Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на ...
Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, објави дека аеродромот во Истанбул во сабота, 1 август, услужил 289.260 патници, што е најголем дневен патнички сообраќај досега во Турција и Европа. Како што истакна, стратешкото значење на овој аеродром во меѓународната авијација продолжува континуирано да расте. Тој потсети дека аеродромот во Истанбул е меѓу водечките аеродроми во светот благодарение на своите ...
Граѓаните на Гостивар во наредниот период треба максимално да ја испуштаат водата од чешмите во своите домови за да се забрза прочистувањето на примарната и секундарната водоводна мрежа, апелира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Тој информираше дека водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може да се користи исклучиво за технички потреби. Ограничувањето ...
Англиската фудбалска јавност беше изненадена од веста дека 26-годишниот Џејдон Санчо, откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, тренира со англискиот клуб од првата лига со надеж дека ќе најде клуб до почетокот на новата сезона. Санчо сè уште не е на врвот на својата кариера, но неговиот успех е далеку зад него. Пред пет години, Манчестер Јунајтед ѝ плати на Борусија Дортмунд 85 милиони евра за неговиот трансфер, но потоа сè тргна ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло ...
УЕФА ѝ се закани на ФИФА со правни мерки откако пропадна планот на Џани Инфантино да продаде дел од идните профити од Светското првенство на приватни инвеститори. Управното тело на европскиот фудбал соопшти дека разгледува тужба, арбитража и регулаторни поднесувања во врска со проектот „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, за кој ФИФА се обиде да собере 4,2 милијарди долари од инвеститори, вклучувајќи ја и фирмата на Џошуа Кушнер од Њујорк. Планот беше ...
Имињата и контакт-податоците на околу 100.000 британски полициски службеници се појавија на дарк вебот, откако сајбер-криминалци ја пробија клучната база на податоци на органите за спроведување на законот, изложувајќи ги полицајците на потенцијални безбедносни ризици, објави „Тајмс“. Протекувањето на податоците, за кое беше објавено во неделата, следува по поширока сајбер-кампања во која беа компромитирани и податоци што ги поседуваат ...
Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано породување и за ...
Методот за слабеење познат како правило 30-30-30 добива на популарност, а се базира на едноставен принцип: во првите 30 минути по будењето, треба да јадете 30 грама протеини, проследено со 30 минути кардио со низок интензитет. Правилото првпат го опиша Тимоти Ферис во неговата книга „Телото за 4 часа“, а го популаризираше биологот Гари Брека на TikTok. Намален апетит и стабилен шеќер во крвта Според Брека, овој утрински ритуал го поттикнува ...
Август 2026 година ќе биде месец за секој Стрелец во кој границите помеѓу имагинацијата и реалноста се заматуваат, а желбата за истражување на непознатото го достигнува својот врв. Како типичен Стрелец, не можете да поднесете стагнација, а ѕвездите се погрижија да не ви биде здодевно ниту за момент ова лето. Време е да ги спакувате куферите Уште во првата недела од август, ќе почувствувате силна желба да ги спакувате куферите и да се упатите ...
Во врска со информациите дека телевизиска екипа била задржана на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, не му било дозволено снимање и како што тврдат била одземена опрема, како Јавно претпријатие „Комуналец“ кое е одговорно за овој објект ја информираме јавноста дека станува збор за неовластено влегување во објектот, без најава дека телевизијата има намера да изврши снимање внатре во објектот, соопшти претпријатието. „Како јавно ...
Доенчињата и предучилишните деца се особено чувствителни на високите температури, бидејќи нивниот организам потешко ја регулира телесната температура и зависат од возрасните за соодветен внес на течности, избор на облека и обезбедување безбедна средина. Поради тоа, при топло време тие имаат зголемен ризик од прегревање, дехидратација и други здравствени последици поврзани со топлината. Институтот за јавно здравје објави препораки за ...
Емоционалната зрелост е еден од темелите на здрава и стабилна врска. Кога партнерот не е во состојба зрело да ги разбере сопствените емоции или да ги цени чувствата на друга личност, тоа на крајот може да доведе до недоразбирања, чести конфликти и нарушена доверба. Иако емоционалната незрелост не мора да значи дека некој е лоша личност, одредени обрасци на однесување можат да го отежнат градењето квалитетна врска. Еве некои од најчестите ...
Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар, кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа, велат од СДСМ. „Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што ...
Зеленски изјави дека есента 2026 година е посакуваниот рок за мир, но предупредува дека нема гаранции. Украина ќе го зголеми дипломатскиот, економскиот и воениот притисок врз Москва со цел да ја заврши војната пред почетокот на зимата, изјави во понеделник украинскиот претседател Володимир Зеленски. На состанокот со украинските амбасадори во Киев, Зеленски ја означи есента 2026 година како посакуван рок за постигнување мир, но предупреди дека ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ангажирани ...
Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ. „Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи ...
Во следните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки“, објави градоначалникот. Тој ...
Борбата за превласт во светскиот фудбал би можела да донесе еден од најголемите шокови во историјата на овој спорт. Според британскиот весник „Тајмс“, УЕФА заедно со КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) ја разгледуваат можноста за започнување на сосема ново меѓународно натпреварување кое би претставувало директно натпреварување на Светското првенство во фудбал. Овој потег наводно би бил одговор на можната кандидатура на Џани ...
Претседателот Доналд Трамп во понеделник ги повика американските нафтени компании да преземат мерки за намалување на цените на горивата, велејќи дека енергетските гиганти „заработиле премногу пари“ благодарение на високите цени на нафтата за време на војната со Иран. Коментарите на Трамп дојдоа откако цената на нафтата од типот Брент, меѓународната референтна вредност, падна за повеќе од четири проценти на околу 84 долари за барел во ...
По силниот топлотен бран, Германија беше погодена од силни бури во понеделникот навечер, придружени со бурен ветер и голем град, кој покри некои места со бело ќебе за само неколку минути. Во регионот Хунсрик, пејзажот целосно побели, потсетувајќи на зимски пејзажи. Во градот Хајмбах на западот од Германија падна град со дијаметар до 4 сантиметри, а на земјата се формираше слој мраз висок и до 15 сантиметри. За време на бурата, температурата ...
Дуа Липа и Калум Тарнер конечно го имаа своето деби на црвениот тепих како брачен пар. Пејачката го потврди својот статус на модна икона со смел моден избор. Во понеделник, на 3 август, хитмејкерката на „Levitating“ и 36-годишната Тарнер прошетаа заедно по црвениот тепих за првпат откако се венчаа на 31 мај во Лондон. Двојката се појави стилски на премиерата на најновиот филм на Тарнер, „Само една ноќ“. За таа пригода, 30-годишната пејачка, ...
Од ноќеска на полноќ, цените на бензините ќе се намалат за два денари, додека дизелот ќе поскапе за еден денар,одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 ...
Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди, изјави Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Мицкоски од ...
На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство. Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци. Во врска со ...
Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ. „СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 ...
Иран бил подготвен да изврши напади на три локации во Украина пред да ја напушти операцијата по „извинувањето“ од Киев, изјави во понеделник главниот воен советник на врховниот лидер Али Хамнеи, Мохсен Резаи. Во интервју за иранската државна телевизија, Резаи рече дека вооружените сили на Иран ги завршиле сите подготовки за нападите пред операцијата да биде откажана. Резаи, исто така, предупреди дека Иран нема да дозволи користење на кој било ...
Август 2026 година ќе биде месец на трансформација и интензивни емоции за Шкорпијата. Вие не сте знак кој сака површност, а во наредните недели вашата потреба да навлезете во самата срж на нештата ќе биде посилна од кога било. Од првите денови на август, Скорпијата ќе почувствува промена во енергијата околу вас, како да е на прагот да се случи некоја голема пресвртница. Ова може да биде поврзано со тајна што случајно ќе ја откриете или со ...
Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со кој повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој, извести Општината. „Станува збор за првиот проект од ваков вид во Република Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни ...
Американската актерка Ева Лонгорија (51) го помина викендот во Шпанија, каде што уживаше во сончев ден и време со својот осумгодишен син Сантијаго. Фотографите ја фотографираа во црвено бикини, а нејзината облека брзо го привлече вниманието на јавноста. Лонгорија избра светло црвено бикини за плажата, кое го надополни со шапка со широк обод, очила за сонце и пругаста наметка. За време на престојот на плажа, таа пливаше во морето и дел од ...