Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Пронајдено заталкано зрно од огнено оружје во близина на куќа во Драчево, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот. — реклама — МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 20:45 часот во СВР Скопје, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. — реклама — — реклама — Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и целосно ...
СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии. ...
Спасувачките екипи се на терен на Пелистер, каде што во близина на Мало Езеро е лоцирано повредено лице. На лицето веќе му е укажана прва помош, а во тек се активности за негово безбедно извлекување од теренот. — реклама — — реклама — Акцијата се спроведува во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), екипи на Националниот парк „Пелистер“ и итната медицинска помош од Битола. — реклама — ...
На 17 август, во пресрет на Денот на Армијата – 18 август, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде изведена почесна артилериска стрелба. Од Армијата информираат дека почесната стрелба ќе започне во 19 часот, а ќе биде изведена од единица на артилерискиот баталјон со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. — реклама — — реклама — Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена и пробна артилериска стрелба со еден плотун од шест ...
Руските и украинските сили во текот на ноќта извршија нова серија масовни воздушни напади, при што има жртви и повредени во Киев, додека Москва тврди дека кон рускиот главен град биле насочени стотици украински беспилотни летала. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град, при што избувнале пожари во најмалку два квартови. Според досегашните информации, загинале ...
Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот. — реклама — Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се постигне со една акција, туку бара ...
Пациенти на Клиниката за онкологија реагираат дека подолг период недостигаат повеќе терапии, а дел од нив велат дека со недели чекаат информација кога лековите повторно ќе бидат достапни. До „Скопје1“ се обратија пациенти кои тврдат дека во моментов недостигаат најмалку четири препарати – „рибоциклиб“, „фулвестрант“, „капецитабин“ и „пазопаниб“. Една пациентка посочува дека недостатокот трае повеќе месеци и дека онколошките пациенти се ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но изрази забелешка што во нивните реакции, според него, не се посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто за првоповиканиот во случајот, а ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот Е.Ј. од Жировница, откако при претрес во неговиот дом и помошни простории била пронајдена темнокафеава прашкаста материја. — реклама — Претресот бил извршен на 16 август, во периодот од 03:25 до 04:00 часот, врз основа на судска наредба. При претресот материјата била пронајдена и одземена. — реклама — — реклама — Е.Ј. бил задржан во полициска станица за понатамошна ...
Вашингтон можеби постепено ги ублажува првичните цели во конфликтот со Иран, оценува CNN, посочувајќи дека реториката на администрацијата на Доналд Трамп во последниот период покажува значително помалку амбициозни очекувања од оние со кои САД влегоа во војната. На почетокот американските цели опфаќаа целосна капитулација на Иран, промена на режимот, целосна денуклеаризација и прекин на поддршката за проиранските вооружени групи на Блискиот ...
Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција бара одговорност од институциите и тврди дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати алармирало дека тој има сериозни психички проблеми и дека е потребна помош. Љупчо е исчезнат веќе десет дена, а неговото семејство и блиските секојдневно го бараат. Дарко во објавата наведува дека во периодот пред исчезнувањето имало моменти кога неговиот вујко престанувал да ја зема ...
Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во Србија, во околината на Краљево. Според Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, земјотресот се случил во 5:24 часот. — реклама — — реклама — Најблиски населени места до регистрираниот епицентар, според неговите координати, се населбата Лесковац во општината Книќ, како и Губеревац и Сибница во околината на Краљево. — реклама — Засега нема информации за ...
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). — реклама — На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час. — реклама — — реклама — На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е интензитетот на ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. — реклама — Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода ...
Македонци се бараат по кражба на бензинска станица во Косово. На снимка од безбедносните камери се гледа како автомобил застанува во близина на друго возило, по што едно лице излегува, зема нешто од автомобилот и се враќа во својот автомобил. — реклама — — реклама — View this post on Instagram — реклама — Засега нема дополнителни детали за случајот. Македонци се бараат по кражба на бензинска станица во Косово. На снимка од безбедносните ...
Бројот на загинати во силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди областа Чоко во Колумбија се искачи на 294, соопшти Националната единица за управување со ризик од катастрофи (UNGRD). Земјотресот со јачина од 7,4 степени повредил 3.935 лица, додека 320 лица и натаму се водат како исчезнати. — реклама — Според најновите податоци, последиците од земјотресот погодиле вкупно 115.461 лица. — реклама — Во силниот земјотрес биле целосно ...
