Голем пожар попладнево избувна и се прошири во атарите на струмичките села Баница и Водоча, како и во месноста Софилар, а огнената линија во еден момент стигнала во непосредна близина на првите куќи. На терен се ангажирани расположливите противпожарни екипи, кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола и да спречат негово натамошно ширење кон населените места. Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираше дека сите расположливи ...

Српската полиција во Прибој уапсила државјанин на Македонија под сомнение дека пристигнал во Србија со задача да изврши нарачано убиство, објавува српски „Телеграф“. Според информациите на медиумот, акцијата била спроведена брзо откако полицијата добила оперативни сознанија дека на подрачјето на Прибој се наоѓа лице поврзано со организиран криминал. Српскиот медиум наведува дека осомничениот во полициските евиденции се води како платен убиец ...

Несекојдневна сцена предизвикала вознемиреност на грчкиот остров Спецес, откако хеликоптер слетал среде плажа полна со капачи, а набргу потоа еден од патниците бил уапсен. Инцидентот се случил во областа Зогерија, каде што хеликоптерот се спуштил во непосредна близина на туристите. Слетувањето кренало големо количество прашина и песок, поради што присутните почнале да се тргаат од плажата. Полицијата пристигнала за да ги утврди околностите ...

Седумгодишно момче било оставено само на планината Фуџи, откако се изморило за време на семејното искачување, а неговиот татко решил да продолжи кон врвот со постариот син. Според јапонските медиуми, 48-годишниот татко му рекол на детето да го почека на едно место, му оставил безалкохолен пијалак и ужина, а потоа го продолжил искачувањето. Момчето било забележано околу 7:30 часот во четвртокот, како само седи на клупа во близина на шестата ...

Поради зголемената опасност од шумски пожари, од утре, недела 23 август, на Халкидики ќе стапи во сила забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја. Мерката ќе важи од 08:00 до 20:00 часот, а за нејзино непочитување е предвидена казна од 300 евра. Одлуката е донесена врз основа на проценетиот ризик од пожари и препораките на надлежните служби, а опфаќа делови од општините Касандра, Ситонија и Аристотел. Во Касандра ...

Семеен инцидент во Велес завршил со полициска интервенција и приведување на 41-годишна велешанка, осомничена дека физички го нападнала својот татко. Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил вчеравечер во нивниот семеен дом. Како што е наведено, Ф.А. (41) од Велес физички го нападнала својот 70-годишен татко, по што случајот бил пријавен во полиција. Полициски службеници интервенирале и околу 19:10 часот ја лишиле од ...

Промена на времето се очекува на почетокот од новата седмица, а понеделник ќе донесе локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за град. Според прогнозата, во текот на следните денови дневните температури постепено ќе се намалат за неколку степени, но и понатаму ќе остане топло до многу топло. Во понеделник, 24 август, времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува ...

Речиси целосно затемнување на Месечината наскоро ќе приреди впечатлив небесен спектакл, а феноменот ќе може да се набљудува од огромен дел од светот. Според најавите, дури 96 проценти од површината на Месечината ќе навлезат во сенката на Земјата, поради што станува збор за исклучително длабоко делумно затемнување – многу блиску до целосно. Феноменот настанува кога Земјата ќе се најде меѓу Сонцето и Месечината и нејзината сенка ќе падне врз ...

Патници на лет на American Airlines доживеале вистинска драма откако лаптоп се запалил во авионот за време на патувањето од Атланта кон Далас. Според информациите, пилотот ја известил контролата на летање дека избувнал пожар во задниот дел од кабината, додека членовите на екипажот веднаш започнале со негово гаснење. Во комуникацијата со контролата, пилотот подоцна навел дека најверојатно четворица или петмина патници се здобиле со изгореници ...

Разорните пожари и екстремната суша што летово погодија делови од Европа донесоа уште една, неочекувана опасност – неексплодирана муниција од Првата и Втората светска војна повторно излегува на површина. Високите температури, огнот и исушеното земјиште откриваат гранати, бомби и други убојни средства кои со децении биле скриени под земјата. Тоа создава дополнителен ризик за пожарникарите и останатите служби што интервенираат на терен. Според ...

