Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го собори својот рекорд за најмногу порази во една сезона. Манчестер сити викендот на домашен терен загуби од Ливерпул (0:2) во 26. коло од Премиер лигата. Менаџерот на Сити го загуби својот 14-ти натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош рекорд во целата негова тренерска кариера. Претходно „Граѓаните“ загубија од Тотенхем (1:2), Борнмут (1:2), Спортинг (1:4), Брајтон (1:2), Тотенхем (0:4), ...

Легендарниот бразилски напаѓач Нејмар конечно се враќа во вистинската форма, а доказ за тоа е натпреварот од 12. коло на бразилското првенство против Интер де Лимеира, каде постигна гол и запиша две асистенции. Тој во деветтата минута од натпреварот му асистираше на Тикињо Соареш за водство на Сантос, а во 27. минута дојде најдобриот момент на натпреварот. Навивачите на домашната екипа погрдно го скандираа неговото име при изведувањето на ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва загуби од Спортинг во Лисабон со 30:24. Ова беше натпревар од 11. коло на Лигата на шампионите по кое битолчани го запишаа седмиот пораз. Португалскиот тим победата ја обезбеди во последните 15-ина минути кога со серија од три последователни погодоци стигнаа до водство 25:20. На „Пелистерци“ не им оди во прилог денешната победа на Висла на гости против ПСЖ (31:28). Со оваа победа Висла ...

Ноќеска во Сан Франциско заврши НБА Ол-стар викендот, а најголемото воодушевување кај навивачите во Центарот Чејс предизвика 18-годишниот студент Јарен Барахас, кој во конкуренција против Демијан Лилард освои 100.000 долари. Best part of the #NBAAllStar Game? Mr. Beast challenged a fan named Jaren to hit one logo shot — before Damian Lillard hit 3 of them — he did and won 100 K… 🏀💰 pic.twitter.com/Sfne9Wlwrc — Jennifer X. Williams ...

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс подготвен е да им помогне на соиграчите од националниот тим во походот кон Евробаскет 2025. Возбуден е што пак ќе игра за Македонија и се надева дека ќе помогне за победа над Естонија и Полска. -Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено (Димитријевиќ) е лидер на тимот, а јас ќе го дадам се за да му помогнам и да го симнам товарот од него. Не сакам да ...

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Ромарио (59), повторно се најде во центарот на вниманието на бразилската јавност поради љубовниот живот. Најдобриот светски фудбалер за 1994 година, по избор на ФИФА, се женеше три пати и има седум деца, од кои едното е вонбрачно, а со години беше во друштво на помлади жени. Сепак, неговата последна врска привлече големо внимание бидејќи избраничката на неговото срце е 21-годишната ...

Со одигрувањето на денешните пет натпревари, комплетирано е 20. коло на Првата македонска фудбалска лига. Шкендија го совлада Силекс и ја зачува предноста пред Работнички на врвот на табелата. Постигнати резултати: АП Брера – Шкупи 1:2 Беса – Гостивар 0:0 Работнички – Воска 1:0 Шкендија – Силекс 4:2 Тиквеш – Пелистер 1:2. Вчера, Струга – Вардар 0:2. Табела: Шкендија 43 бода, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38, Струга 32, Шкупи 28, ...

Денеска на натпреварот помеѓу Верона и Фиорентина (1:0) видовме вознемирувачка сцена во која настрада напаѓачот на гостинската екипа Моисе Кин. Moise Kean’in kafasına darbe aldığı pozisyon. 😳 pic.twitter.com/ktPPsEjJfB — Kapitano Sports (@kapitanosport) February 23, 2025 Имено, во средината на вториот дел, Кин се судри со играчите на Верона, Павел Давидович и Диего Копола и тешко повреден падна. Кин бил изнесен надвор од теренот, а откако ...

Довчерашниот лидер Наполи се „удави“ на стадионот „Џузепе Синигалија“ во близина на езерото Комо. Истоимениот домашен тим го совлада тимот на Антонио Конте со 2:1, со што му овозможи на Интер по вчерашната победа над Џенова да го запоседне врвот со еден бод предност. Мрежата на гостите се затресе уште во 7-та минута кога Рахмани постигна автогол. Десет минути подоцна следуваше израмнување преку Распадори, а Комо до победата дојде по голот на ...

Англискиот премиерлигаш Тотенхем испрати мејл до сите водечки светски медиуми со барање никој повеќе да не ги нарекува Тотенхем. Имено, целосното име на клубот е Фудбалскиот клуб Тотенхем Хотспур, а челниците на клубот побарале од медиумите нивниот клуб да го нарекуваат Тотенхем Хотспур, или скратено Спарс. „Тотенхем Хотспур Ф.Ц. им се обраќа на медиумите во врска со именувањето на клубот. Ве молиме наведете го клубот првенствено како ...

