Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки било оштетено од заталкан куршум. — реклама — Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена на 6 август околу 12 часот од А.А. (47) од селото Раковец, кој навел дека неговото возило било погодено претходната вечер, околу 22:30 часот. — реклама — — реклама — Полициски екипи извршиле увид на местото, при што куршумот бил пронајден и подигнат за ...
Пожар избувнал во двор на семејна куќа во тетовското село Нераште, при што биле зафатени сува трева и дел од објектот. — реклама — Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 6 август околу 15:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на 37-годишниот З.Ќ. од селото Нераште. — реклама — — реклама — Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. — реклама ...
Уште еден логистички центар на руската компанија за онлајн трговија Wildberries се запали по напад во регионот на Екатеринбург, околу 1.400 километри источно од Москва. Станува збор за објекти кои во изминатите недели се честа цел на украински напади со беспилотни летала. Компанијата соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека најголемиот дел од стоката во магацинот не е оштетен. Локалните руски власти информираа дека во текот на ноќта ...
Поранешниот заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, оценува дека податокот за 5.000 помалку запишани ученици претставува сериозен аларм и порача дека е време да престане, како што вели, ПР-водењето на државата. — реклама — Според Макрадули, демографијата не смее да биде партиска тема или прашање што ќе се става „под тепих“, туку национален приоритет околу кој треба да постои согласност. — реклама — „Молкот ...
Топлотниот бран и високите температури што го зафатија Скопје не влијаат само врз луѓето, туку и врз животните. Поради тоа, во Зоолошката градина Скопје секојдневно се преземаат дополнителни мерки за нивно разладување и освежување. — реклама — — реклама — Од ЗОО Скопје информираат дека нивните жители добиваат вкусни летни освежувања, со цел полесно да ги поднесат жешките денови. Ваквите активности се дел од редовната грижа за благосостојбата ...
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во наредните години би можел да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО преку ограничен напад врз некоја од земјите членки на Алијансата, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на нови разузнавачки проценки. — реклама — Според извештајот, можните сценарија се движат од кибернапади и саботажи до ограничен копнен упад на источниот дел од НАТО. ...
СДСМ преку соопштение ја критикуваше четиридневната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Брисел, оценувајќи дека начинот на кој тој ја опишал посетата како „екскурзија“ претставува обид да се намали нејзиното политичко значење. — реклама — Од партијата прашуваат зошто премиерот ја користи токму таа формулација и тврдат дека станува збор за обид да се избегне објаснување за темите и разговорите што ги има во Брисел. — реклама — СДСМ во ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, додека биле на власт, не презеле соодветни мерки за решавање на случаите со небезбедна вода за пиење, ниту повикале на одговорност за, како што велат, утврдените пропусти. — реклама — Од партијата тврдат дека документи од извршени испитувања покажуваат оти и во периодот кога Филипче бил министер за здравство биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат надмина 4.000 од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на земјата. — реклама — Според официјалните информации, досега се потврдени 4.053 случаи на зараза, а починале 1.850 лица. Стапката на смртност моментално изнесува 43,9 проценти. — реклама — — реклама — Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). — реклама — Според првичните информации, епицентарот на потресот бил на длабочина од 90 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета. — реклама — Очевидци, чии сведоштва се објавени на страницата на EMSC, наведуваат дека земјотресот се ...
Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во пукање што се случило во училиште во тајландската покраина Нонтабури, северно од Бангкок. — реклама — Според локалната полиција, напаѓачот бил ученик во училиштето. Тој отворил оган, при што загинал еден наставник, а повредени се уште еден наставник и тројца ученици. — реклама — По нападот, ученикот извршил самоубиство, потврди заменик-командантот на полицијата во покраината Нонтабури, ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска (7 август) без електрична енергија привремено ќе останат корисници во повеќе населени места во Скопје. — реклама — Според известувањето од ЕВН Македонија, во периодот од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците во Јурумлери, во Општина Гази Баба. — реклама — — реклама — Дополнително, од 08:30 до 12:30 часот ...
