„Царинските службеници на граничниот премин Табановце на излез од државата, спречија меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Запленети се 130 килограми марихуана, а едно лице е лишено од слобода и против него Одделението за истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги, казниво по ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција , порача дека кандидатите за градоначалници на СДСМ кој влегуваат во вториот круг од локалните избори се чесни, посветени и покажаа што значи да се има директен контакт со луѓето и да се води фер кампања. „Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк во вториот круг од локалните избори, испрати силна порака до граѓаните дека неделното гласање е најсилниот начин за промена и отпор кон арогантната и неспособна власт. „Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура, кој беше јасно видлив уште во првиот круг од изборите. ВМРО-ДПМНЕ изгуби повеќе од ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната завршна прес-конференција пред изборниот молк и денот на гласањето, испрати порака до граѓаните да го поддржат СДСМ и кандидатите кои покажаа дека знаат да работат искрено, чесно и посветено за интересите на своите сограѓани. „Денеска е практично последен ден од кампањата за овие локални избори почнува изборниот молк, и би сакал да сумирам неколку работи и да упатам неколку пораки. Прво, ...

,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар ...

Соопштение на Влен: Победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас, гласот што избра надеж и работа наместо измама. Од тој ден, духот на промените расте секојдневно од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга до Студеничани и сè до Долнен. На 2 ноември, Албанците ќе го затворат ова поглавје со гордост, запечатувајќи со своите ...

На 30.10.2025 околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот „Пари“, најави дека во следниот мандат Општината ќе вложи во нова механизација и човечки ресурси со цел самостојно одржување на хигиената и целосно решавање на проблемот со паркирањето. „Во следниот мандат правиме набавка на уште повеќе механизација две нови цистерни, пет метларки, а ќе го зајакнеме и тимот на хигиеничари. Ова ќе значи дека сме подготвени ...

На 30.10.2025 во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје. Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Исто така, од страна на полициски ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка, без потреба од ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ола Сулстром. На средбата, министерот Минчев и амбасадорот Сулстром разговараа за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на јавната администрација и зајакнувањето на институционалните капацитети. Министерот Минчев изрази благодарност за континуираната поддршка ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со претставници на угостителските објекти во општината, при што се ги информираше за кризните мерки за справување со отпадот. На средбата беше разговарано да се постават посебни пунктови каде ќе се собира отпадот од рестораните, кафулињата и другите локали. Герасимовски истакна дека целта е да се воспостави ред и подобра хигиена во Центар. „Овој органски отпад е сериозен загадувач ...

Во насока на подобро информирање на граѓаните и зголемување на достапноста на услугите, денес беше реализирана информативна акција во населбата Капиштец – пред Т.Ц. Беверли Хилс, на која на граѓаните им беа поделени информативни материјали и производи со цел подобро запознавање со новитетите во системот на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Граѓаните имаат можност да користат нови типови на паркинг-карти кои се достапни на веб-страницата ...

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства. На почетокот овој проект ќе се имплементира ...

Соопштение на СДСМ: По усвојувањето на Предлог-буџетот за 2026 година СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството. Наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.04.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага. „Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на ...

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија лице гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на приведениот, при што тој пријавил дека во една од ...

„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се приближи кон историскиот просек.“ Ова го порача вицегувернерката Ана Митреска на Конференцијата во ...

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување. „Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

„ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев. Тој остро ги осуди притисоците врз граѓаните во текот на кампањата, потенцирајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите. „Со полиција, ...

„Нема општина во која СДСМ има градоначалник, а да ветената програма не е завршена 90 или 100 проценти“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Конче, за поддршка на кандидатот за градоначалник Благој Илиев. Тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат разликата кога општините ги водат луѓе кои работат чесно и посветено во интерес на сите. „Многу добро знаете како Благојче работеше во минатиот мандат, како се ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче, порача дека жителите од оваа општина најдобро ја препознаваат разликата меѓу работата на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев, и актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. „Благој работеше во минатиот мандат. Знаете како се однесуваше додека беше градоначалник, знаете дека вратата му беше секогаш отворена, работеше за ...

Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашниот граѓански собир во Конче. Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголеми платите , ниту пак им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не ...

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром: Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром. Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска поддршка на млади лица до 29 години што сакаат да започнат сопствен бизнис. Грантови за стартапи до 4 000 евра по апликација. Обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање. ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар. „Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички ...

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. Како што е пријавено, неколку ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.99
82%
1022
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 0ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
53%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
58%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.68
93%
1020
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
1024
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1022
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58871

Платина

52527.90

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Сребро

1941.29

Никел

471458.55

Алуминиум

2.85

Кобалт

58.42

Цинк

3.26

Злато

134887.11

Калај

40.29

Паладиум

45943.42

Бакар

10.75