterprise нема да гледаат реклами. Особено, Open AI нагласува ...
Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“, велат од Левица. „Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а ...
Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, велат од СДСМ. „Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се ...
Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ. „Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува ...
Замислете хотел каде што погледот од вашиот кревет не е насочен кон морето или дворот, туку директно во огромна бездна. Токму такво необично искуство нуди Skylodge Adventure Suites во Перу, сместен високо над Светата долина на Инките, на надморска височина од речиси 400 метри. Овој уникатен хотел се наоѓа во близина на градот Олантајтамбо, на околу еден час возење од Куско. Сепак, до собата не е достапен по вообичаената рута. Гостите мора да ...
Доколку сте забележале дека често добивате грчеви во нозете, не грижете се, бидејќи овој проблем е многу почест во лето. Грчевите, како што објаснуваат физиотерапевтите, се јавуваат поради дехидрација, губење на електролити поради потење, седење подолг временски период, а со тоа и поради лоша артериска или венска циркулација. Грчењето придружено со болка трае неколку минути и често е знак за недостаток на магнезиум, калиум и калциум во ...
Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата „Мелци“ е подметнат. Доцна синоќа тој се огласи на „Фејсбук“ и сподели видеа и фотографии од борбата со огнот. „На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Станува збор ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Ако веќе сте во врска, можна е свршувачка, а ако сте слободни, можете да ја обновите врската со некој од минатото. РАБОТА: Ненадејна добивка. ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте тешка храна. БИК ЉУБОВ: Можеби ќе најдете љубов на патување или со некој што живее во странство. РАБОТА: Нови можности и напредок во бизнисот. ЗДРАВЈЕ: Повреди, вкочанетост ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Астролошките предвидувања за август носат зголемена романтична енергија, а два знака особено би можеле да направат чекор кон нова љубовна врска. Овен – Нова љубовна искра За Овните, крајот на август би можел да донесе интересно познанство или неочекувана романтична можност. Според астролошките прогнози, периодот е поволен за нови почетоци во љубовта, особено ако се подготвени да покажат што чувствуваат. Водолија – Некој би можел да ви го ...
Трошоците поврзани со староста и болестите учествуваа со 70 проценти во вкупните социјални трошоци во Германија минатата година, со што социјалниот буџет достигна ново рекордно ниво, според анализата на Институтот Ифо. Според анализата, средствата наменети за старост и болест учествувале со повеќе од 80 проценти во реалното зголемување на социјалните трошоци од 1992 година. Клучниот структурен фактор зад овој тренд се демографските промени, ...
Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на седницата се разговарало за изработка на нова програма ...
Научниците предупредуваат дека светот, поради затоплувањето на планетата и сè почестите екстреми, се приближува кон уште поразорни климатски настани отколку што веќе се евидентирани во последните години. Долгорочните предупредувања за посилни топлотни бранови, бури, поплави и суши повеќе не се сметаат за далечна фикција, туку за реална можност. Климатологот Даниел Свејн од Калифорнискиот институт за водни ресурси рече дека проблемот е што ...
Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 76 милиони евра (65 милиони фунти), додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „Црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува ...
Во декември 1999 година, албанскиот министер за внатрешни работи, Спартак Почи, замина за Грција со својот службен автомобил, каде што требаше да помине два дена и да разговара за полициската соработка и борбата против прекуграничниот криминал. Тој возел црн Мерцедес С 350 без да знае дека е украден. Иронијата во овој случај беше речиси неверојатна. Министерот кој дојде да разговара за борбата против криминалот пристигна во автомобил по кој ...
„Благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари, огнот којшто излезе надвор од депонијата покрај Кавадарци бргу беше совладан, со што беа заштитени околните лозови насади“, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарникарите продолжија цело попладне да фрлаат тони и тони вода врз депонијата. Таа е делумно изгасната, но се уште има внатрешно согорување. За поголем ефект ангажирани се и два БТР-и на ДЗС којшто со ...
Канада одговори на ескалацијата на трговската војна со САД и воведе контрацарински мерки за повеќе од 700 американски производи. Вкупната вредност на опфатените стоки достигнува 27,6 милијарди долари, а федералната влада, исто така, презентираше пакет за поддршка на работниците погодени од новите тарифи, објави „Канадијан Глобал њуз“. Вредноста на американските производи на кои се наметнуваат царини одговара на вредноста на канадските стоки ...
Тригодишно девојче се здобило со сериозни повреди откако вратите од лифтот одеднаш се отвориле, а потоа повторно се затвориле додека се возела со својата мајка и други деца во станбена зграда во населбата Радишани во Скопје. Инцидентот се случил на 22 август околу 18:15 часот, а бил пријавен во полиција два дена подоцна. Според пријавата на мајката, 30-годишната Е.З. од Скопје, несреќата се случила кога вратите од лифтот нагло ја смениле ...
„СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...
Секој се справува со непријатните вести на свој начин, а според астрологијата, карактерот на хороскопскиот знак може да влијае на тоа дали личноста ќе реагира веднаш, ќе се повлече во себе или ќе се обиде да најде решение. Овен – Реагира импулсивно Овенот тешко ги крие своите емоции кога ќе чуе нешто што не му се допаѓа. Нивната прва реакција честопати ќе биде насилна, но нивниот гнев обично брзо поминува. Бик – Му треба време Бикот не мора ...
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка тренираа пред првиот натпревар во мешани двојки, кој ги очекува малку подоцна. Новак и Арина играa против Катерина Сињакова и Хенри Патен, а пред натпреварот одработија лесен тренинг. Сепак, еден детаљ по тренингот се најде во центарот на вниманието. Имено, кога завршија, Новак и Арина стигнаа до мрежата, а потоа белоруската тенисерка го извади телефонот, и се создаде „селфи ...