Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пријатно топло во поголемиот дел од земјата. Во текот на денот, особено во планинските региони, ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени ...

Градежништвото и натаму е еден од најсилните двигатели на домашната економија. Последните податоци на Државната статистика покажаа дека градежниот сектор во првото тримесечје забележал раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период лани. Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, особено охрабрува фактот што кај нискоградбата има двоцифрен раст од над 20 индексни поени, бидејќи овој сегмент ги опфаќа инвестициите ...

Потребни се итни решенија за струшката депонија, која повеќе од две децении претставува сериозен еколошки и здравствен ризик за населението. Ова е заклучокот од денешната јавна расправа насловена „Од дива депонија до европско решение“. На иницијатива на невладините организации, депонијата денес ја посетија евроамбасадорот Рокас и градоначалникот на Струга, Менди Ќура. Рокас порача неопходно итно да се најде решение за овој долгогодишен ...

Израел и Либан се договорија за примирје на цела либанска територија условено со запирање на нападите од страна на Хезболах и безбедносни зони јужно од реката Литани. Милитантната група го отфрли предлогот и рече дека секој можен договор мора да почне со целосно повлекување на израелските сили од либанска територија. На југот од земјата регистрирани нови напади. „Овој договор претставува олицетворение на одлуката на независната и суверена ...

Српската Безбедносно-информативна агенција го советуваше претседателот Александар Вучиќ да не патува во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, од безбедносни причини. Од БИА велат дека имаат сознанија оти водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер се наоѓа во Црна Гора. Регионалните медиуми објавија дека, црногорските власти вчера не им дозволија на речиси 90 српски државјани да влезат во земјата и по неколкучасовно задржување на аеродромот во ...

Четири лица загинаа по пад на мал авион во близина на спортскиот аеродром во Медулин. Хрватската полиција ја добила пријавата за урнатиот авионот денеска претпладне, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот. Директорката на Заводот за итна медицинска помош, потврди дека на местото на настанот е констатирана смрт кај четири лица. Според првичните информации, станува збор за германски авион кој полетал од Австрија, ...

Американската војска нападна брод кој криумчарел дрога во источниот дел на Тихиот Океан. Двајца мажи се убиени. Администрацијата на Трамп води кампања против наводните трговци со дрога во Латинска Америка. Во нападите на Американската војска досега загинаа најмалку 207 луѓе. Како и со повеќето изјави на војската за нападите во источниот дел на Тихиот Океан и Карипското Море, Јужната команда на САД соопшти дека ги таргетирала наводните трговци ...

Претседателот на САД изјави дека преговорите со Иран одат многу добро и рече дека е може да се постигне договор во текот на викендот. Трамп ја минимизираше идејата дека американските и иранските напади го тестираат кревкото примирје. За се има причина. И ги погодивме доста силно претходната ноќ, а всушност и синоќа. Но, некои луѓе би рекле дека биле малку испровоцирани затоа што презедовме силна акција од друга причина. Значи, тие возвраќаа. ...

Израел и Либан се договорија за примирје на целата либанска територија условено со запирање на нападите од страна Хезболах. Во Вашингтон, претставниците на двете страни потврдија дека се согласиле за безбедносни зони јужно од реката Литани без присуство на милитантните групи. Договорот предвидува и продолжување на директните разговори. Неколку часа по објавата, нови напади се регистрирани во Јужен Либан. „Овој договор претставува ...

Балансерот во историја, Законот за фер и правична застапеност во Собрание. Со него е најавено дека предност при вработувањата ќе бидат квалификациите и стручноста, а припадноста на заедница ќе биде секундарен критериум ако кандидатите имаат исти компетенции. Марина Стојанова – Тонева е во законодавниот дом. Балансерот во историја, Законот за фер и правична застапеност во Собрание. Со него е најавено дека предност при вработувањата ќе ...

Каква храна јадеме и дали е безбедна? Оваа дилема се отвори откако се утврди дека млечни производи на повеќе млекарници по квалитетот не соодветствувале со она што е декларирано, а дополнителна загриженост внесоа навестувањата дека несовпаѓања со декларациите имало и во месната индустрија. Најповикана да одговори на сите прашања е Агенцијата за храна и ветеринарство. Известува Ана Јосифоска Каква храна јадеме и дали е безбедна? Оваа дилема ...

По четвртата рунда разговори со посредство на САД во Вашингтон, постигната е одлука за примирје на целата либанска територија. Израелски и либански претставници потврдија дека се согласиле на договор за создавање безбедносни зони во кои ќе им биде забранет влезот на милитантите на Хезболах. Овој договор претставува олицетворение на одлуката на независната и суверена либанска држава. Прекинот на огнот е важен, многу е важно да се одржи. Оние ...

Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12 победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со 55:48, но противникот во вториот дел со одличната одбрана им дозволи да постигнат само 40 поени и направи разлика од 17 ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Вајц за Македонија. Има забелешки за доцнење на дел од реформите. Нотирано е дека демократските институции во земјата продолжуваат да функционираат задоволително, но, се посочува дека политичката поларизација продолжува и ги одложува клучните реформи. Извештајот како целина сега треба да оди на гласање на пленарна седница на Европскиот парламент. Комитетот за ...

Денеска во Министерството за образование и наука, ќе бидат потпишани договори за реализација на 14 заеднички научно – истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал, дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на државата. Како што најавија од Министерството, предвидено е обраќање на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Денеска во Министерството за образование и наука, ќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има ...

