Страшна трагедија ја потресе Бања Лука откако претпладнево избувна пожар во семејна куќа, при што едно шестгодишно дете го загуби животот, а уште едно малечко е тешко повредено. Полициската управа во градот била алармирана за огнената стихија во 10:30 часот, по што на улицата „Караѓорѓева“ во населбата Лауш веднаш се упатиле полициски тимови, пожарникари и амбулантни возила. Припадниците на Противпожарната и спасувачка бригада брзо ...

Околу 50 лица ангажирани со договор за дело на Клиниката за детски болести излегоа на мирен протест пред Министерството за финансии. Медицинскиот и административно-техничкиот персонал реагираат дека од Нова година немаат земено ниту денар, а покрај исплатата на заостанатите плати за пет месеци, бараат и конечно решавање на нивниот работен статус. Проблемот е дополнително комплициран бидејќи вработените годинава немале потпишано никаков ...

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на ...

Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно и значително нестабилно. Во текот на денот, а особено во попладневните часови, на повеќе места ќе има развој на нестабилност проследена со: Поројни врнежи од дожд Електрични празнења и силни грмежи Засилен ветер Локална појава на град Температурите ќе се движат во интервал од ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...

Страв кај едни, грижа кај други. Додека граѓаните реагираат на глутниците кучиња низ град, прифатилиштата се преполни, а решението не е ни на подвидок. 138 заловени улични кучиња во април, 122 во мај. Јавното претпријатие Лајка веќе работи со преполн капацитет. Има можност да згрижи 140 кучиња, но таму веќе се наоѓаат 180. Залови, стерилизирај, вакцинирај, врати на улица за 20-тина дена. Вака вели законот. Но, сепак постојат кучиња кои со ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги информираше членовите на својот кабинет дека нема да свика гласање за најновата верзија на договорот за прекин на огнот со Либан, постигнат со посредство на САД, сè додека милитантното движење Хезболах не ги прифати условите на документот. Како што јавува израелскиот медиум Ynet, дел од министрите упатиле сериозни критики за кревкото примирје усогласено во Вашингтон и побарале писмените услови ...

Непознато лице во раните утрински часови фрлило експлозивна направа врз семејна куќа во Нов Белград, предизвикувајќи значителна материјална штета на објектот, соопштуваат регионалните медиуми. Експлозијата се случила околу 3:20 часот наутро на улицата Нехруова, при што од силината на детонацијата целосно е оштетена фасадата на куќата, скршени се прозорците, а видливи оштетувања има и на самата тераса. Според првичните неофицијални информации, ...

Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна цел е зголемување на отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија во услови на климатски промени и енергетски кризи, преку модернизација на нивното работење и унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните. На настанот поздравни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ...

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е ...

Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, се вели во соопштението од СДСМ. „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија. За да ...

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас посочи дека во моментов сè уште е рано да се предвиди конечниот исход од заедничкиот француско-германски нон-пејпер кој беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Тој ја даде оваа оценка за време на денешниот заеднички увид со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, извршија увид на градежните активности на локалитетот „Маркова Нога“. Посетата беше фокусирана на напредокот на работите околу воспоставувањето на новиот граничен премин кој во иднина директно ќе ги поврзува Македонија и Грција. Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека во целост ги ...

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Две лица во Прилеп возеле без возачка дозвола и ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Струга оствари официјална средба со струшкиот градоначалник Менди Ќура. На состанокот беа отворени актуелните прашања кои се од директно значење за локалната самоуправа, со посебен акцент на секојдневните потреби на граѓаните од овој регион. Спикерот Гаши ја потенцираше важноста од одржување постојан и отворен дијалог со локалните власти, како клучен предуслов за ...

ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција. За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку ...

МВР продолжува со брзо расчистување на кривичните дела поврзани со семејно насилство, во мај 2026 пријавени се 70,5 % повеќе кривични дела и поднесени се 71,3 % кривични пријави во однос на мај 2025 година Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и ...

Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, пушти во употреба нова дигитална алатка за поддршка на корисниците на Е-дневникот. Станува збор за напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на современа RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е директно интегрирано во постоечкиот систем ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, даде детален пресек на неговите билатерални средби со европските лидери. Тој потврди дека на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц станало збор за заедничкиот германско-француски предлог кој предвидува етапно интегрирање на регионот пред полноправно членство. Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, ...

„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации. „Сите сигнали и пораки коишто ги ...

Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на ...

Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје, В.Н.(69) од Скопје пријави дека на 03.06.2026 околу 10:00 часот, додека чистела шкаф со алат во семејната куќа, пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа – рачна бомба на која имало натпис СРБ и БР. М75 школска. Се преземаат мерки на расчистување на случајот. Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје, В.Н.(69) од Скопје пријави дека на 03.06.2026 околу 10:00 часот, додека чистела шкаф со алат ...

Четириесет и шестгодишен скопјанец итно е пренесен во болница откако вчера попладне бил пронајден со убодна рана во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром. Случајот во СВР Скопје бил пријавен од страна на Службата за итна медицинска помош вчера околу 14:00 часот, по што полициски екипи веднаш излегле на терен. Поради сериозноста на повредата предизвикана од нож, повредениот Д.Б. (46) од Скопје експресно бил транспортиран во Комплексот ...

Вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка” во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра” со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево. Вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево ...

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наредните денови следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните ...

Лишени од слобода 11 лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога На 04/05.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б.(21), Ј.Р.(24), Л.М.(22) и Г.М.(52), сите од Скопје, Х.Ќ.(36) и Т.К.(36) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На ...

На 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно се работи на стабилизација и подобрување на состојбата со менаџирањето со отпадот во главниот град, најавувајќи набавка на нова механизација и опрема. Локалните власти фокусот го ставаат на зголемување на ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, каде веќе се санирани дел од наследените финансиски долгови кон вработените. -Очекувам дека од септември темата ...

Премиерот Христијан Мицкоски оствари билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која фокусот на разговорите бил ставен на евроинтеграциите и иднината на граѓаните од регионот. Средбата доаѓа во период на засилени дипломатски активности на македонската Влада насочени кон обезбедување поширока меѓународна поддршка за клучните државни позиции. Првиот човек на Владата ја потенцираше важноста на Франција во рамките на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.91
49%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
63%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.13
56%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.28
49%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.13
58%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
1.46
66%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
40%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.74
49%
1019
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.22
56%
1019
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.02
75%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.22
41%
1017
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Рутениум

49769.36

Платина

57067.58

Иридиум

253540.09

Злато

139164.58

Сребро

2181.05

Бакар

12.61

Цинк

0.00

Калај

54.25

Алуминиум

3.60

Кобалт

45.39

Родиум

258813.51

Паладиум

38805.95