Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Машката селекција на одбојкари до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе игра премиерно во БВА Зонските квалификации за Европското првенство 2027. По тринеделни подготовки во Крушево, каде првите десет дена репрезентацијата работеше паралелно со националниот А тим, селекторот Јован Шапе донесе одлука кои 14 момци ќе добијат шанса во натпреварување, кое ќе носи големи предизвици, особено поради тежината ...
Македонската универзитетска карате репрезентација ги одбројува последните денови до настапот на Европското универзитетско карате првенство во Тирана, кое ќе се одржи од 7 до 12 септември. Во пресрет на европскиот шампионат, репрезентативците ги одржуваат завршните подготовки, а најголемиот дел од составот го сочинуваат каратистите на карате клубот „Макпетрол – Скопје“. За Македонија ќе настапат: Вукашин Јовановиќ-67 кг, Петар Заборски-75кг, ...
Вардар – Силекс 1:1 по првото полувреме од мечот од 4.коло кој се игра попладнево на Арената во Скопје. Домашните поведоа со голот на Данев уште во 3.минута по асистенцијата на Спахиу, додека кратовци со голот на Анѓелески во 37.минута израмнија на 1:1. Добара, отворена игра од двете страни со по неколку шанси за гол. Вардарци преку Спахиу ја погодија пречката на Џеков, истиот играч имаше уште една шанса. Силекс преку Шеро во 44.минута ...
Интересно, секако и недозволиво на дербито меѓу Вардар и Силекс кое штотуку започна. Имено голманот на Вардар, Давор Талески, како што се гледа од фотографијата, има иста боја на дресот како и судиите на чело со Игор Стојчевски. Секако дека ова е недозволиво и веројатно требаше да реагира Стојчевски. Инаку натпреварот го следат едвај 500 гледачи а домашниот состав на Вардар, со голот на Данев во 3.минута има водство од 1:0. Интересно, ...
По извонредниот настап на мечот со Чукарички, младиот макеоднски репрезентативец Матеј Гаштаров доби многу пофалби од тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера. Тој во српските медиуми не криеше дека е презадоволен од настапот на Гаштаров, истакнувајќи дека македонскиот фудбалер покажал класа на теренот. „Навистина чувството е неверојатно. Многу сум среќен поради тоа што работев трпеливо и си ја чекав шансата за да ја искористам и да се ...
Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието на клубот, чија седница е најавена за периодот од 21 до 25 септември. Повод за оставките се моменталната состојба во клубот и резултатите во домашното првенство. Во соопштението се наведува дека раководството ја презема ...
И официјално стартуваше новата сезона Фудбалското првенство на Македонија во женска конкуренција. Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4:0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4:0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута. Најубедливата победа на стартот ја забележа ...
Денеска е денот за дерби мечеви во ПМФЛ. Во последните два меча од 4.коло се среќаваат екипите од “големата четворка“ и двата се играат во Скопје. Прво на Арената од 17 часот силите ќе ги одмерат Вардар и Силекс, а потоа од 19 часот на ФФМ, меч за уживање – Шкендија против Струга Трим Лум. Само Шкендија досега е максимална со “три од три“, додека Струга ТЛ има седум бода ако се знае дека има две победи и едно реми. И двете екипи се во добра ...
Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно”, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа. Како дел од оваа посветеност, „Играј одговорно” функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за ...
Поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер беше исфрлен од натпревар во ВНБА-лигата откако вербално се судри со Наташа Клауд, кошаркарка на Чикаго. Кантер вели дека конфликтот започнал откако тој прославил тројка на кошаркарката на Индијана, Софи Канингем. „Канингем погоди тројка, а јас ги кренав рацете за да прославам. Неколку напади подоцна, Наташа се врати и почна да вреска и да вика, а потоа ми рече: ‘Нема да спие со тебе’“, раскажува Кантер и ...
