Охрид, 11. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Уметноста трансформира, уметноста е љубов“, утревечер од 21:00 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат оперската дива Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново со гала концертот „Љубов“. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар во Охрид, под ...

Охрид, 11. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на преносот на моштите на светите маченици Кир и Јован. Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во ...

Охрид, 11. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени. – Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ...

Охрид, 11. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид, во четеврток, на 16 јули 2024 година, со почеток во 19:30 часот, на плажата „Сараиште“ ќе се одржи годинешното издание на концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“. – Како и секоја година имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, кој ќе се одржи на платото на плажата „Сарајште“, во четврток, на 16 јули 2026 ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на Советот на Општина Охрид, на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид му се отстапени на користење паркинг-просторите на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самуил“, по што од понеделник, 13 јули, започнува примената на посебен режим на паркирање на овие локации. Паркинг-местата на наведените улици се наменети за користење од страна на резидентните жители кои располагаат со соодветна документација ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер. – На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и австриската покраина Тирол којашто има донирано возила и опрема за ТППЕ во Охрид. Се разгледуваа можностите за поддршка на планинските спасителни служби. Двете страни разменаа идеи и за восподставување ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата на Република Македонија Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Николоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека својот оптимизам го темели по посетата на Мисијата на УНЕСКО на ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 9 јули 2026 година, во 19:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица, од кои едно потешко. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Форд“ со охридски ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 9 јули 2026 година, во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишено е од слобода 47-годишно лице од Охрид. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил марка „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ...

Скопје/Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Собранието на Република Македонија е поднесен предлог за измени на Законот за студентски стандард со кој се предвидуваат построги правила за сместување и престој во државните студентски домови. Една од најзначајните новини е воведувањето горна старосна граница од 30 години за добивање и користење место во студентски дом. Со предложените измени се воведуваат дисциплински мерки за студентите кои ќе ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во мај 2026 година во Охрид биле издадени 12 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Во седум случаи како инвеститор се јавува физичко лице, додека пет одобренија се издадени на правен субјект. Предвидена е градба на 145 станови, најмногу двособни и трособни, со вкупна корисна површина од 9.494 м². Во анализираниот период во Општина Струга се издадени 10, ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Youtopia“ е возбудлива pop-EDM химна која ја слави емоционалната безбедност и чувството на припадност. Носена од еуфорични мелодии, енергична продукција подготвена за фестивалски сцени и веднаш незаборавен рефрен, изведен од препознатливата вокалистка на Cascada, Natalie Horler, песната зрачи со позитивна енергија од почеток до крај. Инспирирана од идејата да се биде нечие крајно безбедно засолниште, или ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Многу малку бендови можат да се пофалат дека објавиле нов материјал по повеќе од шеесет години, без да бидат третирани како носталгично сеќавање на минатото. Rolling Stones припаѓаат на оваа исклучително мала категорија и наместо да се потпираат на своите ловорики и старата слава, тие продолжуваат да создаваат нова музика со извонредна доследност и, пред сè, со желба да докажат дека сè уште имаат нешто ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Teddy Swims го претстави својот нов сингл „Break Up In Reverse“, длабоко емотивна песна што раскажува приказна за раскинување на сосема оригинален начин и се издвојува и по својата инвентивна приказна и по едноставната, акустична инструментација. „Break Up In Reverse“ го виде светлото на денот во живо на 23 мај 2026 година, на фестивалот BottleRock Napa Valley, веднаш освојувајќи позитивни впечатоци кај ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека продолжува низата сообраќајни незгоди на патот кај Рача, потег кој останува црна точка на овој дел на градот е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress. Тешка сообраќајна незгода се случи вчера на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на населбата Рача. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата има повредени лица, а учествувале две возила, при што е ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од поголемиот пакет летни промотивни активности, започна бесплатното летно Plazma TAXI. Ова е само продолжување на соработката на OhridPress и Супер радио со најголемите компании во државата и регионот. Основната идеја на Plazma TAXI е да им овозможиме на охриѓани и гостите бесплатно возење до саканата дестинација секој викенд во петок и сабота. Кога ќе го забележите нашето посебно брендирано возило ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во првите шест месеци од оваа година, двата македонски аеродроми опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28% и реализираа 13.167 летови. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена по Градската чаршија, во центарот на градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (ФТУ) и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола (УКЛО) се појавуваат во публикација издадена од реномираниот светски издавач Oxford University Press. Во книгата Solvency II: Present and Future, уредена од реномираните автори Karel Van Hulle, Helmut Gründl и Mirko Kraft, објавено е поглавјето „Navigating the Transition: Exploring the Impact of Solvency II on ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од утринските прошетки кај малото пристаниште во центарот на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Калина Стил“ организира уникатен настан – Blind Cigar Experience во Охрид и Струга, кој ќе понуди несекојдневно уживање за љубителите на премиум тутунските производи. Создаден како патување низ ароми, вкусови и доживувања, настанот ќе им овозможи на посетителите да ги разбудат сите сетила и да навлезат во светот на „пура културата“, софистицирана традиција која се темели на трпение, дегустација, ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Избрано најдоброто идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во современ и функционален Младински културен центар во Охрид. Конкурсот го распиша Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински центар Охрид 2025–2026, финансирана од Општина Охрид. По завршување на процесот на оценување од страна на стручната комисија, со задоволство ги ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Иако во повеќе наврати се најавуваше негово комплетно завршување, сепак на почетокот на годинава, министерот за спорт Борко Ристовски откри дека во проектот за изградба на покриен базен во Охрид има голем проблем со машинството. – Со изведувачот го раскинавме договорот и во моментов се прави ново проектирање. Базенот започна да се гради пред 8-9 години и таму има сериозни наоди за сторен криминал, Сега ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени. – Денеска и утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Охрид, 10. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Сампсон Странопримец. Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено и’ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. ...

Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на населбата Рача. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата има повредени лица, а учествувале две возила, при што е причинета и поголема материјална штета. Овој дел од градот останува црна точка, и на овој потег од патниот правец веќе се имаат случено повеќе незгоди во кои има и човечки жртви. Жителите ...

Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници денес ја одржаа 12 седница, на која централна тема беа измените и дополнувањата на буџетот на локалната самоуправа. Претходно беа донесени одлуките за согласност на плановите за вработување во основните училишта и измените на програмите за работа на општинските сектори. Во останатиот дел од работата на денешната седница, беа донесени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени ...

Охрид, 9. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги информираат сите граѓани кои добиле решенија или барања за надомест од Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП, да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, заради проверка на документацијата и понатамошно постапување. За граѓаните кои немаат категоризиран објект, Општина Охрид ќе издава соодветна потврда со која граѓаните ќе може да ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
56%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
76%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.71
72%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.87
48%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.02
69%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.19
80%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
59%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.55
46%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
71%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
66%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.96
88%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Злато

128281.48

Сребро

1844.33

Иридиум

247560.75

Бакар

12.60

Родиум

262028.58

Цинк

0.00

Калај

52.80

Платина

51216.14

Алуминиум

3.16

Кобалт

56.29

Паладиум

39513.27

Рутениум

49029.89