Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Емилија, која е добро позната на македонската публика со својот „ангелски глас“, откако на 10-ти февруари стана мајка по трет пат и на свет ја донесе својата ќерка Жоржина ги израдува сите љубители на попфолк музиката со третиот дует „Пак ще се броиш“ со најталентираниот изведувач Денис Теофиков, чиј живот згасна на 24-ти октомври минатата година и тоа само на 21 година, а неодамна премиера направи и на последниот дует со ...
Познатиот битолски рок состав „Чоканче“ по подолга пауза објави нова песна. „Игра рок анд рол цела Македонија“ е создадена пред 7 години, но била завршена минатиот месец. Според членовите на групата, се работи за еден искрен, обичен опис на секојдневието во Македонија. Во снимањето учествуваа: Иле Лулевски на тапани, Зоран Илиевски – Скточ на гитара, Бранко Шпољариќ- Паљач како вокал, Крсте Симоновски – Крчо ...
Кога во февруари ја испеа „Супермен” на домашниот избор за Евросонг, на Виктор Апостоловски му се случува истата приказна како во времето кога пееше во „Идол”. Добива пораки од обожавателки, го застануваат на улица за да се фотографираат, родители му испраќаат видеа од нивните деца кои пеат и играат на песната со која не успеа да стигне до Евросонг. Виктор повторно преку ноќ стана популарен. „Пред некој ден си го ...
Здружението на џез музичари по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30-ти април пред Платото пред Македонската филхармонија. Настанот започнува од 14 часот, па се до доцните вечерни часови. Ќе настапат следниве музичари: Џоле Грујовски – Resonance, Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers, Тони Китановски. “Музиката има моќ да нè ...
Македонскиот евровизиски претставник од 2020 и 2021 година, Васил Гарванлиев, продолжува со новости во неговиот живот. После веста за неговата свршувачка, новитет има и на професионален план. Тој ја објави песната „Beautiful“ која е дел од неговиот прв албум на англиски јазик насловен „Porcelain solider“. Автор на првата песна е самиот Васил а целиот албум се очекува да излезе подоцна оваа година. Започнува ново патување. ...
Овој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се одржува од 2007, а овде во Македонија, таа убава традиција годинава ќе ја организираме по петти пат. Ние започнавме во 2017 година. Следејќи го генералниот концепт на прославата и “Record Store Day Macedonia 2022” има свој “Ambassador”, промотер на овој настан. Оваа чест, во светски рамки секогаш е наменета за музичари, кои со ...
И после 11 години постоење Спомен домот „Тодор Проески“ во Крушево останува најпосетениот музеј на Балканот со околу 1 милион посетители од целиот свет. Музејот е отворен на 25 април 2011 година, на вториот ден од Велигден, така одлучило семејството, бидејќи Тоше беше голем верник. Тука се поставени 360 експонати, негови лични предмети кои тој ги користел од неговото најрано детство, па се до трагичниот момент на загинувањето. ...
Манифестацијата „Денот на Боб Марли“ оваа година ќе се одржи на 13-ти мај и ќе трае цели 13 часа во Градскиот парк во Скопје. Целта на настанот е да се доближи реге музиката и пораката на Боб Марли, „One love, One heart, A world without borders“ до сите луѓе. Организаторот повикува сите ние како поединци да придонесеме во продолжувањето на традицијата на Денот на Боб Марли, којшто секоја година пред ковид-19 пандемијата ...
Македонскиот бенд „Funk Shui“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен show case фестивал во Европа, „Eurosonic“ во Холандија. Пролетва тие ќе имаат два концерти во Англија. Имено на 29-ти април ќе имаат свој концерт во Лондон, а следниот ден гостуваат на фестивалот „Sound City“ во Ливерпул, на кој многу артисти од музичката идустрија ја имаат започнато својата кариерата, ...
Новата песна „Ми фалиш“ на македонско – српското дуо Стефанија и Владимир, е петта по ред композиција од нивниот албум, кој е во процес на создавање. Дуото е создадено во 2019-та година. Начинот на презентација е автентичен, заради искреноста и оригиналноста која се пренесува од секојдневието кон уметноста. Песната е преполна со емоции кои ги предизвикува секоја разделба помеѓу две битија. “Песната е поетично обраќање за ...
