
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Менаџерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, откри дека голманот на тимот Лукаш Фабијански е свесен и зборува по тешката повреда поради која мораше да биде заменет во победата од 1-0 над Саутемптон, јавија медиумите на Островот. Голманот доби удар од дефанзивецот на „светците“, Нејтан Вуд, откако ја расчисти топката од корнер во 29. минута, а играта беше запрена седум минути за да биде укажана медицинска помош. На лицето на Фабијански беше ставена ...
Манчестер Сити повторно не победи. И ова веќе не е вест, бидејќи четврти меч во низа во Премиер лигата избраниците на Пеп Гвардиола не можат да победат, па „паднаа“ на седмото место на табелата. На домашен терен синоќа одиграа 1:1 против Евертон. Поведе Сити со голот на Силва во 14-та минута, но во 36-тата израмни Ндаје. Можеше сити до нов гол, но Халанд во 53-та не реализираше пенал. Гримасите на лицето на голманот на Евертон при пеналот на ...
Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо со трипл-дабл го предводеше неговиот тим до трофејот во НБА Купот. Во финалето Бакс ноќеска во Лас Вегас ја победија Индијана со резултат 97:81, а Гркот постигна 26 поени, забележа 19 скока и 10 асистенции. – Ова е одлично, големо достигнување за нашиот тим. Се подобруваме. Знаеме дека го напуштаме Вегас во уште подобро расположение како тим отколку кога пристигнавме овде. Многу сум горд на момците. ...
Бернабеу, без Сантијаго. Ова е новото име на стадионот на Реал Мадрид за комерцијални цели, иако со години беше познат како Сантијаго Бернабеу. Засега, работата на Реал Мадрид на тој фронт е тивка, а промените се видливи само во одредени маркетиншки и трговски акции. Веб-страницата на стадионот се вика Бернабеу, како и неговиот официјален профил на социјалните мрежи. Турнејата на стадионот се нарекува турнеја Бернабеу, па дури и подарокот што ...
Познато е дека Кристијано Роналдо од големите милиони кои ги заработил и се уште ги заработува има возен парк од неколку луксузни автомобили кои вредат и неколку милиони долари. Во неговата колекција на луксуз додаде и приватен авион кој чини 73 милиони долари. Станува збор за авион Gulfstream G650, кој секако ќе ги има и неговото лого КР7. Cristiano Ronaldo, eski jetini satışa çıkardıktan sonra 73 milyon dolara yeni bir özel jet satın aldı. ...
Рубен Аморим загуби четири од своите први седум натпревари во Премиер лигата како менаџер на Манчестер Јунајтед, поставувајќи анти-рекорд за клубот. Претходното најлошо постигнување беше на Ерик тен Хаг, под чие раководство тимот го забележа четвртиот пораз по одиграни 13 натпревари. Дополнително, Манчестер Јунајтед под водство на Аморим прими 19 гола во 10 натпревари (7 во Премиер лигата, 2 во Лига Европа и 1 во Лига Купот). Во претходните 18 ...
Англискиот напаѓач Деле Али (28) пристигна во Италија каде треба да ја заврши својата преселба во клубот Комо од Серија А. Али тренираше со Евертон за да ја одржува формата, но минатата недела преку емотивна изјава на социјалните мрежи објави дека неговото време со „Карамелите“ завршило. Непосредно пред тоа, поранешната ѕвезда на Тотенхем и Англија беше виден во Комо, а медиумите сугерираат дека италијанскиот клуб ќе му понуди спасувачки пакет. ...
Зимава ќе ја означи крајот на епизодата на Елиф Елмас во германскиот клуб Ред Бул Лајпциг. Иако беше доведен како големо засилување и се очекуваше да игра клучна улога, Елмас не успеа да се наметне и сега е на пат да го напушти тимот. Според информации на Спортспорт, Елмас е пред враќање во Италија – земјата каде што ја достигна својата најголема фудбалска афирмација. Сепак, овојпат неговата нова дестинација нема да биде Наполи. Напротив, ...
