Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Денеска почнуваат преговорите за приклучувањето на Македонија кон Европската иницијатива „Роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски преку онлајн состанок со претставници на Европската унија разговара за условите под кои Македонија ќе може да им овозможи на граѓаните да користат интернет, смс пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од ЕУ по цени како во домашниот сообраќај. Денеска почнуваат ...
Војната во Украина продолжува со меѓусебни напади и жртви на двете страни, додека Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилени операции и напади врз руска инфраструктура. Погодена голема рафинерија на стотици километри од фронтовската линија. Зеленски порача дека дроновите се клучен дел од војувањето и дека безбедноста на Европа е невозможна без украинското искуство. Во меѓувреме, данскиот јавен сервис објави ...
САД соопштија дека војната со Иран е завршена. Се очекува договорот меѓу двете земји да биде потпишан веќе викендов во Европа. Трамп вели дека иранскиот врховен лидер веќе дал согласност, а како клучен дел од спогодбата е Техеран да се откаже од нуклеарното оружје, по што Вашингтон би ја укинале блокадата и би овозможиле повторно отворање на Ормускиот Теснец. Тој тврди дека последните напади го натерале Иран да го прифати мировниот договор. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, додека максималната значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во ...
Проблемите во Скопје се решаваат. Подобрена е хигиената, а со доаѓањето на новите камиони за смет и два собирни центри во Скопје ќе биде подобра. Подготвено ќе ја дочекаме сезоната на пожари, со нови пожарникари и опрема, вели првиот човек на градот. Се надева дека со новиот тендер за автобуси и брзиот транспортен систем и јавниот превоз ќе биде на ниво, а дотогаш побара трпение од граѓаните. Скопскиот татко се пожали дека наплатата на даноци ...
По освежувањето на партиските редови со нови кадри, за кои Мицкоски очекува да работат за доброто на државата, ВМРО-ДПМНЕ идната недела ги почнува разговорите со коалициските партнери за реконструкцијата на Владата. Премиерот вели дека прво ќе разговараат за тоа дали им се поклопуваат визиите, а потоа за кадровски решенија. Во меѓувреме, Мицкоски навести и дека парламентарни избори можат да се случат наскоро – иако власта преферира да истурка ...
Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Изминатото деноноќие на удар неколку региони. Киев возвраќа со долг дострел кон воени и енергетски цели на Русија. Москва нотира дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќе украински беспилотни летала над главниот град и други региони, додека на некои локации биле предизвикани пожари на инфраструктурни објекти. Претседателот Зеленски вели дека земјата во моментов работи на три приоритети, ...
Без проблеми во Прилеп денешното полагање мајчин јазик од државната матура. Од 635 матуранти од Прилепскиот регион, најголемиот дел, 436 матуранти избраа да полагаат денес мајчин јазик, а другите се решија утре да седнат во столчето на државната стручна матура. Матурантите, главно, задоволни од полагањето. Велат, вака им се поголеми можностите за упис на високите школи. Полагањето протече без проблеми и повеќето пред истекот на рокот, ...
Сериозни пропусти во исплатата на социјалната помош, утврдил Државниот завод за ревизија. Во најновиот извештај објавен денеска, утврдиле бројни слабости и неправилности во системот за контрола на правата од социјална заштита во земјава. Неосновано биле исплатени 236 илјади евра за социјална помош. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Борис Грујоски известува. Сериозни пропусти во исплатата на социјалната помош, ...
Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија. Министерот Алиу најави, на 24 јуни во Брисел ќе биде потпишан договор, Министерството станува правноправна членка на најголемиот Финансиски фонд во Европа. Дигитализацијата приоритет, но предизвик планот за нов Клинички центар. Со министерот Алиу разговара Александра Велинова. Со европски пари ќе се подобрува здравството во Македонија. Министерот Алиу најави, на 24 јуни во Брисел ...
По доказите за сопствениците и институциите, денеска во фокусот на судењето за кочанската трагедија е Агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Обвинителството презентира документи и материјали поврзани со нејзиното ангажирање во дискотеката „Пулс“. Што беше изнесено во судницата и како тече расправата? Известува Ана Јосифоска. По доказите за сопствениците и институциите, денеска во фокусот на судењето за кочанската трагедија е Агенцијата за ...
Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото коло на турнирот во Загреб, откако претрпе пораз од Екатерина Казинова со 2:1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). И покрај одличниот старт и убедливиот прв сет, Ѓорческа не успеа да го задржи ритамот, па мечот заврши по два часа и 26 минути игра. И покрај овој резултат, сезоната продолжува. Mакедонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото коло на турнирот во Загреб, ...
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер во 21 часот почнува 23. Светското фудбалско првенство 2026. Мундијалот ќе трае до 19 јули за кога е закажан финалниот дуел во Њујорк. Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Титулата освоена пред четири ...
