Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот. Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина ...

Зачекорете во свет во кој модата се среќава со одржливоста со ексклузивната соработка помеѓу нашата дигитална платформа и врвниот еколошки бренд за хулахопки – APRIL22. Подгответе се за трансформација на гардеробата додека го воведуваме PORTRET22 – код за попуст од 22% на биоразградливи хулахопки со алое вера што беспрекорно го комбинираат стилот со одржливоста. Со кодот PORTRET22, не само што ќе добиете намалување од 22%, туку и ќе направите ...

Од стартап, чија приказна започна во 2015 година, Brainster го одбележува својот осми роденден како водечка компанија за образование во Македонија. Со иновации, постојан раст и трансформација, успеавме да влеземе меѓу топ-500 најуспешни компании во земјава, врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година. Со текот на годините, преку иновативните образовни програми кои ги нуди Brainster, оставивме трага во животот на повеќе од 11.500 студенти. ...

Празникот на шопингот кој на сите љубители на луксузното и убавото им е заокружен со црвено на календарот – Black Friday, во парфимериите Belodore од година во година расте во традиција на која е тешко да се одолее. Тоа е прилика да откриете нов парфемски потпис во кој ќе уживате многу подолго од една сезона и вашата златна карта за уживање во раскошни мирисни композиции, кои за таа прилика се на атрактивни попусти. Уживајте во единствената ...

Стопанска банка АД – Скопје веќе достигна бројка од 60 банкомати низ својата мрежа на кои клиентите можат да уплаќаат готовина во кое било време, идентификувајќи се со платежна картичка на чија сметка потоа се евидентира уплатата. Користењето на услугата за уплата на готовина е бесплатно за клиентите на Банката, едноставно е и се реализира во само три чекори. Може да се уплаќаат исклучиво денари и тоа до 100 банкноти одеднаш. Бесплатните ...

Денеска се одбележуваат 79 години од ослободувањето на Скопје. По многуте природни и неприродни стихии што оттогаш до денес го погодија градот, феноменот Скопје не престанува да биде инспирација за различни уметнички создавања, особено во литературата. Постојат градови што прво сме ги запознале и почувствувале преку литературата, а потоа сме ги посетиле, и обратно. Постојат и градови што сме ги доживеале само преку литературата, а имаме чувство ...

Многу луѓе во определен период од нивниот живот се соочиле со опаѓање на косата и тоа директно влијаело на нивната самодоверба, но и на квалитетот на живеењето. Причини за ваквата појава има многу и тие можат да бидат од различен вид, медицински состојби, наследен фактор, начин на живот и слично. Процентите покажуваат загрижувачки бројки, односно до 35 година, приближно 40 % од мажите имаат искуство со видливо губење на косата. До 60 година овој ...

Како дел од активностите посветени на поддршката на претприемачките во нашата земја, Халкбанк со гордост го најавува настанот што на едно место ќе ја собере бизнис-заедницата на жени, а кој ќе се одржи на 29 ноември во Македонската филхармонија. Под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“, на 29 ноември со почеток во 10:00 часот во Македонската филхармонија ќе се одржи првата бизнис-конференција за претприемачки „HalkTalk 2023“ во ...

На 13 ноември се одбележуваат 79 години од ослободувањето на Скопје. По многуте природни и неприродни стихии што оттогаш до денес го погодија градот, феноменот Скопје не престанува да биде инспирација за различни уметнички создавања, особено во литературата. Постојат градови што прво сме ги запознале и почувствувале преку литературата, а потоа сме ги посетиле, и обратно. Постојат и градови што сме ги доживеале само преку литературата, а имаме ...

Portret Magazine – MKD Во срцето на Скопје, жива и страстена заедница наречена “Zhurkaq” создава волни во електронската музичка сцена и истовремено презема чекори за да остави позитивен влијание на околината. Оваа заедница од млади лица започна насочена и воскликнувањето “Zhurkaq za Star Del”, која има за цел да го претвори стариот парк на градот во подобар и почист околински простор. Кој е Zhurkaq? Zhurkaq е повеќе од обична електронска музичка ...