Врие во Персискиот Залив. Американската армија одби голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала. Сирени се огласија во Бахреин, меѓународниот аеродром во Кувајт беше затворен по удар со дрон. Централната команда на САД потврди дека погодиле танкер за нафта што пловел кон Иран и се обидел да ја пробие поморската блокада. Од Револуционерната гарда велат дека напаѓаат непријателски цели како одговор на воените дејствија на САД ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека неделните извештаи за извршените инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина и понатаму ќе бидат јавно достапни, иако за тоа не постои експлицитна законска обврска. Од Министерството посочуваат дека редовното објавување на овие информации е важен механизам за информирање на граѓаните и за зајакнување на довербата во институциите, особено ...

Со презентирање на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори што се вршеле пред кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи судењето. Обвинителството тврдеше дека од дел од инспекциските записи се гледа непостапување по претходно утврдени забелешки, додека одбраната реагираше дека се презентираат обемни и според нив нерелевантни докази. Адвокатите повторно оценија дека обвинението е прешироко и предупредија дека постапката ...

Триесетина вработени во ИЈЗ не оделе на работа, за 200 евра ги куцале нивните колеги, додека 20-тина биле на поминување во Институтот за јавно здравје. Тројца од оние кои речиси седум години не оделе на работа се уште во Институтот, другите си заминале. Се исплаќале и по 500 евра за домаќинско работење и извонредна успешност. Со парите што се трошеле за оваа намена секој месец од касата на ИЈЗ се одлевале пет милиони денари, колку што чини ...

По вонредната седница на Советот за безбедност Обединетите нации одново ги осудија континуираните борби во Либан и предупредија за тешката положба на жените во конфликтот. Меѓу раселените има 13.500 бремени жени, а земјата се соочува со криза во здравството и заштитата. „И покрај прекинот на огнот што е во сила, непријателствата не престанаа. Луѓето низ Либан, особено жените и девојчињата, се соочуваат со ужасни нивоа на насилство, раселување ...

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија ...

Десетици жртви и повредени откако пожар зафати зграда во населба во Њу Делхи. Објектот во приземјето имал ресторан, а на горните катови станбени единици. Некои од жртвите биле странски државјани кои патувале во Индија на медицински третман, објавија локалните медиуми. Пожарите се честа појава во Индија, поради непочитување на градежните закони и безбедносните норми. Десетици жртви и повредени откако пожар зафати зграда во населба во Њу ...

Администрацијата на САД планира да воведе дополнителни царини од десет проценти или повеќе за производи од 60 земји, по истрагата за увоз на стоки, наводно направени со принудна работа. Во исто време, предложена царина од 25 насто за Бразил, поради, како што велат, неразумни трговски практики. Бразилскиот претседател Лула да Силва обвини дека одлуката на Трамп е донесена во корист на неговиот ривал на октомвриските избори, сенаторот Флавио ...

По ревизорскиот извештај во Институтот за јавно здравје кој откри сериозни неправилности во работењето на институција, недокументирани набавки, спорни финансиски трансакции, недоволна евиденција на дел од опремата и средствата, денеска раководството одржа прес-конференција. Наташа Јанчиќ Менковски ги има деталите. По ревизорскиот извештај во Институтот за јавно здравје кој откри сериозни неправилности во работењето на институција, ...

Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен потпретседател на СДСМ, е меѓу приведените во акцијата на Управата за финансиска полиција. Акцијата се спроведува во соработка со Обвинителството. Постои сомнение дека од страна на службени и други лица се извршени дека со злоупотреба на службената положба, влијание и углед за стекнување на противимотна корист. Анита Димитријевска Велковска со информации од брифингот во Обвинителството. ...

Нова ескалација на Блискиот Исток. Американската армија одби голем ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон Персискиот Залив. Сирени за тревога со огласија во Кувајт и Бахреин. Според достапните информации, причина за воените дејствија е нападот од страна на американската војска во близина на островот Харг. САД потврдија дека погодиле танкер за нафта што пловел кон Иран и се обидел да ја пробие поморската блокада во ...

Јубилејниот 25-ти Оффест започнува вечерва во Националната опера и балет и ќе трае до 6-ти јуни, со програма составена од осум концерти и проекција на музички документарец. Според организаторот, Скопскиот џез фестивал, годинава ќе настапат уметници од 12 земји, а посебен акцент е ставен на современата африканска музика. Фестивалот ќе биде отворен со настапите на триото „Guitari Baro“ од Гвинеја и Мали и јужноафриканската група BCUC. Во ...

Сојузниците на Киев со осуда за нападите во кои Русија лансираше стотици дронови и десетици ракети кон главниот град и други украински региони. Најмалку 22 цивили загинаа, а над 100 се ранети. Претседателот Зеленски прстот го впери кон земјите што и помагаат на Москва да ги заобиколи санкциите. „Секој од овие дронови, сите видови руски ракети, воопшто не може да се произведат без компоненти увезени од други земји. Ова значи дека во секој ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.91
33%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
1.18
45%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.1
55%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
1.04
36%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.78
34%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
62%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.82
43%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.41
44%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
36%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
45%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.98
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2573

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Бакар

13.11

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

139029.54

Паладиум

42696.19

Сребро

2236.23

Алуминиум

3.43

Платина

57196.18

Калај

55.36

Иридиум

253540.09