В петок на 3 октомври со почеток во 17:00 часот во дворот на Општина Новаци ќе се одржи предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ. На митингот ќе присуствува премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ќе биде претставен кандидатот за градоначалник за втор мандат Стевче Стевановски, како и носителот на листата Илче Трајковски и кандидатите за советници. „Доаѓаме заедно да испратиме силна порака за промени, надеж и ...

Тони се бори да ја задржи, а Менде, Васко, Мирјана, Зоран, Ќире, Габриела и Јорго се борат да му ја преземат. Што е тоа? Тоа не е само градоначалничката фотеља, туку градоначалничката плата од над 2.000 евра месечно. На страниците на општините низ Македонија нема јавно достапни податоци колку точно изнесува платата на градоначалникот, така што таа информација се уште останува недоволно транспарентна кај мнозинството градоначалници. Но, Законот ...

Битолчани со различни очи гледаат на градот. За некои градот напредувал, за некои не. На стартот на предизборната кампања кога дури 500 кандидати во Битола ќе им ветуваат поубав град, ги прашавме кои се најважните проблеми кои веднаш по изборите треба да ги решава градоначалникот кој ќе ја добие нивната доверба. Прашавме кој е главниот проблем што ги мачи граѓаните и што е приоритет број еден за Битола по изборите? Најголем дел од нив бараат ...

34-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „ИНТЕРФЕСТ“ Битола година ќе се одржува од 2 до 10 октомври. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во четврток на 2 октомви на сцената на Битолскиот народен театар со мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ Битола и камерниот оркестар на Битола . Диригенти Владимир Димовски и Лилјана Трајковска-Димевски Солисти: Билјана Талевска, сопран, Саша Арсенков, тенор, Србија КАРЛ ОРФ: Катули ...

Националниот парк „Пелистер“ 6 октомври во соработка со Општина Битола и институциите кои се дел од системот за управување со кризи ќе организираат Симулациско – показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери. Вежбата ќе биде организирана на локално и регионално ниво. Цели на вежбата ќе бидат: – справување со пожар на отворен простор – увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување – целосна операционализација ...

Почнувајќи од октомври, американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе дополнителен данок од 50 проценти на мебел, како што се кујнски елементи и инсталации за бања, пишува Дојче Веле. Тапацираниот мебел исто така ќе биде предмет на царина од 30 проценти. Многу парчиња мебел во сегментот на пониска цена доаѓаат од Југоисточна Азија. Трамп најави воведување 100-процентни царини за увоз на фармацевтски производи во САД, кои ќе стапат на ...

Во Битола се одржа јавна трибина на тема: „Со јавен и отчетен буџет до економски силни општини”, во организација на ПОДЕМ Општинска организација Битола. Заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, ја нагласи континуираната поддршка што Владата ја обезбедува за општините, истакнувајќи ја посветеноста на премиерот Христијан Мицкоски за нивна финансиска стабилност и развој. Тој потсети дека преку двата јавни повици, кои беа ...

Предизборната кампања започна од синоќа на полноќ. Во наредните околу 19 дена политичарите ќе бидат секаде околу нас. Што тие ќе ни кажуваат. Дилемата која денеска ја отвораме е следната: Што очекувате дека ќе понудат кандидатите на изборите? -идеи -реални и остварливи проекти -само критики -ништо, ќе трчат по гласови Ова е анкетното прашање на нашиот веб портал, а што треба да очекуваат граѓаните е нашето прашање и до универзитетскиот професор ...

Д-р Ана Талевска- Јолевска e специјализант по интерна медицина и таа е на кандидатската листа на ЛДП за иден советник во Советот на Општина Битола. „Битола треба да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина-модерен, зелен и здрав за живот. Загадувањето мора да се намали, а превентивните стратегии од европските центри мора да се применат и кај нас. Јавен превоз, велосипедски патеки, електрични тротинети и поголеми зелени површини“ ...

Изборот на функционери за локалната васт подразбира избор на луѓе кои имаат вистинско влијание врз секојдневието на жителите на одредена општина. Иако тие делуваат според решенијата предложени од владите преточени во Закони, тоа е двонасочна врска – советниците влијаат врз животот на секој поединец, а поединецот , со својот глас – врз животот на тие што се или ќе бидат во власта, и на централно ниво. 496 наши сограѓани решиле да се вклучат во ...

Д-р Ана Талевска- Јолевска e специјализант по интерна медицина и таа е на кандидатската листа на ЛДП за иден советник во Советот на Општина Битола. „Битола треба да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина-модерен, зелен и здрав за живот. Загадувањето мора да се намали, а превентивните стратегии од европските центри мора да се применат и кај нас. Јавен превоз, велосипедски патеки, електрични тротинети и поголеми зелени површини“ ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,49%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР ...

Пет политички субјекти – три партии и две коалиции – се очекува да влезат во новиот парламент на Молдавија, според делумните прелиминарни резултати објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), која ги објавува податоците во реално време. По обработени 94 отсто од записниците, проевропската Партија на акцијата и солидарноста (ПАС), основана од претседателката Маја Санду, освојува 47,4 отсто од гласовите. На второ место е опозицискиот ...

Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 ...

Утрово најстудено со 3 степени беше на Попова Шапка, 5 Лазарополе, 8 Крушево, Маврови Анови, 9 Охрид, Берово, 10 Крива Паланка, Претор, 11 Виница, Прилеп, 12 Скопје – Зајчев Рид, Битола, Куманово, Тетово, Штип, 13 Скопје – Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 14 Гевгелија. Најмногу дожд 17 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 15 Претор, 12 Скопје – Петровец, 10 Куманово, 9 Попова Шапка, 8 Тетово, 7 Виница, 5 Берово, 4 Битола, Гевгелија, ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во своето излагање на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници истакна дека партијата е обединета околу воспоставување на вредносен систем во кој патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за партиски рејтинг, туку значат обезбедување безбедни, чисти и здрави средини за македонските граѓани, како и секојдневна грижа за тоа како животот на сите ќе биде подобар. „Зад мене ...

