Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Петнаесетмесечниот Заид Нофал беше убиен во израелски воздушен напад врз семејната куќа во бегалскиот камп Ал-Буреиџ, додека неговата мајка, Фатима Нофал, беше ранета заедно со нејзините две ќерки. Нападот се случил околу 3 часот наутро, кога проектил ја погодил куќата на семејството Нофал, закопувајќи го момчето под урнатините. Фатима Нофал, 38-годишна Палестинка, рекла дека се разбудила неколку минути пред ударот и се преселила на друго ...
СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Ова е проблем што се ...
„Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!“, кажа Елена Радеска, СДСМ. „Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, ...
Трагедијата што се случи на Нова Година 2026 година во луксузниот швајцарски зимски одморалиште Кран-Монтана, кога пожар во барот „Ле Констелашн“ уби 41 лице, а 115 беа повредени, го привлече вниманието на јавноста кон сопствениците на барот, брачниот пар Жак и Џесика Морети. Cомнежите за потеклото на нивната угостителска империја создадена без јасен почетен капитал, во комбинација со криминалното минато на Морети на Корзика, го отворија ...
Вршителот на должноста министер за одбрана на Иран во неделата повика на воспоставување заеднички безбедносен механизам меѓу исламските земји, предупредувајќи дека присуството на сили надвор од регионот само дополнително ја поттикнува нестабилноста на Блискиот Исток. Бригадниот генерал Сејед Маџид Ебн-е-Реза во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер изјави дека неодамнешната војна покажала дека безбедноста на регионот ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од ...
Додека светските медиуми шпекулираат дали Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо ќе се венчаат овој викенд, фотографиите на кои таа е во костим за капење предизвикаа хаос на Твитер. Имено, на фотографиите, Џорџина може да се види во црн дводелен костим за капење кој го покажува нејзиниот трениран стомак, но сепак, таа доби бројни критики за своите облини. Инфлуенсерката и свршеница на Кристијано Роналдо дури се пошегува за својот изглед во ...
Центар останува најскапата општина во Скопје за жителите кои живеат во станови под кирија, додека од споредените општини во Скопско, Кисела Вода има најниска просечна кирија, покажуваат податоците од Регистарот на цени и кирии на Агенцијата за катастар на недвижности. Во периодот април–јуни 2026 година, просечната месечна кирија за станбен простор во Центар изнесуваше 408 денари за квадратен метар. Следуваат Аеродром со 375 денари, Карпош со ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ...
По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага ...
„Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите“, велат од СДСМ. „Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • ...
„На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе“, а вината за безнадежноста повторно ја побара кај опозицијата“, велат од партијата Левица. „Нема поголем политички цинизам од тоа ...
„Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини“, велат од СДСМ. „Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел ...
Според ѕвездите, најдобриот период (август 2026) ќе биде за знакот Лав. Лав Август е апсолутно во знакот на Лав бидејќи Сонцето, вашиот владетел, минува низ вашата прва куќа на силата, идентитетот и виталноста. Уште од првата недела ќе почувствувате невиден бран на самодоверба што ќе привлече нови деловни можности како моќен магнет. Венера во вашиот знак до 20 август ви носи неодолив шарм, па затоа лесно ќе ги решите сите несогласувања во ...
Со одлуката на Апелациониот суд во Ниш, правно е суспендирана истрагата против Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ, обвинет за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ на 26 март 2024 година. На овој начин е потврдена одлуката на Вишиот суд во Неготин од 1 јуни оваа година, на која е поднесена жалба од Вишото јавно обвинителство во Заечар. Со одлука на Апелациониот суд во Ниш, истрагата против Радослав Драгиевиќ , таткото на ...
„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна“, прашуваат од СДСМ. „Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – само МНР не.“ ...
„Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот. Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски“, прашува СДСМ. „Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
„СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како ...
„Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти ...
Во својот извештај, шпанската тајна служба го обвини официјален Рабат дека минатонеделниот упад на 60.000 мигранти во градот Сеута бил извршен по иницијатива на мароканската влада. Според весникот „Блик“, овој потег требало да биде чин на одмазда, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Шпанија и Мароко, иако мароканската страна цврсто негира каква било одговорност за овие настани. Весникот „Блик“ наведува дека неколку факти укажуваат дека ...
„Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе“, велат од СДСМ. „Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа ...
Во Кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален, но сè уште е активен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Денеска од 06:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од село Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и двајца вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и четворица вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави фотографија на социјалните мрежи на која е во хируршка облека, проследена со порака. Во објавата, Филипче, кој по професија е доктор, ја споредува хирургијата со политиката, наведувајќи дека едната бара прецизност, одговорност и „чисти раце“, додека, како што пишува, политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е спротивна. „Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце. Политиката што ја водат ...
Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот. „Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за ...
Ќерката на Сузана Манчиќ , Теодора Талијан , се породи денес и на свет донесе сопруг, генерал Мирослав Талијан, син кого го крстија Мијат. Многумина се заинтригирани од приватниот живот на ќерката на водителката, а нејзиниот брак со маж 23 години постар од неа е особено интересен. Зетот на Сузана Манчиќ е генерал со импресивна воена кариера, кој го има ова шесто дете. Генералот Мирослав Талијан е роден во 1970 година во Смедеревска Паланка и ...
Визит-картичка на Стив Џобс од 1983 година со неговиот оригинален потпис веќе е продадена за повеќе од 85.000 долари на аукција, иако лицитацијата сè уште е во тек. Станува збор за еден од најретките деловни предмети од раните години на Apple , поради што колекционерите се многу заинтересирани. RR Auction досега има добиено 17 понуди, а последната понуда надмина 85.500 долари. Се очекува дека конечната цена би можела да биде значително ...