Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Млада девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајка со мопед во Кисела Вода. - На 02.08.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје С.М.(22) од Скопје додека управувал мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија ...
Македонската полиција трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која по влезот во државата не е достапна на телефонските повици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2. август во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1. август влегла во Македонија преку граничниот премин „Табановце“, по што ѝ се губи трагата. Според пријавата, по влегувањето во државата таа повеќе не била ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од земјата времето на чекање е приближно еден час, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема поголеми задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. Според информациите на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки и по суви ...
Полицијата приведе 52-годишен жител на Струга поради инцидент што се случил за време на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во селото Ташмаруништа. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Г. (52) бил лишен од слобода завчера во 14:15 часот, по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, по што упатувал вербални навреди кон јавни личности присутни на ...
Македонската полиција трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која по влезот во државата не е достапна на телефонските повици. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2. август во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1. август влегла во Македонија преку граничниот премин „Табановце“, по што ѝ се губи трагата. Според пријавата, по влегувањето во државата таа повеќе не била ...
Во текот на изминатиот викенд (31 јули – 3 август), полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, 23 лица биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, деветмина возеле под дејство на алкохол, едно лице управувало ...
Над 17.000 лица ја напуштиле Македонија во последните 24 часа преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, додека во истиот период во државата влегле околу 16.000 патници, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи. Поради зголемената фреквенција на возила, во текот на денот се создадоа долги колони на двата гранични премини, а најголем метеж беше забележан кај „Дојран“, каде што колоната возила се ...
26-годишен државјанин на Египет со престојувалиште во Гостивар пријавил во полиција дека бил физички нападнат од продавач на тезга за овошје и зеленчук, а во нападот се приклучило и женско лице. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2026 година околу 19 часот, инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ во Гостивар, пред тезга за овошје и зеленчук. Случајот бил пријавен во Полициската станица Гостивар во ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар. Според првичните информации, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во медиумите се појави видео од инцидентот, на кое се гледа автобусот зафатен од пламен. Поради интервенцијата, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар се одвивал отежнато во изминатите часови. Причините за пожарот засега се непознати. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...
Ова е добар ден прво да завршите сè што бара иницијатива, а потоа да се посветите на создавање мир и ред. Photo by Minh Pham on Unsplash Денот започнува со хармоничен секстил меѓу Месечината во Овен и Марс во Близнаци, кој носи енергија, брзи одлуки и желба за акција. Подоцна, Месечината преминува во Бик и го насочува вниманието кон стабилноста, финансиската сигурност и практичните решенија. Овен Денот започнува динамично и ќе имате доволно ...
Август е месец што не бара совршенство, туку искреност. За некого ќе биде време на ослободување, за друг на трпение, а за трет на храбри одлуки. Еве која е најважната лекција што ѕвездите ја подготвуваат за секој хороскопски знак. Овен Вашата лекција е дека не мора секоја битка да биде ваша. Понекогаш најголемата сила е да знаете кога да се повлечете и да ја зачувате енергијата за она што навистина вреди. Бик Август ве учи дека сигурноста ...
Пожарот во атарот на кавадаречкото село Раовец повторно се активираше во текот на попладневните часови, а огнот се шири кон непристапен предел во близина на Тиквешкото Езеро, што дополнително ја усложнува интервенцијата на пожарникарските екипи. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава до јавноста информираше дека веднаш се мобилизирани два ер трактори, а во акцијата ќе се приклучат и ...
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари убедлива победа од 33:23 против Италија на Европското првенство 2026, кое се одржува во Србија. Македонските ракометари уште во првото полувреме ја презедоа контролата врз натпреварот и на паузата заминаа со предност од 17:13. Во продолжението ја зголемија разликата и без поголеми проблеми стигнаа до заслужен триумф. Селекторот Горан Кузманоски им даде можност за настап на сите ...
52-годишен мотоциклист од Скопје излетал од пат. Со тешки повреди завршил во градската општа болница „8-ми септември“. - На 02.08.2026 година во 23:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат село Ростуше – село Битуше се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Н.(52) од Скопје, излетал од коловозот. Возачот со возило на Итна медицинска помош од Здравствениот дом ...
Вчера пред полноќ се запалил „голф“ во движење во тетовско. - На 02.08.2026 година во 23:40 часот во СВР Тетово е пријавено опожарено патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки на регионалниот пат Тетово – село Брвеница. Возилото било управувано од Р.М.(30) од село Теново, која изјавила дека пожарот избувнал во предниот дел кај моторот додека била во движење, информираа од МВР. Нема повредени лица, додека пожарот е целосно ...
