Хотелот „Виторе“ во населбата Далјан во Охрид се солидаризира со погодените од поплавите во регионот и ги отвора вратите за сите на кои им е потребна помош. Доколку сте во ваква ситуација или познавате некој кому му е потребно сместување, контактирајте не веднаш. – стои во објавата на хотел „Виторе“. Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во куќи, дворови, помошни простории и земјоделски површини во Охридскиот регион. OhridNews ...
Хотелско-туристичкиот комплекс „Мизо“ од Охрид ја информира јавноста дека ги отвора своите врати за сите граѓани погодени од актуелните поплави. Сите лица кои се затекнати од поплавите и имаат потреба од привремен сместувачки капацитет можат слободно да се јават на рецепција и ќе бидат сместени бесплатно, сè додека состојбата не се нормализира. Од „Комплекс Мизо” порачуваат дека оваа хумана мерка е во знак на солидарност и поддршка кон ...