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. — реклама — Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. — реклама — Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. — реклама — Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени. — ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од Општина Карпош поради дефект на водоводната мрежа. — реклама — — реклама — Како што соопштуваат од претпријатието, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците од оваа улица. — реклама — — реклама — Прекинот во водоснабдувањето започна во 9:00 часот и ќе трае сè до целосното ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека владеењето на правото се потврдува преку конкретни постапки и доследна примена на законите, оценувајќи дека проектот „Безбеден град“ е пример за успешно функционирање на институциите. — реклама — Според Петрушевски, проектот покажува дека со политичка волја, професионален пристап и примена на современи технологии може да се постигнат конкретни резултати и да се зајакне довербата ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати. — реклама — Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во Општина Струмица, помеѓу селата Ново и Старо ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре (7 август) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од Општина Карпош поради дефект на водоводната мрежа. — реклама — — реклама — Како што соопштуваат од претпријатието, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците од оваа улица. — реклама — — реклама — Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9.00 часот и ќе трае сè до ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните. Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов нема реални услови да ја посети Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. — реклама — Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ посочи дека наскоро во Србија ќе бидат распишани избори, а во САД следуваат и изборите за Конгресот (midterm избори), поради што, според него, посета во овој период не е реална. — реклама — — реклама — „Кога тоа ќе заврши, ќе бидат можни посети на ...
Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано краткотрајно доцнење во испораката. — реклама — Како причини за доцнењето ги наведуваат зголемената потрошувачка, поголемиот број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки, како и делумниот недостиг на лекови кај дистрибутерите. — реклама — Од Клиниката информираат ...
Поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, оцени дека НАТО мора темелно да го преиспита начинот на кој ги води современите војни, тврдејќи дека Русија веќе пронашла противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина. Во разговор со новинари во Киев, Залужни, кој сега е амбасадор на Украина во Обединетото Кралство, нагласи дека и понатаму е силен поддржувач на членството во НАТО и потсети дека уште во ...
Марихуана била пронајдена и одземена во надворешна просторија на Казнено-поправната установа Затвор Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — — реклама — Според пријавата доставена до СВР Скопје од управата на затворот, дрогата била откриена при проверка во кругот на установата. — реклама — — реклама — Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои ...
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С. (40) од селото Орашац, кумановско, откако бил затекнат при сеча и товарење дрва без соодветна документација. — реклама — — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 5 август околу 10:30 часот во селото Орашац. — реклама — — реклама — По целосното документирање на случајот, против 40-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ќ. (29) од Скопје, постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. — реклама — Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 6 август во 09:05 часот во Полициската станица Кисела Вода. — реклама — — реклама — Според пријавата, нападот се случил на 3 август околу 18:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари. — реклама — ...
Четириесет и шестгодишна жена во СВР Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка, ја следел и испраќал фотографии преку мобилна апликација од локациите на нејзиниот син. — реклама — — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 5 август околу 17:00 часот. Жената навела и дека преку лице кое го познавало нејзиниот син, нејзиниот сопруг му упатил закани. — реклама — — реклама ...
Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. — реклама — Најголемо зголемување е забележано кај цените на ноќевањата, кои во јули годинава се повисоки за 6,7 проценти во однос на јули 2025 година. — реклама — — реклама — Според ДЗС, во периодот од јануари до јули 2026 година, цените на угостителските услуги се ...
Жителите на селото Морани, во Општина Студеничани, утре (7 август) ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. — реклама — — реклама — Според известувањето, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:00 часот поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улица „1“, во близина на кружниот тек. — реклама — — реклама — Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде ...
Северна Кореја денеска лансираше балистички проектил со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. — реклама — И јапонската влада потврди дека Пјонгјанг лансирал објект за кој се претпоставува дека е балистички проектил. — реклама — — реклама — Лансирањето следува по серијата ракетни тестирања што Северна Кореја ги спроведе оваа година, меѓу кои имаше тестови на балистички проектили со краток ...
На 5 август во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени. — реклама — — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот. — реклама — — реклама — Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето. На 5 август во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска предупреди дека во учебната 2026/2027 година се очекува да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година, оценувајќи дека трендот на намалување на бројот на ученици е загрижувачки. — реклама — На прес-конференција, на која беа презентирани резултатите од државната матура, Јаневска рече дека во моментов бројот на запишани првачиња е за околу 4.900 помал од лани, но очекува ...