Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Со последната рунда натпревари заврши групната фаза од Лига Европа, по што ги дознавме сите учесници во осминафиналето и во нокаут фазата. Директно во осминафиналето се пласираа Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, Лион, Олимпијакос и Ренџерс. Од друга страна, во нокаут фазата се Бодо Глимт, Андерлехт, ФЦСБ, Ајакс, Реал Сосиедад, Галатасарај, Рома, Викторија Плзен, Ференцварош, Порто, АЗ Алкмар, Митјиланд, ...
Ал Хилал е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, пренесува „AS“. Според шпанскиот спортски портал, саудискиот клуб сака да донесе замена за Нејмар, чиј договор беше раскинат на крајот на јануари. Со финансиски услови и статус на лидер и главна ѕвезда на клубот, што не може да го очекува во мадридскиот клуб, Ал-Хилал очекува да го привлече 24-годишниот Бразилец. Родриго игра за Реал Мадрид од 2019 година. За ...
Денеска во Нион со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за плеј-офот од Лигата на шампионите. Осум екипи се пласираа во осминафиналето, а во баражот ќе играат 16 екипи. Првите осум клуба кои се пласираа во осминафиналето се Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила. Во плеј-офот ќе настапат Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Монако, Брест, Феенорд, ...
Мандатот на Чави Симонс (21) во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг, клубот во кој тој настапува како позајмен година и пол, го откупи договорот на холандскиот репрезентативец. Одличниот офанзивен играч за врска потпиша четиригодишен договор со парижаните во 2023 година, каде што ја започна својата кариера во 2021 година. Во сезоната меѓу двата мандати во Париз, тој играше за ПСВ, а целата втора сезона ја мина во германскиот ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по победата над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците. – Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Штета што поради сплет на околности, поддршката од ...
Елиф Елмас го стави потписот на договорот со италијанскиот тим Торино. Ќе го носи бројот 11 на дресот, а договорот е позајмица до крајот на сезоната и потоа можност за откуп за 18 милиони евра од Лајпциг. Ова е практично враќање на Елмас во Серија А, каде во дресот на Наполи се закити со титула. На интересен начин, со излепени плакати низ градот, Торино го презентираше новото засилување. A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 ...
Во Милано се случува голема напаѓачка промена, бидејќи клубот одлучи да влезе во остатокот од сезоната без Алваро Мората и на негово место да донесе многу поскап наследник. Алваро Мората летово пристигна во Милано како капитен на европскиот првак Шпанија. Но, не само што неговите настапи не беа впечатливи, туку на некои натпревари беше заменет во стартниот состав со „заборавениот“ Теми Абрахам. 🚨🔴🟡 EXCLUSIVE: Galatasaray are in advanced ...
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас и дефинитивно ќе биде нов фудбалер на италијанскиот тим Торино. Тој попладнево слета на аеродромот, па се појавија и првите фотографии и видео со навивачкиот шал на новиот клуб. Можеше да се залебежи и насмевка на неговото лице, веројатно поради тоа што зад себе ја остава лошата епизода наречена Лајпциг, каде не доби вистинска шанса. Tra ottobre e novembre il Napoli ha mostrato particolare interesse per ...
Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид е под големо искушение. Имено, се појавија информации дека Ал Хилал, од Саудиска Арабија е подготвен да плати за Винисисус неверојатни 1,3 милијарди евра. Оваа информација ја објави угледниот шпански весник „АС“. Формулата според овој весник е 300 милиони евра за Реал Мадрид да го пушти играчот и плус по 200 милиони евра годишно за пет сезони договор за Бразилецот. Се уште не се огласиле ниту ...
Не така одамна, Мајк Тајсон и Џејк Пол имаа боксерски меч кој привлече десетици милиони гледачи, а два месеци подоцна двајцата повторно се сретнаа. mike tyson x jake paul. this is so wholesome. pic.twitter.com/9LRHZj36Ly — Tiffany Fong (@TiffanyFong_) January 21, 2025 Тие двајца присуствуваа на инаугуративниот бал за Доналд Трамп, кој вчера стана 47-ми претседател на САД и таму приредија шоу. Пол во еден момент реши да го стави Мајк на ...
