Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг“, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на Кукиќ во Струмица, каде што настанува и ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ) ја објавија програмата за Научната и уметничка визита 2026 година, која ќе се одржи во Куќата „Уранија“ во Охрид со бројни промоции, презентации на проекти, изложби, работилници и други настани. Во текот на јули предвидени се бројни настани, меѓу кои и самостојна изложба на мозаици од Ѓорѓи Томовски, која публиката ќе може да ја види од 1 до 20 јули. ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ) потсетува на земјотресот со магнитуда М5.0 кој го погоди Охрид на денешен ден, 3 јули 2017 година. – Во периодот од 18 јуни до крајот на август 2017 година, Охридското епицентрално подрачје беше изложено на сеизмичка активност изразена преку серија на минорни до умерено силни земјотреси со магнитуден интервал M0.1 до M5.0, чие ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денес, започна со работа Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“, кој ќе може да се посети секој ден во периодот од 08.00 до 19.00 часот. Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид и оваа година ќе организира „Летна пливачка школа“ на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“, при СРЦ „Билјанини извори“. – Школата започна во среда на 1 јули 2026 година, а термините се прилагодени на Вашите можности, со активности ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Céline Dion го продолжува своето долгоочекувано музичко враќање, објавувајќи сосема нов сингл на француски јазик насловен „Bonjour Pardon Merci“. Новото издание доаѓа во особено важен момент за големата канадска пејачка, која во текот на последните години беше отсутна од сцената поради здравствени проблеми. И покрај тешкотиите, нејзиното враќање се развива динамично, како со нови снимки, така и со најавата за ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај „Билјанини извори“ и каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нема крај на дивите депонии низ Охрид и периферијата. Пролет, лето, есен, зима, покрај контејнери или пат, во природа, на јавни или помалку јавни локации… дивите депонии и несоодветно оставеното ѓубре се тука и не се само физички отпад, туку огледало на нашето ниско ниво на култура. Најчесто се остава кабаст отпад, како мебел, покуќнина, големи апарати и градежен шут, но и зелен отпад по расчистување на ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2006 година, беше поставена скулптура на Св. Наум во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро, дело на охридскиот уметник Борис Џепароски кој имаше ретка дарба да создава уметнички дела со моторна пила. Џепароски создаваше дела главно од масивно дрво на кое му дава душа. Животот го помина на релација Охрид-Франкфурт, каде што беше на привремена работа, и иако немаше претходно ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од кеј „Македонија, со мотив од црквата Свети Јован Богослов Канео. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 3 Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Достојно и со почит, православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец. – Пример за соживот од памтивек. Египќани од Ресен подаруваат камбана на манастирот Свети Наум во 1940 година. Нека е за многу години, порача членот Gjoko Zoroski во објавата на оваа ретка фотографија во Facebook групата Охрид, слики од минатото. Според календарот на Македонската ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски радио водител Жанко ЗШ Голабоски, на неговиот профил на Facebook објави интересен стар документ за се’ она што некогаш охридските фамилии, на овој ден, го носеле во манасторот Св. Наум. – За многу години Свети Наум… Еве што носеле охридските фамилии на овој ден пред години во манастирот Свети Наум, порача Голабоски. Свети Наум Охридски Чудотворец (роден 830, починал на 23-ти декември 910) ...