НАТО „ја зголеми будноста“ во Балтикот по она што Копенхаген го нарече упад на несакани беспилотни летала во данскиот воздушен простор, изјави портпаролот на алијансата Мартин О’Донел на прес-конференцијата во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, пишува Радио Слободна Европа. „Зголемените мерки вклучуваат повеќе платформи за разузнавање, надзор и извидување и најмалку една фрегата за воздушна одбрана во регионот западно од Русија“, рече ...

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. „Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме“ изјави претставник на данската полиција. Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што ...

По двете изведби на 23 и 24 септември, „Рибарски караници“ на Битолскиот театар беше изведена во Куманово . Оваа урнебесна комедија беше дел од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ – што за Битолскиот театар претставува уште едно признание за трудот и енергијата на актерите и тимот. Годинешново мото на Фестивалот е „Сите се смееме на ист јазик“. Оваа претстава е во режија на Јован Ристовски. „Ова е храбра претстава и иако е ...

Димитар Кузмановски, дипломиран економист е носителот на советничката листа на ЛДП Битола. Од партијата велат дека Кузмановски заедно со останатите советници од ЛДП ќе бидат вистинско освежување во идниот совет. „Тој е личност кој не прифаќа неправди и личност кој не сака да знае за неуспех. Димитар Кузмановски со советничката група на ЛДП во идниот совет на Битола ќе му дишат во врат на новиот градоначалник и нема да дозволат советот да биди ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните. „Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со ...

Во 76 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 6, 7, 9, 11, 15, 26. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше седум шестки, секоја од нив вредна по 102.510,00 денари. Фондот за седумка во следното коло е 49.436.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е 8, 8, 0, 1, 1, 4. Добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното ...

Во чест на еден од најважните музички автори на овие простори, неповторливиот ВЛАДА ДИВЉАН, неговата „Невладина Организација“ го подготви големиот концерт насловен „Само една љубов имам“, кој по повод десетгодишнината од смртта на Влада, ќе се одржи во Скопје, на 17 ноември 2025 година, во Филхармонија. Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и ...

Македонска Ера Трета на овие локални избори ќе натапи со свои кандидати за градоачалник и со совентничка листа. Пред јавноста направија претставување на своите кандидати за градоначалник и на советничката листа. Македонска Ера Трета – независни листи суверенисти на овие локални избори пред битолчани нудат политика на обединување во итнерес на напредок на градот. Предлагаат 31 кандидат за советници и ја поддржуваат кандидатката за градоначалник ...

По поканата за набљудување на локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври, врз основа на наодите и заклучоците од Мисијата за проценка на потребите (МПП) распоредена од 24 до 27 јуни 2025 година, а во согласност со својот мандат, ОДИХР распореди Мисија за набљудување на изборите (МНИ). Мисијата ќе биде предводена од Матео Мекачи, а се состои од 13 меѓународни експерти со седиште во Скопјe. Дополнително, 24 долгорочни набљудувачи ќе ...

8 кандидати за градоначалник на Битола денеска во просториите на Општината потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Почитувањето на владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите, почитување на законите, правилата и прописите поврзани со организацијата и реализацијата на кампањата на секој од учесниците е во основата на кодексот за фер и демократски избори што денеска во Битола го потпишаа 8-те кандидати кои се кандидираат ...

Ако зборувате на мобилен телефон додека минувате на пешачки премин тоа од денес може да ве чини 40 евра. Десет евра повеќе, односно вкупно 50 може да бидете казнети ако зборувате на мобилен телефон додека возите. Ова се казните предвидени согласно со новите сообраќајни правила кои стапија на сила денес. Станува збор за измените во Законот за безбедност во сообраќајот кои стартуваат од 26 септември. Законот вели дека коога пешакот се движи по ...

ЈКП „Пазари“ ги реновираше тоалетите во новиот пазар. Тие се јавни, бесплатни и функционираат додека пазарот е отворен, вели за ТЕРА – Драги Џаревски, директор на претпријатието. Јавното претпријатеи „Пазари“ викендов повторно ги врати во употреба тоалетите кои беа извесен период нефункционални заради нивно реконструирање. Преземени се повеќе чекори , вели Драги Џаревски, директор на претпријатието. Новиот пазар е збир на зелено пазарче со ...

Неколку милиони евра обрт на средства донесе Пастрмалијадата во Штип, вели штипскиот градоначалник Иван Јорданов, откако манифестацијата годинава заврши со импозантни бројки на посетеност. Целта ги оправда средствата вели тој, бидејќи и угостителите и хотелиерите биле мошне задоволни откако во градот по повод настанот пристигнаа над 100.000 гости. „Сите сместувачки капацитети беа резервирани. Неколку милиони евра средства имаше обрт и тоа даде ...

Септември 2025 година ќе остане запаметен по одбележувањето на 40 годишнината од основаењето на навивачката група „Чкембари“. Низа на активности низ градот и ги мобилизираа сите битолчани со поддршка кон нив, а на туристите и гостите во градот во ова време им ја покажаа битолската развиена спортска и навивачка култура. Септември е месецот на навивачката група „Чкембари“ во градот. Битолските навивачи кои се срцето на клубовите што го носат ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
59%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1022
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.2
44%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1022
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
63%
1022
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
52%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
55%
1023
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829