Норвешката ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пред неколку недели потпиша поинаков и посебен договор со Граѓаните. Тој бараше нешто уникатно и го најде преку договор што го потпиша со неговиот клуб кој имаше потреба, но се покажа како дарежлив. Продолжувањето на договорот на Ерлинг Халанд пред неколку дена не е обично продолжување. Норвежанецот во договор со Манчестер Сити направи операција во која значајна улога имаше Рафаела Пимента, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија. ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности ...
Вечерва се игра последното коло во ЛШ од оваа фаза, а се играат дури 18 мечеви во ист термин од 21 часот. Речиси сите клубови играат натпревар кој ќе го одреди конечниот пласман, односно местата меѓу осумте најдобри кои водат директно во осминафиналето и позициите од 9 до 24 кои водат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Единствените два клуба кои веќе обезбедија пласман во осминафиналето се лидерите Ливерпул и Барселона. Исто така, ...
Огромниот остров Гренланд, кој е дел од Кралството Данска, планира да се приклучи на меѓународниот фудбал со формирање на национален тим кој ќе игра на официјални натпреварувања. Законски, Гренланд не може да биде дел од УЕФА. Иако географски припаѓа на Европа и УЕФА, не може да се приклучи бидејќи УЕФА има статут кој ги исклучува независните региони. Поинаква е ситуацијата со Фарските Острови, кои исто така припаѓаат на Данска, но тие беа ...
Претставници на Лигата на Саудиска Арабија се заинтересирани за трансфер на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, објави „AS“. Според шпанскиот медиум, раководството на лигата има намера да одработи евентуален трансфер на 24-годишниот Бразилец. Клубот од Мадрид се очекува да добие околу 300 милиони евра за играчот, а играчот ќе заработи милијарда евра за петгодишен договор. Самиот Винисиус изјави дека е среќен во Реал Мадрид и нема ...
Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е презадоволен од изданието на неговите избраници на денешниот натпревар со Катар. Македонија во 2. коло од Групата-2 на Мундијалот забележаа победа со 39:34, втора на шампионатот. – Честитки за ракометарите, за она што го даваат за Македонија. Тешко е петти натпревар да се игра со ваков висок интензитет. Но момците покажаа дека сме на вистинската насока. Верувам во оваа ...
Познатиот бразилски фудбалер Нејмар го раскина договорот со Саудиска Ал-Хилал година и пол откако премина од ПСЖ во трансфер вреден 90 милиони евра. Триесет и двегодишниот Нејмар доби 200 милиони евра плата од Саудијците, но тоа што го покажа на теренот сигурно не ги оправда тие пари. Имено, Нејмар поради чести повреди пропушти 70 од можни 77 натпревари за време на неговиот престој во Ал Хилал. Околу полноќ Ал-Хилал објави дека договорот на ...
Кливленд Кавалирс го совлада Оклахома Сити Тандер со 129:122 во меч кој беше опишан како историски и понуди вистински спектакл. Тоа беше дуел меѓу најдобрите тимови на Западот и Истокот, по што Кавси останаа најдобра екипа во лигата со резултат 32-4, додека Тандер се на импресивни 30-6. Нивниот дуел по многу нешта е окарактеризиран како историски, барем што се однесува до регуларниот дел од сезоната. Покрај тоа што тимовите се во извонредна ...
Англискиот дефанзивец Кајл Вокер ќе добие шанса да дебитира за Милан на претстојното дерби против Интер во недела во рамките на 23. коло од италијанската Серија „А“. 34-годишниот фудбалер минатата недела му се приклучи на Милан како позајмен од Манчестер Сити. Неговиот прв тренинг и физичките тестови брзо го убедија тренерот Серхио Консеисао и неговиот тим дека Вокер е подготвен веднаш да се приклучи на натпреварите на Милан, пишува ...
Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо го оствари својот 432-ри дабл-дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА натпревар. Ѕвездата на Бакс ноќеска против Сан Антонио постигна 25 поени и 16 скока. Триесетгодишниот грчки спортист постави клупски рекорд во оваа статистичка категорија претекнувајќи го Карим Абдул-Џабар. Адетокунбо исто така е на првото место по поени, скокови, асистенции, блокади и одиграни минути во историјата на Бакс. ...