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Бошава“, Петар Јованов, апелира случајот со забраната за користење на водата од градскиот водовод во Демир Капија да не се користи за дневнополитички цели, нагласувајќи дека дополнителните анализи треба да ја утврдат причината за различните резултати. Забраната за пиење и подготовка на храна со водата беше воведена откако примероци, земени од истото мерно место во понеделникот и вторникот, ...
Авионскиот сообраќај на аеродромот во Катанија денеска повторно е воспоставен, откако претходно беше прекинат поради активноста на вулканот Етна. Аеродромската компанија SAC соопшти дека од 14 часот повторно се отворени секторите C1 и B3, откако нивото на предупредување за вулканска активност беше намалено од „црвено“ на „портокалово“. — реклама — Летовите, и за пристигнувања и за заминувања, продолжија од 14 часот. Од 6 до 12 август биле ...
Возачите се предупредуваат на внимателно возење на регионалниот пат Струмица–Валандово, каде што по поминување на Костурино има поголема количина истурени пиперки на коловозот. — реклама — — реклама — Поради состојбата на патот, можно е сообраќајот на овој дел да се одвива отежнато. Возачите се повикуваат да ја намалат брзината, да бидат внимателни и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. — реклама — Возачите се предупредуваат на ...
Пет лица се повредени во пукање што се случило рано утрово на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно од повредените лица е во критична состојба. Според информациите од универзитетот и полицијата, пукањето се случило околу 1:28 часот по локално време, во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“. Во инцидентот учествувале повеќе лица, соопштија надлежните. — реклама — — реклама — Сите повредени биле пренесени во ...
Жителите на Крушеани не треба да ја користат водата од јавната чешма со кисела вода за пиење, соопшти Општина Кривогаштани. Според извештајот за здравствената исправност на водата, издаден од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп на 6 август 2026 година, анализираниот примерок не ги исполнува условите за безбедна вода за пиење. — реклама — Во водата е утврдено присуство на бактериите Escherichia coli, intestinal enterococci и Pseudomonas ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле напади врз цели во украинските пристаништа Одеса, Јужни и Измаил, за кои тврди дека се поврзани со снабдувањето на украинските вооружени сили. Наводите на руското Министерство не се независно потврдени. Според руските власти, меѓу погодените цели биле складиште за гориво во пристаништето Јужни, патролен чамец во Одеса, како и објекти за складирање и транспорт на гориво во ...
По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани. Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ...
Најмалку двајца Палестинци се убиени, а 14 се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа во последните 48 часа, соопшти Министерството за здравство во енклавата. Со најновите жртви, бројот на загинати Палестинци од стапувањето на сила на прекинот на огнот во октомври минатата година достигнал 1.262, додека 4.168 лица биле повредени. Податоците ги пренесува палестинската новинска агенција WAFA. — реклама — — реклама — Од почетокот на ...
Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, Општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција поради недолично однесување и упатување закани кон екипа на Итната медицинска помош. Според МВР, на 13 август, околу 19:15 часот, Ф.А. повикал Итна медицинска помош во својот дом за да ѝ биде укажана лекарска помош на неговата мајка. — реклама — — реклама — Медицинската екипа од Кочани пристигнала на адресата, но според пријавеното, повикот бил ...
Четириесет и шестгодишен жител на демиркаписко село е лишен од слобода по пријава за семејно насилство во домот. — реклама — Според МВР, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле Г.С. од слобода синоќа околу 22 часот, откако било пријавено дека во домот ѝ се заканувал на неговата 41-годишна сопруга, физички го нападнал 23-годишниот син и кршел предмети од покуќнината. — реклама — — реклама — За случајот бил ...
Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово. — реклама — — реклама — Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. — реклама — Ш.И. бил задржан во полициска станица, а ...
Педесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната во својот семеен дом по претходна вербална расправија. — реклама — Според МВР, жената на 14 август во 18 часот пријавила во СВР Скопје дека околу 11 часот во домот била нападната од нејзината 75-годишна мајка, која имала здравствени проблеми. — реклама — — реклама — Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Педесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била ...
Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. — реклама — Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. — реклама — — реклама — Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека ...
Четири лица се приведени во Скопје по пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари насилно ѝ дале марихуана на малолетничка, по што настанала физичка пресметка. Според МВР, полициски службеници од СВР Скопје на 14 август околу 22:50 часот ги привеле Л.М. (23), Е.А. (20), А.М. (19) и Н.Т. (18), постапувајќи по претходна пријава. — реклама — — реклама — Откако малолетничката кажала што се случило во својот семеен дом, бил нарушен јавниот ред и ...