Вечерва од 19 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, Шкендија како домаќин ќе ги одмери силите против Струга Трим Лум во натпревар од 4.коло во ПМФЛ. Важен меч и за двете екипи, важни бодови. Ване Крстевски, напаѓачот на Шкендија верува во уште еден добар настап на неговата екипа и верува дека може да се дојде до нова победа, за “четири од четири“. „Во тимот владее одлична атмосфера. Подготвени сме за Струга ТЛ, знаеме дека нè очекува ...
Резултатска криза, играчка криза и долга листа на фудбалери кои се надвор од стројот. Во ФК Вардар како да нема крај на проблемите кои се појавуваат секојдневно. Првакот има два првенствени порази во серија пред денешниот дуел од 17 часот со Силекс на арената во Скопје. Репрезентативниот играч за врска Бобан Николов е последниот кој се најде на листата на повредени фудбалери. Искусниот фудбалер со денови не тренира и со сигурност нема да ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател на светската фудбалска организација доколку не го стори тоа. „Не сум заинтересиран да бидам претседател на ФИФА“, рече Чеферин, но во исто време оцени дека Инфантино повеќе ја нема поддршката што ја имаше некогаш. Според него, ...
Кошаркарскиот клуб Ангели денеска и официјално потврди дека ќе има промена на тренерското место за следната сезона. Клубот кој испадна од Суперлигата во новата прволигашка сезона ќе биде предводен од Златко Мокров, кој ја имаше улогата на асистент на досегашниот тренер Игор Гацов. Мокров е искусен стручњак кој во минатото има работено и во Работнички, Вардар и Академијата на ФМП. Во екипата на Ангели, Мокров имаше свој ангажман во неколку ...
Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 ...
Фестим Адеми и Еркан Селими ќе ја имаат функцијата спортски директори во ФК Шкендија. СпортСпорт вчера ексклузивно ја најави смената на Адријан Цуцули со што се отвори простор за рокади во менаџирањето на клубот и смирување на “тензиите” кои се појавија во клубот по загубената титула од Вардар. Но, промените не носат ништо ново… Фестим Адеми со години е дел од менаџментот на Шкендија, а Селими исто така има работено со тренерскиот ешалон. ...
АТП овој понеделник ја објави најновата ранкинг-листаа. Има некои промени на врвот, но Новак Ѓоковиќ, и покрај раниот пораз во Синсинати, остана петти. Новак заработи 10 поени и сега е на коефициент од 3.770, што е за 60 повеќе од Флави Коболи. Италијанецот го направи најголемиот скок, од четири позиции, сега е шести, што е негов најдобар пласман во кариерата. Јаник Синер, кој се откажа од Отвореното првенство на САД, сè уште е на врвот со ...
Еурофарм Пелистер вчера го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона. Актуелниот македонски вицепрвак на домашен терен го пречека Партизан во првиот меч од Регионалната лига. Битолчани во дебито на Лино Червар славеа со 35-31. Дека овој град живее за спортот потврда стигна и вчера. Трибините во салата „Боро Чурлевски“ беа речиси исполнети, а од таборот на клубот им се заблагодарија. Овој факт на полна сала добива поголема тежина ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171.место на ВТА листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105.место (5.август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. Македонската ...
Хулијан Алварез денес беше понижен засекогаш. Аргентинецот доби огромни навреди од навивачите на својот клуб – Атлетико Мадрид, а причината беше фактот што побара трансфер во Барселона. Феноменалниот аргентински напаѓач беше пречекан како предавник. Публиката му упати жестоки навреди, а клубот потоа одлучи да го понижи уште повеќе. Директорот Гил Мартин нареди на Алварез да му се забрани да ги поздравува навивачите. Додека сите одеа кон ...
Барселона повторно се поврзува со Лаутаро Мартинез во последните денови, но ништо нема да се случи од неговото доаѓање на „Камп Ноу“, барем ова лето. Претседателот на Интер, Џузепе Марота, одлучи јавно да реагира на сè почестите медиумски шпекулации. Неговата порака беше кратка и целосно јасна. „Лаутаро е наш капитен и дел од нашата историја. Нема апсолутно никакви услови под кои би го продале Лаутаро Мартинез“, рече Марота. Првиот човек на ...
