
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



По инаугурацијата на Доналд Трамп, многу корисници на социјалните мрежи останаа збунети околу една работа. Забележале дека ги следат профилите на Инстаграм на новиот претседател и потпретседател, иако, тврдат, никогаш не ги посетиле тие профили. Без разлика, велат, објавите на Доналд Трамп и Џеј Ди Венс се појавува во нивните feed-ови. Некои корисници дури изјавија дека ги отпратиле овие сметки повеќе пати, но дека Инстаграм автоматски ги додава ...
Папата Франциско ги повика политичките и економските лидери на Светскиот економски форум во Давос внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција (AI) предупредувајќи дека технологијата може да ја влоши растечката криза на вистината. Во писмената изјава прочитана во Давос папата ги пофали можностите на технологијата со вештачка интелигенција, но предупреди дека тоа предизвикува голема загриженост за иднината на човештвото, објави ...
Пионери во мултимодалната ера со нашето најконтекстуално и најперсонализирано мобилно искуство Samsung Electronics ги претстави Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25, поставувајќи нов стандард за вистински AI придружник со нашите најприродни и најконтекстуални мобилни искуства што некогаш биле создадени. Со воведувањето на мултимодални AI агенти, серијата Galaxy S25 е првиот чекор во визијата на Samsung за промена на начинот на кој ...
Corning® Gorilla® Armor 2 поставува нов стандард за издржливост, истовремено обезбедувајќи супериорна јасност на мобилниот екран кај Samsung Galaxy S25 Ultra Samsung Electronics и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес објавија дека Galaxy S25 Ultra ќе биде опремен со Corning® Gorilla® Armor 2, првиот во индустријата отпорен на гребење, анти-рефлексен стаклено-керамички покривен материјал за мобилни уреди. Galaxy S25 Ultra на Samsung го ...
Националната лабораторија Lawrence Livermore (LLNL) официјално го лансираше El Capitan, моментално најмоќниот суперкомпјутерски систем во светот. Клучната улога во проектот им припаѓа на Hewlett-Packard Enterprise и Advanced Micro Devices. Суперкомпјутерот El Capitan првенствено е наменет за одржување и верификација на американскиот нуклеарен арсенал преку симулации. Системот првенствено овозможува темелно тестирање на карактеристиките на ...
Локациите на милиони корисници на апликации како што се Tinder, Spotify и Citymapper се откриени во хакерски напад, соопштија неодамна безбедносни извори. Наводно, хакери ја нападнале американската компанија за следење локација Gravy Analytics, која собира податоци за движењата на корисниците преку паметни телефони и ги споделува со компании или влади, според Sky News. Повеќе од 10 терабајти податоци беа украдени и споделени на хакерски форуми. ...
Почнувајќи од следниот месец, корисниците ќе можат да изнајмуваат уреди на Samsung користејќи ја услугата AI Subscription Club на компанијата. Samsung ја претстави својата услуга за претплата на AI во Јужна Кореја минатиот месец. Samsung is reportedly set to introduce a subscription model next month for mobile devices, such as smartphones and tablets, combining existing installment sales with maintenance services.https://t.co/MzXIJRNkZV — ...
Ликовите во игрите ќе ја користат технологијата Nvidia ACE за водење разговори и поддршка на гејмплејот на играчот. PlayerUnknown’s: Battlegrounds ќе имплементира NPC (ликови што не се играчи) напојувани со генеративна вештачка интелигенција на NVIDIA ACE. Овие сојузници на PUBG се нарекуваат и Co-Playable Characters (CPC) и ќе можат да водат разговори во реално време со играчите за сè што се случува на натпреварот. NPC-ите исто така можат да ...
Неодамна се појави вест дека креаторот на Minecraft, Маркус Персон, го најавил Minecraft 2. Ова, се разбира, не е буквално Minecraft 2 бидејќи тој ги нема правата на него, но тој изрази подготвеност да направи слична игра за преживување доколку фановите ја сакаат. Ништо нема да излезе од тоа, иако се уште не е целосно јасно што се случило. Персон вели дека во разговорите со неговите програмери, решил да продолжи да работи на игра наречена Levers ...
