Фронтот во Украина продолжува да гори. Додека Киев и Москва разменуваат напади, Зеленски ги зајакнува одбранбените врски со балтичките земји и бара поголем европски ангажман во мировните преговори. Кремљ, пак, ги отфрла европските иницијативи за посредување и оценува дека Европа не е подготвена за улога на посредник. „Треба да продолжиме со притисокот и да ја доведеме Русија на дипломатски колосек. На Европа ѝ е потребен вистински и силен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Софија каде што треба да се одржи билатерална средба на највисоко ниво со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова. Средбата се одржува на маргините на самитот на процесот за соработка во југоисточна Европа. Пред посетата, претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека средбата е продолжение на разговорите со Јотова кои почнале на самитот во Ереван. Додаде дека нема нерешлив проблем и ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и ...

Лицата на возраст од 35 до 44 години се издвојуваат како најактивни корисници на платежни картички во Северна Македонија, покажуваат податоците на Народната банка за 2025 година. Во оваа возрасна група се регистрирани во просек 136 плаќања по глава на жител на ПОС-терминали, што е највисок број меѓу сите старосни категории. Од нив, дури 118 трансакции биле реализирани бесконтактно, што укажува на широка примена на современите начини на ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (10 јуни), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани ќе се реализира симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што се очекува зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките и ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода осум возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, седум лица биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Тројца од возачите биле во Скопје, а по едно лице во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани. Дополнително, во Кичево било приведено лице кое управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана за ...

И покрај знаците за смирување на тензиите меѓу Израел и Иран, ситуацијата на Блискиот Исток останува неизвесна. Израелската војска изврши нови напади врз либанскиот град Тир, и покрај предупредувањата од Техеран дека ќе возврати доколку операциите во Либан продолжат. Тел Авив тврди дека дејствува поради прекршувања на договорот од страна на Хезболах, кој не е дел од прекинот на огнот. „Со оглед на кршењето на договорот за прекин на огнот од ...

Протестите против туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД, продолжија во Албанија. Илјадници луѓе маршираа низ Тирана, со пароли против проектот, за кој екологистите велат дека може да го оштети уникатниот екосистем на заштитената област. Демонстрантите ветија дека ќе продолжат да излегуваат на улиците и бараат оставка од премиерот Еди Рама. Владата тврди дека развојот на јадранскиот брег ќе ја трансформира ...

По новата ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, двете страни покажуваат знаци на смирување на тензиите, но предупредија дека се подготвени за одмазднички напади доколку одново бидат испровоцирани. Претседателот Трамп објави дека преговорите со Техеран се во завршна фаза и дека договор за завршување на војната може да биде постигнат за два до три дена. „Многу сме блиску до постигнување многу добар, силен, моќен договор. Ако одиме и ги ...

По реакциите во јавноста дека приватни лица незаконски наплатуваат влез на локалитетот Куклица во кратовско и признанието од Општина Катово дека е спречена да управува со споменикот на природата, екипа на МТВ се упати на терен да провери каква е ситуацијата. Туристичката атракција Камени кукли се под катанец. Покрената е и судска постапка. Елена Георгиевска известува. Фото: Википедија По реакциите во јавноста дека приватни лица незаконски ...

Драмски театар Скопје утре ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Да живее Долна дупка“ од доајенот на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. Настанот ќе се одржи со почеток во 19 часот, како дел од програмата за одбележување на 80 години од постоењето на театарот. Публикацијата содржи четири комедии – „Да живее Долна дупка“, „Аферата ‘Рекет’“, „Аферата ‘Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, напишани во ...

Предводени од одличниот Виктор Вембањама, кој постигна 32 поени, осум скока и шест асистенции, Спарс ја прекинаа победничката низа на Никс и ја задржаа надежта за пресврт во битката за титулата. Значаен придонес даде и Стефон Касл со 23 поени. Кај Њујорк најефикасни беа Џејлен Брансон со 32 и Оу Џи Ануноби со 28 поени, но нивниот учинок не беше доволен за нов триумф. Поразот ја прекина серијата од 13 победи на Никс во плејофот. Следниот ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун организираше банкет и уметнички настап за кинескиот претседател Шји Џинпинг, за време на официјалната посета на Пјонгјанг, прва по седум години. Средбата ја нагласи посветеноста за продлабочување на соработката меѓу Кина и Северна Кореја и обнова на нивните традиционални сојузи. На самитот вчера, Шји изрази подготвеност да ја прошири соработката во трговијата, земјоделството, градежништвото и технологијата. ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе престојува во посета на законодавниот дом каде ќе биде примен од претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во посета на Собранието денеска ќе биде и турскиот пратеник Куршат Зорлу кој ќе одржи средба со македонскиот колега Бејџан Илјас. Средбите се очекува да бидат посветени на унапредување на парламентарната соработка и на прашања од заемен интерес. Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе престојува ...

Буџетскиот совет на Собранието денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат прашања поврзани со буџетското работење на законодавниот дом. На дневен ред се Предлог-одлуката за давање согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година, како и Предлог-правилникот за начинот и условите за користење на средствата обезбедени во собранискиот буџет за потребите на Советот за граѓански надзор. Членовите на Советот се очекува да ...

