Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Двајца прилепчани биле лишени од слобода по пријава дека физички нападнале 29-годишна жена и го оштетиле нејзиното возило. Од МВР информираат дека на 12 август во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле Ѓ.Х. (32) и Ѓ.Х. (25). — реклама — — реклама — Според пријавеното, инцидентот се случил на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, каде двајцата физички ја нападнале А.А. (29), а притоа го оштетиле и нејзиниот автомобил. ...
Пожар избувнал во куќа на улицата „Индустриска“ во Битола, при што, според информациите од МВР, нема повредени лица. — реклама — Случајот бил пријавен во СВР Битола на 12 август во 3 часот по полноќ. Припадници на Територијалната противпожарна единица Битола интервенирале на местото и го локализирале пожарот. — реклама — — реклама — Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. Пожар избувнал во куќа на улицата „Индустриска“ во ...
На 11 август, 73-годишен скопјанец се здобил со повреди откако му се слошило и паднал додека се движел пеш по кејот на реката Треска, во близина на Матка. — реклама — — реклама — Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во 12:50 часот во СВР Скопје. На Б.К. му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. — реклама — — реклама — Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. На 11 ...
Полицијата во Битола лишила од слобода 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. — реклама — — реклама — Од СВР Битола информираат дека И.М. бил приведен на 11 август во 08:00 часот, откако во семејниот дом ја нападнал 29-годишната сопруга. — реклама — — реклама — Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Професорката на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Тамара Јованов, јавно побара од надлежните институции да излезат со официјални информации за квалитетот на водата за пиење во градот, откако, како што наведува, се зголемил бројот на граѓани, особено деца, со стомачни тегоби. Јованов тврди дека во Штип има голем број случаи на стомачен вирус, но дека досега нема јасна информација од Општината дали состојбата е на кој било начин поврзана со ...
Порака со непоткрепено тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли се шири меѓу граѓаните, медиумите и на социјалните мрежи, создавајќи вознемиреност. Во пораката нема ниту лабораториски наод, ниту информација која институција наводно ја открила бактеријата, додека последниот дневен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје покажува спротивно – сите испитани примероци од градскиот водоснабдителен систем ...
Здравствената криза во Гостивар продолжува, а граѓаните и по пет недели сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвини портпаролката на СДСМ Кети Штерјова на денешната прес-конференција. — реклама — Штерјова изјави дека, според информации со кои располага партијата, има нови заболени, како и случаи на реинфекција кај граѓани кои повторно се разболеле. Според неа, тоа укажува дека ризикот сè уште не е отстранет и дека причината за загадувањето ...
При сообраќајна контрола во Тетово бил приведен 25-годишен мотоциклист кој управувал без положен возачки испит, а возилото не било регистрирано повеќе од шест месеци. — реклама — Од МВР информираат дека на 12 август во 2:40 часот, на улицата „Борис Кидрич“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.А. (25) од Тетово. — реклама — — реклама — При контролата било утврдено дека тој управувал мотоцикл со тетовски регистарски ...
19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека се оддалечил од домот. — реклама — — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А. пријавила дека нејзиниот внук С.А. (19) го напуштил домот на 10 август и оттогаш не е пронајден. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека се преземаат мерки и ...
Полицијата привела 35-годишен маж од тетовско село по пријава дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга во нивниот семеен дом. — реклама — — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 август во 16:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода У.С. (35), постапувајќи по претходно поднесена пријава од неговата сопруга. — реклама — — реклама — Лицето било задржано во ...
Остри реакции преку соопштение од СДСМ по државната прослава по повод 35 години независност, откако, како што тврдат од партијата, на настанот било прикажано погрешно македонско знаме. — реклама — Од СДСМ велат дека пропустот е особено сериозен бидејќи станува збор за официјална државна прослава, за која биле издвоени значителни средства од буџетот. Партијата бара одговор кој го изработил материјалот со погрешното знаме, како и колку чинела ...
Едно лице загина, а 172 патници се евакуирани откако траектот „KM Putri Jasmin“ се запалил во водите кај индонезискиот остров Ломбок, при враќањето од туристичкиот остров Бали. — реклама — Шефот на локалната спасувачка служба, Мухамед Харијади, за „Ројтерс“ изјавил дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по патници за кои сè уште нема информации. — реклама — — реклама — Засега не е познато како избил пожарот, ниту колку лица се ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека повеќе од 400 извештаи за квалитетот на водата во Гостивар биле доставувани до надлежните институции, но дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Рената Младеновска со години не презеле конкретни мерки. — реклама — Од партијата велат дека Филипче денес се обидува да ја префрли одговорноста, иако, според нив, имал информации и документација за состојбата со водата. — реклама — „Гостиварци ...
Пет недели по избивањето на кризата со водоснабдувањето, граѓаните на Гостивар сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвинуваат од СДСМ преку соопштение. — реклама — Од партијата велат дека проблемот сè уште не е решен и дека нема одговорност за случајот во кој, според нивните наводи, околу 5.000 граѓани биле затруени. — реклама — СДСМ реагира и на начинот на кој се дистрибуира флашираната вода, посочувајќи дека таа не стигнува до жителите ...
