Тренерот на Е. Пелистер, Лино Червар е задоволен од победата над Гумерсбах од 29:28 во четвртото коло во Лигата на Европа. Ова воедно е прва победа за битолчани во Лигата на Европа, но Червар вели дека нема многу време за славење бидејќи претстојат два дерби натпревари против Алкалоид и Охрид во домашниот шампионат. „Ова беше тежок натпревар, дадовме голем напор, но ѝ благодарам повторно на публиката која беше тука, честитики и до играчите ...

Еурофарм Пелистер направи фантастичен пресверт и со 29:28 го победи германски Гумерсбах во меч од четвртото коло во Европската ракометна лига. Со овој триумф битолчани ги задржаа шансите да ја поминат групата. По мечот, тренерот на Пелистер, Лино Червар беше задоволен. „Ова беше тежок меч. Требаше да дадеме многу напор за да победиме. Ова е голем триумф над германски бундеслигаш. Имавме минус пет гола и требаше да се врати екипата. Тоа беше ...