Тел Авив и Техеран предупредија дека се подготвени да почнат одмазднички напади доколку бидат одново испровоцирани. Исламската револуционерна гарда ги запре нападите и предупреди за обновени акции доколку израелските одбранбени сили продолжат со воените операции во Либан. Израелскиот премиер Нетанјаху тврди дека борбата против Хезболах и Техеран сè уште не е завршена. Претседателот Трамп вели дека САД и Иран се многу блиску до потпишување на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за ...

Денеска ново рочиште за судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов кој е обвинет дека за свесно прикривање на имотната состојба како и за перење пари. На претходното рочиште обвинителката искра Хаџи – Василева рече свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Противправно стекнал и не пријавил 450 просечни плати во ѕид или 350 илјади евра. Обвинетиот Ѓоко Ристов се изјасни дека не е виновен за ...

Автопатишта, енергетски проекти и нови инвестиции во фокусот на брифингот на премиерот. Мицкоски најавува дека во втората половина од годината ќе се работи на шест автопатски делници, а дел од автопатот Кичево – Охрид би можел да биде пуштен во сообраќај веќе за 8 септември. Паралелно се разгледува можноста државата сама да ги реализира Чебрен и Галиште, се најавуваат нови странски инвеститори, а до крајот на месецот и реконструкција на ...

Државниот инспекторат за животна средина и Центарот за управување со кризи, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се унапредува меѓуинституционалната координација во областа на заштитата на животната средина, управувањето со ризици и справувањето со кризни состојби. Меморандумот предвидува редовна размена на информации и податоци, заеднички активности за превенција и рано предупредување, како и соработка во јакнењето на капацитетите ...

Во изминативе две години одржани се 196 собраниски седници и усвоени се 710 законски акти. Гаши потенцираше дека помалиот број на седници во споредба со минатиот мандат е резултат на консолидација на агендата и избегнување на прекинати седници, со што е зголемена процедуралната ефикасност. Во извештајот за неговата двегодишна работа нотирани се 29 седници посветени на пратеничките прашања, интерпелации 13. На меѓународен план, Собранието ...

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.Ф.(32) од Гостивар. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна. Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ...

Партијата на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Косово, покажаа првичните резултати. Останува нејасно дали исходот ќе стави крај на политичкиот ќорсокак. „Драги граѓани, ова е уште една потврда дека барем оваа деценија, а верувам и многу повеќе од тоа, ќе биде под власта на движењето „Самоопределување“. Затоа, дури и на овие петти парламентарни избори за помалку од седум години, се докажа ...

Лука Модриќ стигна до 198 настапи за хрватската репрезентација, изедначувајќи се со Лионел Меси на второто место на вечната листа. Јубилејниот настап го забележа на пријателскиот натпревар против Словенија во Вараждин, кој Хрватска го доби со 2:1, а Модриќ се запиша и меѓу стрелците. Рекордер останува Кристијано Роналдо со 227 настапи за Португалија. Четириесетгодишниот Модриќ, кој од 2025 година настапува за Милан, зад себе има богата ...

Неколку значајни објекти од културата треба да бидат завршени до крајот на годината, а министерството располага со поголем буџет за разлика од минатите години. Оптимизмот за подобри резултати, министерот Љутков го темели и на сеопфатната стратегија која е приспособена на реалните состојби кај нас. Од денешниот брифинг за состојбите во културата и туризмот, известува Андријана Ѓурческа. Неколку значајни објекти од културата треба да бидат ...

Израелската војска изврши одмазднички напади врз воени цели во западен и централен Иран откако Техеран истрела ракета кон северен Израел како одмазда за нападите во јужните предградија на Бејрут. Ова е прв голем напад откако стапи во сила примирјето на почетокот на април. „Иранскиот терористички режим направи голема грешка кога повторно го избра тероризмот. Режимот се обидува да создаде нова равенка со извршување директен напад врз нас. Ние ...

Земјотрес од 7,8 степени по Рихтер, проследен со послаби афтершокови го погоди подрачјето покрај јужниот филипински остров Минданао. Властите соопштија дека има жртви. По потресот, издадени се предупредувања за цунами на Филипините, во соседна Индонезија, како и од американскиот Систем за предупредување од цунами. На жителите во крајбрежните области им е советувано да се засолнат на повисоки места. Филипините и Индонезија бележат стотици ...

Илјадници луѓе излегоа на улиците, осми ден по ред за да се спротивстават на проектот за крајбрежен развој, поврзан со зетот на претседателот на САД. Демонстрантите велат дека проектот би можел да ја оштети заштитената лагуна, област позната по својот богат биодиверзитет и еколошко значење. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Рама и откажување на проектот поврзан со семејството Трамп. Илјадници луѓе излегоа на улиците, осми ден по ред ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.91
33%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
1.18
45%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.1
55%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
1.04
36%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.78
34%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
62%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.82
43%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.41
44%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
36%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
45%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.98
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2573

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Кобалт

45.39

Калај

55.36

Сребро

2236.23

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

42696.19

Алуминиум

3.43

Бакар

13.11

Платина

57196.18

Злато

139029.54