Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, подготви се за спортски бран од нереални цени, порачуваат од Спорт Риалити, од каде денеска, во Трговскиот центар Охрид Мол, ја отворија својата втора продавница во Охрид. Порачуваат дека охриѓани и гостите, од денеска, па сè до 13-ти јули, ќе уживаат во неверојатни попусти од 20 до дури 60% на целиот асортиман по повод големото отворање. – Tвојот омилен спортски бренд сега на уште една локација. Спорт ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 8 јули 2026 година, во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено е од слобода 32-годишно лице од Охрид, кое не го сопрело возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. – Притоа, полициските службеници во возилото забележале 44-годишник од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски ја освои главна награда на International youth music competitions во САД за композицијата „Маестри виртуози”, во изведба на „Трио Академико“. Во конкуренција со претставници од над 30 земји, во отворената категорија над 27 години, Гавриловски успеа да ги собере максималните 100 поени, односно по 20 за секоја од петте сегменти што се оценуваа. – Неверојатна ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Откако во март на сите ни ја претстави неговата „Лидија“, супер популарниот македонски музичар Давид Данилоски, познат како Young Dadi, има нов сингл, песна која официјално беше објавена вчера. И овој сингл е комплетно негово дело, во делот на текстот и музиката, а е продуциран од страна на Андреј Николов. Посебен момент во спотот е и појавувањето на популарната Миа Костова, во улогата на неговата мајка. Ако ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај „Билјанини извори“ и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод претстојните празници, Дебарско – кичевската епархија го објави распоредот на богослужбите на кои ќе богослужи и ќе проповеда Митрополитот г. Георгиј. Во недела, 12 јули, по повод празникот Св. апостоли Петар и Павле – Петровден, ќе се одржи Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево. Следниот ден по повод Собор на 12-темина апостоли – Павловден, ...
Охрид, 9. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници, на 12 јули ќе го одбележат празникот Петровден, а ден подоцна, на 13 јули ќе го празнуваат Павловден, празници со кои се поврзани и многу обичаи. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово на кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 15 јули 2026 година ќе биде промовирано реиздадението на песнарката „Охридски музички бисерник“ од Андреј Лаброски. Промоцијата ќе се одржи во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ со почеток во 19:30 часот. – На наше големо задоволство имаме чест да ве покануваме на промоцијата на реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник” напишана од Андреј Лаброски. Вашето присуство на овој настан ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, подготви се за спортски бран од нереални цени, порачуваат од Спорт Риалити, од каде ја отвораат својата втора продавница во Охрид, во Охрид Мол! Да, добро слушна. – Од овој четврток, па сè до 13-ти јули, уживај во неверојатни попусти од 20 до дури 60% на ЦЕЛИОТ асортиман по повод големото отворање! Tвојот омилен спортски бренд сега на уште една локација. Спорт Риалити во Охрид Мол. Ве очекуваме, ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. На 18 јуни беше исто, на 21 март веќе пишувавме за состојбата, слична беше и во април, а денешниот, јунски „срамизам“ повторно ја презентира непроменетата состојба во која се наоѓаат ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Давид Солунски. Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со 22 точки на Дневниот ред, денеска, со почеток во 09:00 часот ќе се одржи 12 седница на Советот на Општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со следниот Дневен ред. Усвојување на Записникот од 11-та седница -Предлог-одлука за давање согласност на измените на годишниот план за вработување во ООУ „Св. Наум Охридски“, село Пештани, Охрид за 2026 година. -Предлог-одлука за давање ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за наоблачување и врнежи од дожд попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени. – Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Денеска и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...
Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти, синоќа се одбележа 125-годишнината од формирањето на Првата охридска востаничка чета. – Станува збор за значаен историски јубилеј посветен на храброста, пожртвуваноста и непокорот на охридските и македонските револуционери, информираат од Општина Охрид, во чие име на одбележувањето присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Летото е период кога резервите на крв се најмали, а потребата од крв останува секојдневна. Во овој период, резервите на крв во нашата земја се најниски, а потребата за неа е постојана и итна, бидејќи во секој миг некој ја чека и има потреба, порачуваат од Црвен крст Охрид, од каде ја најавуваат регионална крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот!“ – Црвениот крст на Република Македонија организира ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, подготви се за спортски бран од нереални цени, порачуваат од Спорт Риалити, од каде ја отвораат својата втора продавница во Охрид, во Охрид Мол! Да, добро слушна. – Од овој четврток, па сè до 13-ти јули, уживај во неверојатни попусти од 20 до дури 60% на ЦЕЛИОТ асортиман по повод големото отворање! Tвојот омилен спортски бренд сега на уште една локација. Спорт Риалити во Охрид Мол. Ве очекуваме, ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Доколку барате совршено место за бегство од градската врева, Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina е совршен избор за вас. На само 15 километри од Охрид, на патот кон Битола, повелете во Рајската долина, во подножјето на селото Куратица. Уживајте во мирната оаза и дозволете си опуштени моменти со семејството и пријателите. Совршена локација за средби со колегите и тим билдинг настани со сопствен ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Google Street View се враќа во Република Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на ...
Струга, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 јули, со почеток во 20:00 часот, реката Црн Дрим ќе стане сцена за автентичен 40-минутен пловен мини концерт. Присутните ќе бидат сведоци на уникатно музичко доживување што ги спојува локалната музичка сцена, природата и летната атмосфера на градот. Иницијативата е на Коста Костоски, а поддржана од Europe House Struga. Ќе настапат Коста Костоски, Андреј Нически, Артан Жута, Бојан Крстиновски, Алмир ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полуматурантката Елена Секулоска е чекор поблиску до пласман на 23. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2026), што ќе се одржи во месец декември во Софија, Бугарија. На првиот селекционен натпревар по природни науки за избор на македонскиот тим, што се одржа вчера на Природно – математичкиот факултет во Скопје, како претставник на ООУ „Григор Прличев“, таа го освои првото место на ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарните U2 го објавија новиот сингл „Street of Dreams“, кој е најава за претстојниот студиски албум на култниот ирски бенд и ќе биде нивната прва комплетна колекција на нов материјал по полни девет години. Иако бендот сè уште не го открива насловот на новиот албум и точниот датум на издавање, потврдуваат дека ќе биде објавен годинава. Шпекулациите за можно издавање во септември се засилија, бидејќи U2 ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. – На едно место имало книжара, печатница, продавница за играчки, уметнички подароци и охридски бисер. Вистинско културно јадро на градот. Дали некој ги памети овие стари охридски фамилии и локацијата на дуќанот? – ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Green Day го објавија синглот „I’m Never Gonna RIP“, кој го најавува официјалниот soundtrack за филмската продукција „Nimrods“ и истоимениот албум „Nimrods (Original Soundtrack)“, кој ќе биде достапен во музичките продавници веќе од 31 јули. Новиот материјал ќе биде објавен на CD, касетa, на дигиталните платформи и на многу колекционерски изданија на винил, што го прави посебен за фановите на бендот. Вклучува ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажите „Славија“ и „Орце Николов“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Делови од коловозот на малиот, пристапен пат кон плажата „Горица 1“, деновиве се во лоша состојба. Возачите го избегнуваат за да не ги оштетат возилата и мора да преминат на другата страна, што претставува потенцијална опасност, затоа што во текот на летните месеци, овој потег се користи од бројни граѓани за пристап кон околните плажи. Овој дел од градот често се користи и за рекреација, посебно во текот на ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово кај плажата „Орце Николов“, со мотив од охридско кајче. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува ...
Охрид, 8. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид, во соработка со СВР Охрид, денеска организира крводарителска акција. Ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид, во периодот од 09:00 до 12:00 часот. – Ги повикуваме сите вработени во СВР Охрид да се приклучат на акцијата и да ја даруваат својата скапоцена течност. Една единица дарувана крв може да спаси повеќе животи. Дарувај крв – спаси живот, велат од Црвен ...