Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Пејачката Александра Пријовиќ ги споделие деталите од драмата низ која поминала кога нејзината нова песна „Звук тишине“ протече во јавноста, а во својата објави истакна и колку ја потресе и погоди оваа постапка. Александра изјави дека се случила непредвидена ситуација и дека песната со која сакала да го најави својот нов албум излегла во јавноста, како што наведе, на нејзе непознат начин и моментално незаконски кружи по социјалните мрежи и ...
Македонскиот музички артист Борис Цветановски познат под псевдонимот Ris Flower со својот интернационален музички проект, после фантастичниот сингл “Flying to Berlin”, во светскиот етер е присутен со нова сингл тема, насловена: “Zое”. „Компонирав песна која ќе има свежина и ќе биде комбинација на привлечна популарна мелодија и класичен рок ритам. По „Flying To Berlin“, песната „Zое“ е надополнување на приказната и е најава за следните ...
Познатата македонска поп пејачка Бојана Скендеровски очигледно не застанува кога се во прашање новите музички проекти кои како што вели таа со задоволство ги создава и работи на нив. По промоцијата на песната и видео спотот за “Зад завесите”, таа неодамна со видео спот ја промовираше најновата песна “Среќа и несреќа”, дело на српскиот композитор Саша Милошевиќ – Маре, песна која што има и српска верзија. Бојана видео спотот го реализираше со ...
Како што и самиот неодамна соопшти, македонскиот пејач Васил Гарванлиев се вери со својот партнер за кој вели дека сосема случајно се запознале и дека не очекувал дека ќе му се случи љубов. “Внимавај што посакуваш”, изјави Васил за интернет порталот Репортер. Како што дознава пак Музика24, ништо од неговото враќање во Македонија следниот период. Тој на големо го подготвува својот нов музички проект, а истовремено е посветен на својата поубава ...
„Бегаме“ е новото музичко остварување на Дани Димитровска во сорабтока со Бранислав Николов од групата Фолтин, или познат како Пијан Славеј. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој продукциски застанува зад ова дело. „Бегаме е одраз на човековата површност во модерниов колектив; отуѓеност, раздвоеност во суперлатив… страв од одговорност и посветеност како начин на функционирање…“, вели Дани. ...
Во последните неколку години се почесто се слушаат гласини дека Бора Ѓорѓевиќ има здравствени проблеми, а во прилог на тоа говори и фактот дека тој исчезнал од јавниот живот. Кога бил виден низ Белград на почетокот на пандемијата со својата трета сопруга Дубравка, која е 28 години помлада од него, не можел да остане незабележан да оди со тешкотии, а некаде во тој период се зборувало дека бил хоспитализиран во Ургентен центар. Фронтменот на ...
Како што беше најавено, така и се случи. После подолга пауза од неколку години, “Прилеп фолк фест” се оддржа пред прилепската, односно, македонската публика која пројави интерес и е се повеќе желна за вакви музичко-забавни настани. Фестивалот тоа и го докажа. И иако ревијален без награди и натпревар меѓу учесниците, сепак, на сцената се појавија голем број на познати македонски имиња кои вистински значат на нашата македонска фолк сцена. Тука ...
Кралицата на македонската поп-музика Калиопи Букле е една од ретките македонски изведувачи кои често настапуваат низ поранешна Југославија, а каде ги полнат салите и плоштадите. Таа изминативе години одржа десетици солистички концерти и е чест гостин и на манифестации во Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора итн. Летната сезона на концерти, Калиопи ја почнува во Врдник на Фрушка Гора во Србија. Таа на 3-ти јуни настапува на првото издание на ...
Дара Бубамара се согласила да се снима два месеци во текот на летото, а реалното шоу наводно ќе почне да се прикажува наесен. Дара доби одличен хонорар, дури 250.000 евра! За таа цифра се согласила камерите да ја снимаат каде и да се движи. Веќе се договориле да ја снимаат во теретана додека тренира, во бањата, на фризер, во музичко студио, додека го носи синот Коста на училиште, на ручек со бившиот сопруг Милан, на кафе со пријатели и ...
