Евролигата е навистина компетитивна, неизвесна во оваа сезона, секој може да победи секого и најдобра потврда за тоа се резултатите од 12. коло во најквалитетното натпреварување на стариот континент. Жалгирис со многу мака дури по продолжението ја оправда фаворитската улога против Баерн Минхен, нешто што Барселона и Панатинаикос не успеаа да го направат и загубија од Париз односно Виртус Болоња. Негативни резултати забележаа и двата клубови ...

Кошаркарите на Валенсија ја забележаа својата деветта победа сезонава и останаа на лидерската позиција на табелата во Евролигата, откако во рамките на 12. коло славеа на гостувањето кај Партизан со 64-76. За шпанскиот тим ова е прв триумф во Белград против „црно-белите“ по пауза од четири години. Домаќините влегоа во дуелот со желба да ја продолжат победничката серија, но наидоа на цврста одбрана и одлична скок-игра на гостите, кои остварија ...