Вечерва од 19.30 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата МАЛЕСИЈА НИЗ СТАРИТЕ ФОТОГРАФИИ. -Низ ретки и вредни фотографии ќе се раскаже приказната за традицијата, животот и духот на Малесија, вели организаторот на изложбата Љупчо Паункоски и додава: -Дојдете заедно да ги оживееме спомените, народната носија, традициите и духот на едно време зачувано низ старите фотографии. Изложбата е под покровителство на Завод и Музеј – Охрид, ...

Во текот на месец мај успешно беше реализиран проектот „Класичните тонови во бои и зборови преку детските очи“, поддржан од Општина Охрид во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Проектот беше реализиран со деца на возраст од 8 и 9 години, кои преку слушање класична музика, цртање и креативно пишување имаа можност да ја доживеат уметноста на еден поинаков, интерактивен и инспиративен начин. Во рамки на работилниците учениците слушаа ...

Утре, вторник, 26.5.2026 со почеток во 18:30ч. во спортската сала на ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје, ќе биде промовирана збирката „Водопад меѓу две раце“ -песни и писма напишани од членовите на училишниот клуб „Млади библиотекари“ под менторство на Дијана Петкова, а во издание на ПНВ Публикации. Збирката ќе ја промовира проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска, стихови ќе читаат актерката Христина Цветаноска и учесниците во проектот, а ...

Клипел–Фејл синдром (Klippel–Feil syndrome) Клипел–Фејл синдромот е ретко вродено коскено нарушување, кое се карактеризира со фузија (спојување) на два или повеќе цервикални пршлени. Ова може да доведе до ограничена подвижност и различни здравствени проблеми. Причини • Мутации во гени: GDF6, GDF3, MEOX1 • Нарушен развој на коските и ’рбетот • Може да се наследи автозомно-доминантно, но често се јавува и спорадично Симптоми • Краток врат и ...

17.05.2026 Специјално од Виена: Валентина Ѓоргиевска Парго Со денс песната „Бангаранга“ бугарската претставничка Дара победи на Евровизија 2026 во Виена. Ова беше навистина историски момент за Бугарија на Eurovision Song Contest 2026. Дара со „Бангаранга“ освои 516 поени, со настап што многу луѓе го почувствуваа како модерен, храбар и полн со балканска енергија. Интересно што Бугарија ја освои својата прва победа и победува земја што долго ...

12 мај 2026 Специјално од Виена: Валентина Ѓоргиевска Парго Специјален спонзор: Спектра турс- Фудекс Вечерва официјално започнува 70. издание на Eurovision Song Contest 2026 во Виена, и тоа со Првата полуфинална вечер во Виенер Штадхале. Организаторот најавува невиден спектакл, редици луѓе чекаат да влезат. Шоуто почнува вечерва во 21 часот, ќе биде пренесувано и на МТВ, а домаќини се Викторија Сваровски и Михаел Островски. Вечерва ќе ...

08 Мај – Светски ден за рак на јајници Ракот на јајниците е сериозно заболување кое често се развива без јасни симптоми во рана фаза, што го прави особено опасен. Секоја година заболуваат стотици илјади жени ширум светот. Симптоми на кои треба да внимавате • Подуеност • Болка во стомакот, грбот или карлицата • Отекување на абдоменот • Брзо чувство на ситост • Лошо варење • Дијареа или констипација • Често мокрење • Намален апетит и енергија ...

Целиот работен век од близу 38 години, но и претходниот хонорарен стаж од 1986 кога прв пат напишал новинарски текст, познатиот охридски и македонски новинар Сашо Нелоски му остана верен на тогашната РТС а сега јавниот сервис МРТВ. Токму во периодот на неговото вработување и децении потоа беше престиж и чест да се работи во и за МРТ. Зад работниот век на Сашо Нелоски, како што сам пресметал стојат импозантни над 14 000 текстови кои поминале ...

На 18.4.2026,сабота, со почеток во 12:00 часот, во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево, директорката Валентина Веселинска ќе ја отвори „Будна вода“ – изложба на слики од Дијана Петкова, а во 13:00 часот, во Матичната библиотека „Кочо Рацин“ во Пехчево директорката Габриела Костадинова ќе ја поромовира збирката „Разбудена вода“ – хаи[бун]накуа од Дијана Петкова. Циклусот „Будна вода“ опфаќа четириесет дела, но ќе бидат изложени само ...

од Дијана Петкова во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево Денеска во галеријата на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, со почеток во 12:00ч. Беше отворена „Будна вода“- изложба на слики и беше промовирана со промоција на збирката хаи[бун]накуа „Разбудена вода“ од Дијана Петкова. Изложбата ја отвори Златко Начовски-директор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, а збирката ја промовира Билјана Петровска-директорка на ЈЛБ „Илинден“ ...

