Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 2.2 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. ...
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Павловска на седницата на Советот на Општина Битола на која се разгледуваше кварталниот извештај за буџетот реагираше на кажаното од советничката на СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска дека училиштата биле во големи долгови. „Ниту основните, ниту средните училиште, значи ве молам кога се изнесуваат факти тука да бидат точни, затоа што гледаме и самите колку совесно и одговорно се работи во училиштата. Побаравме ...
Водата влезе и во Советот на Општина Битола и веднаш да сме начисто, поплава немаше во објектот. Но, она што беше проблем деновиве за што кажа и битолски „Водовод“ дека има недостаток на вода, е тоа е темата која се разви. Советничката од социјалистичката партија Ѓоргиевска со како што рече, информација која може некому да помогне. Но, не беше монолог како што е најчесто оти се работи за излагање, туку се претвори во дијалог, со театарскиот ...
Катерина Стојкоска, од Техничкиот факултет – Битола и Софи Гајтановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при УКЛО, се вбројуваат меѓу најдобро дипломираните студенти на инженерските факултети, на кои македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова им го додели признанието – „Инженерски прстен“. Свеченоста се одржа на 3 септември 2025, на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, во ...
Петар Николовски е носителот на советничката листа на СДСМ во Битола за локалните избори. Ова не е официјално, но предлогот бил таков. На составената листа како што се дознава неофицијално, односно од партиски извори кои не брифираа од СДСМ, Николовски е ставен прв, односно носител на листата, но допрва треба да помине таа листа на уште два партиски филтри. Дека тој е таму не негираше ниту Николовски во телефонскиот разговор, но вели тоа е ...
Пред советниците денеска се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Над 41 процент била реализацијата, односно точно 41,85 проценти. Зборувајки за реализацијата на проектите од вториот квартал советничката Тодоровска на колегите од левата страна им рече колку и да им било смешно општината со градоначалникот Коњановски ќе продожи со градежните активности. За СДСМ, односно за главниот ...
Уписите на универзитетот „Св. Климент Охридски“ се во завршницата на првиот уписен рок. Денеска од службите на сите факултетски единици кадешто се спроведе пријавувањето во законски определениот рок од 19 до 27 август, се очекуваат конечните Решенија за прием на кандидатите. Решенијата се однесуваат за сите пријавени иако определеноста со квоти не овозможува сите да бидат дел од категоријата студенти во државна квота. Според календарот за ...
Бројот на загинатите во инцидентот со фуникуларот во Лисабон достигна 17, соопштија службите за заштита и спасување. Двајца од повредените починале во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице. Според првичните информации, дошло до кинење на еден од каблите на возилото, по што тоа се забрзало надолу по стрмнината, излегло од ...
Во 70-то коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 11, 12, 16, 22, 27 и 31. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше пет шестки, секоја од нив вредна по 157.055,40 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 46.625.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е 2, 4, 8, 9, 5, 0. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци цо ...
Општина Битола денеска го објави отчетот за она што се работело во последните четири години. Во соооштението за медиумите се вели дека со одговорност, транспарентност и посветеност во работењето, реализирани стотици проекти, претставени на сто страни, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги претстави сумираните резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година. „Овој отчет претставува јасен доказ дека ...
„Овој проблем со Бугарија мене навистина некако ми личи на некаков дебатен договор. Ние кога воспитуваме дома дете го воспитуваме да ги завршува домашните задачи, а не да бара изговори како да ги избегне. Зошто го велам ова, затоа што претходниот собраниски состав веќе има изгласано заклучоци за црвените линии, јас секогаш си ги носам со себе, каде што јасно стои дека мора безусловно да се почитуваат јазичните, идентитетските, историските и ...
Денеска заседава Советот на Општина Битола. Пред советниците е кварталниот извештај за извршување на буџетот во вториот квартал од оваа година, како и годишните извештаи за работа на средните училишта во Битола за ланската година и плановите за работа за новата учебна година. Дали ќе бидат и точките за изборните паноа и користењето на месните заедници за предизборни активности, зависи дали Илиевска дали ќе ги стави на дневен ред, бидејќи по ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг присуствуваше на големата воена парада во Пекинг, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. На настанот, Кина претстави дел од најновото оружје во својот арсенал. Пекинг по првпат ја претстави својата нуклеарна „тријада“ – ракети способни да носат нуклеарни боеви глави и да се лансираат од море, копно и воздух. Меѓу нив се наоѓаа воздушно базираната ракета со долг дострел „Џинлеј-1“, ...
Најмногу дожд 29 л/м2 наврнаа во Битола, 17 Прилеп, 16 Пожаране, Попова Шапка, 15 Крушево, 12 Тетово, 10 Тополчани, 8 Претор, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Куманово, 3 Скопје-Петровец, Охрид, Маврови Анови, Лазарополе, 1 Штип, Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, ...