Рок составот „Station: Innermost“ кој ќе настапи како предгрупа на концертот на легенрарните „Deep Purple“, утре во Скопје. Станува збор за бенд составен од пет ултра талентирани членови, секој со своја, уникатна музичка приказна, со фасцинантно познавање на инструментот на кој твори. Членовите на „Station: Innermost“ се: Наташа Миха (вокал), а покрај неа дел од бендот се и Дамир Пух (гитара), Стефан ...
Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, Мирјана Антоновиќ се огласи и потврди дека судот во Белград пресудил дека пејачот Мирослав Илиќ е биолошки татко на Девин Антоновиќ. Мирјана неодамна беше во Белград на последното рочиште и најави крај на судењето, а сега извести за деталите од пресудата: Драги мои трпеливи пријатели, денес е ден за славење. Донесена е судска одлука дека Мирослав Илиќ и Девин Антоновиќ СЕ ТАТКО И СИН. Денеска од среќа ...
Авалон продукција со жалење информира дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нова дата, 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје! Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, ...
Прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” утре ќе ја промовира новата премиера, претставата „Дупло дно” по текст на Горан Стефановски а во режија на Наташа Поплавска. Автор на музиката за оваа претстава е Ристо Вртев, фронтменот на „Архангел“. Играат: Катерина Чакмакоска – Клинческа – Кристина, Даниела Иваноска – Параскева, Димитар Ѓорѓиевски – Божо, Игор Трпчески – ...
Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на нашиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, во избор на уредникот Патрик Ракер. Трпчески за своето најново соло издание (трето за издавачката куќа „Лин рекордс“) избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс. Рецензентот на ...
Хит комедијата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ на Драган Маринковиќ Маца на 28-ми мај гостува во Центар за култура Битола а ден претходно во Филхармонијата во Скопје. Бракот е претставен на посебен начин кој никого не остава рамнодушен! Феноменалниот комичар со шегите за односот помеѓу мажот и жената, за вечните прашања на оваа тема, насмеа над 40.000 гледачи кои за возврат воодушевено му аплаудираа во секоја сала во која ...
На Ана Ѓуриќ Констракта по освоеното петто место на Евровизија со песната „In corpore sano“ ѝ недостига мир и тишина, па одлучила да се повлече од јавноста. „Сега се ќе се среди и ќе си дојде на свое место. Мислам дека заслужувам мир, иако знам дека оваа приказна треба да заврши. Ми треба одмор, воздух… Тука сум, не одам никаде, но ми треба одмор. Уметницата станува невидлива“, истакна Констракта за ...
Во рамки на одбележувањето на Денот на Светите Кирил и Методиј, во Рим традиционално отпатува македонска делегација која го посети и Папата Франциск во Ватикан. На аудиенцијата која папата ја приреди за премиерот Ковачевски и делегацијата, протоколарно се разменија и подароци меѓу двата лидери. Покрај останатите подароци од македонскиот премиер, папата го доби и најновото винилно издание на Влатко Стефановски, Greatest Hits Collection во ...
Долго најавуваниот документарен филм за Дејвид Боуви, „Moonage Daydream“ на режисерот Брет Морген, го доби првиот трејлер. Според официјалниот опис, овој документарен филм нема да се базира само на кариерата на познатиот музичар, туку ќе го истражува неговото „креативно и духовно патување“. Самиот трејлер прикажува извадоци од изведбата на Дејвид Боуви, а според извршниот продуцент и поранешен претседател на Warner ...
Во текот на вчерашниот ден на својот YouTube канал младиот и веќе познат артист Вчков ја промовираше својата најнова песна “Мрак” преточена во нов видео спот. Песната е дело на Вчков, додека пратечките вокали ги пее Јана Спирковска. Зад камерата снимаше Андреј Јаневски, кој и воедно го монтираше овој најнов видео спот. “Новата песна е еден нов звук на нашата музичка сцена, орентал музика. Текстот е мој, но не е ...
„Југотон Кроација Рекордс“ го претставува „Ехо“ – деби-албум на македонска уметница Зарина Првасевда. Зарина Првасевда е македонски уметник, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. На неодамна одржаниот концерт во Македонската филхармонија по повод издавањето на албумот „Ехо“, Зарина ја воодушеви публиката, а наста беше распродаден до последен билет. Таа ...