4-годишно дете од Скопје било прегазено од возило на улица во Гостивар. Пренесено е на скопските клиники. - Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки ...
Две малолетни лица од Скопје биле физички нападнати во апартман на кеј „Македонија“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 21:25 часот во СВР Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници на Центарот за социјални работи Охрид. Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава Две ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...
Мајка и две деца се повредени викендов во сообраќајка со четирицикл во тетовско село. - На 01.08.2026 во 13:25 часот, во СВР Тетово од Итната медицинска помош Тетово е пријавено дека четирицикл излетал од патот во атарот на село Бозовце. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и утврдиле дека М.А. (43) од с. Шипковица со престој во Германија, управувајќи четирицикл, на кој како сопатници биле нејзините две малолетни ...
По продолжениот празничен викенд, денеска се очекува зголемена гужва на патиштата и граничните премини, со оглед дека од утре почнува работната недела. Утрово, како што информираа надлежните, поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин ГП Табановце за влез во земјата е околу 1 час, на ГП Богородица за излез од земјата околу 1 час, а на ГП Дојран за излез од земјата околу 1 час. Се очекува во попладневните и ...
Во среда, на 5 август 2026 година, во селото Бразда, општина Чучер-Сандево, ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на изградбата на црквата „Свети Спас – Видране“. Концертот ќе започне во 20:00 часот на спортското игралиште во селото, а сите собрани средства од донациите ќе бидат наменети за изградба на храмот. На сцената ќе настапат голем број познати македонски естрадни уметници, меѓу кои Гоце Пејковски, Спасен Силјаноски, Наум ...
Познатата охридска авторка Јасмина Петковска, позната како „Белиот Лебед“, преку објава на Фејсбук јавно реагираше на однесувањето на дел од малолетните посетители кои изминативе денови престојувале во Охрид без родителска придружба. Таа тврди дека групи од деца на возраст од 14 до 16 години биле сместувани по десетина во еден стан, а нивното однесување предизвикало сериозно вознемирување кај станарите. „Викање, тепање меѓу нив, вриштење по ...
Општина Карпош продолжува со спроведување на мерката за субвенционирање на теоретска и практична обука за полагање возачка дозвола од Б категорија за млади жители на општината. Според податоците на Општината, досега се поднесени 264 барања, од кои 216 млади лица целосно ја завршиле постапката. За оваа намена досега се исплатени 3.445.048 денари. За реализација на мерката се обезбедени вкупно 5 милиони денари, а јавниот повик останува отворен ...
Eдна година по трагичната смрт на Душко Чифлиганец, неговата сестра Драгана Чифлиганец се врати на патеката во Брно во Чешка каде што го загуби својот брат и сподели емотивна порака. - Празнина како вулканска дупка. Болка за која никогаш не можев ни да помислам дека ќе ја доживеам. Наместо празник – тага до крајот на животот Помина една година, а болката не стивнува само е поголема од ден на ден. Недостигаш во секој ден, во секој здив и во ...
Прилепчанец уапсен пред градскиот стадион во Битола за време на концертот на балканската мега ѕведза Здравко Чолиќ. - На 02.08.2026 во 01:15 часот на ул.„Крушевска Република”, пред Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.М.(31) од Прилеп, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир, информираа од МВР во дневниот билтен. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. ...
Три лица, од кои и дете, се повредени во сообраќајка на скопски булевар изминатиот празничен викенд. Имено малолетник со мопед удрил во повозрасен пешак. - На 01.08.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, мопед управуван од малолетник удрил во пешакот А.Ч. (84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ч., а со телесни повреди се здобиле возачот и ...
Македонија и натаму е под влијание на силен топлотен бран, а денеска се очекува максималната дневна температура да достигне до 39 степени Целзиусови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува ветер од североисточен правец во западните делови на земјата, додека во источните предели ќе преовладува северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени. Од УХМР најавуваат дека многу топлото ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во скопското епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потресот бил почувствуван во 21:54 часот од жителите на Скопје и околината. Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со локална ...
Месечината денес е во Овен и се спојува со Сатурн, носејќи сериозност, дисциплина и силен фокус. Photo by Rafael Peier on Unsplash Ова е ден кога ќе биде полесно да се посветите на долгорочните цели и да направите конкретни чекори кон нив. Ако сте трпеливи и организирани, резултатите нема да изостанат. Овен Месечината во вашиот знак ви носи решителност и самодоверба. Денес ќе бидете подготвени да преземете одговорност и да направите важен ...