Аниридија е ретка вродена состојба каде ирисот (делот што ја контролира зеницата и светлината) е делумно или целосно отсутен, најчесто на двете очи. Поради тоа окото може да изгледа потемно, а видот да биде намален. Причини: најчесто е поврзана со мутации во генот PAX6 (хромозом 11p13) може да биде наследна (автозомно-доминантна) или спорадична спорадичните случаи понекогаш се поврзани со WAGR синдром (аниридија + ризик за Вилмсов тумор + ...

На социјалните мрежи витаминот Д се промовира како лек за сите болести. Инфлуенсерите ветуваат чуда, иако лекарите предупредуваат: дополнителен внес е корисен само за одредени ризични групи. „Големите фармацевтски компании се плашат од витамин Д3“, тврди американски инфлуенсер во видео на YouTube со над 14 милиони следбеници. Во видеото, полно со теории на заговор, тој објаснува дека многу болести, кои инаку се лекуваат со скапи терапии, ...

Оливера Јовановска до пред 5 години беше сопственичка на три ланч ресторани за здрава храна во Мелбурн , моментално е во Скопје и е надвор од тој бизнис. Цели 35 години живеела во Австралија а последниве години е на релацијата Скопје- Мелбурн и обратно. Нејзината максима ќе работам до педесеттата а потоа ќе уживам во убавината на животот делува интересно . Со неа нашиот Милчо Јованоски разговараше за нејзините животни предизвици, постојаното ...

По една ноќ помината во лабораторија за спиење, вештачката интелигенција може да го процени ризикот од повеќе од 130 болести – од Паркинсонова болест до рак на дојка Вештачката интелигенција може да процени ризик за повеќе од 130 болести – од Паркинсонова болест до срцев удар – врз основа на податоци од само една ноќ помината во лабораторија за спиење. Ова откритие, објавено во престижното списание Nature Medicine, отвора нови можности за ...

Шарко-Мари-Тут синдромот е ретко наследно невролошко заболување кое ги зафаќа периферните нерви. Болеста настанува поради промени во повеќе од 40 гени кои се одговорни за структурата и функцијата на нервните влакна. Мутациите доведуваат до оштетување на: аксонот (нервното влакно) или миелинската обвивка (заштитниот слој на нервите) Синдромот може да се наследува на различни начини (автозомно-доминантно, автозомно-рецесивно или Х-поврзано), ...

Хипертриглицеридемија (HTG) претставува состојба со многу високи нивоа на триглицериди во крвта, која може да биде сериозен ризик по здравјето. Често е асимптоматска, што значи дека може долго време да помине незабележана. Нелекуваната хипертриглицеридемија може да доведе до: панкреатитис кардиоваскуларни заболувања дијабетес дебелина хипертензија HTG се класифицира како: Примарна (наследна) – предизвикана од генетски дефекти во синтезата или ...

Пред неколку минути на You tube беше поставен последниот проект на познатиот Кристијан Љушев кој трагично го загуби животот неодамна. Се работи за видео спотот за песната „Жена убава“ во изведба на Броз & Марама и Емилија Маринова. Тројцата напишаа: Кристијан , другар нашиот последен проект го споделуваме во чест твоја. Ти благодариме за се’ што направи за нас. Нема збогум, нема чао секогаш беше, си и ќе бидеш дел од нас. Текст за песната ...

Илија Чашуле e роден на 24 јули 1957 година во Скопје, каде и дипломирал на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година доаѓа во Австралија и 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј. Од 2000 година беше професор на Катедрата по лингвистика. Автор е на 10 книги и на повеќе од 100 статии објавени во најистакнати европски ...

Стојан Арсиќ, роден во село Жбевац, Јужна Србија е самоук бравар, кој завршува вечерни училишта и факултет. Пишува поезија, проза, афоризми, есеи, текстови за народна, забавна и детска музика. Ги има објавено во следните збирки поезија „Графити, испишани по душата“, „Песни за возрасни“, „Топлината на осојот“, „Песни“, „Шарени ноти“ (детска стихозбирка), „Јужни ветрови“ (стихозбирка на српски јазик), „Врање у срцу“, напишана на врањски ...

Овој синдром се карактеризира со зголемено лачење на желудочна киселина, што доведува до појава на чиреви во желудникот и цревата. Најчесто настанува како резултат на ендокрина неоплазија тип 1 (MEN1) – наследно генетско заболување. Zollinger–Ellison-овиот синдром: почесто се јавува кај машки лица најчесто се дијагностицира на возраст од 30 до 50 години доколку не се лекува, може да доведе до сериозни компликации Лицата со MEN1 синдром имаат ...