Поради цикличната природа на модата, гледаме трендови што доаѓаат и си одат. Y2K се однесува на 2000 година т.е.на модата која дава носталгична нота од поп-културата од доцните деведесетти до раните двеилјадити и моден момент што доживеа свое делумно враќање. Светли палети на бои, чокери, фармерки со низок струк, кратки сукњи, мрежести маици и маици во повеќе слоеви, беретки, кожени јакни, плишени тренерки, металик бои, многу светки итн. Модата ...

Денес во ЈУ Младински културен центар ќе се оддржи третиот по ред т.н “Музички блок” од Европа. Идејата зад овој настан е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади. Целосната програма на “Музички блок” ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата Лајвјуроп, првата паневропска иницијатива која ги подржува на ...

Шпаркасе Банка во соработка со Visa почнувајќи од 1ви ноември започна со „VIBE ON-CASHBACK“ кампањата, со која се најавуваат нови привилегии за корисниците на пакетот за млади. Во следните три месеци корисниците на „Vibe on“ картичките имаат можност да добијат поврат на средства на нивната трансакциска сметка. Квалификувани за учество во кампањата се сите активни корисници на „Vibe on“ пакетот, а најбрзите 3000 корисници кои во период од ...

Само преку едукација и информираност може да се постигнат вистински долгорочни резултати во однос на сексуалната едукација кај младите. Свесни за важноста од сексуална едукација на младите и оваа година брендот Surecheck реализира различни активности и кампањи со цел да се подигне свесноста кај јавноста. „Една од клучните стратешки определби на нашиот бренд е да ја актуелизира темата и да овозможи сексуално образование за младите луѓе, во сите ...

Веќе сте запознати со нашите соработници, брендот АПРИЛ22, за иновативни биоразградливи хулахопки. Многумина од вас решивте да ги пробате и да ги купите нивните еколошки производи откога дознавте за негативниот ефект што стандарните хулахопки го имаат на нашата планета. Но, дали знате каков позитивен ефект имаат на вашата кожа? Вашиот чекор да бидете посовесни кон средината беше награден со голема мекост која доаѓа од магичното еко предиво на ...

Сите ние имаме право на здрава животна средина, во која ќе живееме поквалитетно, подобро и посреќно, а тоа можеме многу едноставно да го постигнеме доколку воведеме здрави, одржливи и паметни навики. Една од работите што можеме да ги направиме е да ја подигнеме свеста преку конкретни активности. Загадувањето на воздухот од согорувањето на горивата во транспортот, индустријата и домаќинствата, но и климатските промени имаат главна улога во ...

Во сите препораки на најголемите здравствени организации, редовната физичка активност е базична препорака, неопходна за превенција од многу хронични болести, како срцеви заболувања, дијабетис, висок притисок и сл. Кога зборуваме за физичка активност често се осврнуваме на какви вежби и со која динамика, треба да практикуваме, а занемаруваме каква исхрана и суплементација треба да внесуваме за да се задоволат потребите при редовна физичка ...

Приказната за брендот Belodore започнува во самото срце на Унгарија – Будимпешта. Инспириран од снагата и убавината на дури два града чии сличности и разлики се преплетуваат во хармонија, Belodore продолжи да се развива и стана најголемиот регионален ланец на niche парфимерии. Првата парфимерија на улицата Реги го означува почетокот и растот на компанијата која го претставува секој детаљ на niche индустријата. Приказната продолжи да се развива ...

Поетската книга „Во хаосот радост“ од авторката Калиа Димитрова ќе биде промовирана во петок, 20ти октомври, во барот Бруталиск. Настанот ќе започне во 20:00 часот, а за книгата со авторката ќе разговара писателката Румена Бужаровска. Уредничка на книгата „Во хаосот радост“ е Душица Лазова, а дизајнот е на Кристина Атанасова. Во „Хаосот радост“ е втора поетска збирка на Калиа Димитрова, чија дебитантска книга „Вештерките денес“ излезе од печат ...

Вечерва во 20 часот, на тајна локација во Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата “Портрет на Кралот Алкохол” на младата талентирана фотографка и уметница Соња Ставрова. „Портрет на Кралот Алкохол“ е фото-документарен проект на уметницата Соња Ставрова. Проектот вклучува визуелна изложба на фотографии и инсталации и го прикажува социјалниот живот во селата од тиквешкиот регион. Оваа изложба е продолжение на проектот „Кралот ...