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред натпреварот од 18. коло од Премиер лигата против Евертон истакна дека неговиот тим ризикува да не се пласира во Лигата на шампионите на крајот од сезоната. – Сега ризикуваме да не влеземе во Лигата на шампионите… Секако дека е така! Дефинитивно. Манчестер сити мора што поскоро да почне да освојува бодови и да победува, во спротивно нема да се пласираме во Лигата на шампионите, изјави Гвардиола за ...
Претседателот на Интер, Џузепе Марота го сподели своето мислење за кандидатите за триумф во италијанското фудбалско првенство во сезоната 2024/25. – Денес сме речиси на крајот од првиот дел и фаворитите се секогаш исти. Има мала група на врвот составена од Аталанта, Интер и Наполи, но Милан и Јувентус се спремни да ги фатат, така што навистина сме во средна фаза. Од друга страна, мислам дека еден од главните фаворити годинава е Аталанта затоа ...
Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. По именувањето на оваа функција од страна на новиот претседател на ФФМ Масар Омерагиќ, Пандев даде оставка од функцијата претседател на ФК „АП Брера Струмица“. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции. Горан Пандев е основач на овој клуб, а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата ...
Македонската инфлуенсерка Ана Марија Ивановска предизвикуваше воздишки на стадионот во Торино, на мечот Јувентус-Венеција. Таа како што самата објави на социјалните мрежи е голем фан на Јувентус, но на овој меч немаше премногу причини да се радува, бидејќи нејзиниот омилен тим одигра само 2:2 со последнопласираната екипа во Серија А. View this post on Instagram A post shared by 𝐀𝐧𝐚𝐦𝐚𝐫𝐢𝐚🎀 (@anamariaivanovska) View this post on ...
Египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се најде на удар на навивачите откако објави семејна фотографија пред новогодишна елка. Триесет и двегодишниот фудбалер е муслиман, а во исламската традиција не е вообичаено да се слави Божиќ. Во коментарите на фотографијата, многу корисници на Интернет го критикуваа Салах, нарекувајќи го, меѓу другото, предавник на својата религија. Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Претходно беше објавено ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев одржаа денеска состанок во „Куќата на фудбалот“ со селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски. На средбата, како што соопшти ФФМ, соговорниците „отворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за ...
Шпанските медиуми од утрово пишуваат дека Реал Мадрид е незадоволен од односот на челниците во лигата поради тајмингот на натпреварите на овој клуб. Како што пренесува весникот АС, мадридскиот клуб е незадоволен од тајмингот на гостувањата на Реал. Поточно, „бунт“ го предизвика преголемиот број на гостински мечеви кои започнуваат во доцниот период од 21 часот. Во клубот тоа значи проблеми при враќање дома, што се случува доцна навечер, а потоа ...
Андреа Драгои (22), која британскиот печат ја нарекува „најжешката пливачка“, повторно направи сензација на социјалните мрежи со нов сет фотографии. Оваа Романка живее во Соединетите Американски Држави и моментално се фокусира на студиите на Универзитетот во Сан Хозе. Регистрирана е во универзитетскиот пливачки клуб и стана ѕвезда на социјалните мрежи, но и на модните писти, каде има учествувано на неколку модни ревии. View this post on ...
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска Асоцијација за ФФМ. Во писмото на Инфантино стои: Прифатете ги моите најтопли поздрави и ...
Манчестер сити ќе изврши голема ротација, пишува „Дејли рекорд“. Работата за освежување на тимот ќе започне во зимскиот преоден рок и ќе продолжи по завршување на сезоната. Според британскиот медиум „Граѓаните“ веруваат дека „суштината“ на тимот е изгубена. Раководството на клубот планираат да се разделат со најмалку пет-шест играчи од стартната постава за да ги обноват своите редови и да продолжат да работат во нов правец. Како што пренесоа ...
Хјустон Рокетс го победи Голден Стејт Вориорс со 91:90 и се пласираше во полуфиналето на НБА купот во Лас Вегас, а по натпреварот повеќе се зборуваше за бојата на теренот отколку за самата игра. Jalen Green with the game-winning FTM in #EmiratesNBACup Quarterfinals action! pic.twitter.com/NXLNGilMcx — NBA (@NBA) December 12, 2024 Двете слободни фрлања на Џејлен Грин на 3,5 секунди до крајот го решија победникот, иако Хјустон за малку ќе ...
