Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава. На прес-конференцијата ќе бидат претставени резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање, како и клучните заклучоци од тркалезните маси одржани со претставници на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Американската војска соопшти дека почнала напади во самоодбрана врз Иран и соборила балистички ракети и беспилотни летала испукани кон бродови и земји од Заливо. Нападите на островот Кешм, во Ормускиот теснец, биле одговор на таргетирањето цели од страна на Техеран низ Блискиот Исток. Иранските ракети истрелани кон Кувајт и Бахреин пред да стигнат до целта биле соборени. Иранската Револуционерна гарда тврди дека ги таргетирала седиштето на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Во Министерството за правда денес се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки од политичките партии, институциите, регулаторните тела и граѓански ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, пристигна во Скопје. Проширувањето е геополитичка неопходност, порача претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пред посетата на Скопје. Но, дали оваа порака ќе донесе и нов исчекор во македонските евроинтеграции? Спорот со Бугарија и блокираниот преговарачки процес, со сигурност ќе бидат меѓу клучните теми на средбата со премиерот Мицкоски. Марина Стојанова-Тонева со повеќе детали. ...

Судирите продолжуваат во јужен Либан и покрај тоа што Израел и Хезболах го прифатија американскиот план за спроведување на делумно примирје. Трамп изјави дека разговарал со двете страни и тие се согласиле дека секое пукање ќе престане, откако Техеран предупреди дека израелските воени акции во Либан се закана за сегашното примирје меѓу САД и Иран. „Имав разговор со Биби Нетанјаху, замолив да не влегува во голем напад врз Бејрут, Либан. Тој ги ...

Во втората половина од јуни шефот на Владата седнува на маса со коалициските партнери да разговара за реконструкција на неговиот кабинет. За сега во политичките кулоари само се споменуваат имиња на министри кои би биле сменети, но премиерот за сега останува без детали кои министри би биле заменети со нови. Тој посочи дека во моментов вниманието е насочено кон внатрешните реорганизации и преструктурирања во ВМРО-ДПМНЕ. Едно од прашањата е и ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на балканска турнеја. Во Скопје попладнево ќе допатува од Тирана. Ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од Сараево порача – проширувањето е во интерес на Европската унија. Самитот во Тиват ќе покаже дека можноста е реална. Спорот со Бугарија со сигурност ќе биде една од темите на разговор меѓу македонскиот премиер и претседателот на Европскиот совет. Известува Миле А. Ристески ...

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени, откако Русија започна голем напад врз градови низ Украина во текот на ноќта. Постојат стравувања дека луѓе сè уште се заробени под урнатините на повеќекатни станбени кои делумно се урнати по рускиот напад. Украинскиот претседател изјави дека помеѓу јануари и мај оваа година, Украина нападнала 15 руски рафинерии за нафта. „Не останале безбедни патишта за окупаторот на југот и истокот од ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска официјално го пуштија во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. Станува збор за базен од затворен тип со должина од 25 метри и ширина од 9 метри, кој по пуштањето во употреба, ќе биде предаден во владение на Општина Карпош. Изградбата на базенот ...

Судирите продолжуваат во Јужен Либан и покрај тоа што Израел и Хезболах го прифатија американскиот план за спроведување на делумно примирје. Трамп изјави дека разговарал со двете страни и тие се согласиле дека секое пукање ќе престане, откако Техеран предупреди дека израелските воени акции во Либан се закана за сегашното примирје меѓу САД и Иран. „Имав разговор со Биби Нетанјаху, замолив да не влегува во голем напад врз Бејрут, Либан. Тој ги ...

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз во Истанбул, откако Турција славеше со убедливи 4-0 во пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Домаќините беа подобар противник во текот на сите 90 минути и со агресивен пристап уште од стартот го трасираа патот кон победата. Предупредувањето пристигна уште во првите секунди кога Џан Узун ја погоди гредата, а само мигови подоцна Турција го отвори резултатот. По ...

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) ја најавува традиционалната 46. Zавршна годишна изложба на студентските остварувања за академската 2025/2026 година. Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот. Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во ...

Американскиот претседател изјави дека го убедил израелскиот премиер да се откаже од планираната голема воена операција во Бејрут. Трамп посочи дека разговарал и со претставници на лидерите на Хезболах кои се согласиле да престанат да пукаат врз Израел и неговите војници. „Имав разговор со Биби Нетанјаху, замолив да не влегува во голем напад врз Бејрут, Либан. Тој ги врати своите трупи. Ти благодарам Биби! разговарав и со претставници на ...

