Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје информираше дека изминатиот викенд на Клиниката било гласно и радосно. Оттаму споделија дека се родиле вкупно 32 новороденчиња. „На среќните родители им честитаме, а на нашите нови сограѓани им посакуваме среќно детство и убави животни приказни. Најголемата радост кај нас доаѓа од најмалите“, порачаа од ГАК. ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје ...
71-годишна скопјанка ја пријавила во полиција поранешната партнерка на нејзиниот син поради закани. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека на 16.08.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Карпош, А.С., поранешна партнерка на нејзиниот син, упатувала закани на неа и на нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 71-годишна скопјанка ја ...
Ноќеска во 03:00 часот во СВР Велес било пријавено дека Ф.К. физички ја нападнал неговата 40-годишна невенчана сопруга во домот во Велес каде таа привремено престојувала. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот Ф.К. исто така запалил и предмет кој бил изгаснат од нејзина пријателка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Ноќеска во 03:00 часот во СВР Велес било пријавено дека Ф.К. ...
Медицинска сестра од скопските клиники паднала и тешко се повредила доцна синоќа. Вчера во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, медицинска сестра се здобила со тешки телесни повреди. Според пријавеното, М.С.(37) од Скопје, вработена како медицинска сестра на една од клиниките, паднала додека ги извршувала своите работни задачи. На местото бил извршен увид. ...
26-годишен тетовец доби кривична пријава поради кражба на електричен тротинет од малолетник. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Б.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 20.05.2026 во Тетово, пријавениот со употреба на сила одзел електричен тротинет од малолетник. 26-годишен тетовец доби кривична пријава поради кражба на електричен ...
Тригодишно дете е повредено во несреќа со лифт во зграда во скопско Радишани. Малото девојче со тешки повреди е пренесено на лекување во болница. - Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се ...
Пожар избувнал во товарно возило „мерцедес“ додека се движело низ Скопје. - Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улицата „Народни херои“ и булеварот „Борис Трајковски“ настанал пожар во товарно возило со радовишки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.У. од Радовиш, информираа од МВР. Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го ...
Од Град Скопје информираа дека денес втората тура од 115 ученици од средните училишта во Скопје заминале за Охрид, каде ќе бидат дел од бесплатниот наставно-научен едукативен камп. Оттаму велат дека целта е младите да го поминат летото поинаку – не само со одмор и дружење, туку и со учење, истражување, откривање нови интереси и развивање на сопствените потенцијали. „Во текот на престојот, учениците ќе учествуваат во научно-истражувачки ...
Утре во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. Утре во официјална посета на Македонија ќе ...
Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период биле реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот, информираа денеска од Општина Илинден. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Во Полициското одделение Групчин е пријавено исчезнување на 17-годишна девојка од тетовско. Според пријавата, Н.М.(47) од село Желино пријавил дека неговата ќерка А.Н.(17) вчера околу 11 часот излегла од домот и не се вратила. Последен пат се слушнала со својата мајка, при што кажала дека се наоѓа во Струга, а оттогаш е недостапна. Полицијата презема мерки и активности за нејзино пронаоѓање. Во Полициското одделение Групчин е пријавено ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и ...
Глобалниот интерес за критичните минерали расте, а експертите очекуваат Македонија да преземе поактивен пристап кон искористувањето на сопствениот минерален потенцијал. Во домашното рударство во моментов работат четири рудници за метални суровини. Само „Бучим-Боров дол“ произведува критичен и стратешки минерал – бакар. Во делот на новите инвестиции, пак, на располагање е само проектот „Иловица-Штука“, кој предвидува изградба на рудник за ...
Управата за Финансиска полиција соопшти дека кривична пријава за даночно затајување и оштетување на доверители била поднесена против управител и сопственик на правно лице, како и против самото правно лице. Според пријавата доставена до ОЈО Скопје, В.Р. во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека компанијата е неспособна за плаќање и дека ѝ претстои стечај, преземал дејствија со кои, според сомнежите, го намалил имотот од кој ...
Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со надлежните служби и ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека средните училишта во Скопје добиваат нови и модерни спортски терени. „Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност. Секој нов терен е дополнителен мотив да продолжиме уште посилно, затоа што нема поважна инвестиција од онаа во здравјето, развојот и иднината на младите. Создаваме современи и безбедни услови што ќе ги поттикнат ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека Општината обезбедила бесплатно ранче и прибор за секое прваче. „Оваа учебна година во Ѓорче Петров ќе имаме 410 првачиња. Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ - идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување“, истакна Стојкоски. Тој посочи дека Општината ...
Обидот за едноставно рециклирање пластични шишиња за Маја Бабиќ, генерален менаџер на „Баги Комуникации“ и директор на Асоцијацијата на ивент индустрии ИВАП, се претворил во обиколка низ неколку маркети, откако на две различни локации машините за повратна амбалажа не биле во функција. Во објава на Фејсбук, Бабиќ своето искуство иронично го насловила „Како да ја убиеш желбата за рециклирање во два чекора“. Како што раскажува, најпрво ги ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека Општината обезбедила ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче. „Првиот училишен ден е денот кога нашите првачиња го паметат и го поминуваат низ забава. И оваа година сите првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година“, истакна Костовски, додавајќи дека првачињата во ...
Вчера во 17:25 часот во село Морани, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го привеле Б.А.(20) од село Студеничани, скопско. Претходно, Б.А. управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници. Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а при движење наназад удрил и во службено ...
По пријавите од граѓаните за зголемена појава на глодари, вчера и денеска се спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале во скопски Центар. Надлежните екипи се на терен, а состојбата ќе се следи и во наредните денови. Доколку се утврди потреба, дератизацијата ќе биде проширена и на други локации, информираа надлежните. Граѓаните се повикуваат да продолжат да ги пријавуваат местата ...
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска информираше дека отпочнати се градежните активности за реконструкција на првата фаза од патниот правец Добри Дол – Марков Манастир, во должина од 500 метри. Тој посочи дека во рамки на овој проект е опфатено и атмосферско одводнување на улицата, со што ќе се подобрат условите за движење, безбедноста и инфраструктурата за жителите. „Ова е реализација на уште едно ветување од нашата ...
Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. - Целта на средбата беше согледување на проблемите ...
Полицијата во Охрид уапси 71-годишен маж од Скопје по пријава дека во куќа агресивно се однесувал, упатувал закани кон 28-годишен маж од Кичево и други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност. Инцидентот се случил завчера, а осомничениот бил приведен на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа ...
Општина Гази Баба информираше дека синоќа на терен започнале со нова вонредна акција за прскање против комарци, како дел од засилените активности за заштита на здравјето на граѓаните. Акцијата започнала од Керамидница, по што екипите продолжиле и на други локации низ Oпштина Гази Баба. Станува збор за координирана акција на Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, како што велат, со заедничка цел – навремено и ефикасно ...
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода синоќа спроведе редовно третирање против комарци во општината. „Со специјализирани возила активно дејствуваме против возрасните комарци низ сите критични подрачја во општината. Акцијата која започна во 22:00 часот ќе трае сè додека не бидат целосно опфатени сите локации, со цел заштита на граѓаните и справување со масовното размножување на комарците“, истакна градоначалничката на Општина ...
Од ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Карпош и Центар. - Поради изведување на водоводен приклучок на улица „2“ бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улица Козле-висока зона.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите. - Поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улица Мирче Ацев бб, прекинато ...
Денес не само што можете да сонувате, туку и да размислите како тие идеи да ги претворите во реалност. Photo by Zulfugar Karimov on Unsplash Меркур денес влегува во Девица, знак со кој природно се поврзува, носејќи повеќе концентрација, практичност и внимание кон деталите. Во следните недели ќе биде полесно да ги организирате обврските и да завршите работи што сте ги одложувале. Месечината во Водолија го насочува вниманието кон желбите, ...