Саксофонистот Горан Папаз објави нова песна и видео „Овој момент“, каде гостува легендарниот Влатко Стефановски. Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски, а музиката е на Горан Папаз. Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски. Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кого никого нЕ` оставил ...
Македонска поп-пејачка и кантавторка на забавна музика, MIYATTA, ја промовираше својата најнова песна со наслов „Враќање дома“. Во оваа песна покрај мене, вокално ме надополнува и Теда, Теодора Гошева Капсарова, кантавторка и пејачка од помладата генерација. Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот ...
Раде Шербеџија и неговиот придружнички бенд „Западни колодвор“ тргнаа на голема турнеја низ регионот, а подоцна ќе патуваат и во земји надвор од нашиот регионот. На турнејата Раде го промовира својот актуелен албум „Не окречи се сине“. Турнејата започна вчера во Марибор а во наредниот период па се до ноември ќе одржи концерти во Хрватска, Словенија, БиХ, Германија, Србија, Шведска и Македонија. Турнејата ќе биде ...
Музичарот Тончи Хуљиќ откри дека не би му пречело пејачката Данијела Мартиновиќ да му биде снаа и да се омажи за неговиот син Иван. Имено, медиумите во регионот со месеци пишуваат за неговата ќерка Хана и зетот Петра Грашо, кој е и негов долгогодишен пријател од времето на „Магазин“ но и за Данијела со која Грашо беше во претходните 24 години. Со оглед на околностите и колку внимание привлекува неговото семејство, медиумите го ...
Музичарот Тончи Хуљиќ откри дека не би му пречело пејачката Данијела Мартиновиќ да му биде снаа и да се омажи за неговиот син Иван. Имено, медиумите во регионот со месеци пишуваат за неговата ќерка Хана и зетот Петра Грашо, кој е и негов долгогодишен пријател од времето на „Магазин“ но и за Данијела со која Грашо беше во претходните 24 години. Со оглед на околностите и колку внимание привлекува неговото семејство, медиумите го ...
Вечното момче Бајага и неговите „Инструктори“ се враќаат во Битола ова лето. На 17-ти јуни на Ракометно игралиште, еден од најбараните изведувачи во регионот ќе одржи “лекција“ за добра музика и уште подобра забава. Кој и да бил на барем еден нивен концерт знае дека следува незаборавна вечер и одлична енергија со најголемите хитови од супербогатата кариера на Бајага и Инструктори, бенд кој важи за класика на рокенролот ...
Дуа Липа се подготвува за следната улога. Според The Sun, таа ќе глуми во филмот „Барби“ кој се снима во Велика Британија. Taa веќе играше во филмот „Аргил“ со Хенри Кавил во 2021 година. Дуа предизвикува бранови во музиката и филмовите. Навистина импресионираше во филмот „Аргил“ и се прошири во Холивуд колку е добра. Сега таа се приклучи на тимот на филмот „Барби“ заедно со големи имиња, меѓу ...
Првата дискографска објава на Пијан Славеј се одржа вчера во Скопје. Се работи за ЕП издание во издание на „СЈФ Рекордс“. Деби-изданието на Пијан Славеј се состои од пет композиции, во вкупно времетраење од 18 минути. Автор на текстовите и музичката скица е Пијан Славеј (Бранислав Николов), а аранжманите и музиката во поширок контекст се дело на групата: Бранислав Николов – вокал, мини електрично пијано; Пеце ...
Легендарниот грчки композитор Вангелис Папатанасиу, почина на 79-годишна возраст. Вангелис починал во вторникот (17-ти мај) во болница во Франција, каде што бил на лекување. Композиторот беше најпознат по музиката за филмот „Chariots of Fire“ од 1981 за кој доби Оскар. Покрај тоа, тој напиша композиции за голем број познати филмови, како што се „Blade Runner“ (1982), „The Bounty“ (1984) и „1492: ...
Пејачката Милица Павловиќ и покрај неодамнешната смрт на нејзината баба, го исполни ветувањето да придружува еден матурант од Бања Лука на матурската прослава. Имено таа му беше придружничка на Срѓан Адамовиќ, ученик на Електротехничкото училиште во Бања Лука. Тие двајца се појавија во бела лимузина, а освен што на оваа матура дојде заедно со популарната Милица, неговата матура ја пратеа голем број фоторепортери и медиумски куќи. А ова беше ...