На 5. октомври македонскиот моден бренд „Лудус“ ја претстави новата колекција за пролет-лето 2024 година на Љубљанската модна недела, по покана на организаторите на настанот. Овој пат, модната недела се одржа во Центарот „Рог“ и меѓу прикажаните 42 ревии „Лудус“ беше повторно меѓу 11-те најдобри брендови во интернет напис во магазинот „Форбс“. Колекцијата го привлече вниманието и на други интернационални медиуми како магазинот „Шон“,„Факинг ...

Април22, водечкиот бренд познат по своите биоразградливи хулахопки, го раздвижи Дебар Маало со спектакуларната ноќ на модната писта на 15 октомври во Casa bar. На настанот Fashion Night на кои учествуваа неколку успешни модни брендови, Април22 ја прикажа енергичната палета на хулахопки во плејада бои. Емотивниот настан со моќни пароли ги воодушеви модните ентузијасти и инсајдерите во индустријата. Април22 се појави како светилник на одржливост ...

Ви најавуваме Денови за донирање во кои сите ќе ја искусат радоста и моќта на донирањето. Оваа иницијатива се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој работи на инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата. Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите граѓански ...

Harold Boué познат како Abstraxion, е француски продуцент и музичар од Марсеј. Неговата музика ги надминува сите наметнати музички рамки и влече од жанрови како итало диско, ЕБМ, раниот транс, техно рејв и синтвејв. Резултатот е силно и оригинално музичко искуство. Неговите сетови се невообичаени и знаат да изненадат со неочекувани музички промени во сите правци. Харолд е ко-основач на Biologic Records, заедно со неговиот партнер DC Salas. Тој е ...

Во понеделникот, 09.10.2023 година, во познатиот загребски хотел Еспланада, Diplomacy&Commerce Croatia одржа настан по повод шестиот роденден. Во таа прилика беа доделени награди на компаниите и институциите за извонреден придонес во своите индустрии и полињата на дејствување. На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија. Изразувајќи благодарност на медиумската куќа ...

Одржливата еко мода, има цел да ја зачува еколошката рамнотежа без притоа да се исцрпуваат природните ресурси, што е исклучително важно зашто модната индустрија е еден од најголемите загадувачи на животната средина. Токму затоа секој бренд кој се залага за уникатни, еко производи е за почит и внимание. Сања Лазаревска е сопственичка на брендот April 22 кој на нсшиот пазар нуди токму вакви производи. Сопственичка сте на компанија која на пазарот ...

Неодамна присуствував на музичко-сценски настан за кој сметам дека преставува пресврт во македонската култура, какви што се случуваат повремено на деценија-две. Се работи за заедничкиот проект на музичарот Андреја Салпе и глумецот Оливер Митковски насловен „Поетроника“, музички албум кој се основа на поезија на деветмина македонски автори. Седејќи во мрачната интима пред малата сцена на МНТ, почувствував дека сум била сведок на нешто битно за ...

Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, бизнис-заедницата, локалната самоуправа, медиуми и јавни личности, во Националната опера и балет се одржа Свечената промоција на дипломци и магистри за 2023 година на Универзитетот Скопје. Ректорот проф. д-р Аце Миленковски на дипломците и магистрите им порача дека Универзитетот Скопје ги исполнува желбите и соништата на младите луѓе, а дипломата која ја добиваат е нивен пасош за светла иднина. ...

Вечерва во 20 часот во Галеријата 2 на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Македонските архитектурални скулптури” од Ерина Богоева. По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата ...

Светската супер група, психоделичниот експериментален секстет од Јанина, Грција VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат ќе настапат во Скопје на 9 октомври (понеделник) со почеток во 21 часот во Младинскиот културен центар. Овој музички состав, кој својата 45 дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. Нивната музика се класифицира како пост, стонер и психоделичен ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
92%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
67%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
94%
1011
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.02
91%
1011
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
78%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1007
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
89%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
66%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
93%
1006
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.5317

Currency

35.6019

Currency

39.5387

Currency

64.4906

Currency

7.95294

Currency

0.67129

Currency

0.38043

Currency

0.52485

Currency

1.49922

Currency

0.6653

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83