Советот на Општина Битола донесе одлука со која уривањето на 338 дивоградби се пролонгира до 2031 година, отворајќи сериозни дилеми за владеењето на правото, урбанистичкиот хаос и еднаквоста на граѓаните пред законите. Станува збор за објекти за кои постапките за легализација биле одбиени и за кои веќе постојат правосилни решенија за уривање. Но, и покрај тоа, според јавно достапните информации, во Битола досега не е урнат ниту еден од овие ...

Иако повеќето луѓе ги поврзуваат пчелите исклучиво со течното злато – медот, нивниот придонес за човековата благосостојба е многу поширок. Според официјалните податоци на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), вредноста на нивниот труд на глобално ниво изнесува меѓу 235 и 577 милијарди долари годишно. Причината за оваа вртоглава сума е едноставна – дури 75% од водечките светски култури кои завршуваат на нашите трпези директно зависат ...

Билтенот на Министерството за внатрешни работи бележи неколку инциденти и сообраќајни прекршоци во изминатите 24 часа на подрачјето на Ресен и Прилеп. Меѓу регистрираните настани се физичка пресметка и напад врз малолетно лице. На 20.05.2026 во 00:45 часот во ОВР Ресен, од Итна медицинска помош Ресен било пријавено дека кај нив со повреди на преглед дошол Ф.К.(29) од Ресен. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при физичка пресметка ...

Прилепската полиција вчера имала полни раце работа и со неодговорни возачи. Најдрастичниот случај е регистриран во 23:45 часот на улицата „Кораб“, каде полициски службеници го лишиле од слобода Ф.A. (45) од Прилеп. При редовна контрола во сообраќајот, полицијата дала знак за запирање на неговото возило „Фолксваген Голф“ со прилепски ознаки. Наместо да запре, Ф.А. ја зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил пресретнат и запрен. ...

Синоќа заврши 48-часовното гласање на социјалната мрежа Фејсбук, кое започна веднаш по завршувањето на последната емисија од музичкото шоу „Никад није касно“. Во оваа финална рунда за влез во полуфиналето, силите ги одмерија тројца талентирани кандидати: Ивана Радисављевиќ, Илија Балтовски и Ружица Пејиќ. За нивната понатамошна судбина во натпреварувањето одлучуваше исклучиво публиката со своите гласови. Со освоени убедливи 52% од гласовите, ...

Сува гранка од липите пред кафулето „Tач“ го прекина неделното уживање во битолското кафе на млад битолчанец За настанот била повикана Службата за итна медицинска помош која констатирала повреди и го пренела битолчанецот во ургентниот центар на Клиничка Болница. На настанот била повикана и полиција од каде само било констатирано дека сува гранка од околното стебло станала главниот уништувач на неделниот мир во центарот на градот. Но, во ТЕРА ...

Адвокатурата во Битола доби силна и историска застапеност во највисоките органи на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, откако дури неколку битолски адвокати беа избрани на значајни функции на 71-то Годишно собрание на Комората, одржано на 16 мај 2026 година. Во конкуренција на 291 избран делегат, на Собранието присуствувале 251 делегат, а изборот на битолските адвокати во повеќе тела на Комората се оценува како еден од ...

Ако патувате во Грција засега не сте задолжени да го имате новиот комплет за прва помош – примената на оваа обврска е одложена до јануари 2027. Грција ја одложи примената на новите правила за задолжителниот комплет за прва помош во возилата, па наместо летово, новиот стандард ќе почне да важи од 1 јануари 2027 година. Одложувањето е објавено во грчкиот Службен весник, со образложение дека се остава дополнително време за приспособување на ...

Фудбалската Федерација на Мкакедонија објави дека започнува дисциплинска постапка против ФК „Вардар“ поради недоличното прославување и навредувачкото пеење против македонската популарна пејачка Каролина Гочева, а потоа и реакцијата на извршниот директор на фудбалскиот клуб Миленко Неделковски и споменувањето на уште една успечна битолчанка – Весна Бендевска. Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски за ТЕРА Телевизија вели процесот започнува со ...

Уште еден брилијантен настап на битолчанецот Илија Балтовски викендов проследи балканската публика во рамките на белградското шоу „Никогаш не е доцна“. Изострено музичко чувство и стилски настап кој плени на прв поглед. Во овој стил битолчанецот Балтовски и викендов ја продолжи музичката трка на познатото шоу кое на задоволство на публиката им дава можност на талентирани музички гласови од цел Балкан да застанат на сцена и да се претстават во ...

Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина”, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов. Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова ...

Недолично, мизогино и недостојно за спортски настан, и наместо славење на успехот, јавноста сведочи на навреди и говор на омраза. Ова се главно реакциите кои од викендот ги полнат содржините на социјалните мрежи. Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека ќе поднесе соодветни пријави против Миленко Неделковски и актерот Сашо Тасевски поради јавно ширење навреди, понижувања и омраза кон жените. Јадранка ...

Советот на општина Битола денеска усвои заклучок за осуда на говор на омраза, навредливо и недолично јавно однесување при спортски прослави. ја предложија советниците од советничката група на сдсм, но сите советници од овој инцидент на спортистите се чувствуваат навредени како битолчани, а иницијативата беше едногласно прифатена. Наместо прослава на успех Македонија виде парада на примитивизмот, па советничката група на СДСМ денеска предложи ...

Пред неколку денови Тера телевизија алармираше за проблемот со дивата депонија во непосредна близина на Студентскиот информативен центар во Битола. Глетка која ни најмалку не доликува во универзитетска зона и населено место на чекор до станбени згради и маркети. По нашата вест, денес на просторот на поранешната касарна беше спроведена акција за расчистување на насобраниот смет. На иницијатива на ректоратот, денеска екипите на „Комуналец“ со ...

