Во Охрид снегот формира мала прекривка. Улиците низ градот и околните населени места се проодни и третирани со механизација и абразивни средства, информира јавното комунално претпријатие. По вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни во повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната расположлива механизација на Ј.П. „Охридски Комуналец” за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски ...

Состојбата по обилните врнежи што ја зафатија територијата на државата е главно стабилизирана, без поголеми нарушувања во редовното функционирање, информираат од Центарот за упрвавување со кризи Во скопскиот регион не се евидентирани проблеми. Во моментот нема активни врнежи, а состојбата е оценета како стабилна. Слична е ситуацијата и во Тетово и околината, каде сите патни правци се проодни, со претежно влажни коловози. ЈП „Македонија пат“ ...