Поранешниот француски репрезентативец Рафаел Варан се маскира при посетата на стадионот Болаерт-Делелис каде го следеше натпреварот помеѓу родниот Ленс и ПСЖ. Извршувањето на секојдневните активности може да биде тешка задача за фудбалерите кои се во пензија бидејќи знаат како да се сретнат со навивачи кои од нив бараат автограми и фотографии, а Варан реши да се маскира за да избегне непријатни ситуации. Носеше капа и шал во боите на неговиот ...
Искусниот 31 годишен дефанзивец Мите Цикарски ги засили редови на Вардар пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Цикарски, кој потекнува од фудбалската академија на Вардар се врати во црвено – црните редови од екипата на Македонија Ѓ.П. Искусниот лев бек кариерата настапуваше и за Работнички, Брера, Етникос, ПАС Јанина, Газ Метан и Ботев Пловдив. Цикарски со Вардар освои две ...
Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец (48/16), со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ. Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)…ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и ...
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин му го честиташе денеска изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат и Вардар, и долгогодишен спортски работник, 51-годишниот Омерагиќ во неделата беше избран со акламација за прв човек на македонскиот фудбал, наследувајќи го Муамед Сејдини. Потенцирајќи дека оваа година се ...
Барселона почна фуриозно на почетокот на есента, победувајќи во серија, а потоа се случи падот. По лошите резултати следеа финансиски неприлики и обрачот околу вратот што каталонскиот гигант треба да најде пари веќе во јануари. Поради оваа причина, Барса направи план преку излезни трансфери. Ансу Фати, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Френки Де Јонг се пречкртани. Последниот е најголемото изненадување бидејќи испадна од составот, а со ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се осврна на победата над Севиља (4:2) во 18. коло од Ла Лига. Французинот постигна гол и асистенција. – Реал играше многу добро, многу се подобривме во последните неколку месеци. Чувствувам дека навивачите беа воодушевени по натпреварот, како и ние. Многу работи се променија во тимот од моето доаѓање. Но, како што рече тренерот, адаптацијата е завршена. Се чувствувам одлично, почнав подобро да ги ...
Фудбалерите на Реал го совладаа тимот на Севиља со резултат 4:2 во 18. коло од Примера, а особено задоволен по триумфот беше тренерот на кралскиот клуб. Карло Анчелоти конкретно се осврна на Килијан Мбапе, кој долго време беше мета на критичарите… -Вчера кажав дека заврши периодот на адаптација на Mбапе… и денес ми докажа дека понекогаш и јас сум во право. Беше самокритичен. Излезе од тешка ситуација и го покажа сиот свој квалитет – изјави ...
Една златна и пет бронзени медали освоија нашите репрезентативци на меѓународниот „Таеквон-до ИТФ“ натпревар во традиционално теаквон-до што деновиве се одржа во Солун. Во исклучително силна конкуренција на 1239 натпреварувачи од 17 земји од целиот свет, Миа Танеска го освои златното одличје, додека со два бронзени медали во категориите У-18, форми и борби се закити Теодора Митреска, а бронзени медали освоија во сениорска конкуренција и ...
Невидената криза во Манчестер Сити продолжи, а менаџерот Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција продолжи да ги повторува причините за киксовите на до неодамна најсилниот тим во светот. Манчестер Сити победи само на еден од последните 11 натпревари. Од тоа забележа уште две нерешени и дури осум порази, што е најголемата криза во кариерата на Пеп Гвардиола. Причините за распадот на до неодамна најсилниот тим на светот се многубројни, но ...
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар. Веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата. На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Tuttosport“. Според британскиот медиум, Манчестер сити е во конкуренција за ангажман на 37-годишниот Аргентинец. Забележано е дека тренерот Пеп Гвардиола сака да го види Меси во својот тим. Сити би можел да го ангажира напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната. Косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, не е против да го пушти играчот да си оди ...