Од следната натпреварувачка сезона нов член на македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марцинијак. Дваесетидеветгодишниот полски ракометар, кој игра на позицијата десен бек/десно крило потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак, до 2027 година. Марцинијак во моментов е член на полскиот прволигаш Азоти Пулави, а претходно настапуваше за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели своите очекувања за четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите против Реал Мадрид. – Сакам да видам дека моите играчи се подготвени за победа, дека се подготвени да го победат Реал Мадрид. Мора да бидеме тимот каков што бевме во последната четвртина од сезоната. Ова е 100 отсто најголемиот натпревар во мојата тренерска кариера. Возбудата расте. Луѓето покажуваат голем интерес. Затоа се ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100-та титула во кариерата. Ѓоковиќ во големото финале на Мастерсот во Мајами беше подобар од младиот Чех Јакуб Меншик (19 години). Меншик победи со 2:0 во сетови (7:6(4), 7:6(4)), по нешто повеќе од два часа игра. Финалето беше одложено неколку часа поради дожд, а кога почна играчите се соочија со висока влажност и на моменти лизгав терен. Ова не му одеше најдобро на Ѓоковиќ, кој го загуби ...

Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендот го освои второто место на маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс. Маратонот – Куп во планински велосипедизам беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација УЦИ. На маратонот во организација на „БТТ“ учествуваа 300 натпреварувачи од целиот свет. Иванова која е членка на клубот Енерџи се натпреваруваше во сениорска конкуренција. Таа 63 километри со висинска разлика од ...

Со денешните пет натпревари комплетирано е 26 .коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостински победи остварија Вардар, Шкендија и Силекс, а единствена домашна екипа со три бода е Беса. Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ: АП Брера – Вардар 0:2 Беса – Гостивар 2:1 Шкупи – Работнички 0:0 Тиквеш – Шкендија 0:1 Воска – Силекс 1:2. Вчера, Струга – Пелистер 4:1. Табела: Шкендија 56 бода, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна уште еден гол во дресот на Торино, вкупно четврти откако дојде од Лајпциг и се врати во Италија. Попладнево тој на мечот со Верона стрелаше во 67-та минута, но неговиот тим не успеа да победи. Дуелот заврши 1:1 бидејќи три минути пред голот на Елмас, Сар и донесе водство на Верона. ⚽️ GOAL: Eljif Elmas 🇮🇹 Torino 1-1 Hellas Veronapic.twitter.com/hgR49YHxlb — Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, ...

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја неочекуван пораз во 31. коло од англиската Премиер лига против Фулам со резултат 3:2. Ливерпул поведе во 14. минута со прекрасниот гол од далечина на Мек Алистер, но до полувремето „црвените“ губеа со 3:1. Сесењон погоди за 1:1 во 23. минута, Ивоби го доведе Фулам во водство од 2:1 во 32. минута, а Муниз во 37. минута зголеми на 3:1. Ливерпул постигна втор гол до крајот кога Дијаз погоди во 72. минута, но до ...

По големата победа против Реал Мадрид, грузискиот голман Џорџи Мамардашвили откри дека Винисус Јуниор му должи 50 евра и со тоа ги изненади присутните новинари во микс зоната. Играчот на натпреварот откри дека разговарал со Бразилецот непосредно пред да го изведе пеналот на Реал Мадрид на средината на првото полувреме и дека се обложил со него од 50 евра. „Зборував со Винисиус и тој ми должи 50 евра“, низ смеа објасни грузискиот голман, на ...

Во Спортскиот центар Аеродром – ООУ „Блаже Конески“ – Скопје вчера се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорски манастир. Натпреварот се одржа меѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија– поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“. Во пријателскиот натпревар одигран во спортски дух подобра била ...

Ѕвездата на Барселона, Рафиња целосно ја загуби контролата по синоќешното реми помеѓу каталонскиот тим и Бетис, што го забележаа многу гледачи на стадионот. Прво Роберт Левандовски се обиде да го смири, а потоа и останатите играчи кои застанаа меѓу него и помошниот судија за да спречат понатамошен конфликт. Тој се упати кон соблекувалната каде го пречека Ханси Флик кој сакаше да го поздрави и смири, но Бразилецот не сакаше ниту да го послуша ...

