Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко месечно ниво во последните 15 месеци, главно благодарение на новото европско финансирање. Податоците се објавени во најновиот извештај на Институтот Кил, пренесува „Киев пост“. Според Ukraine Support Tracker, станува збор за третото најголемо месечно зголемување на воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Повисоки износи ...
Дваесет и шестгодишна девојка од Гостивар пријавила дека била физички нападната и добивала закани од нејзиното поранешно момче. Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 2:35 часот во Полициското одделение Галате. Девојката пријавила дека околу полноќ, во гостиварско село, била нападната од нејзиниот поранешен партнер У.З., кој е од истото село. — реклама — — реклама — Таа, исто така, пријавила дека тој ѝ упатувал закани. — реклама — ...
41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во општина Центар. — реклама — На местото пристигнале полициски екипи и Итната медицинска помош, чии екипи констатирале смрт. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што треба да бидат утврдени причините за смртта. — реклама — — реклама — Полицијата презема активности за утврдување на околностите под кои настанал случајот. 41-годишен скопјанец бил пронајден мртов во својот дом во ...
Двајца членови на екипажот загинале откако руски дрон со млазен погон ја погодил и уништил локомотивата на патнички воз во Одеската област, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според Зеленски, во возот во моментот на нападот имало 340 луѓе, а машиновозачот и неговиот помошник биле усмртени во нападот. „Оној што управувал со тој дрон сигурно не можел да не знае дека целта е целосно цивилна“, порача Зеленски, изразувајќи ...
Латвиската авиокомпанија AirBaltic најави значително намалување на својата флота, со што прави голем пресврт во однос на претходните планови за брзо проширување. Според новиот деловен план, до крајот на 2026 година компанијата планира да располага со 36 авиони Airbus A220-300, во споредба со сегашните 54 летала. Тоа значи намалување од 18 авиони, односно за околу една третина. — реклама — Намалувањето нема да биде трајно. Според плановите, ...
ЛДП преку соопштение бара одговорност од надлежните институции поради ширењето на западнонилската треска во земјава, откако се регистрирани заболени и првиот смртен случај. Од партијата велат дека институциите не смеат да молчат и да ја префрлаат одговорноста едни на други, бидејќи станува збор за прашање што директно го засега јавното здравје и безбедноста на граѓаните. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски поради неговиот престој во Брисел, оценувајќи дека додека тој е на, како што велат од партијата, „стручна екскурзија“, проблемите во земјава остануваат нерешени. Од опозициската партија велат дека останува уште еден ден до неговото враќање, потсетувајќи дека по неколкудневниот престој во Бриж следувале активности во Брисел, кои официјално биле поврзани со изучување на ...
СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања надвор од нивните ресори. Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од небезбедна вода во повеќе од 50 населени места, загадени реки и појава на западнонилска треска. Според СДСМ, додека премиерот Христијан Мицкоски е отсутен, министерот за внатрешни работи Панче ...
Севастопол, пристанишниот град на Крим, повторно остана без електрична енергија по, како што тврдат руските власти, масовен украински напад со беспилотни летала. Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, кого го поставија руските власти, соопшти дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато по нападот и дека руските сили работат на негово одбивање. Според руските власти, специјализирани екипи во моментов ја проценуваат ...
По повеќе од две децении американско воено присуство, САД планираат до 30 септември да ги повлечат преостанатите свои војници од Ирак и да ја завршат воената мисија на меѓународната коалиција против Исламската држава во земјата. Одлуката следува по средбата на ирачкиот премиер Али ел Заиди со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД. По состанокот беше потврдено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум“ за завршување ...
Спасувачките екипи во Колумбија водат трка со времето за да пронајдат преживеани кои останале заробени под урнатините, два дена по силниот земјотрес во кој, според досегашните податоци, загинале најмалку 250 лица. Градоначалникот на Кали, Алехандро Едер, предупреди дека останува помалку од еден ден до истекот на 72-часовниот период по земјотресот, кога шансите за пронаоѓање преживеани се значително поголеми. „Ќе продолжиме да работиме и по ...
Корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар денеска ќе останат без вода поради изведување работи на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека на улицата „Мирослав Крлежа“ бб ќе се врши поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-100 мм. — реклама — — реклама — Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на предвидените активности. — реклама — Од ...
Повеќе корисници во Општина Илинден и Општина Сарај денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. — реклама — — реклама — Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекините се предвидени во следните периоди: — реклама — Од 06:00 до 13:00 часот – корисниците од с. Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма, Општина Илинден. Од 08:30 до 14:00 часот – корисниците во ...
На подрачјето на град Скопје на 18 август 2026 година (вторник) ќе започне терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци. — реклама — Дезинсекцијата ќе се спроведува во текот на денот. — реклама — — реклама — Надлежните ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на третирањето. На подрачјето на град Скопје на 18 август 2026 година (вторник) ќе започне терестична дезинсекција ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинските сили во текот на годинава вратиле под своја контрола 745 квадратни километри окупирана територија и 26 населени места на југоисточниот фронт. Според Зеленски, операцијата се одвива според планираното и е спроведена од воздушно-десантни единици и дополнителни воени формации долж потег долг околу 60 километри, на спојот меѓу Дњепропетровската, Доњецката и Запоришката област. — ...