Компанијата Мета свесно користела пиратски материјали за да го обучи својот модел со вештачка интелигенција Llama, со благослов на Марк Цукерберг, се тврди во нова тужба. Оваа тужба за авторски права против Мета, како што објави TechCrunch, во рамките на случајот „Кадри против Мета“ содржи документи за користење на базата на LibGen за обука за вештачка интелигенција. LibGen генерално се опишува како „библиотека во сенка“ која овозможува ...
OpenAI, Oracle и SoftBank објавија партнерство за изградба на центри за податоци посветени на вештачката интелигенција (AI) со план веднаш да инвестираат 100 милијарди долари. На настан во Белата куќа, во присуство на извршните директори на трите компании, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека овој план е јасна декларација за доверба во потенцијалот на Америка. Проектот наречен Stargate вклучува инвестиција од 500 милијарди долари во ...
Доналд Трамп вчера изјави дека се согласува со идејата Илон Маск да ја преземе популарната кинеска видео апликација TikTok, која е привремено забранета во САД, доколку сопственикот на X, SpaceX и Tesla сака да ја купи од кинеската компанија ByteDance. Американскиот претседател завчера и нареди на својата влада да ја прекине примената на законот на 75 дена, за да се обиде да најде решение. Тој, исто така, предложи субјектот што го купува TikTok ...
Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател. Џеф Безос се трансформираше од тивок гик во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент да почне да рапува. Дали се работи ...
Најскапата фотографија на светот е направена на инаугурацијата на Доналд Трамп, вредна речиси 900 милијарди долари, анализираат медиумите. На неа според написите се тројцата најбогати луѓе на светот, а просторот меѓу нив го пополнува свршеницата на Џеф Безос, сопственикот на Amazon, Лорен Санчез и извршниот директор на Google, Сундар Пичаи. Најбогатите луѓе на инаугурацијата на Доналд Трамп застанаа во истиот ред и нивната заедничка фотографија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која бара одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за популарната кинеска видео апликација TikTok. Апликацијата мораше да престане да работи на 19-ти јануари според законот и беше недостапна за Американците дел од неделата. Наредбата го упатува јавниот обвинител да не го спроведува законот со цел „да и се даде можност на администрацијата на Трамп да одреди ...
TikTok беше недостапен за корисниците во САД во неделата наутро, но неколку часа по забраната, социјалната мрежа објави дека услугата е вратена откако претседателот Доналд Трамп рече дека ќе ја одложи забраната на апликацијата кога ќе ја преземе функцијата во понеделник. TikTok има околу 170 милиони корисници во Америка, и додека некои од нив се благодарни на новоизбраниот претседател што им помогна, други веруваат дека целата ситуација била ...
Кина ги повика САД „да го слушнат гласот на разумот“ откако стапи на сила законот за забрана на популарната апликација TikTok на американска територија. „Се надеваме дека американската страна ќе го слуша гласот на разумот и ќе обезбеди отворена, фер и недискриминаторска деловна средина за економските субјекти од сите земји кои работат во САД“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција. ...
Биткоинот достигна ново рекордно високо ниво над 109.000 долари денеска пред инаугурацијата на републиканецот Доналд Трамп. Најголемата криптовалута достигна вредност од 109.333 долари на платформата Binance. Трамп го спомна биткоинот во својот вчерашен говор. „Од изборите, берзанските индекси пораснаа, а оптимизмот кај малите бизниси достигна рекордни 41 поен, највисоко ниво во последните 39 години. Биткоинот урива еден по друг рекорд“, рече ...
Пет луѓе би можеле да достигнат богатство од најмалку 1 трилион долари во следната деценија доколку продолжат сегашните трендови, се вели во годишниот извештај за нееднаквост на Оксфам. Извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, моментално најбогатиот човек во светот со нето богатство од повеќе од 430 милијарди долари, треба да ја надмине таа граница за помалку од пет години. 2024 година беше исклучително профитабилна година за најбогатите ...
Наскоро и официјално повторно прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Би-би-си. Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови. The Official Melania Meme is live! You can buy $MELANIA now. https://t.co/8FXvlMBhVf ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе му се овозможи на TikTok привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа. Во објава на Truth Social, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи TikTok да остане во темнина“ откако ќе ја ...