Зад затворени врати, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс излезе да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом за неговите врски со Џефри Епстин. Гејтс вели дека никогаш не требало да се сретне со Епстин, но дека никогаш немал никакви индикации дека бил вклучен во криминални активности. Технолошкиот милијардер е уште една моќна фигура поврзана со сексуалниот престапник што сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Основците и средношколците на летен распуст, матурантите пак денеска и утре го полагаат вториот екстерен испит, по мајчин јазик. Во саботата го полагаа првиот од двата екстерни испити, странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура. За првпат државната матура се спроведува според новата концепција која предвидува државна, стручна и уметничка матура. За државната матура се пријавиле нешто повеќе од 12 илјади ...
Големиот пожар што изби вчера попладне над Штип е целосно локализиран. Од Дирекцијата за заштита и спасување, за МТВ велат дека авиони не биле користени, поради лошите услови, но и бидејќи немало такво побарување од општината. Пожарот кој се појавил по удар на гром, се прошири и на ридовите над штипските гробишта. На терен ангажирани пожарникари од Штип, Свети Николе, и од Кочани. Големиот пожар што изби вчера попладне над Штип е целосно ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...
Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода. Како што соопштија од владината прес-служба, по завршувањето на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на свеченото пуштање во ...
Колку македонскиот театар е современ и што треба да се направи за да биде реална општествената слика на нашето секојдневно живеење, а да не добиваме впечаток дека гледаме пародија на нашето секојдневие, се прашањата што ги отвори најреномираната театарска манифестација, фестивалот „Војдан Чернодрински“. Театарот мора да се промени, повторно да се обмисли себе си во правец на храбриот нов театар. Фестивалската публика е едуцирана и ...
Унапредување на квалитетот на образованието преку развивање вештини кај учениците, решавање проблеми и основи на кодирање, со што ќе се подготват за предизвиците на пазарот на труд. Ова е целта на втората фаза од проектот „Училишта на 21 век“. Стартот – во Општина Брвеница. Во рамки на настанот беше презентирана и програма, преку практична демонстрација во опремена училница со учество на ученици и наставници. Проектот опфаќа вкупно 100 ...
Во Софија, самит на процесот за соработка во Југоисточна Европа, на кој учествуваат и претседателката Сиљановска-Давкова и шефот на дипломатијата Муцунски. Процесот на проширување на Европската унија мора да се темели на копенхашките критериуми. Потребни се гаранции дека нема да има дополнителни билатерални барања за Македонија-порака од Сиљановска-давкова и Муцунски. Анита Димитријевска-Велковска е наш специјален известувач. Во Софија, ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, стои во соопштението на ...
Ждрепката за Светското првенство во ракомет 2027 ќе се одржи вечерва од 18 часот во Минхен, а Македонија ќе ги дознае своите противници за настапот на Мундијалот во Германија. Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир, што отвора можност за поволен распоред во првата фаза, од која по три селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда. Во првиот шешир се наоѓаат Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, ...
Последниот училиштен ден секогаш носи две чувства – олеснување и неизвесност додека учениците ги бројат часовите до распустот, образовниот систем ги сумира резултатите од уште една година во која повторно се отворија старите прашања – што и колку навистина учат децата, дали училиштето ги подготвува за иднината и што останува нерешено. За учениците почнува летото, но за образованието анализите допрва следуваат … Ана Јосифоска известува ...
Од Брвеница од основното училиште „Коста Рацин“ стартуваше проектот-училишта на 21-от век. Ќе опфати над 100 училишта, а учениците ќе учат како уредите да ги применат во пракса, да се развиваат кај нив основите за програмирање и критичко размислување, и како да работат на проекти. Од Брвеница известува Борис Грујоски. Од Брвеница од основното училиште „Коста Рацин“ стартуваше проектот-училишта на 21-от век. Ќе опфати над 100 училишта, а ...
Во Собранието, расправа за интерпелацијата за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, поднесена од СДСМ. Според опозицијата, наместо политики за развој на земјоделството, повисоки субвенции и нови мерки за поддршка, за две години Трипуновски го доведе земјоделството до колапс. Андријана Ѓурческа е во Собранието. Во Собранието, расправа за интерпелацијата за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, поднесена од СДСМ. Според ...
Пруга што се гради со децении, ветувања што се повторуваат со години и проект што треба конечно да ја доближи земјава до источниот сосед. Железничкото поврзување со Бугарија е еден од најважните инфраструктурни проекти на Коридорот 8, но и симбол на предизвиците со кои се соочува реализацијата на големите капитални инвестиции. Во каква фаза е изградбата на делницата Бељаковце – Крива Паланка и кога возот конечно ќе тргне кон границата? Елена ...
На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г. (250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р. Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...