Новата ерупција на вулканот Етна предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај на Сицилија, а најпогоден е аеродромот во Катанија. Во периодот од 8 до 11 август биле откажани околу 700 летови, додека, според податоците на управата на аеродромот, денес се очекува откажување на уште 52 лета. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други аеродроми на Сицилија. Од почетокот на нарушувањата, повеќе од 100 летови слетале во Комизо, ...
По итниот апел и повеќечасовната потрага на 12 август, локалните медиуми во Албанија потврдија дека детето е пронајдено неповредено на територијата на одморалиштето и е предадено на родителите. Момчето исчезнало претходно истиот ден за време на семејниот одмор во туристичкото место Голем, во близина на Алто Маре. Во потрагата се вклучиле полицијата, посетителите на плажата и локалните жители. — реклама — — реклама — Мајката на детето, Сања, ...
Долгогодишната депонија во Радуша денеска се чисти во голема координирана акција, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, се отстранува површинскиот отпад од локацијата, околу која во изминатите денови се појавија тврдења дека би можела да биде загрозена водата од изворот „Рашче“. Ѓорѓиевски повторно нагласи дека депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и, како што ...
Еден Палестинец загинал, а повеќе лица биле повредени во израелски напад врз возило во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа. Според медицински извори, цел на нападот било возило на три тркала. Повредените Палестинци биле пренесени на лекување во болница во градот Газа. — реклама — — реклама — Портпарол на израелската војска изјавил дека нападот бил изведен со цел да се „отстрани безбедносна закана“. — реклама — Денешниот напад ...
Корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар утре, 13 август, ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. — реклама — Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-100 милиметри. — реклама — — реклама — Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на работите. Корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар утре, 13 ...
Жена од прилепско село пријавила дека била физички нападната во својот дом од страна на невенчаниот сопруг и неговиот брат, информира МВР. — реклама — Според полицискиот билтен, вчера во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена пријавила дека во домот била физички нападната од Д.П., со кого живеела во вонбрачна заедница, и неговиот брат А.П. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува ...
Зголемен е бројот на пациенти со гастроинтестинални тегоби во Скопје, но нивниот број е во рамките на очекуваното за овој период од годината и не се поврзува со водата за пиење, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана. Според него, бројот на пациенти е зголемен во однос на периодите со пониски температури, но тоа не претставува отстапување од вообичаените бројки забележани во претходните години. „Тоа што можам да ...
Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, за „Скопје1“ ја демантира информацијата што се шири на социјалните мрежи дека на Клиниката се регистрирани два случаи поврзани со наводна контаминација на водата во Скопје со ешерихија коли. Станува збор за порака која се споделува меѓу граѓаните, а во која се тврди дека во водата во Скопје наводно била изолирана ешерихија коли и дека веќе имало два случаи на клиника. За ваквите ...
Во близина на селото Моране во Општина Студеничани во тек е интензивна акција за гаснење на шумскиот пожар, информира Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат на деловите каде што поради непристапниот терен гаснењето од земја е отежнато или претставува ризик за екипите. — реклама — — реклама — Теренските екипи работат во координација со сите ...
Скопската полиција лишила од слобода 43-годишен маж по пријава дека во својот дом се однесувал агресивно, оштетувал дел од покуќнината и му упатувал закани на неговиот 79-годишен татко. Од СВР Скопје информираат дека Б.Н. бил приведен на 11 август во 06:40 часот од полициски службеници од Полициската станица Центар. — реклама — — реклама — Според пријавата, тој со остар предмет оштетил дел од покуќнината во домот и упатувал закани кон својот ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на паниката која во текот на денот се создава меѓу граѓаните поради информациите за наводна контаминација на скопската вода. Тој посочи дека добил повеќе од 200 пораки од вознемирени скопјани и порача дека станува збор за прашање кое, како што нагласи, не смее да биде предмет на политички пресметки. „Имам повеќе од 200 пораки од вознемирени наши сограѓани. Уште еднаш сакам да им порачам ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по допрен глас за да ги провери информациите за сериозно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и другите надлежни инспекциски служби, кои треба да извршат проверки на терен. — реклама — — реклама — Во рамки на проверките ќе се утврдува потеклото ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира информациите што се шират во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезбедна поради наводно присуство на бактеријата Escherichia coli. Од АХВ информираат дека до овој момент немаат добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за незадоволителен резултат од лабораториско испитување на водата за пиење. — реклама — — реклама — Од Агенцијата потсетуваат ...
Во Македонија досега се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска, од кои 25 се во Скопје и еден во Велес. Најголем дел од заболените се лица постари од 60 години, поради што повозрасната популација се смета за особено ризична. Директорот на Институтот за јавно здравје, Андовски, апелира граѓаните да бидат внимателни, но да немаат причина за паника. ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во повеќе скопски општини и населени места, меѓу кои Кисела ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишен тетовец поради сомнение дека со измама од две лица зел вкупно 15.000 евра. Според информациите од МВР, Л.Е. во текот на 2025 година лажно им прикажувал факти на двете лица од тетовско, убедувајќи ги дека може да им го среди работниот стаж во странска земја. — реклама — Целта, како што им ветувал, била преку средувањето на стажот да им овозможи да ги исполнат условите за добивање пензија. — ...