На шест кола пред крајот на првенството, Пари Сен Жермен победи со 1:0 против Анже ја обезбеди 13-та титула францускиот шампион. На овој натпревар ПСЖ имаше дури 81 отсто посед на топка и упати повеќе од 20 удари, но само една топка заврши зад грбот на Јахија Фофана. Решавачкиот гол го постигна Дезир Дуе во 55. минута на асистенција на Квича Кваратшхелија. ПСЖ со новата победа ја продолжи серијата без првенствен пораз сезонава на 28 ...

Интер води на полувремето на гостувањето кај Парма со 0:2. Стрелец за 0:1 беше Дармијан, а во финишот на првиот дел Турам зголеми на 0:2. Сепак, овој негов гол сигурно ќе биде хит. Имено, тој доби „топка на тацна“ од Мкитаријан, но многу лошо реагираше, па со голема доза на среќа топката преку домашниот голман, но и покрај обидот на дефанзивецот на Парма, сепак заврши во мрежата. Турам не сакаше ниту да слави, бидејќи изразот на неговото лице ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери. Противник на Ивановски ...

Реал Мадрид забележа кикс на домашен терен и загуби од 15-то пласираната на табелата Валенсија со 1:2. Ова секако може да биде чекор назад во трката со Барселона за титулата, иако има уште доста до крајот на сезоната и многу бодови се во игра. Сепак, сега Каталонците со меч помалку имаат три бодови предност. Откако во 13-тата минута Винисиус не реализираше пенал, Диакхаби две минути подоцна и донесе предност на Валенсија. По само пет минути ...

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ. Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот. ...

Младиот дефанзивец на Барселона, Алехандро Балде ги воодушеви навивачите откако во краток период покажа импресивна мускулна трансформација на прославата на победата над Атлетико Мадрид. Alejandro Balde's transformation.⚡ pic.twitter.com/lRhrQ2AMux — Barça Universal (@BarcaUniversal) April 3, 2025 Барселона успеа да победи во финалето на Копа дел Реј над Атлетико Мадрид. По 4:4 во првиот натпревар, Каталонците победија со 1:0 во реваншот и со ...

Неверојатниот Виктор Џокерес, кој ги тресе мрежите каде и да се појави, покажа што може да направи во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Португалија. Спортинг го победи Рио Аве со 2:0, а Швеѓанецот беше стрелец на вториот гол. Изведе удар од белата точка во судиското надополнување на првото полувреме, а тоа го направи на маестрален начин – речиси совршена „Паненка“. Gyokeres Panenka… Wow wow wow 🤩 pic.twitter.com/TCf2GnkM6z — ...

Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата. Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во гласањето за новиот состав на Извршниот комитет учествуваа 55 земји, ...

Феноменалниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујн (33) следното лето ќе го напушти Манчестер Сити, со што ќе биде означен крајот на една фудбалска ера на Островот. Денеска Де Брујн и официјално објави дека ќе ги напушти Граѓаните по истекот на договорот на лето, а тоа значи дека Сити ќе остане без прославениот Белгиец по десет години, кога го носеше нивниот дрес. Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti — Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) ...

Информацијата дека легендарниот Португалец Кристијано Роналдо (40) сериозно размислува за можноста да стане сопственик на Валенсија беше објавена кон крајот на февруари, а сега шпанскиот новинар Јулијан Редондо потврди дека навистина нешто конкретно се случува. Имено, тој во својата колумна за Мундо Депортиво напиша дека Роналдо ќе стане нов сопственик на Валенсија, но под услов клубот да го задржи прволигашкиот статус. Валенсија моментално ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави финансискиот извештај за сезоната 2023/2024, во кој е вклучена и платата на нејзиниот претседател, Александар Чеферин. Поранешниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС) доби покачување и со тоа инкасира годишна плата од 3,4 милиони евра (бруто износ). Чеферин доби и значителна сума за извршување на потпретседателската функција во Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), поточно ...

