Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Две лица загинаа, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме со обилни врнежи го зафати регионот на Балтичкото Море. Најтешко погодени се Литванија и Летонија, каде што невремето предизвика големи материјални штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во литванското село Мазионис спасувачките екипи го пронашле телото на маж под паднато дрво. Друг маж загинал во латвискиот град Јелгава, откако врз ...
Украинската полиција во Дњипропетровската област отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови. Постапката е отворена поради сомнение за немарност, бидејќи според првичните информации продавницата продолжила да работи и за време на воздушната тревога. Во нападот загинаа најмалку 16 лица, додека околу 130 лица биле повредени, меѓу кои и 23 деца. ...
Земјотрес со магнитуда 5,9 го погоди источниот дел на Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, околу 2 часот по полноќ по локално време. Во земјотресот биле повредени најмалку 37 лица, главно со полесни повреди, а надлежните соопштија дека нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт ...
Грчката полиција разбила криминална мрежа на Миконос, чии членови, според истрагата, барале купувачи за кокаин, екстази и други наркотични средства меѓу туристите кои го посетувале островот. Во акцијата биле уапсени девет лица осомничени дека биле дел од организацијата, а дополнително бил приведен и 22-годишник поради поседување дрога. Акцијата била спроведена на 21 август на Миконос и во областа Атика, по претходно собирање информации и ...
Со воведувањето на новите авиолинии, Северна Македонија добива подобра воздушна поврзаност со повеќе европски и меѓународни дестинации. Од аеродромите во Скопје и Охрид се воведени вкупно 28 нови линии, со што граѓаните добиваат повеќе можности за директно патување, а земјата станува подостапна и за странските посетители. Од Скопје се воспоставени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, ...
Многу луѓе кои сакаат да ослабат се соочуваат со ситуација во која, и покрај промените во исхраната, килограмите не се намалуваат со посакуваното темпо. Поради тоа, повторно се актуелизира идејата дека крвната група би можела да има одредено влијание врз начинот на кој организмот ја обработува храната и реагира на различни режими на исхрана. Според некои нутриционистички тврдења, лицата со крвна група АБ, без разлика дали се позитивни или ...
Тројца луѓе биле повредени во драматичен инцидент за време на коњски трки во селото Бијељани, во близина на Билеќа во Босна и Херцеговина. Според досегашните информации, возач со автомобил влетал меѓу присутните и удрил повеќе луѓе, по што избегал од местото. Полицијата интензивно трага по осомничениот, а случајот се истражува како обид за тешко убиство. Полицијата трага по Жељко Вујовиќ од Билеќа, кој е осомничен дека управувал со ...
Двајца српски државјани биле нападнати во Дубровник, откако повеќемина напаѓачи со палки оштетиле луксузен „Мерцедес“ со српски регистарски таблички. Инцидентот се случил во населбата Лапад, рано наутро, нешто пред 2 часот. Според досегашните информации, нападнатите се наоѓале во автомобил со регистарски таблички од Зрењанин кога биле пресретнати од група напаѓачи. Тие почнале да го оштетуваат возилото со палки, по што двајцата српски ...
По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, Министерството за финансии продолжува со неговата практична примена преку донесување на потребните подзаконски акти. Еден од новите правилници се однесува на утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата кои сакаат да добијат лиценца за приредување игри на среќа. Со правилникот детално се определува документацијата што треба да ја достават правните и физичките ...
Во текот на едно деноноќие полицијата спровела повеќе одделни акции на различни локации во земјава, меѓу кои Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Македонски Брод, Ресен, Крушево и Велес. Во повеќе одделни случаи биле приведени најмалку 19 лица, а при претресите биле пронајдени огнено оружје, муниција, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни валути. Во Тетово и Гостивар биле приведени најголем број лица. Во Лешок, ...