Северна Кореја повторно ја зголеми тензијата на Корејскиот Полуостров, откако утринава истрела балистичка ракета кон Источното Море, соопшти јужнокорејската војска. — реклама — Според Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, лансирањето било регистрирано околу 6 часот наутро од областа Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја. Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а јужнокорејските и американските власти во моментов ги анализираат ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а 20 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. — реклама — Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Студеничани, над село Моране, каде е зафатена мешана ...
Спасувачките екипи во Колумбија успеале да извлечат живо бебе од урнатините на станбена зграда која се урнала по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди западниот дел на земјата. — реклама — Еден од спасувачите раскажал дека бил на околу еден и пол блок од зградата кога го слушнал уривањето. Веднаш се упатил кон местото и почнал да ги повикува луѓето кои можеби биле заробени под урнатините. Од купиштата ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, 12 август, поради планирани интервенции, без електрична енергија ќе останат неколку корисници во Скопје и Петровец. — реклама — — реклама — — реклама — — реклама — Од 08:30 до 13:00 часот – дел од населбата Момин Поток, на улицата „Калош Дани“, каде што се наоѓаат фирмите „Стил Железо“, „Синтекс“ и „Европа 92“. Од 09:00 до 13:00 часот – објектот на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец. Од 09:00 до 14:00 ...
Стабилно и многу топло време се очекува во земјава, со претежно сончево време и мала до умерена облачност, информира УХМР. — реклама — — реклама — Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе биде засилен. — реклама — — реклама — Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во делови од Скопската Котлина ќе дува повремено засилен северен ветер. Стабилно и многу топло време се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно се осврна на случајот со неговиот син Данило, на кого во минатото му бил забранет влез во Црна Гора. — реклама — „Дали знаете дека мојот син беше протеран три години, односно му беше забранет влез?“, рекол Вучиќ, пренесуваат црногорските медиуми. — реклама — Забраната за влез на Данило Вучиќ во Црна Гора била укината во ноември 2021 година, кога црногорската полиција соопштила дека мерката е ...
Проблемот со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи е надминат, а припадниците на МВР повторно непречено можат да ги користат здравствените услуги, информираат МВР и Фондот за здравствено осигурување. — реклама — Во текот на денот, двете институции биле во континуирана координација, заедно со Управата за јавни приходи, при што биле преземени активности за утврдување и отстранување на причините поради ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Русија се согласила да го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година се наоѓаше во затвор во Русија. — реклама — Според американски претставници, Гилман бил ослободен откако рускиот претседател Владимир Путин одобрил негово помилување поради нарушената здравствена состојба. Американската администрација претходно бараше Москва да го ...
Една хумана одлука, донесена од семејство во најтешки моменти, резултирала со нова шанса за живот за двајца пациенти, објави министерот за здравство, Сашо Клековски. — реклама — Клековски посочи дека минатиот месец семејство дало согласност за органодарителство, по што била извршена трансплантација и двајца пациенти добиле можност за нов и поквалитетен живот. „Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот живот. Одлуки донесени во ...
Семејство во западна Колумбија за малку избегнало трагедија, откако успеало да го напушти својот дом непосредно пред тој да биде силно погоден од земјотресот со магнитуда од 7,4 степени. — реклама — Семејството го снимило моментот кога излегува од куќата, само кратко пред силниот потрес да го затресе објектот. Земјотресот е најсилниот што ја погодил Колумбија од 1970 година. — реклама — View this post on Instagram — реклама — Потресот бил и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори доколку, како што вели, има предизвик од опозицијата, но оценува дека во моментов е поверојатно изборите да се одржат во редовниот термин. — реклама — „Ако има предизвик од опозицијата, предвремени избори ќе има. Нормално е, во вториот дел од мандатот сме. Ама, како што изгледа, ќе има редовни избори“, рече Николоски. — ...
Илјадници туристи останаа заглавени на Сицилија поради активноста на вулканот Етна, кој и натаму исфрла облаци пепел по ерупцијата од минатата недела. Поради вулканската активност, воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија е сериозно нарушен. — реклама — Аеродромот во Катанија е целосно затворен до утре во 11 часот, а повеќе од 200 летови биле откажани или пренасочени. Сообраќајот е нарушен веќе петти ден, во екот на туристичката сезона. ...
На територијата на земјава до 18 часот денеска се регистрирани 15 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. — реклама — Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, кај Ново Село на ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди западна Колумбија се искачи на 224, според последните податоци на локалните власти што ги пренесува „Ројтерс“. Спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините, а властите очекуваат бројот на жртвите да може дополнително да се зголеми. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди Колумбија вчера во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел ...
Мајка и нејзиното шестмесечно бебе биле извлечени живи од урнатините по силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по луѓе заробени под урнатите објекти. — реклама — Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени ја погоди земјата на 10 август, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар во областа Чоко. Потресот предизвика големи разурнувања во повеќе делови од Колумбија, а бил почувствуван и во ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДС и неговото актуелно раководство дека продолжуваат со, како што наведуваат, „лаги и хистерија“ во јавноста, реагирајќи на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски. — реклама — Од партијата упатија остри критики кон Жерновски, кого го обвинија за менување политички партии и неуспешна политичка кариера. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој е дел од актуелното раководство на СДС, кое, според нив, ги критикува резултатите ...