Охрид,3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва и утревечер ќе се одржува второто издание на Ohrid Cocktail Festival. Најавените учесници ветуваат несекојдневна енергија, врвни техники, иновативност, уникатни, автентични вкусови се веќе познати. – Охрид ќе пулсира во ритамот на коктел културата. Очекувајте коктели што раскажуваат приказни, музика што ги спојува луѓето и атмосфера што ќе ве натера да посакате фестивалот никогаш да не заврши, ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со изведба на „Билјана платно белеше“ од КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и целовечерен концерт на Ансамблот за народни песни и игри „Танец“,вечерва ќе биде отворено јубилејното 65 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Станува збор за најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите. Ќе трае до 6 јули, а на четирите фестивалски вечери ќе ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Свети Наум Охридски Чудотворец (роден 830, починал на 23 декември 910) бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј. Со нив, учествувал во Моравската ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и Мизискиот чудотворец, свети Наум Охридски, кој е наш постојан молитвеник и кој повеќе од 1.100 години непрестајно се застапува за нас пред Божјиот престол. По тој значаен повод, синоќа, во манастирот посветен на свети Наум Охридски беше отслужена празнична Вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец, за кого меѓу народот има многу преданија и легенди. Кога се слават деновите посветени на овој голем светец, во Свети Наум доаѓа народ од секаде и сите носат по нешто. Но и Свети Наум бил издашен. Порано пред празникот манастирски луѓе оделе во поблиските и подалечните места да го канат населението да ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, со услови за повремен локален дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29 степени. – Денеска ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Голем број верници и оваа година го посетија манастирскиот комплекс Св. Наум, во предвечерјето на празникот посветен на големиот светец Свети Наум Охридски Чудотворец, за кого меѓу народот има многу преданија и легенди. Следејќи ја традицијата, тие го посетија манастирот и запалија свеќа за здравје и се помолија на светителот чудотворец. Според календарот на Македонската православна црква-Охридска ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани и посетителите на градот неодамна уживааа во музичкиот проект „Распеана чаршија“,во организација на музичката група ВИС „Билјана“. Настанот се одржа во вторникот, на 30 јуни од 19:30 часот со свечено дефиле низ охридската чаршија, кое внесе празнична атмосфера и ги оживеа старите градски улици со музика и песна. – Оваа година за прв пат се одржа манифестацијата „Распеана чаршија“ во организација на ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Нема ден, а во медиумите да не осамнат информации за бројни случаи на тепачки, семејно и врсничко насилство, селективна правда, неказнивост, дрога на сите страни, пребрзо возење, жртви… Последните два случаи, кога во само два дена се обелоденија два случаи на врсничко насилство ја оставија без зборови целата македонска јавност и повторно го актуелизираа прашањето – каде грешиме? Девојче малтретирано од други ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Наместо зад затворски решетки, десет осуденици затворската казна ја издржуваат во својот дом, јави Фокус. Со електронска алка на ногата, тие не смеат да го напуштат своето живеалиште, туку мора да останат во својот куќен затвор, со месеци, па и години, во зависност од досудената казна. – Управата за извршување на санкциите започна со извршување на десеттата судска одлука согласно која опремата за електронски ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи објави повик за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште „7-ми Мај“. Редовните ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на Република Македонија (кандидатите) треба да ги исполнат општите и посебните услови за прием и селекција утврдени со закон и подзаконски пропис донесен врз основа на закон. 2. Секој од ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги информира граѓаните дека од 1 јули започна да се применува нов времен режим на сообраќај на дел од улиците „Кеј Македонија“ и „Ванчо Николески“, со цел подобрување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот. Ул. „Кеј Македонија продолжува да биде целосно пешачка зона без сообраќај од пресекот со бул. „Македонски Пеосветители“ до пресекот со ул. „Ванчо Николески“. Со новиот режим се ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид. Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50 метри и туристичките локации на ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на престижната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. – Учество ќе земат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји: Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и домаќинот, Република Македонија. Автор на постерот е Андреј Павлов, информираат организаторите. „Поетска ноќ во Велестово“ е меѓународен културен фестивал кој се одржува секоја година кон ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Snow Patrol и легендарната Kylie Minogue го издадоа новиот сингл „These Alarms“, соработка што започна пред две години. „These Alarms“ првично беше напишана и снимена за време на сесиите за албумот на Snow Patrol „The Forest Is The Path“, што им го донесе првото место на британските топ листи во 2024 година. Сепак, песната не беше дел од албумот, затоа што фронтменот на бендот, Gary Lightbody, ја замислуваше ...

Скопје, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – „До неба“ е насловена најновата музичка приказна на Огнен Здравковски. Темата носи силна емоција, современ звук и атмосфера што долго останува да се врти низ мислите на оние што веќе ја слушнале. По период исполнет со многу работа, посветеност и музичко созревање, Огнен се враќа со песна која уште по првите тонови освојува со искреноста и енергијата што ја носи. „До неба“ е спој на модерна продукција, ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Синглот „Mi Chico“ на кој романскиот продуцент Dj Goja соработува со меѓународниот хитмејкер Jason Derulo и бразилската поп-артистка Melody, спојува три различни музички света, комбинирајќи ја afro house естетиката со латино влијанија и динамиката на современиот поп. Ова ново толкување на „Mi Chico“ инвестира во движењето, позитивната енергија и ескапизмот што ги карактеризираат летните dance изданија, без да ...

Охрид, 2. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Bryan Adams го прославува Денот на Канада со својот нов сингл „51st State“, моќна рок-песна што оддава почит на канадскиот идентитет, луѓето и вредностите што ја обликуваат оваа земја. Со препознатливиот композиторски и изведувачки стил, што го етаблирал со децении, Adams комбинира моќни мелодии со директни и емотивни текстови. „51st State“ е музичка изјава посветена на луѓето, заедниците и духот што ја ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
56%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
76%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.71
72%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.87
48%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.02
69%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.19
80%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
59%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.55
46%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.13
71%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
66%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.96
88%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Алуминиум

3.16

Бакар

12.60

Калај

52.80

Сребро

1844.33

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Платина

51216.14

Злато

128281.48

Родиум

262028.58

Цинк

0.00

Паладиум

39513.27