На раперот Стефан Ѓуриќ Расти денеска, 18 април, му беше отстранета алката за следење на извршувањето на казната куќен затвор, откако помина осум месеци во домашен притвор. Раста конечно е слободен, а алката му ја симнале околу 10 часот. Ѓуриќ веднаш ја искористи слободата и отиде во студио да сними спот со македонскиот рапер Таско. Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, со неколку пакувања марихуана и сканк, а при ...
Скромното момче од Кичево кое пред повеќе од 10 години ја почна својата музичка кариера јако гази напред, но апсолутно ништо не е променето во однос на неговото однесување, тој и понатаму е истиот – ненаметлив, коректен и исклучително културен. Неодамна тој ја објави неговата нова песна под наслов „После полноќ”, па токму тоа беше и причината да биде гостин во естрадниот магазин „Бекстејџ”. Освен за новата песна, ...
Во нашата рубриката “Премиера” со посебно задоволство и чест Ви го претставуваме нашиот македонски музичар, професор по гитара и изведувач Виктор Пешчеров кој потекнува од Штип, но од декември 2018-та година живее и работи во Норвешка. Како што и самот вели за музичкиот портал Музика24, со музика се бави од мали нозе, а од 7 годишна возраст започнал за учи свирење гитара од татко му кој пак е самоук музичар. Потоа музичкото ...
Во нашата рубриката “Премиера” со посебно задоволство и чест Ви го претставуваме нашиот македонски музичар, професор по гитара и изведувач Виктор Пешчеров кој потекнува од Штип, но од декември 2018-та година живее и работи во Норвешка. Како што и самот вели за музичкиот портал Музика24, со музика се бави од мали нозе, а од 7 годишна возраст започнал за учи свирење гитара од татко му кој пак е самоук музичар. Потоа музичкото ...
На раперот Стефан Ѓуриќ Расти денеска, 18 април, му беше отстранета алката за следење на извршувањето на казната куќен затвор, откако помина осум месеци во домашен притвор. Раста конечно е слободен, а алката му ја симнале околу 10 часот. Ѓуриќ веднаш ја искористи слобдата и отиде во студио да сними спот со македонскиот рапер Таско. Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, со неколку пакувања марихуана и сканк, а при ...
Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ќе одржи аудиција за идни пејачи во Велика Британија. Најголемото телевизиско шоу за млади таленти во Србија, распиша конкурс за аудиција, чиј победник автоматски добива „златна карта“ што му овозможува да се натпреварува во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во септември. Кандидатите ќе се бираат во филмско студио во Лондон а ќе ги оценуваат Саша ...
Слушањето AC/DC дефинитивно може да ве „запали“, но кој знаеше дека може да биде корисно при изведување медицински процедури? Една нова студија покажа дека слушањето на легендите на хард рок музиката, многу гласно ги прави хирурзите побрзи и попрецизни. Германскиот универзитет во Хајделберг спроведе студија за ефектите на музичкиот жанр и јачината на звукот врз лапароскопската хирургија. Хирурзите добија „мек рок“ од ...
Во ова време – невреме, ретки се изведувачите кои работат, се трудат и вложуваат во својата кариера. Иван Јованов е еден од ретките. Фронтменот на групата „Либеро бенд“ го извади својот Џокер. Станува збор за ново музичко име на македонската музичка сцена, кој го крие идентитетот од јавноста и токму поради тоа носи маска. „Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, ...
Фондацијата ,,Ице Бегов” во Скопје е основана со цел вршење хуманитарни активности, поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории лица и семејства, маргинализирана група граѓани, ранлива категорија граѓани, како и лица со попреченост. Фондацијата е непрофитна, хуманитарна и непартиска фондација, основана со слободно изразена волја, која се стреми кон остварување на целта поради која е ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, балкански познатата дива Светлана Цеца Ражњатовиќ заедно со својата наследничка и ќерка Анастасија, најавуваат голем неколку часовен музички хепенинг во Македонија. Тие на 11-ти јуни во Аквапаркот во Пробиштип ќе одржат голем заеднички концерт, а како што велат самите организатори, публика освен од Македонија се очекува и од соседните држави Бугарија и Србија. Меѓудругото тие велат дека Цеца заедно со ...
Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ во Скопје е основана со цел вршење хуманитарни активности, поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории лица и семејства, маргинализирана група граѓани, ранлива категорија граѓани, како и лица со попреченост. Фондацијата е непрофитна, хуманитарна и непартиска фондација, основана со слободно изразена волја, која се стреми кон остварување на целта поради која е основана. ...
Во ова време – невреме, ретки се изведувачите кои работат, се трудат и вложуваат во својата кариера. Иван Јованов е еден од ретките. Фронтменот на групата „Либеро бенд“ го извади својот Џокер. Станува збор за ново музичко име на македонската музичка сцена, кој го крие идентитетот од јавноста и токму поради тоа носи маска. „Џокер ќе биде најконтоверзниот артист што Македонија некогаш го имала. Препознатлив по својот лик, ...
На 19 април (вторник) во Центарот за култура – Битола гостува Националната опера и балет со нова балетска магија. Станува збор за балетската претстава, „Госпоѓиците од Авињон“ за која моќната музика е создадена од Калиопи Букле, со кореографијата на Олга Панго и по либретото напишано од Сашо Димоски. Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ успешно ја доловува сликата за петте жени во животот на славниот сликар Пабло Пикасо, ...
Фолк ѕвездата Драган Којиќ – Кеба реши да го освои грчкиот пазар, па ја објави песната „1.000 fores“, или „1.000 пати“, која сега ја отпеа на грчки јазик. Станува збор за композиција на Румен Борилов, за која Кеба го напиша текстот и минатата година ја отпеа на бугарски, со неколку стихови на ромски. Сега реши да ги доближи стиховите „1.000 пати да ти кажам дека те сакам, 1.000 пати да те молам за љубов, 1.000 ...
Уште еден хит на „Црвена јабука“ доаѓа од актуелниот албум „Тврѓава“. „Радио Љубав“ е осмото официјално видео од еден од најпродаваните домашни албуми објавен на крајот на 2020 година. Музиката е напишана од постојаниот соработник на Жера, Мирко Шенковски – Геронимо, кој ги напиша стиховите со неговата сопруга Драгана Кајтазовиќ – Шенковски, а аранжманот на песната со Жера. Љубовта и искреноста на ...
30 Години „Ареа“. 30 Години успешна рокенрол приказна. 30 Години создавање на македонска музика. 30 Години коцерти и дружење со публиката. Настапите кои оваа година ќе ги одржиме ќе бидат составен дел од турнејата 30 Години „Ареа“, а дел од нив ќе бидат во акустична верзија, сѐ со цел да бидеме поблиску до публиката, песните да звучат поинтимно и поблиску до моментот кога настанале. Ве покануваме да бидете дел од овој ...
Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, на Авалон Продукција и’ претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо, затоа што сме сигурни дека после ова, за Дајте Музика ќе се зборува и како за врвен live перформанс исто така како што досега се зборуваше за врвна ...
Апсолутниот хит „Ана“ доби забележителна трансформација во прекрасна музичка соработка. Песната што ги издигна Владо Калембер и „Сребрена крила“ до статус на ѕвезда и засекогаш ја одбележа хрватската поп-рок сцена четири децении подоцна, победува со својата оригиналност и препознатливост Во кариерата на секој бенд има една песна која смени сè. Во контекст на „Сребрена крила“ тоа е песната ...
Центарот за култура – Битола продолжува со богата програма и во месец април. После успешно реализираните концерти во чест на Аки и Тоше во февруари и концертот на Раде Шербеџија во март, програмата за април е уште поатрактивна. Имено утре, 9-ти април во Центарот за култура гостува претставата „Чекајќи го министерот“ во која играат Самир Гициќ и Сашо Ристовски а главна ѕвезда е познатата Лидија Вукичевиќ. После 2 години од ...
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша денеска во Првото основно обвинителство изјавила дека не сака нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ да биде кривично гонет. За потсетување, на 07.01.2022 година, полициски службеници на полициското одделение Савски венац контактирале со дежурниот заменик јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство Белград по повод настан што истиот ден се случил меѓу сопружниците Ј.К. и Д.Т. Во консултација со дежурниот ...