Фудбалерите на Ал-Наср во петокот одиграа домашен натпревар против Ал-Етифак, а една сцена од загревањето стана хит на социјалните мрежи. Cristiano Ronaldo's reaction after seeing his "lookalike" in the stands. 😭🤍 pic.twitter.com/HfCfJhJmcF — Skye Sports Premier League (fan) (@skyeepl) February 22, 2025 Имено, додека се подготвувал за натпреварот, Кристијано Роналдо на трибините покрај теренот видел човек кој неодоливо личи на него, а ...

Шампионот Струга Трим Лум во продолжение на сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводена од друг тренер. Досегашниот шеф на стручниот штаб, Ќатип Османи поднесе оставка по вчерашниот пораз од Вардар. – Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од селекторската функција, а истото го прифатија и челниците на ...

Поранешниот фудбалер на Феенорд, Робин ван Перси, стана главен тренер на тимот, објави клупската веб-страница. Договорот на 41-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година. Ван Перси претходно работеше со младинските тимови на Феенорд и беше на чело на Херенвен. По 23 кола Феенорд е на третото место во холандскиот шампионат со 43 бодови. На 5 и 11 март тимот од Ротердам ќе игра со Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите. ...

Попладнево беа извлечени паровите во осминафиналето од ЛШ. Најатрактивни двојки во оваа фаза се оние помеѓу ПСЖ и Ливерпул, и Реал Мадрид против Атлетико Мадрид. Еве ги комплетните двојки во осминафиналето. ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД ФЕЕНОРД – ИНТЕР БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА ПСВ АЈНДХОВЕН – АРСЕНАЛ БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА Осминафиналните дуели се на 4-ти и 5-ти март со ...

Екстремниот студ ги зафати фудбалските терени ширум САД, каде сезоната почна во изминатите два дена, а играчите имаат сериозни проблеми да се навикнат да играат во такви околности. Así de CONGELADA quedó la barba de Olivier Giroud en el partido que jugaron Colorado Rapids y Los Angeles FC con 15 GRADOS BAJO CERO. pic.twitter.com/loFqCZMRJU — Pablo Giralt (@giraltpablo) February 19, 2025 Утрово имавме можност да гледаме натпревар во кој ...

Турскиот тим Фенербахче под водство на Мурињо се пласираше во осминафиналето откао на реваншот во Брисел против Андерлехт одигра 2:2, бидејќи првиот меч заврши со победа од 3:0. Немили сцени имаше на трибините, се степаа навивачите на двата тима, а работа имаше и за обезбедувањето по крајот на мечот кога летаа тврди предмети кон теренот. oevlatları ya direkt oldurmeye tesebbüs bu bakalım uefa bunlara hakkettigi cezayi verecek mi yoksa ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе направи чистка во летниот преоден рок, па дури осум играчи ќе ги напуштат „граѓаните“. Имено, Сити во текот на летниот преоден рок во своите редови ќе има дури десет играчи над 30 години, меѓу кои и Џек Грилиш, кој во септември ќе наполни 30 години. Дејли Стар пишува дека дури осум фудбалери ќе го напуштат клубот од Етихад во летниот преоден рок, а тоа се играчите Матео Ковачиќ, Кевин де Брујн, ...

Реал Мадрид синоќа го елиминира Манчестер Сити во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите со вкупен резултат 6:3 на два натпревари. Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 3:1, а Мадрид славеше со хет-трикот на Килијан Мбапе, кој конечно почна да покажува за што е дојден. Како резултатски да не беше доволен кошмарот на Пеп Гвардиола, па навивачите на Реал Мадрид смислија навредлива песна за него. A TRUE GENTLEMAN: Pep Guardiola ...

Германскиот суд осуди 53-годишен маж, именуван само како Јилмаз Т. на три години затвор поради уцена на семејството на Михаел Шумахер. Јилмаз Т. и неговиот 30-годишен син Даниел Л. се обвинети дека барале 15 милиони евра од семејството на Шумахер за да не објавуваат фотографии од легендата на Формула 1 по неговата тешка несреќа. Condenan a prisión a extorsionadores de la familia Schumacherhttps://t.co/i2mwTbVCGW — El Heraldo SLP ...

Синоќа во Сан Франциско заврши Ол-стар викендот на кој во главниот дел од овој спектакл за победа се натпреваруваа четири екипи, а во истиот тим играа Никола Јокиќ и Виктор Вембањама. Јокиќ и Вембањама играа во тимот на Глобал Старс, кој го сочинуваа кошаркари надвор од Америка, а сцената од соблекувалната пред натпреварот стана вистински хит. Joker couldn't believe Wemby brought a book to #NBAAllStar 🤣 The centers lead Chuck's Global Stars ...

