Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во третата недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со истата недела од минатата сезона, бројот на заболени е зголемен за 46 проценти, додека во однос на просекот од последните 15 сезони е намален за 6,9 отсто. ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...
На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, ...
Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на здравството, ова е само една од новините кои ги најавија министерот за дигитална трансформација Андоновски и директорот на ФЗОМ Клековски. Кои се последните информации за неправилностите кои беа утврдени за исплата на плати во здравствени установи, известува Наташа Јанчиќ - Менковски. Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на ...
Сомнителниот имот на судијата Ѓоко Ристов ја разбранува јавноста. Обвинителството треба да докаже дека бил незаконски добиен, а одбраната дека парите се на неговите родители, добиени од продаден имот. Денеска адвокатот на судијата Ристов поднесе жалба до Кривичниот суд за мерката притвор. Викторија Милевска известува. Сомнителниот имот на судијата Ѓоко Ристов ја разбранува јавноста. Обвинителството треба да докаже дека бил незаконски ...
Состојбата со снегот во државата полека се стабилизира. Според информациите од Центарот за управување со кризи, без електрична енергија се жителите на селото Илино во општина Демир Хисар, каде што екипи на ЕВН веќе работат на отстранување на дефектот, а патиштата што водат кон селата се чистат. Во општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат и се очекува да бидат целосно исчистени во текот на денешниот ден. На ...
Мал број автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие не сообраќаат до крајните дестинации во приградските населби. Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЈСП, соопштува дека станува збор за автобусите со број 11, 64, 74, 80 и 81. ЈСП Скопје неодамна најави можно привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за врнежи од снег во Скопје. Мал број автобуси од Јавното ...
Американскиот претседател се откажа од царините за Европа, но и од целосното преземање на Гренланд. Најави договор за завршување на спорот околу данската територија, избегнувајќи криза во трансатлантските односи. Трамп откри дека развил рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот од интерес за САД и останатите земји на алијансата. Деталите сè уште се финализираат. „Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен ...
По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза. Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал. Другите шест директни учесници во 1/8финалето, како и екипите кои ќе играат бараж за влез помеѓу 16-те најдобри ќе бидат познати по одигрувањето на 8. коло. Резултати на натпреварите од 7. коло играни ...
Вечерва со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Олси Кинами, а на програмата се увертирата од операта „Крадливата страчка“ од Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Шопен. Папаврами, еден ...
Со одигрувањето на последните натпревари од Е групата во Малме заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет. Шведска убедливо ја совлада Хрватска со 33:25 и го освои првото место во групата, додека Холандија славеше над Грузија со 31:26. Во главната фаза, репрезентациите ги пренесуваат резултатите од меѓусебните дуели и ќе се играат уште четири кола. Во групата 1 со по два бода стартуваат Германија, Франција и Португалија, а без ...
Во Москва средба на американските претставници Виткоф и Кушнер со Путин за мировните преговори за Украина. Рускиот челник го нагласи придонесот на Трамп во обидот за решавање на кризата и предложи околу 1 милијарда долари замрзнати руски средства да се префрлат во „Одборот за мир“ за Блискиот Исток, а останатите да се искористат за обнова по војната во Украина. „Би можеле да испратиме 1 милијарда американски долари од руските замрзнати ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6:3, 6:2 и 6:2. Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки. Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи ...
Лицата со оштетен слух и годинава ќе можат да уживаат во Евровизија, која ќе се одржи во Виена, преку интерпретација на песните на меѓународен знаковен јазик. Специјално избрани толкувачи-уметници ќе ги преведуваат и сценски ќе ги изведуваат настапите на земјите учеснички. Во Виена неодамна се одржа избор на кандидати за оваа улога, а од 13 пријавени ќе биде формирана група што за време на натпреварот во мај ќе ги интерпретира песните. Овој ...
Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД, пристап до минерали и блокирање на амбициите на Русија и Кина, со можни дополнителни американски бази и редефинирање на договорот од 1951 година, со согласност на Данска и НАТО. Деталите сè уште се финализираат. „Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен за САД, добива сè што сакавме, ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на ...
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со ...
На 20.01.2026 во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По ...
Скопјани изутрината можеа да се израдуваат на снежната белина. Но, сообраќајот се одвиваше отежнато во зимски услови. Граѓаните се жалат на неисчистени улици и сообраќаен хаос. Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, пак, информира дека од изутрината екипи на Град Скопје постојано се на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите. Каква е состојбата во главниот град? Сликата ни ја пренесува Александра Спировска. Скопјани ...
Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид, наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат – обвинува лидерот на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат – Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес. Филипче кажа дека СДСМ нема да го поддржи и Законот за прекршоци. Марина Стојанова – Тонева е пред седиштето на СДСМ. Премиерот Мицкоски ...
Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го одржуваат патот без проблеми, а подготвени се за секакви временски промени. Сообраќајот непречено се одвива на сите патни правци во Прилепскиот регион. Од „Македонија пат“ велат дека се добро опремени со материјал и механизација Според приоритетите, во текот на денот ќе се чисти и патот за Мариово. Елизабета Митреска Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го ...
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места ...
Државните патишта низ Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните. Сепак, поради врнежите од снег, се препорачува внимателно и совесно управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно подготвени, со механизација и работна сила на терен, и континуирано вршат расчистување на снегот. Активностите се координирани со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт за обезбедување непречено и безбедно ...
Во 08:25 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато на патниот правец Битола-Ресен. Во 09.50 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар на патниот правец Битола-Прилеп. Од 09:30ч. сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските ...
Техеран упати ново предупредување до Вашингтон, порачувајќи му на Трамп да не презема мерки против врховниот лидер Хамнеи, откако американскиот претседател повторно повика на крај на 40-годишниот режим во Иран. „Трамп знае дека ако се крене рака за да се нападне нашиот лидер, не само што ќе ја пресечеме решително и храбро туку ќе го запалиме нивниот свет. Ќе им ја одземеме безбедноста и нема да им оставиме безбедно место“, изјави Аболфазл ...
Вечерва во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма НАЈДОБРОТО ОД КИНЕНОВА. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Има два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и многу други ...
Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја ...
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство откако Португалија приреди големо изненадување и го совлада домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во последниот натпревар од групата Б, одигран синоќа во Хернинг. Со овој резултат, Португалија и Данска обезбедија пласман во главната фаза, додека Македонија, и покрај победата над Романија од 24:23, како третопласирана ја заврши континенталната смотра. Нашите ...
Клучен ден на форумот во Давос во исчекување на говорот на американскиот претседател Трамп кој пристигнува во Швајцарија со најава за арктичка пресметка по острите изјави дека Гренланд мора да му припадне на САД. „Одам во Давос, верувам дека патувањето ќе биде многу успешно. Земјата никогаш не била подобро. Ова ќе биде интересно патување“, изјави Доналд Трамп. Трамп повеќепати порача дека нема да се откаже од неговата цел додека шефот на НАТО ...
Забрана за тешки товарни возила има на планинските превои: Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...