По речиси пет години на функцијата спортски директор на клубот, Адријан Цуцили си заминува од Шкендија. Клубот од Тетово како што дознава СпортСпорт му врачил отказ на човекот кој е задолжен за спортската „политика“ во екипата. Оваа вест одекна како „гром од ведро небo“ во фудбалските кулоари во земјава. Адријан Цуцули важеше за добар познавач на приликите но и за човек кој добро ја менаџираше екипата. Сепак по една сезона во која е загубена ...
Иако Челзи не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите, натпреварите од елитното европско натпреварување сепак ќе се играат на неговиот „Стемфорд Бриџ“ благодарение на Шахтјор Доњецк. Поради воената ситуација во татковината, украинскиот шампион со години е принуден да игра во „егзил“ како домаќин, а оваа сезона го избра Лондон и стадионот на Челзи како своја база. Во претходните денови се појавија информации дека Шахтјор преговара со ...
Уште еден наш тим ќе ги започне натпреварите во новоформираната Регионална лига. Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува Партизан, а дуелот стартува во 18 часот. Ова е прв меч во ова натпреварување за двата тима, а има и дополнителна тежина бидејќи е пресметка на поранешни селектори на Македонија. Лино Червар е на едната страна, додека Раул Гонзалес на другата. Не само што беа селектори, туку и двајцата оставија позитивен белег во ...
Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, истакна дека Ливерпул на денешниот натпревар со Њукасл заслужи и да победи, иако неговиот тим се спаси од пораз со гол од пенал во последните секунди на натпреварот. „Не мислам дека заслуживме да изгубиме и ги ценам напорите на играчите. Не ги погледнав статистиките, но сум сигурен дека имавме повеќе шанси и сè друго. Мислам дека стигнавме до шеснаесетникот во првото полувреме, но едноставно не можевме да ...
Килави 1:1 дома со доскорешниот третолигаш Камјани со спас од пенал и среќа за 1:2 во 95 минута за гостите и вчерашните 0:0 со Брера, во меч со играч повеќе речиси цело второ полувреме. Две домашни задачи кои не ги положија избраниците на новиот шеф на струката во Битола – Борче Христов! Можеби Пелистер е во Втора лига и не личи на голем клуб, но притисокот и барањата на јавноста се секогаш големи а тие се во контекст на големината на ...
Заврши мисијата на извонредниот Аријан Адеми во екипата на Ујпешт од Унгарија. Негогашниот репрезентативец на Македонија со кого нашиот национален тим ги забележа најголемите успеси, попладнево го раскина договорот со екипата од Будимпешта во која настапуваше една сезона. Според најавите, Аријан Адеми (35), во наредните неколку часа ќе има нов клуб. Се враќа во Загреб, но не и во неговиот Динамо, клуб во кој е легенда и „вечен“ капитен. ...
Белградска Црвена Звезда денеска славеше со убедливи 4:0 на мечот со Чукарички во 6. коло од првенството на Србија, а по натпреварот новиот тренер на „црвено-белите“, Алберт Риера имаше многу пофалби за настапот на нашиот млад репрезентативец, Матеј Гаштаров. Според Риера, Гаштаров бил играч на натпреварот, споредувајќи го со Раде Круниќ. „За мене, Гаштаров денеска одржа вистински мастер-клас! Веројатно внимателно ја гледал играта на Круниќ ...
Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на светската титула на Шпанија, иако „Фуријата“ е еден од големите ривали на Франција во последните години. Шпанија се соочи со Франција во последните три лета на три различни турнири – Европското првенство, Лигата на нации и Светското првенство. Во ...
Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе доминираат во европскиот фудбал. Гостите рано поведоа преку Рафиња во 14-тата минута со гол од пенал, а до крајот на првото полувреме Адејеми го постигна својот дебитантски погодок за каталонците во 48-та минута. Второто полувреме беше само формалност, ...