Британската актерка и комичарка Луси Дејвис, позната по улогата во британската верзија на „The Office“, јавно откри дека се соочува со рак на дојката во четврти стадиум. Според нејзината објава, дијагнозата ја добила пред околу година и половина, а болеста во меѓувреме се проширила на коските, вклучувајќи ги ’рбетот, десниот колк и ребрата. Дејвис соопшти дека ракот е неизлечив и дека, според нејзините зборови, е предоцна за хемотерапија. ...

Пред повеќе од шест децении, австрискиот физичар Хајнц фон Ферстер објавил математичка пресметка која денес повторно привлекува внимание поради датумот што го посочил – 13 ноември 2026 година. Фон Ферстер и неговите соработници анализирале повеќе историски проценки за бројот на жители на Земјата и забележале дека во тој период светската популација растела со сè побрзо темпо. Врз основа на тој тренд создале модел според кој, доколку растот ...

Во Гостивар попладнево била приведена 30-годишна жена поради сомнение дека физички ја нападнала својата свекрва. Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен на 21 август околу 16:15 часот, по што полициски службеници ја лишиле од слобода В.А. (30) од тетовско. Таа е задржана во полициска станица, а надлежните работат на целосно расчистување и документирање на случајот. По завршувањето на постапката, против 30-годишната жена ќе ...

Пожарите што зафатија повеќе делови од Србија и натаму создаваат сериозни проблеми, а најтешка останува состојбата во Делиблатска пешчара, каде во гаснењето на огнот се вклучени околу 400 луѓе. Во акцијата од воздух помага и рускиот авион „Иљушин“, додека пожарот на планината Столови сè уште е активен. Состојбата во близина на средновековната тврдина Маглич засега е стабилизирана, а во општина Кладово е укината претходно прогласената вонредна ...

Септемвриските пензии во Македонија се очекува да бидат повисоки за околу 3 отсто, според пресметките направени врз основа на најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со објавувањето на просечната плата за јуни се познати двата параметри што се користат при законското усогласување – растот на просечната плата и растот на трошоците на живот. Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар, што е раст од 6,4 отсто во споредба ...

Поранешен американски војник е прогласен за виновен за бруталното двојно убиство на својата девојка и нејзиното шестмесечно бебе на Хаваи, злосторство што се случило во март 2020 година. Според информациите од судскиот процес, Кендал Ремзи (28) ја нападнал својата 23-годишна девојка Кајла Холдер и нејзиниот шестмесечен син Каиону во станот во кој престојувале. Обвинителството пред судот навело дека младата жена била избодена 38 пати, додека ...

Војната во Иран предизвика сериозни нарушувања на глобалниот пазар на горива, а последиците би можеле да се чувствуваат многу подолго од самиот конфликт. Според анализа на Ројтерс, цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години поради намалениот капацитет на светските рафинерии. Иако пазарот на сурова нафта успеа делумно да се приспособи на намаленото производство на Блискиот Исток, ситуацијата со преработката е ...

Во Бугарија повторно се зголемува бројот на заболени од мали сипаници, а според најновите податоци, до 18 август 2026 година се регистрирани 534 случаи. Податоците ги соопшти директорката на Националниот центар за заразни и паразитски болести, проф. Ива Христова, во период кога здравствените власти предупредуваат на ризиците што ги носи намалениот опфат со имунизација. Најголем дел од случаите се концентрирани во неколку региони. До крајот на ...

Во Велес синоќа избувнал пожар во семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“, при што огнените јазици ја зафатиле дневната соба. Дојавата во Територијалната противпожарна единица Велес била примена во 19:08 часот, по што на местото веднаш биле испратени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Кога екипата пристигнала, пожарот веќе бил во развиена фаза во дневната соба. Со брзата интервенција пожарникарите успеале да го локализираат и ...

Системот „Безбеден град“ од почетокот на неговото функционирање регистрирал 310.865 сообраќајни прекршоци, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за внатрешни работи. Статистиката се однесува на периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, а убедливо најголемиот број прекршоци се поврзани со пречекорување на дозволената брзина. Од вкупниот број евидентирани прекршоци, дури 301.835 се за управување возило со брзина ...