На денешната агенда на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта е Скопје. Попладне ќе седне на маса со македонската влада. Од владината прес-служба информираат дека посетата ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Кошта, по што ќе следи проширен состанок на двете делегации. По завршувањето на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата. Ден пред посетата премиерот Мицкоски изјави дека е отворен за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во делови од котлината ќе има ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска официјално поднесе оставка од својата функција во Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Во објава на социјални мрежи тој вели дека одлуката е донесена внимателно и со убедување дека тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Во своето обраќање до јавноста, Фетаи истакна дека во изминатите две години имал чест и привилегија да служи на државата, придонесувајќи за реформи насочени кон ...

Репрезентација на Финска ја освои светската титула во хокеј на мраз. Во финалето во Свис Арената во Цирих, Финците ја совладаа домашната Швајцарија со златен гол, откако по 60 минути мрежите мируваа. Стрелец на гол за триумф, 20-годишниот Конста Хелениус. За Финска вкупно 5-то светско злато, до кое дојдоа со девет победи и само еден пораз во групната фаза токму од Швајцарија. Во ко-фазата претходно беа совладани Чешка и Канада. Швајцарија ...

Климатските промени не ги познаваат границите, а решенијата бараат заеднички пристап. На деветтиот Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој, земјите од Западен Балкан разговараат за тоа како да обезбедат почиста енергија, поодржлива економија и подобра иднина за граѓаните. Анита Димитријевска-Велковска известува. Климатските промени не ги познаваат границите, а решенијата бараат заеднички пристап. На деветтиот ...

Раде Ристовски, член на поширокото обезбедување на премиерот, Христијан Мицкоски доби условна казна од една и пол година затвор откако призна пред судот дека ја истепал сопругата. Од Кривичен суд велат дека казната нема да се изврши ако обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело. На Ристовски му се судеше за кривично дело телесна повреда, откако неговата сопруга на втори мај го пријави за семејно насилство и за закани, но и ...

Војната во Украина продолжува. Најмалку пет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз Одеса. Оштетени се станбени згради во различни делови од градот, како и инфраструктура. Во текот на ноќта, напад беше извршен и во Харков, во кој беше повредена една жена. Зеленски одново истакна дека Русија подготвува голем напад и потенцираше дека е подготвен да се сретне со Путин. „Мислиме дека ќе имаме голем напад од руска страна со беспилотни ...

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата, кои ќе стапат во сила од полноќ. Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 87,5 денари за литар. Од РКЕ информираат дека малопродажните цени на нафтените деривати ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Ристовски им го честиташе големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството ...

Да се биде згрижувач не значи само да се отвори домот, туку и срцето за дете кое има потреба од семејство. Затоа се бараат нови подзаконски решенија и повеќе стимулации за да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјава. Во моментов има 384 згрижувачки семејства во кои се сместени 664 лица. Но, покрај прашањето како да се најдат нови семејства, се отвора и друга дилема – што се случува со младите кога ќе наполнат 18 години и ќе го ...

Мајчинството не започнува со раѓањето, туку со поддршката што жената ја добива за време на бременоста и во првите години од родителството. Експертите предупредуваат дека на многу жени им недостигаат едукација за здрава бременост, советување и психолошка поддршка, особено на локално ниво. Иако системот препознава дека ваквите услуги се потребни, тие сè уште не се подеднакво достапни за сите. празнината се обидуваат да ја пополнат граѓанските ...

Мирот не се подразбира, а толеранцијата не се гради сама од себе. Во време на глобални кризи и конфликти, во Собранието се испрати порака дека токму овие вредности треба да бидат вградени во политиките за иднината. Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир обедини претставници од повеќе земји околу една порака – дијалогот е најсилната алатка против поделбите … Миле А. Ристески известува. Мирот не се подразбира, а ...

Додека возрасните зборуваат за политики и стратегии, децата имаат многу поедноставна порака – сакаат да растат без страв, насилство и несигурност. По повод Меѓународниот ден на детето, ученици од Скопје се собраа во паркот „Жена борец“ и порачаа дека безбедното и среќното детство не треба да се привилегија, туку право на секое дете. Нивната порака беше јасна – заштитата од насилство и грижата за детската благосостојба мора да бидат врвен ...

Во експлозија во зграда во североисточен Мјанмар, за која се вели дека складирала експлозиви што се користат за рударски операции, загинаа повеќе од 45 лица, околу 70 други лица се повредени. Областа на експлозијата се наоѓа околу три километри јужно од кинеската граница, е под контрола на Националноослободителната армија Та’анг, етничка вооружена група која се вклучи во спорадични борби против централната влада на Мјанмар. Кинеската државна ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.91
33%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
1.18
45%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.1
55%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
1.04
36%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.78
34%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
62%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.82
43%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.41
44%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
36%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
45%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
5.98
82%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2573

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Сребро

2236.23

Алуминиум

3.43

Бакар

13.11

Платина

57196.18

Злато

139029.54

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

55.36

Паладиум

42696.19