Трагедија се случила на Халкидики, каде што 56-годишен српски државјанин бил извлечен од морето во бессознание. Според достапните информации, инцидентот се случил во областа Сарти, на вториот крак на Халкидики. На местото веднаш реагирал спасителот, кој му пружил прва помош и се обидел да го реанимира, но без успех. Мажот потоа бил пренесен со возило на брза помош во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што лекарите ја констатирале ...
Вредноста на американскиот долар минатата недела забележа пад во однос на кошничката на најважните светски валути, под влијание на загриженоста на инвеститорите околу состојбите на американскиот пазар на обврзници и интервенциите на Министерството за финансии на САД. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шест главни валути, падна за 0,8 отсто и неделата ја заврши на 98,84 поени. Доларот ослабе и во ...
Драматичен инцидент се случил во авион на American Airlines кој летал од Атланта кон Далас, откако лаптоп на патник се запалил во кабината. Екипажот веднаш реагирал за да го стави пожарот под контрола, а неколку патници се здобиле со изгореници. Еден од нив побарал медицинска помош по инцидентот, но по прегледот бил пуштен. Авионот безбедно слетал на аеродромот „Далас-Форт Ворт“. За време на летот, пилотот ја известил контролата на летање ...
Во текот на изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, осум сè уште се активни, додека 23 пожари се целосно изгаснати. Најголем дел од активните пожари зафатиле ниска вегетација, грмушки и шумски предели. Во Прилепско активен е пожарот кај селото Бонче, каде што гори ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар има и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон ...
Тринаесетгодишно дете е меѓу малолетниците приведени во полициски акции поврзани со дрога во изминатото деноноќие. Во одделен случај во Тетово, полицијата привела двајца 16-годишници кои биле затекнати во импровизирана работилница, каде што биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, дигитални ваги и пари. На 21 и 22 август, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град привеле двајца малолетници, на возраст ...
Вкупно 149 лица останале заробени во областа на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако силното невреме го оштетило и уништило патот кој води до туристичката маршрута. Меѓу заглавените се наоѓаат 117 туристи, кои според најавите ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Преостанатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на локацијата. Поради уништениот пат, туристите и нивните водичи не можат да го напуштат подрачјето по копнен ...
Македонските туристи кои денес престојуваат на Халкидики треба да бидат внимателни при движењето низ полуостровот, бидејќи од 08 до 20 часот е воведена забрана за пристап и движење во одредени шумски и планински подрачја поради зголемена опасност од пожари. За непочитување на мерката е предвидена административна казна од 300 евра. Забраната не важи за целиот Халкидики и не значи дека туристичките места или главните патишта се затворени. ...
По смртта на папата Стефан на 15 август, на неговото место бил избран свети Сикст, роден Атињанец кој најпрво се занимавал со философија, а потоа го примил христијанството. Во тоа време Рим бил место каде што христијаните биле жестоко прогонувани, а самото прифаќање на епископската служба значело голема опасност по животот. Царот Декиј бил решен да го искорени христијанството, па свети Сикст наскоро бил уапсен и изведен пред суд заедно со ...
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на места се очекува зголемување на облачноста, при што ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е и изолирано невреме проследено со силен ветер и појава на град. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен ...
Објавени се лични писма што Натали Харп, блиска соработничка на американскиот претседател Доналд Трамп, му ги испраќала во 2023 година, а нивната содржина предизвика внимание поради исклучително емотивниот тон. Во едно од писмата Харп му напишала на Трамп дека тој е „сè што ѝ е важно“ и дека никогаш не сака да го разочара. Во друго писмо пишувала дека ѝ недостига времето кога разговарале и за теми што не биле поврзани само со работата. ...
Јелена Карлеуша своевремено открила како започнала нејзината љубовна приказна со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, кој во моментот кога се запознале имал само 21 година. Пејачката со насмевка се присетила на почетоците на нивната врска и на разликата во годините меѓу нив. „Јас малку постара и поопасна, го смотав. Тој беше млад фудбалер во француски прволигаш и имаше само 21 година“, раскажала Карлеуша. Таа истакнала дека за неа било важно ...