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Фулам со 1-0, а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим повторно беше прашан зошто отсуствува Рашфорд, а медиумите добија многу остар одговор… – Секогаш е истата причина. Причината е тренингот. Што мислам дека еден фудбалер треба да прави на тренинзите, во животот, секој ден. Ако работите не се сменат, јас нема да се сменам… Подобро ...
Медиумите во Франција говорат дека Јувентус стапил во контакт со шпанскиот тренер Чави Ернандез во време кога тренерот на Старата дама, Тиаго Мота и неговиот тим се мачат во италијанската Серија А. „Бјанконерите“ го претрпеа првиот пораз во лигата од лидерот на табелата Наполи на мечот одигран во Неапол, но имаат 13 нерешени и осум победи. Оваа статистика покажува дека Мота го бележи третиот најлош резултат во историјата на Јувентус по 22. ...
Милан во вистинска драма ја совлада Парма со 3-2, но најголемо внимание привлече она што се случи по натпреварот. wtf they literally jumped calabria lol pic.twitter.com/HwtGl86LXF — gabe🇵🇹 (@itsgabe20) January 26, 2025 По последниот судиски свиреж, тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се упати кон Давиде Калабрија и за малку ќе се тепаше, пред да биде разделен од клупскиот персонал додека тој вриеше од гнев. Калабрија се обрати на пресот ...
Бразилската суперѕвезда Нејмар е на чекор од враќање во неговиот поранешен клуб Сантос, изјавија извори за ESPN во неделата. Се наведува дека фудбалерот постигнал вербален договор со клубот, останува да се решат деталите. Многумина очекуваа дека ќе замине во МЛС, но тој е се поблиску до враќање во родниот Бразил. Нејмар сè уште е на списокот на саудискиот клуб Ал Хилал, но менаџерот на тимот Хорхе Жесус претходно во јануари изјави дека ...
Португалскиот фудбалер Ренато Веига е новиот член на Јувентус откако ги помина лекарските прегледи и им се приклучи на „бјанконерите“ од Челзи. Buongiorno 👋 pic.twitter.com/jzxEw1qTzZ — JuventusFC (@juventusfc) January 27, 2025 Веига доаѓа во Торино на позајмица до крајот на сезоната, без опција за откуп и ќе се обиде да ги „закрпи“ дупките во одбраната на Старата дама предизвикани од повредите на Глисон Бремер и Хуан Кабал. Јувентус ќе ...
Победата над Фулам која фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја постигнаа во Лондон е најдобриот подарок за тренерот Рубен Аморим, кој во неделата на 26 јануари наполни 40 години. Португалецот при неговата изјава по натпреварот на „Крејвин Котиџ“ доби честитка од новинар со забелешка дека животот започнува на 40 години, но поранешниот тренер на Спортинг имаше уште поинтересен одговор: „Немам 40, имам 50. За два месеци работа во Манчестер ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за натпреварот со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025. – Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, ...
Италијанскиот печат денеска објави повеќе детали за несогласувањата меѓу тренерот на Милан, Серхио Консеисао и дефанзивецот Давиде Калабрија на крајот од натпреварот против Парма (3:2), истакнувајќи дека Златан Ибрахимовиќ морал да интервенира за да се смират работите. Davide Calabria speaks after #MilanParma 🗣️#SempreMilan pic.twitter.com/SOvT826jL3 — AC Milan (@acmilan) January 26, 2025 Португалскиот тренер и капитенот на Милан за малку ...
Енис Барди и официјално има нов клуб. Останува во Турција, барем до крајот на сезоната. Турскиот тим Бодрумспор објави дека постигнале договор, кој е со важност за следните шест месеци односно до крајот на сезоната. Инаку, Барди пред неколку дена го раскина договорот со Трабзонспор и како слободен играч можеше да се пресели во друг клуб. Од Шпанија имаше информации дека за неговите услуги биле заинтересирани Еспањол и Рајо Валјекано, но ...
Абдукодир Хусанов самошто го облече дресот на Манчестер Сити веднаш беше „фрлен во оган“ на натпреварот против Челси, а тренерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола смета дека згрешил што донел таква одлука. Младиот Узбекистанец не даде се од себе, тој беше виновникот за првиот гол на лондонскиот тим, но искусниот шпански стручњак ја префрли вината врз себе. -Не, Хусанов не требаше да биде на теренот. Тоа беше моја грешка. Тој штотуку ...