Хрватската ракометна репрезентација по Светското првенство каде го освои второто место и го освои сребрениот медал, се врати во Загреб. Хрватите одиграа фантастично првенство и стигнаа до финалето, каде беа поразени од моќната Данска со 32:26, со што го освоија четвртиот последователен златен медал на светските првенства. Денеска во Загреб им беше приреден спектакуларен пречек на хрватските херои, а веднаш по слетувањето на аеродромот ...

Килијан Мбапе по трите голови против Манчестер Сити, малку „летна во облаци“, па по мечот даде силни изјави. Тој рече дека периодот на адаптација поминал и сега ги решета противниците, нешто што му било во крвта. –Беше совршена вечер, бидејќи кога играш против Манчестер Сити, секогаш е тежок натпревар. Силни сме на домашен терен и ги израдувавме сите фанови на Мадрид. Меѓутоа, ако сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, а тоа го сакаме, ...

По натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, хрватските фудбалери од двата тима се собраа во тунелот. Главна улога уште еднаш ја имаше Лука Модриќ кој уште еднаш покажа за каков голем лидер е. Реал Мадрид и во реваншот го победи Манчестер Сити и со убедливи 3:1 (6:3 вкупни) се пласираше во плеј-оф рундата и во осминафиналето на Лигата на шампионите. Еден од послабите натпревари, а имаше уште многу оваа сезона, одигра Јошко Гвардиол во ...

Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето на ЛШ откако и во реваншот веше подобар од Манчестер Сити, овој пат во Мадрид со 3:1 (прв меч 3:2). Мбапе имаше фантастична вечер и постигна три голови. Еден од нив е хит на социјалните мрежи, а секако дека дефанзивецот Гвардиол долго ќе го памети. Mbappe really broke Gvardiols Ankles 😂😂😂, Hurts to watch pic.twitter.com/60v2LvJZv1 — MAGE 🐧 (@Mage_Crypt) February 20, 2025 При резултат 1-0 за ...

Локален паб ветил бесплатно пиво за сите гости, за секој постигнат гол на Нотингем Форест на мечот со Брајтон. Види, чудо, Нотингем победил со убедливи 7:0. Никој не очекувал ваква победа, особено не по поразот од 5:0 на гостувањето кај Бурнмаут. Ова секако не го очекувала ниту сопственичката на пабот, која сепак на крајот призна дека иако била во минус 1500 фунти поради ова, сепак на крајот била среќна бидејќи и самата таа е фан на тимот, ...

Светскиот шампион во Мото ГП Хорхе Мартин доживеа несреќа на патеката во Малезија Сепанг за време на тренинзите пред почетокот на новата сезона, која започнува на 28 февруари. Додека се возел, 27-годишниот шпански мотоциклист изгубил контрола над својата Aprilia, полетал во воздух и при паѓање удрил со глава на патеката. Кацигата му го спасила животот, а итно бил префрлен во болница и задржан на прегледи. 😳 ¡Fuerte caída de Jorge Martín en ...

По победата во финалето против Хрватска, данските ракометари долго време се жалеа за грубата игра на „Каубојците“ за време на дуелот на кој се решаваше името на новиот светски шампион. Ракометната репрезентација на Данска синоќа ја совлада Хрватска со 32:26, со што во голем стил ја освои новата светска шампионска титула, покажувајќи дека никој во светот не им е рамен. И покрај победата, Данците не беа задоволни од играта на Хрватите. ...

Раководството на Милан тешко се справува со елиминацијата од Лигата на шампионите од Феенорд, пренесува новинарот Николо Шира. Според Шира, најголемо разочарување за управата на „росонерите“ е Тео Ернандез, кој доби црвен картон (два жолти) на реваншот (1:1). Французинот најпрво доби жолт картон за непотребно оттурнување на противнички играч, а во второто полувреме за симулација на пенал го доби вториот жолт картон. Забележано е дека играчот ...

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, остро го критикуваше напаѓачот Адемола Лукман, откако промаши пенал во поразот од Клуб Бриж со 3-1 во плеј-офот од Лигата на шампионите. 🚨🇳🇬 Gasperini: “Ademola Lookman is one of the worst penalty takers I’ve ever seen”. “He wanted to take the penalty after scoring a goal, he took the ball despite Retegui and De Keteleare available to take it… I didn’t like what Lookman did”. ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревара поради директниот црвен картон што го доби во 24. коло од Примера против Осасуна (1:1). Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го казни Англичанецот поради навреди упатени кон судијата Мунуера Монтеро. Фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите против Жирона (23 февруари) и Бетис (2 март). Реал Мадрид планира да поднесе жалба на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
80%
1013
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
72%
1014
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
78%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
2.41
94%
1018
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
84%
1010
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
74%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
2.24
73%
1017
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
91%
1013
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
93%
1013
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

54.20

Сребро

3663.67

Бакар

11.71

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Паладиум

5433.48

Платина

83354.78

Родиум

348835.60

Иридиум

221848.72

Цинк

3.34

Злато

150834.91

Алуминиум

3.15