На Американците од денеска им е забрането да користат TikTok, што претставува голем проблем за инфлуенсерите кои ја започнале својата кариера преку оваа апликација и кои заработиле најмногу приходи од објавување содржини на оваа социјална мрежа. Еден од најпопуларните американски тиктокерки се сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, а нивниот татко Марк зборуваше за затворањето на TikTok, осудувајќи го потегот на американската влада. „Толку е ...
Овогодинешните iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max треба да имаат исти четири камери (три на задната страна, една на предната страна). Според новите информации објавени од дојавувачот Digital Chat Station од Кина, селфи камерата ќе биде надградена на 24 MP. На задната страна ќе има главна камера од 48 MP, ултра широка камера од 48 MP и телефото камера со перископ од 48 MP со оптички зум 5x. Во споредба со iPhone 16 Pro и Pro Max, објективот на ...
Apple најверојатно одлучил еден од своите нови телефони да го нарече iPhone 17 Air, објави Марк Гурман од Bloomberg. Како што вели Гурман, телефонот ќе биде „полигон за идните технологии“, вклучувајќи ја и технологијата што води до првите уреди на компанијата што се преклопуваат. Името не би било изненадување – и MacBook Air и iPad Air беа најтенките верзии на нивните линии кога беа објавени. Се очекува iPhone 17 Air да го продолжи овој тренд со ...
На инаугурацијата на Доналд Трамп ќе присуствуваат и голем број извршни директори и шефови на големи технолошки компании. Деновиве во медиумите се појавија интересни предвидувања за тоа кои шефови на големи технолошки компании планираат да присуствуваат на инаугурацијата на Доналд Трамп. Досега слушнавме детали за некои прилично големи имиња кои навистина значат нешто во ИТ индустријата. Honored — Elon Musk (@elonmusk) January 14, 2025 Покрај ...
Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека TikTok треба да се спаси, откако платформата престана да работи во САД во саботата навечер. „Зачувајте го TikTok!“ напиша Трамп. Трамп претходно рече дека „најверојатно“ ќе ја одложи забраната за TikTok за 90 дена, откако ќе ја преземе функцијата утре, на што TikTok се ...
Обелоденети се развојните буџети кои што некогаш ги открил некој популарен дивелопер на игри, закопани во судска пријава, заедно со ажурирани бројки за продажба. Буџетите за големите видео игри се меѓу најстрого чуваните тајни во индустријата за игри. Затоа е изненадувачки што кон крајот на минатиот месец, извршниот директор на Activision ги наведе трошоците за развој за три игри во најпродаваната франшиза Call of Duty на компанијата. Во судска ...
Говорејќи за време на воведното обраќање на CES 2025 во Лас Вегас, извршната директорка на Twitter (X), Линда Џакарино го пофали Цукерберг. Таа ја опиша одлуката на Мета да стави крај на долгогодишната програма „fact-checker“ и да ги спроведе белешките од заедницата (Community notes) како „возбудлива“. Џакирино и нејзиниот работодавец Елон Маск се залагаа за функцијата за проверка на факти што Мета сега планира да ја имплементира на своите ...
Ени Алтман, сестрата на основачот и извршен директор на OpenAI, Сем Алтман, го тужеше својот брат, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал кога таа била малолетна. Во тужбата поднесена минатата недела до федералниот суд во Мисури, Ени Алтман тврди дека нејзиниот постар брат извршил „многубројни акти на силување, сексуален напад, сексуална злоупотреба, малтретирање и содомија“ од 1997 до 2006 година, а злоупотребата започнала кога имала само три ...
Клонирањето на гласот постои со години. Меѓутоа, претходно требаше да преземете специјален софтвер за да го синтетизирате или клонирате вашиот глас. Сега има широк спектар на услуги за гласовно клонирање лесно достапни на интернет. За нивно користење не е потребно техничко знаење, а сега се толку напредни што можат да реплицираат глас со неверојатна точност. Во комбинација со генеративна вештачка интелигенција како што е ChatGPT, гласовното ...