По четвртфиналниот натпревар од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент меѓу тренерот Жозе Мурињо и Окан Бурук, а сега е откриено што му претходело на нивниот конфликт. Според пишувањето на турскиот весник „Милиет“, Мурињо по натпреварот им пришол на судиите и го изразил своето незадоволство од нивната арбитража, велејќи: „Лошо ја судевте играта“. There's always drama with José Mourinho… 💥💥 ...

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер изјави дека ниту знае, ниту може да каже дали кариерата ќе ја продолжи во Милан. Вокер е во Милано на позајмица од Манчестер Сити, од каде во јануари пристигна во Серија „А“. Иако се шпекулира дека Милан ќе го потпише на перманентен договор на крајот од сезоната, самиот Вокер вели дека не знае што го чека во иднина. -Кога ќе дојдеш до точка кога треба да се збогуваш, навистина е тешко. Кога се поздравив, ...

Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во ...

На најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација, Македонија остана на 67. место. „Црвено-жолтите“ во мартовскиот циклус на Мундијалските квалификации го победија Лихтенштајн и ремизираа со Велс. Од нашата група Белгија е 8-ма, Велс 29-ти, Казахстан се наоѓа на 113. место, Лихтенштајн е на 205. позиција. Лидер во светскиот фудбалски поредок е Аргентина, пред Шпанија и Франција. Во Топ 10 се и: Англија, Бразил, Холандија, Португалија, ...

По натпреварот од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент помеѓу тренерот на домашната екипа Жозе Мурињо и тренерот на гостите Окан Бурук, а по скандалот Галатасарај на брутален начин на социјалните мрежи го исмејуваше Жозе Мурињо. По завршувањето на натпреварот, Мурињо му пришол на Бурук и го фатил за нос, поради што Бурук театрално реагирал паѓајќи на земја. Овој инцидент предизвика бурни реакции во турската ...

Легендарниот фудбалски тренер Карло Анчелоти беше фотографиран во судница во Мадрид откако започна неговото судење за наводно затајување данок. Тренерот на Реал Мадрид (65) пристигна во Провинцискиот суд во Мадрид во средата пред да застане на клупата за обвинетие. Тој е обвинет дека намерно ги дезинформирал даночните власти за време на неговиот прв мандат на чело на Реал во периодот од 2014 до 2015 година за да избегне плаќање данок на доход ...

Фудбалерите на Барселона синоќа на гости го совладаа Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираа во финалето на Купот на шпанскиот крал со вкупни 5-4. Tenemos hambre de títulossss. 🦈🏆 pic.twitter.com/KOT7Iidb3R — Ferran Torres (@FerranTorres20) April 2, 2025 Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 27. минута, а токму тој на социјалните мрежи откри како и каде фудбалерите на Барселона го прославиле влегувањето во финалето. ...

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби би можел да го преземе Милан, објави „Газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, 45-годишниот Италијанец е прв фаворит за тренерската функција доколку биде отпуштен актуелниот тренер Серхио Консеикао. Де Зерби го тренира Марсеј од летото 2024. Пред тоа работеше во Брајтон, Шахтјор, Сасуоло, Беневенто и Палермо. Клубот ги разгледува и кандидатурите на Антонио Конте (Наполи) и Масимилијано Алегри, кои ...

Реал Мадрид синоќа се пласираше во финалето на Купот на шпанскиот крал, откако ремизираше 4-4 против Реал Сосиедад во реванш полуфиналниот натпревар, со што одбрани гол предност од првиот натпревар, но натпреварот го одбележа катастрофалната судиска грешка во корист на кралевите. Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i — Football ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1012
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
64%
1014
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.95
94%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
75%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
66%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.06
61%
1017
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
93%
1012
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
11.32
93%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.99

Сребро

3663.67

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Калај

54.25

Цинк

3.34

Родиум

363303.44

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.15

Паладиум

54624.12

Злато

156424.63

Кобалт

64.04