Датумот 13 ноември 2026 година повторно привлече внимание на светските медиуми поради математичка прогноза направена пред повеќе од шест децении. Но, иако звучи застрашувачки, не станува збор за современо научно предвидување дека човештвото навистина ќе исчезне тој ден. Австрискиот физичар Хајнц фон Ферстер во 1960 година со своите соработници анализирал историски проценки за бројот на жители на Земјата. Тие забележале дека светската ...

Системот „Безбеден град“ не носи само автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци, туку и значително построги правила за возачите. Законските измени предвидуваат санкции што во одредени случаи можат да завршат со одземање на возачката дозвола, а кај потешки дела и со одземање на возилото. Една од најважните одредби е правилото за три забрани. Возач кој трипати во период од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со ...

Легендарниот јамајкански спринтер Усеин Болт повторно ќе ја замени атлетската патека со фудбалскиот терен. Светскиот рекордер на 100 и 200 метри официјално е регистриран како фудбалер на англискиот Вајтеншо Ветс (Wythenshawe Vets). Болт на 40-годишна возраст ќе настапува за тим составен од ветерани над 35 години, а неговата регистрација е евидентирана и од Фудбалскиот сојуз на Англија. Особено интересно е друштвото што го очекува во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика реакции со изјава за Ормускиот Теснец, еден од најважните поморски коридори во светот, нарекувајќи го „американска територија“. Трамп ја дал изјавата за време на политички собир во Јужна Каролина, во период кога конфликтот меѓу САД и Иран се приближува кон шестиот месец, а двете страни сè уште немаат постигнато мировен договор. Според објавените информации, американскиот претседател ...

Супер Ел Нињо продолжува да се зајакнува, а сезонските метеоролошки модели укажуваат дека неговото влијание би можело да се почувствува и во Европа во текот на есента и зимата. Според анализите на Severe Weather Europe, за периодот од септември до ноември се очекува област со понизок воздушен притисок над Северниот Атлантик, која ќе се протега кон северозападниот дел на Европа. Ваквата поставеност би можела да овозможи продор на потопол ...

Украина воведе санкции против руското студио Animaccord, кое стои зад една од најпопуларните детски анимирани серии во светот – „Маша и мечката“. На листата се најдоа и основачот на студиото, како и сценаристот и режисерот на серијата. Одлуката е донесена со декрет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а Киев тврди дека популарниот цртан филм не е само детска забава, туку и средство преку кое се шират проруски наративи. Украинската ...

Силно невреме погоди повеќе делови од Италија, носејќи поројни дождови, торнада, огромен број молњи, поплави и свлечишта. Најтешко е погодена Ломбардија, каде што властите прогласија вонредна состојба, а стотици жители мораа да ги напуштат своите домови. Според информациите на АНСА, невремето ги зафатило и Тоскана, Пиемонт, Лигурија, Венето и Емилија-Ромања. На одредени места водата и калта ги блокирале патиштата, а дел од населените места ...

Трагично заврши големата потрага по ултралесниот авион кој исчезна од радарите над Велебит во Хрватска. Спасувачките екипи ги пронашле остатоците од леталото, а во него и телата на две лица. Авионот бил лоциран синоќа околу 22 часот во тешко пристапен дел од Националниот парк Пакленица, по повеќечасовна операција во која учествувале околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба. Спасувачите преку радиоврска потврдиле дека ...

Дел од жителите на Горно Лисиче и село Лисиче денеска останаа без вода поради дефект на водоводната мрежа. Прекинот во водоснабдувањето започнал во 11:00 часот, а ги опфаќа корисниците од дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче, како и корисници во село Лисиче. Причината е уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Ѓорги Капчев“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Засега не е наведено точно во колку часот ќе биде ...

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која е пријавена за исчезната на 17 август. Според објавените информации, таа се оддалечила заедно со малолетно дете. Пешевска е висока околу 165 сантиметри, со средна телесна градба, руса коса и кафени очи. Потрагата ја води Полициската управа Вировитичко-подравска. Нејзиното име претходно се појави во случајот со убиството на 34-годишниот Амар Софиќ од Зеница. Според ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42