Во Австралија ја поминав младоста, таму завршив факултет и таму започна мојот професионален живот, вели во интервјуто за СБС Петар Спасески кој цели 13 години живеел во Волонгонг а сега работи во ИТ секторот во Охрид, но пак со компании ширум светот. Среќен е што научил многу за мултикултурата. Во 2010 година се враќа во Охрид оформува семејство и врската со Австралија му останала со чести посети. Најдобро би било да направам микс ако е можно ...

Друштвото на писателите на Македонија денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2025 г. Претседателот на ДПМ Живко Грозданоски ја отвори прес-конференцијата навраќајќи се на текот на конкурсот, кој беше отворен од 1 до 23 декември 2025 г. Тој посочи дека Управниот одбор на ДПМ на својата седница на 25 декември со анонимно гласање ги избрал потенцијалните членови на жири-комисиите, по што следело нивно ...

Под мотото “Февруари месец на елеганцијата и љубовта“ започнува традиционалниот најголем досега февруарски попуст во бутик Емили .Поустот ќе важи во текот на цел месец февуари. Доколку имате важен настан во календарот сега е време да обезбедите парче облека со кое ќе бидете забележани по својата елеганција. Попустот ќе важи за дел од свечените фустани, машки костуми, машки и женски капути. Ако во текот на месец февруари се купи или изнајми ...

Членовите на “Здружението на Просветни работници на Град Скопје” неодамна учествуваа на тренинг курсевите во рамки на Erasmus+ KA122-ADU, дел од проектот “Иновативно образование и управување со влијание преку одржливи мерки” (Реф. 2024-1-MK01-KA122-ADU-000232264). Обуката се одржа во Уелва, Шпанија, и беше насочена кон Агендата 2030, одржливиот развој и одржливото претприемништво, комбинирајќи онлајн учење преку платформата Inercia Digital со ...

Утре, 17 јануари – сабота, точно напладне од 12 часот во Куќата на Христо Узунов во Охрид ќе биде промовирано најновото дело на д-р Томислав Тунтев „Охрид – љуѓе и марифети“ -И ова ново дело на Томислав Тунтев е силно сведоштво за таквите вистини – од неговите страници извира сакрален одблесок за светиот град, гори жив огон кој тлеел со векови наназад и блика стар порив што одѕвонува низ времето, стои во рецензијата напишана од неодамна ...

Во пресрет на големиот христијански празник Рождеството Христово – Божик денеска , уште од раните утрински часови беше свечено и весело и во селото Трпејца. Со носење на ѕвездата од Витлеем и пеење на песната Вечниот Бог, дечињата го најавија Христовото раѓање. Со насмевки на лицата во бадниковата поворка, тие ги симболизираа ангелите кои ја носат радосната вест за раѓањето на Исус Христос. Организаторот на настанот Здружението Бадник од ...

Марко Коловски е познат македонски музиколог, новинар и публицист. Сега е пензионер, но се’ уште активно пишува. Работел во музичката програма на Македонско радио. Бил уредник на Редакцијата за класична музика и уредник на музичката програма на Македонското радио. Во декември 2002 година беше именуван за Директор на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија – Танец. Токму во фокусот на разговорот на колегата Милчо Јованоски со Марко ...

На денот на упокојувањето на Мајка Тереза, 5 септември, познатиот македонски уметник и основач на “Цветната патека на Мирот”, Живко Поповски Цветин, додели четири коверти со реплика од писмото што му го испратила Мајка Тереза на 21 март 1984 година. Репликите беа доделени на: Мисијата сестри на Мајка Тереза во Скопје; м-р Нада Милкова, директор на културниот центар “Метаноја” на која ѝ беше доделена и Цветинова награда за мир; Валентина ...

Топлото време може да го отежне добриот ноќен сон. Но, постојат научно докажани методи за брзо заспивање. Ви претставуваме неколку од нив. Секое трето возрасно лице пријавува некаков облик на несоница, а околу половина од нив велат дека тоа им го нарушува функционирањето преку денот. Во лето ситуацијата само се влошува. Топлотните бранови значително го нарушуваат квалитетот на спиењето – студиите покажуваат дека дури и кратки топлотни бранови ...

Деновиве започна доделувањето на Нобеловите награди, а сите годинешни добитници ќе бидат познати до 13 октомври. Доделувањето на наградата низ децениите не секогаш минуваше без контроверзи. 7 факти што изненадуваат. 1. Нобеловата награда како семејна традиција на семејството Кири Марија Кири е до денес единствена: таа е единствената личност која добила Нобелови награди во две природни науки – во 1903 година за физика и во 1911 година за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
78%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.31
82%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.12
55%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.59
77%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.4
99%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
50%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.49
61%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.72
71%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.47
85%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
63%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.06
73%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Сребро

2181.05

Злато

139164.58

Рутениум

49769.36

Родиум

258813.51

Паладиум

38805.95

Алуминиум

3.60

Иридиум

253540.09

Бакар

12.61

Платина

57067.58

Цинк

0.00

Калај

54.25

Кобалт

45.39