Градежните активности за поставување на нов семафор на Камен мост во Битола денеска предизвикаа застој во сообраќајот во строгиот центар на градот. На оваа локација се изведуваат градежни работи за инсталирање на светлосна сообраќајна сигнализација, со цел долгорочно подобрување на безбедноста и протокот на возила и пешаци. Сепак, одлуката оваа фреквентна улица целосно да се затвори за сообраќај во најнесоодветното време од денот, наиде на ...

Битола конечно добива пешачки семафори на еден од најфреквентните премини во центарот — на Широк Сокак, кај хотелот „Епинал“, во близина на плоштадот „Гоце Делчев“. Општина Битола започна со градежни активности за поставување пешачки семафори на овој премин, кој со години беше една од најчувствителните точки во централното градско подрачје. Целта е да се олесни движењето на пешаците, но и да се внесе поголем ред во сообраќајот на оваа ...