Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Хрватските власти го уапсија украинскиот државјанин Владимир З. во Пула, осомничен за вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек“. Апсењето е извршено врз основа на европска потерница издадена од германските власти. Според Федералното обвинителство во Карлсруе, Германија, операцијата ја спроведе Полициската управа во Пула, во координација со Полициската управа во Загреб. Владимир З. е осомничен дека, заедно со други лица, учествувал ...
Септемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во октомври, ќе бидат зголемени. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се во тек пресметките за законското, процентуално усогласување на пензиите. „Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео повика на мобилизација за, како што вели, да се спречи Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри. „Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити. Во Пехчево на мала врата денеска се ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот. „За жал ја изгубивме почетната конотрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов. Тој најави дека во ...
Филипс се надева дека засилувањето ќе трае што е можно подолго, но планира да се врати за шест месеци за дополнителни засилувачки дози. Маж од Северна Каролина , кој тврди дека го има најмалиот пенис на светот , конечно може да има среќен крај, вели дека неговата неодамнешна процедура за зголемување била огромен успех. Мајкл Филипс (38) за TMZ изјави дека во понеделник во Северна Каролина бил подложен на процедура, за време на која лекарите ...
На крајот на јуни, доспеаните, а неплатени обврски на државните институции, според податоците од Министерството за финансии, изнесуваат 692.523.113 евра. Во споредба со крајот на декември 2025 година, обврските се зголемени за 26,37 милиони евра. Зголемување на доспеаните, а неплатени обврски е забележано и на квартално ниво, за 17,55 милиони евра, додека во споредба со истиот период минатата година, долговите се зголемени за речиси 3 милиони ...
Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод, велат од партијата. „Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па наместо ...
Томас Маркл го прекина контактот со Меган пред нејзината свадба со принцот Хари во 2018 година. Меган Маркл и принцот Хари ќе се вратат во Велика Британија пред крајот на месецот, а нејзиниот татко Томас Маркл за прв пат проговори за тоа како се чувствува во врска со нивното враќање. Томас Маркл, кој со години е во лоши односи со својата ќерка, рече дека се чувствува „повреден и тажен“ што Меган и Хари ќе се вратат во Велика Британија, а ...
Марин Ле Пен , лидерка на парламентарната фракција во француското Национално собрание, останува водечки кандидат додека се приближуваат претседателските избори во Франција во 2027 година , според неодамнешната анкета спроведена од „Толуна Харис Интерактив“ за телевизискиот канал М6 и радио РТЛ. Анкетата покажува дека 38% од испитаниците се подготвени да ја поддржат Ле Пен . Веднаш зад неа е Жан-Лук Меланшон , основач на левичарската партија ...
Aлиби на Мицкоски за избори спремаат руски и српски служби – Ново сценарио за етнички тензии, изјави Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Мицкоски очајно бара алиби за избори. Внимавајте, самиот кажува дека не сака предвремени избори, но истовремено моли да му биде фрлена ракавица или веројатно поточен е изразот да му биде фрлена гума за спасување од страна на опозицијата. Тоа е неверојатно ...
Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...
Кина го забрзува отстранувањето на прилагодената верзија на Windows 10 од владините институции, бидејќи фокусот сè повеќе се префрла на домашни софтверски решенија. Одлуката на Пекинг отвора ново прашање за иднината на странските технолошки платформи во кинескиот државен сектор. Кина одлучи да го забрза отстранувањето на прилагодената верзија на Windows 10 од владините институции, така што компјутерите во владините агенции и сродните ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, во ексклузивно интервју за „Breitbart News“ изјави дека македонската влада силно ја поддржува владата и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп на повеќе фронтови, од надворешна политика до енергија, геополитика и друго. „Македонските граѓани многу решително ја поддржуваат администрацијата на претседателот Трамп“, вели Мицкоски во интервјуто, истакнувајќи дека „кредибилитетот на Трамп меѓу ...
Од ЦУК информираат дека од утринските часови има интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. На терен е и директорот на центарот Мухамед Али кој заедно со надлежните служби и екипи ја следи и координира состојбата. „Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси: 3 авиони на ...
Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција откако Филипче изјави дека „не се исти“. Одговарајќи на прашање за ваквата изјава, Мицкоски рече дека за првпат може да се согласи со претседателот на опозициската партија дека навистина „не се исти“. „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ...
Кога СДС нема што да каже, ете ги, ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ на која беше посочено дека следува криза и ...
Од Општина Центар информираат дека во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која, според најавеното до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче ...
Врската помеѓу цревата и мозокот е подлабока отколку што мислиме. Нутриционист открива како да се поддржи здрав микробиом и подобро расположение преку исхрана. Цревата не се исклучиво дел од дигестивниот систем, туку имаат многу посложена улога, поради што научниците сè повеќе ги нарекуваат „втор мозок“ . Нутриционистката Александра Лишанин го потврдува фактот дека нашето расположение започнува во желудникот. Цревата и мозокот постојано ...
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, го обвини Киев за „отворен терор“ против руски цивили и рече дека Москва нема да прифати договор што ги загрозува нејзините безбедносни интереси. „Токму теророт станува последна алатка на Киев во обид да ја промени ситуацијата што се развива на негова штета“, рече Небензја . Небензја наведува дека Украина , со најактивно учество на Западот , е претворена во „ концентрационен логор на ...
Според Левица, Владата на ДПМНЕ повторно ќе ги остави граѓаните со најмизерни плати во Европа сами да се справуваат со последиците од неспособноста на власта. Од партијата оценуваат дека нов ценовен бран на храната се приближува кон Македонија, а државата повторно нема стратегија како да го заштити стандардот на граѓаните. Предушредуваат дека светските цени на храната повторно растат, а првите удари кај нас може да се почувствуваат уште во ...
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце не е проект создаден од актуелната власт, туку проект за кој во времето на владеењето на ДУИ биле преземени конкретни чекори во однос на проектирањето, обезбедувањето финансиски средства и тендерските постапки, велат од Демократската унија за интеграција. „На 27 јуни 2022 година, Собранието го усвои Законот за гаранција на обврските по заемот што требало да ...
Од Општина Бутел информираат дека и оваа година продолжуваат со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка, како што е соопштено, е на сите првачиња да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се ...
Видео од Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија за време на Гран при трката „Фридом 250“ привлече внимание на социјалните мрежи бидејќи нивниот разговор им изгледаше напнат на многумина. Бидејќи беше невозможно да се чуе што зборуваа поради бучавата од хиподромот, читателката на усни Никола Хиклинг се обиде да ја процени содржината на нивниот разговор. Пристигнаа заедно на трката Доналд и Меланија Трамп се појавија заедно на трка во ...
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на армијата да го окупира целиот регион Донецк до 31 декември, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Аналитичарите на Американскиот институт за проучување на војната (ISV) проценуваат дека новиот рок покажува колку се далеку целите на Кремљ од фактичката состојба на бојното поле. Според Зеленски , меѓу главните руски оперативни цели остануваат Константиновка, Славјанск и Краматорск , ...
Најмалку 35.000 луѓе повеќе починаа за време на рекордните четири последователни топлотни бранови во Европа ова лето отколку што би се очекувало вообичаено, според прелиминарните бројки што опфаќаат нешто помалку од половина од континентот. Смртните случаи во три големи земји од ЕУ – Германија, Франција и Шпанија – надминаа 25.000, а експертите очекуваат бројот на жртви значително да се зголеми откако ќе бидат објавени конечните бројки за ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...
Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци. Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо. Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Потрошувачката кошничка, оценува таа, веќе достигна речиси 70.000 ...
Родителите кои имаат возрасни деца многу често се соочуваат со отуѓеност, а не се ни свесни дека самите придонеле за тоа. Во работата со родители на возрасни деца , психологот Џефри Бернштајн честопати се среќава со нивната потреба нивните деца да признаат дека дале се од себе. Зад тоа лежи болното прашање: „Кога моето возрасно дете конечно ќе признае дека не сум бил толку лош родител?“ Реалноста, тврди Бернштајн, е дека некои родители можеби ...