Кога купуваме леб, често се водиме според неговата боја или натписите на пакувањето. Но, ознаката „повеќезрнест“ сама по себе не значи дека производот е поздрав или поквалитетен. Повеќезрнестиот леб содржи повеќе видови житарки, но тие можат да бидат и цели и рафинирани. Токму затоа нутриционистите советуваат при изборот најголемо внимание да се посвети на декларацијата. Целите житарки ги содржат сите делови од зрното и се побогати со ...
Голем пожар попладнево избувна и се прошири во атарите на струмичките села Баница и Водоча, како и во месноста Софилар, а огнената линија во еден момент стигнала во непосредна близина на првите куќи. На терен се ангажирани расположливите противпожарни екипи, кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола и да спречат негово натамошно ширење кон населените места. Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираше дека сите расположливи ...
Српската полиција во Прибој уапсила државјанин на Македонија под сомнение дека пристигнал во Србија со задача да изврши нарачано убиство, објавува српски „Телеграф“. Според информациите на медиумот, акцијата била спроведена брзо откако полицијата добила оперативни сознанија дека на подрачјето на Прибој се наоѓа лице поврзано со организиран криминал. Српскиот медиум наведува дека осомничениот во полициските евиденции се води како платен убиец ...
Несекојдневна сцена предизвикала вознемиреност на грчкиот остров Спецес, откако хеликоптер слетал среде плажа полна со капачи, а набргу потоа еден од патниците бил уапсен. Инцидентот се случил во областа Зогерија, каде што хеликоптерот се спуштил во непосредна близина на туристите. Слетувањето кренало големо количество прашина и песок, поради што присутните почнале да се тргаат од плажата. Полицијата пристигнала за да ги утврди околностите ...
Седумгодишно момче било оставено само на планината Фуџи, откако се изморило за време на семејното искачување, а неговиот татко решил да продолжи кон врвот со постариот син. Според јапонските медиуми, 48-годишниот татко му рекол на детето да го почека на едно место, му оставил безалкохолен пијалак и ужина, а потоа го продолжил искачувањето. Момчето било забележано околу 7:30 часот во четвртокот, како само седи на клупа во близина на шестата ...
Поради зголемената опасност од шумски пожари, од утре, недела 23 август, на Халкидики ќе стапи во сила забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја. Мерката ќе важи од 08:00 до 20:00 часот, а за нејзино непочитување е предвидена казна од 300 евра. Одлуката е донесена врз основа на проценетиот ризик од пожари и препораките на надлежните служби, а опфаќа делови од општините Касандра, Ситонија и Аристотел. Во Касандра ...
Семеен инцидент во Велес завршил со полициска интервенција и приведување на 41-годишна велешанка, осомничена дека физички го нападнала својот татко. Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил вчеравечер во нивниот семеен дом. Како што е наведено, Ф.А. (41) од Велес физички го нападнала својот 70-годишен татко, по што случајот бил пријавен во полиција. Полициски службеници интервенирале и околу 19:10 часот ја лишиле од ...
Промена на времето се очекува на почетокот од новата седмица, а понеделник ќе донесе локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за град. Според прогнозата, во текот на следните денови дневните температури постепено ќе се намалат за неколку степени, но и понатаму ќе остане топло до многу топло. Во понеделник, 24 август, времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува ...
Речиси целосно затемнување на Месечината наскоро ќе приреди впечатлив небесен спектакл, а феноменот ќе може да се набљудува од огромен дел од светот. Според најавите, дури 96 проценти од површината на Месечината ќе навлезат во сенката на Земјата, поради што станува збор за исклучително длабоко делумно затемнување – многу блиску до целосно. Феноменот настанува кога Земјата ќе се најде меѓу Сонцето и Месечината и нејзината сенка ќе падне врз ...