По завршување на рокот, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи доставени се вкупно 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините. Во тие 68 листи за советници, од овој регион, најдолга е таа за општината Македонски брод со пет независни листи. ...
Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: Сопиште – Јане Мицевски, Кичево – Александар Јовановски, Крива Паланка – Оливер Алексовски, Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, Кривогаштани – Сашо Граорковски, Шуто Оризари – Ерџан Демир, Крушево- Нико Чонески, Валандово – Ѓоко Камчев, Виница – Митко Костадиновски, Демир Хисар- Никола Најдовски, Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, Радовиш – Љупчо Почивалец, Чашка – Дејан ...
„Водовод“ не прави рестрикции на вода и покрај тоа што многу од граѓаните се уверени во тоа. Напротив, се користат сите механизми за непречено снабдување со вода низ целата мрежа кадешто ова јавно комунално претпријатие ја нуди услугата на чиста вода за пиење. Денешното известување од ЈКП „Водовод“ е во насока кон точна информација на граѓаните, вели директорот Андреј Гинов во телефонски разговор за ТЕРА. „Дел од корисниците во неколку делови ...
ЛДП е подготвена да настапи самостојно на овие избори и како лидер на обединетиот политички, граѓански центар и на сите прогресивни сили, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. „Жал ми е што ова Собрание, во овој период не најде сила да донесе соодветен Изборен законик иако се знаеше дека доаѓаат локалните избори. ЛДП имаше предлог за измени на Изборниот законик во кој јасно беа регулирани и начинот на кој што би се собирале потписите за ...
Со овој телевизиски спот Јавната Установа Национален Парк „Пелистер“ ја најавува можноста да го искусите адреналинскиот парк, а загарантирана е можноста за нови убави спомени. Поводот е денот на независноста на Македонија – 8 Септемри. Ги покануваат сите и велат да го прославим е денот на независноста со слободен дух и силна енергија, в понеделник, на 8 Септември на локацијата непосредно до Инфо центарот, на пладне во 12.00часот. И велат „За ...
По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници ...
Мили дечиња, Мечо по повод новата школска година одлучи да ви подари бесплатни возења на сите кои ќе сакате да ги искористите. Бесплатни денови за возење со вашиот Мечо ќе бидат 11.09. и 25.09. Вака денеска објавуваат од ЈППЈЛП „Паркинзи“, по големиот интерес на првиот училишен ден кој во Битола започна со многу подароци од комуналните јавни претпријатија. Најголема турканица сепак беше околу „Мечо“-малото вовче коешто засега е единствена ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, денес извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та” – профил 1 од првата фаза. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 1.397.934 денари, а проектот е прилагоден според состојбите на теренот за непречена реализација. При посетата беше извршен и увид на улицата „Даме Груев”, каде наскоро ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со советникот Бојан Бојкоски и претставници од Одделението за комунални дејности, денес извршија увид на активностите за реконструкција на улицата „16-та” – профил 1 од првата фаза. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 1.397.934 денари, а проектот е прилагоден според состојбите на теренот за непречена реализација. При посетата беше извршен и увид на улицата „Даме Груев”, каде наскоро ...
Денеска од страна на полициаки слижбеници од СВР Битола одржан е работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола, менаџер на градскиот стадион „Петар Милошевски“ како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот и Територијалната противпожарна единица на Битола, а во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден ...
Попладневно јавното претпријатие „Водовод“ Битола ја информира јавноста дека моментално се соочуваме со недостиг на вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување. „Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона. Апелираме до станарите од висококатниците да ...
Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7 септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде во ...
В четврток пред советниците во Советот на Општина Битола ќе се најде квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година. Претходно беше на седница на Комисијата за финансии и буџет каде претставничката од одделението за буџетска координација, напомена дека се однесува за пред изгласување и вчитување на ребалансот, односно до 30 јуни. Над 41 процент била реализацијата. Потоа следуваше објаснување на ...
Во НУ „Народен Театар“ Битола, започнаа подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, “Пламенка” која ќе се работи според романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска. Претставата е во драматизација на драматургот на Битолскиот театар, Билјана Крајчевска. Во претставата играат актерите и актерките: Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Викторија Степановска, Марија ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Како што што во соопштението, министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. ...
Во трката за советничко место за идниот состав на Советот на Општина Битола до синоќа до полноќ кога заврши рокот за собирање потписи, во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Битола вкупно се собирале потписи за три независни советнички листи. Како што соопшти Државната изборна комисија потписи за независна советничка листа собирале Зоран Лазаровски-Паљо со пет потписи, потоа листата на Миле Трајковски исто така со 5 потписи и ...