Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Вечерва од 21 часот под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, следува ексклузивен концерт со симфониски оркестар, кој ќе ги спои традицијата и елеганцијата во едно незаборавно музичко доживување. Ќе ги слушнеме омилените хитови како: ,,Ангели ме носат”, ,,Ме полудуваш”, ,,1762 лето” и многу други што оставија белег на македонската музичка сцена. Претстојниот концерт на популарното музичко дуо “Силви бенд” на ...
После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „ Нурни во мене’’,а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска , виш кустос при Националната Галерија од Скопје.Критички осврт и текст за ...
Почитувани, По летната пауза од скоро три месеци аудио серијалот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ по минатогодишната успешна сезона на ОХРИД 1 од сега ќе се емитува и чи ќе мопже да се слуша, чита и гледа на веб порталот ПУБЛИЦИТЕТ.МК Очекуваме да ни предлагате личности кои според Вас заслужуваат да се најдат во одбраните во новиот серијал. Уредник и водител: Милчо Јованоски Првото издание од новата серија емисии очекувајте го во петок 18 септември, по ...
Охрид од денеска до 4 октомври ќе биде домаќин на 31-та Синдикална школа што ја организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ). Ќе дебатираат за „Примената и остварувањето на правата од колективните договори“, со посебен осврт околу правото на регрес за годишен одмор и по донесената и стопирана Одлука за промена на работното време, исплата на додатоци на плата и други. Како што ...
Јелена Розга, синоќа, со неверојатно убава енергија, размени емоции со повеќеилјадната публика, коишто можат да се излеат на античкиот театар во Охрид. Таа, со изведбата на нејзините најпознати песни и со извонредната оркестрација на гудачкиот состав, се соедини со душите и чувствата на сите нас, потврдувајќи го епитетот на поп дива на хрватската и на балканската музичка сцена кога станува збор за поп музиката, скоро три децении. Искреноста со ...
Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како тестамент. Тој ни укажа дека нема мали и големи јазици и големи и мали култури. Многумина му го поставуваа прашањето зошто не пишува на англиски, руски или германски. Но Конески сметал дека е одговорен и повикан да пишува на македонски, бидејќи не може и не смее да ја изневери својата генерација! И ние не смееме да ја изневериме својата ...
Ирена Трајковски, новинар, радио продуцент во SBS и ко-основач на онлајн магазинот Везилка од Сиднеј , Австралија. “Многу сум возбудена за секоја година што ми доаѓа. Никогаш не сум ги гледала како бројка, но за разлика од порано, сега почнав да ги гледам како возбудлив предизвик. Имам уште толку многу да научам, да видам и прекрасни души да запознаам! А ако под прослава се мисли на “забава” или било каква собиранка – тогаш не, годинава тоа ќе ...
Општина Дебрца го потпиша Договорот за користење на ИПА грантот, во износ од 260.000 евра, преку Министерството за финансии. Средствата се одобрени во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, компонентата ЕУ ИПА инвестициски грантови, финансирана од страна на ЕУ. -Грантот ќе се искорити за реконструкција на две улици во село Мешеишта и набавка на механизација за Јавното комунално претпријатие.Покрај средствата од грантот на ...
На Регионалниот натпревар по физика одржан во Крушево учениците од ОCУ” Св. Климент Охридски”-Охрид постигнаа одлични резултати. Петар Лекоски од втора година освои трета награда, Стефан Андрески од прва година пофалница и пласман на државниот натпревар,додека Стојан Буџак и Виктор Савески, исто така ученици од прва година обезбедија само пласман на државниот натпревар. На 61-от државен натпревар одржан во Тетово ученикот Петар Лекоски освои ...
Ќе се одржи и парастос по повод 4 децении од смртта на митрополитот г. Методиј Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 28 фебруари 2016 година (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски ...
Весна Најдеска од Охрид. Работам како негувателка во една од градинките во Охрид. Сопруга сум и мајка на 21-годишниот син Михајло-центар на мојот живот. Роденденот последниве години го одбележувам во кругот на семејство. Како помлада бев доста присутна во друштвениот и спортски живот во нашиов град . На секој, па и мене потребна ми е промена и тивка семејна атмосфера. Зад мене е успешната ракометна кариера -Охрид, па Пелистер и љубовта кон ...
Без разлика дали славите со пријателите, се релаксирате во дворот или правите забава на отворено, кај нас можете комплетно да се снабдите покрај саканиот пијалок и мраз за вашите пијалаци останат ладни до последната голтка! Алпојо мисли на Вас – како да ви ги направи подносливи и најголемите жеги. alpojo.com.mk 046 231 168 Набавете мраз на време и бидете подготвени за сите летни моменти! #алпојоохрид #whiskeyohrid #alpojoliquorstore ...
Заболените од дислекција имаат поголеми нарушувања во вниманието и проблеми со хиперактивност (АДХД), нарушувања во развојот на зборувањето, потешкотии во пишување на реченици, неможност за брзо читање и потешкотии со употреба на броевите. Најчесто овие потешкотии кај децата прв пат се забележуваат во училиште. Се смета дека генетскиот фактор е најбитен за појавување на дислексија. Дислексијата настанува заради мутации во одредени гени кои се ...
Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија „ Трпејца со мобилен“. Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 18 до 23 јули оваа 2025 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 23 јули во 24 часот. Треба да се наведе името ...
Утре, сабота во 19 и 30 часот во Ликвид кафе, во стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки. Пред публиката во Охрид, за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ...
Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија направена со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“. Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 20 до 25 јули оваа 2024 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 25 јули ...
Денеска – среда во 12 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде отворена самостојна изложба на Слаѓана Кировска. Во нејзиното творештво најзастапени се пејзажи, цвеќиња и апстракции. Таа ликовните дела најчесто ги работи на стакло. Кировска е родена 1971 година и зад себе има неколку изложби, но и групни претставувања низ Македонија. Живее во Скопје и рабови во Националниот конзерваторски центар. ...
Вчера во Трпејца се одржа и традиционалната кајакарска регата во чест на прерано починатиот тренер и претседател на КК „Рибар“ Номче Митрески. Десеттината кајакарки и кајакари докажаа дека во Трпејца има голем потенцијал за развој на овој спорт на вода. Време е младите да се организираат и со помош на повозрасните клубот, конечно да се обнови. Со тоа и регатата ќе ја добие потребната афирмација, а на неа би учествувале и други клубови. За ...
Гордана Куновска уредник-новинар во Македонска телевизија. Благодарам “Публицитет” на вниманието и убавaта честитка. Како одминуваат годините така и родендените ги пречекувам и прославувам со поголем пиетет, а со помалку помпа и со помало и попрецизно одбрано друштво. Бидејќи не јубилеен, годинава ќе го одбележам само со моите најсакани. Тоа значи со повеќе часови дружење од вообичаено, дружење зачинето со ситници кои ова друштво го радува и ...
Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер. Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу ...
Валентина Базерко, новинар за надворешна политика во Македонско Радио – Радио Скопје. Секој роденден е повод да се потсетиме на важните нешта во нашите животи, на нашите соништа и желби. На денот кога Сонцето најдолго ја грее Земјата и кога најдолго е ден, а најмалку ноќ, можеби и секоја наша желба може да се исполни. Среќа е да се прослави уште еден роденден со уште еден исполнет сон, со уште една исполнета желба. Некогаш и нашите најмали, ...
Александар Петрески, музичар од Охрид, живеам во Германија ни ја испрати својата авторска песна во која за прв пат е самиот вокал. -За прв пат во мојата 21+ годишна музичка кариера, се претставувам со авторска песна каде што вокал сум јас. Три месеци максимална емотивна вложеност, откако со гитара паднав в кревет и замислено го свирев интрово гледајќи в таван, замислувајќи како некој пати во моменталнава ситуација. Музика, аранжман, микс, ...
Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од ...
Валентина Базерко, новинар во Македонско радио, МРТВ. Роденденот понекогаш е само повод да си ги провериме желбите, но и да си одговориме на некои несекојдневни прашања. Како оние на пример, дали би сакале да сте се родиле на друго место доколку сте можеле да одбирате? И мојот одговор гласи вака: И илјада пати, сама да одбирав, илјада и еден пат ќе ја одберев Македонија, а илјада животи ќе ми беа малку да и се изнагледам, секогаш откривајќи ...
-Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн., рече на прес лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес на кој објави нови 11 кандидати за градоначалници. Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се ...
По едномесечна пауза и не објавување нови прилози поради проблеми од техничка природа publicitet.mk се враќа на глобалната медиумска сцена. Се надеваме дека бројната читателска публика повоторно ќе биде на наша страна и ќе ги чита и споделува нашите објави. Тому деновиве Публицитет.мк одбележува 10 години присутност во медиумскиот простор и останува посебен прозорец во светот на информациите… Ви благодариме за поддршката драги читатели! ...
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, денеска ги прими најдобрите ученици, односно првенецот на генерација, Филип Вичороски и учениците на генерација, Илина Нечкоска, Марија Јосифоска и Зорица Митреска , во учебната 2018/2019 година, во ОУ “Дебрца” – Белчишта. Честитајќи им го постигнатиот успех, Ногачески им посака успех и во натамошното средно образование. -На учениците им доделив плакети и парични награди, на првенецот на ...
Деновиве во Охрид започна Летната школа за пливање”Пливај и уживај”, водена од проф. Валентина Караѓуле -Модева и Кате Бујароска -Анѓелеска. Часовите се одржуваат секој понеделник, вторник, среда и четврток од 10.00-13.30 часот на плажата Куба Либре. Оформени се четири групи според возраста и предзнаењата, а бројот на учесници веќе е пополнат. Да се учат техниките на пливање, а во исто време да се ужива во прекрасното езеро, може само во ...
Крсте Пурцов – Новинар, Туристички водич, претседател на Институтот за традиционални вредности Охрид и сопственик на Култура365 Секој роденден е убав бидејќи е причина повеќе да се соберат блиските на едно место да се прослават малите победи во животот. Оваа година беше тешка за многу од нас. Јас лично изгубив личности што беа од посебна важност за мене, имавме тешки моменти меѓутоа најбитно од се е тоа што не се откажавме и следнава година ...
Лионела Јаковлева, ТВ новинар од Охрид. Роденденот е ден кога го славиме животот, нашето постоење, растење, созревање, стареење. Колку повеќе родендени, толку повеќе сме благословени. Си ги сакам моите родендени, го сакам мај, најубавиот и најзелениот месец во годината. А, 13-ката за мене и за мајка ми бил најсреќен датум. Денешниот ден е мој, јас само ќе чекам со насмевка да видам како ќе ме изненади. Кога веќе ни е дадена можност да сме дел ...