Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни во последните две години и потврдија дека процесот на проширување не е завршен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје. Мицкоски појасни дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дале силен мотив за продолжување на реформите врз основа на заслуги, а нивниот ...
Лишени од слобода осум лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив е пронајдена дрога На 05/06.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(30) од Велес, Ф.П.(28) од Куманово, И.М.(23), Б.В.(27), А.Б.(27) и А.Ш.(29) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно ...
На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево. При обид да се изврши контрола, возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, ...
Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...
Турски трговски брод бил нападнат и потонат во северниот дел на Црното Море, при што едно лице го загуби животот, а уште четири се здобија со повреди, соопштија официјалните служби на турската крајбрежна стража. Инцидентот се случил вчера во акваторијата западно од Севастопол на полуостровот Крим, каде што директно бил таргетиран и погоден бродот под име „Дуру 67“. По нападот, петмина повредени морнари биле брзо евакуирани и спасени од ...
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе се задржи топло време. ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе сериозни партиски обвинувања на сметка на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поврзани со наводно местење на милионски тендер. Според тврдењата на пратеникот, во случајот била вклучена и партиска логистика од Прилеп, преку која била договорена конкретна фирма што требало да го добие тендерот во Царината наменет за одржување на ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во Софија, во близина на селото Челопечене, во која животот го загубија три лица, а уште 10 се здобија со повреди, од кои дури седуммина се во критична и тешка состојба. Меѓу жртвите во оваа катастрофа се двајца патници од автобусот, мажи на возраст од 27 и 31 година, од кои едниот починал набрзо по приемот во болница. Третиот загинат, исто така маж, им подлегнал на повредите во болницата „Св. Анна“. ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до опозициската СДСМ, посочувајќи дека кај претседателот на партијата Венко Филипче е евидентна нервоза поради последните меѓународни успеси на државата. Според партискиот портпарол, актуелната Влада покажува дека може да се води европска политика без тргување со идентитетот, без понижување и без прифаќање диктати на штета на македонските ...
Денеска започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година, за која се пријавени вкупно 14.587 матуранти. Со овие испити тие го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за упис на факултет или излегување на пазарот на трудот. Полагањето се спроведува во матичните училишта каде што се обезбедени сите услови, додека дел од учениците, по барање на училиштата, тестовите ги полагаат во амфитеатрите на најблиските ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема намера да се состане со украинскиот колега Володимир Зеленски. За време на обраќањето на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), тој потврди дека кратко го разгледал отвореното писмо во кое Зеленски го поканува на директни разговори, но нагласи дека во моментов не ја гледа целта на еден таков состанок. Според оценката на Путин, понудата за дијалог не е ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната. – За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски. Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде ...
Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот. „Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче. Тој предупреди дека национализмот, ...
Вчера (05.06.2026 година) околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, кој удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од ...
Европската Унија испрати клучни и директни пораки до Западен Балкан кои јасно ја исцртуваат иднината на регионот. Додека Црна Гора се профилира како следната, 28-ма членка на Унијата, од Србија се бара итно и недвосмислено усогласување со европските политики. Овие ставови рефлектираат нов бран на одлучност во Брисел, каде што се нагласува дека процесот на проширување е жив, но бара и чиста стратешка позиција од земјите кандидати. Црна Гора – ...
Вчера се запали приколка од камион на еден регионален пат во земјава. Пожарот е успешно изгаснат. – Во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица. Вчера се запали приколка од камион на еден регионален пат ...
Општина Тетово воведува нова мерка за финансиска поддршка на семејствата, со која ќе се доделуваат по 100 евра за секое прваче запишано во основните училишта на нејзината територија. Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Тетово, Ангел Карапетров, кој посочи дека локалната самоуправа донела одлуки кои директно ги засегаат најмладите. „Првата одлука се однесува на еднократна финансиска ...
По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. „Со Вас домот не е само куќа“, истакна таа и ...
На СДС му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Повеќе од 14.500 матуранти ширум земјава од утрово се во училишните клупи и го полагаат првиот изборен екстерен испит од државната матура. Оваа година процесот носи целосна нова динамика, со оглед на тоа што за првпат се полагаат три различни типови матура прилагодени според средното образование на учениците. Податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) покажуваат дека од вкупно пријавените 14.587 ученици, убедливо најголем дел полагаат ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле чанта со пари, лични документи и други предмети од Б.С. (70) од Струмица. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и ...
Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш жестоко одговори на критиките во домашната јавност кои се појавија по најавата за мега-туристичкиот проект на островот Сазан, зад кој стои Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Рама не ги криеше своите фрустрации од, како што вели, „плитките напади“ на опозицијата и еколошките здруженија, порачувајќи дека токму оваа инвестиција ќе ја стави Албанија на светската мапа за елитен ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки. – Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Германија и Франција вчера претставија ...
Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, се случи незапаметена трагедија во која дури 49 лица починаа од жед, соопштија денеска локалните власти. Инцидентот се случил на патот кон нивните домови, откако возилото со кое патувале претрпело дефект среде суровата пустина. Се враќале од верски фестивал Според официјалните информации, сите починати се државјани на Нигер. Групата патувала назад во својата татковина по посетата на голем верски ...
На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел. На 04.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, од ...
Скопјанка била повикана во полициска станица бидејќи физички го нападнала малолетниот син. – На 04.06.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со О.Ѓ.(43) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 15-годишен син, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Скопјанка била повикана во ...
Најавениот луксузен туристички проект на островот Сазан и на полуостровот Зврнец во Албанија, зад кој стои Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика сериозни бранувања во албанската јавност. Локалното население и еколошките организации излегоа на протести, изразувајќи загриженост за уништување на заштитените природни подрачја. На ваквите реакции остро одговори албанскиот премиер Еди Рама, кој застана во одбрана ...
Меѓународната вселенска станица (МВС) се соочува со сериозен предизвик откако е регистрирано зголемено истекување на воздух во рускиот сектор, поточно во тунелот за трансфер на модулот „Ѕвезда“. Ситуацијата е дотолку сериозна што НАСА го подигна нивото на ризик на највисоко рамниште, а астронаутите веќе ги применуваат протоколите за итна евакуација во случај на катастрофален дефект. Проблемот со микропукнатините датира уште од 2019 година, но ...
Светската здравствена организација (СЗО) подготви сеопфатен шестмесечен план со цел да се запре ширењето на еболата. За реализација на оваа стратегија ќе бидат одделени 518 милиони долари, соопшти денеска генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебреисус. Имплементацијата на амбициозниот план започнува веднаш овој месец и предвидено е да трае до ноември. Во неговата реализација активно ќе бидат вклучени и Африканските центри за ...