ИНИЦИЈAТИВА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧОК за осуда на говор на омраза, навредлливо и недолично јавно однесување при спортски прослави Со оваа Иницијатива се предлага Советот на Општина Битола да усвои Заклучок тргнуваіќи од потребата за заштита на достоинството на граѓаните, спортскиот дух, меѓусебната почит и јавната култура, со кој: 1.Советот на Општина Битола најостро го осудува секој облик на омраза, навредливо, вулгарно, понижувачко и ...

Во рамките на 54.издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...

Цените на производите и угостителските услуги со почетокот на летната сезона се повеќе растат и ги празнат буџетите на македонските граѓани. Ако досега 10 дневен летен одмор во предсезона – мај/јуни и на крајот – септември/октомври чинеше околу 1000 евра, годинава ќе требаат двапати повеќе. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, „цените на угостителските услуги во Македонија бележат континуиран раст во последните ...

Семејното насилство е трета по ред причина за развод во Македонија, по економско-финансиските проблеми и долгорочните одвојувања поради работа во странство. Ова не е официјална статистика затоа што таква во државава нема. Според најновите достапни официјални и институционални податоци, семејното насилство во Македонија и во 2025 и во 2026 година останува сериозен општествен проблем, со речиси секојдневни пријави во полициските билтени. ...

Родителите чии деца се однесуваат насилно во училиштата ќе се соочат со парична казна од 250 евра. Истата глоба ќе се применува и доколку родителот одбие да соработува со училиштето или со другите надлежни институции, потврди денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Законските измени веќе се во собраниска процедура и на нив интензивно се работи со пратениците за финализирање на предлозите. „Државниот секретар е во постојан ...

На осомничениот за убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца Основениот суд Битола му определи мерка притвор и тој се наоѓа во КПУ Затвор Битола во притворското одделение. Дали убиството на 31 годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца било планирано или се работи за злосторство што случило во наплив на емоции ќе треба да утврди истрагата што ја отвори Основното јавно обвинителство во Битола. Основното јавно обвинителство ...

Познатиот локалитет кај „Авионите“ во Битола наскоро би можел да прерасне во модерен „Македонско-американски парк на пријателството“. Иницијативата за овој проект беше официјално предложена од страна на советничката од СДСМ во Советот на Општина Битола, Софија Ристевска-Петрушевска, а советниците дадоа зелено светло за реализација на истата. Како што појасни советничката, идејата за вакво парковско уредување е инспирирана од младиот активист ...

Битолските советници дадоа зелено светло за предлогот на Димитар Кузмановски од ЛДП за проширување на досегашната парична помош за семејствата со деца со попречености. Новиот пакет мерки има за цел да го олесни секојдневието на овие семејства преку конкретна финансиска, терапевтска и логистичка поддршка. Кузмановски предложи доделување ваучери за деца со попречености за дефектолошки и логопедски третмани. Образложувајќи ја иницијативата, ...

Со презентации на студии на случај, научни излагања и тркалезна маса, успешно заврши четвртиот колабораториум на УКЛО КОЛОРС, одржан на темата: „Од нуспроизводи до функционална храна – Одржливи пристапи за здравјето на потрошувачите“ Настанот, реализиран во Колаборативниот простор во СИЦ на УКЛО, беше посветен на иновативни и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените нуспроизводи во функционална храна со додадена вредност за ...

„Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди. Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и ...

Денешното убиство во Битола е петто убиство на жена во контекст на семејно насилство во државата, а тоа е „последица на долго време непостапување како што треба, последица од непреземањето навреме на нашите обврски, неменувањето на законските решенија или нивното невостпоставување“, вели адвокатката Катерина Котевска – Стисниовска, познат гласноговорник против семејното насилство. „Национална стратегија за борба против семејното насилство, ...

Утрово, во битолската населба Баир, се случи тешко убиство кое ја потресе локалната јавност. Трагичниот настан, во кој животот го загуби 31-годишна жена, се случил по претходна расправија со нејзиниот сопруг. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, крвавиот инцидент се случил околу 06:40 часот на улицата „5-та“. Триесет и тригодишниот А.Р. со остар предмет (нож) ја нападнал својата сопруга, А.В. (31), со која во ...

Убиство во битолската населба Баир. Убиена е 31 годишна жена. Засилено полициско присуство на улица “5-та“ во населбата Баир во Битола. Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош ...

Со најновото издание на фестивалот Си-До Битола и годинава пулсираше во ритамот на детската песна. Со грандиозен јубилеен концерт, еден од најстарите и најреномирани детски музички фестивали во Македонија – „Си-До“, го одбележа својот 30-годишен јубилеј. Она што започна како скромна иницијатива пред три децении, денес е вистинска институција и расадник на музички таленти. Низ сцената на „Си-До“ поминале стотици деца, од кои многумина денес се ...

Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери” на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје ќе се изведе ремек-делото „Тоска” од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер”. Во ...

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозвола, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
5.44
17%
1015
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.89
34%
1016
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.68
38%
1017
weather icon

Софија

32ᴼ / 30ᴼ
4.55
35%
1018
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.77
24%
1016
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 34ᴼ
0.89
45%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.47
32%
1014
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
2.92
18%
1015
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.93
20%
1015
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 36ᴼ
3.13
35%
1017
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
2.68
21%
1017
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 31ᴼ
6.41
79%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Калај

50.56

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89